разведен маж – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 08 May 2023 12:17:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png разведен маж – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Доколку сакате добра врска или брак со разведен маж – овие 3 работи треба да ги знаете https://arhiva.vistina.com.mk/dokolku-sakate-dobra-vrska-ili-brak-so-razveden-mazh-ovie-3-raboti-treba-da-gi-znaete/ Mon, 08 May 2023 12:17:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301075

Денес разводот е нормална работа која може да им се случи на сите. Значи, не е страшно да ја завршите љубовната врска и да најдете нова љубов, а многу од разведените луѓе одлучуваат да стапат и во нов брак или да го продолжат својот живот со нов партнер. А, кога запознавате личност која неодамна се развела, потребно е да ја разберете – да разберете дека во врската постојано ќе ви се појавува духот на претходниот брак, особено доколку во нивниот брак имало деца. Значи, важно е да знаете дека разведените мажи зад себе веќе имаат брак и дека веќе одел по таа патека полна со препреки. Не треба да се плашите, но мора да знаете со каков човек имате работа и што од него може да очекувате. Всушност вие треба да му го поставите ова прашање – каков му бил бракот, дали се трудел да го спаси или не? На тој начин ќе дознаете многу за неговиот карактер и за тоа дали е подготвен за сериозна врска со вас. Важно е да бидете внимателни со неговото минато пред да одите со него во иднината. На овие три работи особено обрнете внимание: 1. На кој начин зборува за поранешната сопруга Лош знак е доколку за неа има да каже само најлоши зборови. Вистинскиот маж никогаш нема да ги издаде тајните на жената со која живеел, интимните детали, ниту грозно да зборува за неа. Она што се случува меѓу двајца луѓе треба да остане само нивно. Доколку за поранешната жена зборува со почит, тоа е знак дека умее да ги препознае правилните вредности и дека ги памети убавите моменти. 2. Каков однос има со децата Децата на разведените родители често живеат со мајката, но постојат и такви ситуации во кои живеат со таткото. Доколку вашата врска стане сериозна, мора да бидете подготвени и тие деца да станат дел од вашиот живот. Радувајте се доколку се грижи за нив и доколку има добар однос, доколку редовно се гледа и доколку ги презема обврските околу нив. Мажот којшто го занемарува своето потомство во корист на новата жена која запознава и почнува врска, нема никаков добиток. Утре можеби со вас ќе ја направи истата грешка. 3. Како го набљудува минатото Разведениот маж има минато кое не смее да биде тајно. Доколку искрено сте се заљубиле во него, тогаш треба да го знаете неговото минато. Тоа бара храброст, но и влева надеж дека вашата врска ќе потрае и ќе има среќен крај. извор:точка.ком.мк]]>

5 грешки што ги прават жените кога излегуваат со разведен маж https://arhiva.vistina.com.mk/5-greshki-shto-gi-pravat-zenite-koga-izleguvaat-so-razveden-maz/ Wed, 11 Mar 2020 13:45:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=138851

На почетокот на вашата врска, ќе има многу пречки што може да доведат до раскинување. Добро е да ги знаете овие совети за да знаете дали врската може да напредува. Ако мажот со кого се состанувате е подготвен за нова врска по разводот, прочитајте што треба да направите за и вие да бидете подготвени за тоа. Овие пет грешки треба да ги избегнувате кога излегувате со разведен маж. 1. Ја игнорирате неговата желба за деца Треба да бидете сигурни дека двајцата се согласувате на оваа тема. И покрај тоа што тој можеби ќе ви рече дека сака деца, работите може да се променат. Ако партнерот веќе има деца, но сепак ви каже дека сака деца и со вас, треба да знаете дека тој може да се премисли. Наместо тоа, вие треба да размислите дали сакате деца со разведен човек, особено ако тој веќе има деца. За да го избегнете притисокот, треба да бидете сигурни дека и двајцата имате исто мислење на таа тема. 2. Почнувате врска додека тој сè уште се расправа со поранешната жена Ако вашиот партнер не може да ја преболи својата поранешна жена или не знае како да се справи со чувствата што ги има кон неа, ќе се чувствувате како да сте во врска со двајцата. Тој ќе зборува за неа цело време, а тоа ќе предизвика голема напнатост и потоа ќе се пренесе на вашата врска, што ќе ви предизвика многу стресни ситуации. За да го избегнете ова, потребно е да бидете сигурни дека партнерот може да продолжи без неа, па вие двајцата да можете да се фокусирате еден на друг. 3. Почнувате да живеете заедно премногу брзо Прво откријте дали овој разведен маж е вистинскиот за вас и немојте да избрзувате со вашите одлуки и постапки. Ако живеете заедно уште од првиот месец, двајцата ќе треба да преземете голема одговорност. Не само што ќе треба да се навикнете да живеете со партнерот, туку и со неговите деца. Кога тој не е тука, вие ќе треба да останете со неговите деца, а тоа ќе ви предизвикува уште поголем стрес. Дајте си доволно време за да се навикнете на новите улоги. Состанувањето со партнерот треба да ви биде време за забава, а не за сериозност. 4. Избирате да бидете со личност со различна финансиска состојба Треба да бидете во добра финансиска состојба за да можете заедно да правите забавни работи. Партнерот ќе има многу трошоци поради децата, па ако не заработува доволно, вие ќе бидете ограничени со изборот на активности што можете да ги правите заедно во вашето слободно време. Можеби вие ќе сакате да патувате, но треба да знаете дека партнерот има и други финансиски обврски. Ако мажот сака да плати нешто, а нема доволно пари, тоа ќе предизвика фрустрации кај него, но и кај вас. Ако вашите приходи се слични, можеби овој проблем нема да постои. 5. Поминувате многу малку квалитетно време заедно Двајцата треба да одвоите многу време за вашата врска. Ова можеби ви звучи познато, но ќе бидете изненадени од тоа колку брзо поминува времето, особено ако тој има деца. Можеби ќе бидете во различни смени на работа, па ќе ви биде предизвик да бидете заедно. Исто така, за време на викендите тој ќе сака да ги види децата, што значи дека и тогаш нема да бидете заедно. Нормално е децата да му бидат приоритет на партнерот, но тие ќе ве спречуваат да поминете квалитетно време заедно. извор:кафепауза.мк]]>

Разведен маж советува: Внимавајте на овие работи кои ги прави секоја жена https://arhiva.vistina.com.mk/razveden-maz-sovetuva-vnimavajte-na-ovie-raboti-koi-gi-pravi-sekoja-zena/ Wed, 28 Feb 2018 10:22:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=14280

Не би очекувале дека разведен маж ќе ги даде добрите совети за тоа како треба да изгледа добриот маж, но овој маж кој поминал низ доволно тешкотии знае дека е вредно да се борите за се. Ова се неколку негови совети за брак, кои би посакал некој порано да му ги каже: “Очигледно не сум експерт за врска. Но постои нешто во врска со мојот развод кој се финализира оваа недела што ми дава перспектива на работите за кои не би сакал поинаку да постапев. Откако ја изгубив жената која ја сакав и бев во брак со неа речиси 16 години, за мене постојат неколку совети кои сакав некој порано да ми ги кажеше:” 1.    Никогаш не престанувај да се додворуваш. Никогаш немој да престанеш да излегуваш на состаноци. Никогаш не ја земај таа жена здраво за готово. Кога си ја прашал дали ќе се омажи за тебе, си ветил дека ти ќе бидеш оној маж кој ќе владее со нејзиното срце и жестоко ќе го штитиш. Ова е најважното и најсветото богатсво кое некогаш ќе ви биде доверено. Таа те избрала тебе. Никогаш немој тоа да го заборавиш, и никогаш немој да бидеш мрзелив во љубовта. 2.    Штитете го своето срце. Како што си ветил дека ќе бидеш заштитник на нејзиното срце, мораш да го чуваш и своето со исто внимание и претпазливост. Сакате се целосно, сакајте го светот отворено, но постои посебно место во твоето срце каде што не смее да влезе никој освен твојата жена. Држете го тоа место секогаш подготвено да ја примите и повикате внатре, и одбиете  да допуштите на некоја друга да го превземе нејзиниот трон!!! 3.    Заљубувајте се повторно и повторно и повторно. Постојано ќе се менувате. Ти не си истата личност кога сте се венчале и за пет години нема да бидеш истата личност која си денес. Ниту пак она. Промената ќе дојде и во тоа морате повторно да се изберете еден со друг, и така секојдневно, секој ден. Таа не мора да остане со вас, и доколку не се грижите за нејзиното срце, таа може своето срце да му го даде на некој друг или целосно да го затвори,со што повеќе нкогаш нема да го добиете назад. Секогаш борете се да ја добиете нејзината љубов така што ќе изгледа како да се додворувате. 4.    Секогаш гледајте го она најдоброто во неа. Фокусирајте се само на она што го сакате. Она на што ќе се фокусирате, ќе стане посилно. Доколку се насочите кон она што ви смета, само ќе гледате причини поради кои личноста или вашата жена ќе ви стане одбивна. Доколку се фокусирате на она што го сакате, ќе бидете зафатени со љубов, немајќи време да размислувате за сопствените и нејзините мани. Фокусирајте се на тоа да повеќе не гледате ништо повеќе освен љубов и ќе знаете дека без сомнение сте најсреќниот маж на светот бидејќи ја имате таа жена за своја сопруга. 5.    Вашата работа не е да ја менувате или поправате, вашата работа е да ја сакате онаква каква што е, без очекувања дека некогаш ќе се промени. И доколку се промени, сакајте го она што ќе стане, без разлика дали сте го сакале тоа или не. 6.    Превземете ја целосната одговорност за своите емоции. Работа на вашата жена не е да ве прави среќни или тажни. Вие сте одговорни за пронаоѓање на сопствената среќа и низ вашата радост ќе ја пренесете на вашата врска или љубов. 7.    Никогаш немојте да ја обвините својата жена доколку сте исфрустрирани или лути на неа, тоа се случува бидејќи настанало нешто во вас. Тоа се вашите емоции и вашата одговнорст. Кога ќе ги почувствувате тие емоции, земете малку време и вратете се во сегашноста и погледнете во вашата внатрешност, се со цел да сфатите што навистина треба да биде излечено. 8.    Бидете блесави, не бидете толку сериозни. Смејте се. Насмејте ја и неа. Насмевката ги прави работите многу поедноставни. 9.    Секојдневно исполнувајте ја нејзината душа. Научете го нејзиниот љубовен јазик и специфични начини со што таа ќе се чувствува важна и убава. Прашајте ја да направи попис од 10 работи поради кои се чувствува сакана и запамтете ги сите работи, и нека тоа ви биде приоритет секој ден таа да се чувствува како кралица. 10.    Бидете присутни. Освен своето време, дајте и го и своето внимание и вашата душа. Направете се што е потребно да си ги расчистите мислите во својата глава, така што кога ќе бидете со неа – да биете целосно со неа, и физички и психички. Однесувајте се кон неа како вашата најдрагоцена личност на светот. Што всушност и е. извор:боза.мк]]>