разочарани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Dec 2023 13:19:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png разочарани – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Селена Гомез ја потврди врската со Бени Бланко но, фановите ја „нападнаа“ поради тоа (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/selena-gomez-ja-potvrdi-vrskata-so-beni-blanko-no-fanovite-ja-napadnaa-poradi-toa-foto/ Tue, 12 Dec 2023 13:17:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330816

По бројните неуспешни романтични врски, пејачката и актерка Селена Гомез ја најде среќата покрај продуцентот Бени Бланко, пријател и соработник на нејзиното поранешно момче Џастин Бибер. Според медиумите, парот е во романтична врска шест месеци, а Селена врската ја потврди јавно. - Селена Гомез  навидум потврдува дека е во врска - гласеше натписот на фан страницата Popfaction , а пејачката одговори со: „Факт“. Таа, исто така, и се допадна фотографија од фан-страница на која пишува: „Се шпекулира дека Селена Гомез излегува со продуцентот Бени Бланко“. Во еден коментар таа истакна дека Бени и е „апсолутно се“. - Сè уште е подобар од сите со кои сум била. Факт – додала таа. - Со мене се однесуваше подобро од кое било човечко суштество на планетата - напишала младата ѕвезда во друга објава. Сепак, Селена немала поим дека фановите ќе ја нападнат поради нејзината сегашна врска, а колку е изненадена покажува и фактот што во коментарите се „скарала“ со фановите.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by jhope 💜 (@popfactions)

Некои обожаватели тврдат дека Бени не е најдобриот избор за неа и дека воопшто не одат заедно, што ја повреди пејачката, а таа на своите фанови им порача: - Тие што ме сакаат никогаш не би напишале вакво нешто. Тој е мојот избор и јас сум посреќна од било кога. Фото: Принтскрин/Instagram/selenagomez]]>

„За ова ли плативме 1.500 евра?“: Мадона ги налути обожавателите на вториот настап во Лондон (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/za-ova-li-plativme-1-500-evra-madona-gi-naluti-obozhavatelite-na-vtoriot-nastap-vo-london-foto/ Tue, 17 Oct 2023 07:24:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322564

Мадона неодамна ја започна својата светска турнеја „Celebration“ со настапи во Лондон. Како што е познато, турнејата ја одложила откако поради сериозни здравствени проблеми завршила во болница, кога се бореле за нејзиниот живот. Сепак, таа се опорави и реши што поскоро да ја започне турнејата, а фановите сега ја нападнаа, незадоволни што ги прекина двата концерти во Лондон. На првиот настап, како што пренесува „Дејли мејл“, таа имала технички проблеми, додека вториот настап во лондонската О2 Арена во неделата завршил ненадејно во 23 часот, односно половина час порано. Таа на тој начин ги лиши фановите од четири песни од сет листата, меѓу кои „Like a Virgin“, „Bi**h Madonna“ и „Holiday“, а концертот го заврши со песната „Rain“ наместо „Celebrate“. Иако главната причина за нејзиниот потег е најверојатно фактот што по правило концертите во О2 арената завршуваат најдоцна до 23 часот од понеделник до сабота и најдоцна до 22:30 часот во недела - нејзините фанови не го видоа тоа како оправдување. Имено, тие на социјалните мрежи коментираа дека Мадона ќе имала време да го изведе целиот настап доколку се појавила на сцената на време, односно во 21 часот кога и официјално требаше да започне концертот. Бидејќи билетот чинел од 1.300 фунти, односно 1.500 евра нагоре, луѓето пишувале дека се чувствуваат како да се „украдени од крајот на концертот“. „Разочарана сум што концертот заврши толку рано“, „Мадона, те молам почни да пристигнуваш навреме за твоите настапи“, „Знаеме дека сакаш да ги кршиш правилата, но ова е навистина погрешно“, „Беше преубаво, но и разочарана сум“, „Плативме ли за ова?“, „Ова е непрофесионално“, се само дел од коментарите на луѓето на интернет. Фото: Принтскрин/Профимедиа]]>

Ивент индустријата регира: ИВАП крајно разочарани и револтирани од објавените мерки од петтиот пакет за помош од Владата https://arhiva.vistina.com.mk/ivent-industrijata-regira-ivap-krajno-razocharani-i-revoltirani-od-objavenite-merki-od-pettiot-paket-za-pomosh-od-vladata/ Wed, 17 Feb 2021 10:33:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190118

Членките на Асоцијацијата  ИВАП кои се директно вклучени во индустријата за организација на настани се крајно разочарани и револтирани од објавените мерки од петтиот пакет за помош објавени од Владата на РСМ. Имено, во мерката 11 која е наменета за нашиот сектор, се предвидени средства за организација на настани и за реализација на проекти од исклучителен јавен и државен интерес, мерка што не претставува помош туку реализација на програма и активности на Владата за 2021. Нејасно е кои се тие проекти од државен интерес, по кои критериуми ќе се одбираат проектите? Дали помош ќе добијат сите или само одбраните? За кој период се однесуваат? Дополнително што Владата покажа целосно непознавање на нашата индустрија и измеша компании за настани, маркетинг агенции, продукции, едукатори, културни работници. Да потсетиме, настаните беа први забранети и тоа на 28 февруари 2020 година, како ПРВА мерка за спечување на ширење на пандемијата. Точно цела година се соочуваме со предизвик како да опстанеме и да ги одржиме во живот нашите фирми. Јавните настани не се дозволени, но очигледно тоа не доволна причина Владата да не гледа како загрозена индустрија. Ние сме можеби единствените кои сеуште не можеме да работиме. Изминатиов период имавме средби со владини претставници на кои разгледувавме повеќе модели за помош, дававме конструктивни предлози како да ја надминеме кризата и добивме впечаток дека бевме разбрани. Сега гледаме дека не само што не сме разбрани, туку ќе бидеме употребени и втурнати во една нејасна ситуација, во која веројатно заради недефинирани критериуми ќе има место само за одбраните. Навистина не ни е јасно зошто не се обидоа да изнајдат квалитетно решение и да ги дискутираат предлозите со нас, пред да ги објават, особено што ИВАП е единствената Асоцијација на компании за организација на настани која се понуди како конструктивен партнер во целиот процес. И на крајот прашуваме, за какви настани зборуваме кога не се знае до кога ќе важи забраната за јавни собирања? Дали Владата знае нешто што не ни го соопштува? Објавениот пакет мерки не претставува воопшто помош за индустријата за организација на настани, туку фрлање трошки. Најмалку што очекувавме е да ни помогнат да го рестартираме истоштениот сектор, да ни овозможат да се вратиме на пазарот и да продолжиме да работиме а со тоа и да придонесуваме во буџетот како и пред пандемијата. Задоволни сме што по речиси една година од забраната за работа конечно секторот е препознаен но сакаме јавноста да знае дека мерката 11 предложена од Владата не е воопшто помош за нашата индустрија ниту може да помогне во надминување на сегашната состојба. За жал Владата се однесува по принципот на мајка-маќеа и ни покажува дека воопшто не ја засега иднината на нашите компании. Во периодот што следи ќе ги дефинираме нашите следни чекори и ставови и ќе реагираме соодветно, сé со цел да ја спасиме нашата индустрија.]]>