различни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 06 Jan 2024 07:44:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png различни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Од оваа една смеса можете да направите седум различни колачи https://arhiva.vistina.com.mk/od-ovaa-edna-smesa-mozhete-da-napravite-sedum-razlichni-kolachi/ Fri, 05 Jan 2024 09:25:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333924

Овој рецепт од една смеса за седум видови колачи ќе ви ја олесни подготовката и ќе ја збогатите празничната трпеза. Состојките за основната смеса се: 940 грама мелени бисквити 320 грама шеќер во прав 400 милилитри млеко 450 грама маргарин или путер два ванилин шеќер Откако ќе ја направите оваа смеса, имате можност да направите дури седум видови колачиња, а деталната подготовка можете да ја погледнете на видеото во продолжение. Ролат со крембанани 300 грама од основната смеса 50 грама чоколадо за готвење три чоколадни банани шеќер во прав Бомбици со лешници 300 грама од основната смеса 50 грама наполитанки со лешници 50 грама пржени мелени лешници 20 грама чоколадо за готвење Топчиња со кокос и еурокрем 300 грама од основната смеса 70 грама кокос една лажица рум кокос за тркалање на бомбиците еурокрем во две бои за декорација Со ресана 300 грама од основната смеса една обланда 40 грама кокос девет парчиња ресана Триаголници 300 грама од основната смеса 70 грама мелени ореви 100 грама сечкани желе бонбони растопено чоколадо за готвење со масло Кошници 300 грама од основната смеса 70 грама кокос Кошничка калап (можете да користите цедалка за лимон) шеќер во прав за калапот Орео колачиња 300 грама од основната смеса 100 грама орео бисквити 150 грама чоколадо за готвење три лажици масло Извор: Курир.мк]]>

Тие се во роднинскa врскa, но немаат исти музички интереси – Сара Гигова: „Не сум во сенка на Антониа Гиговска“ https://arhiva.vistina.com.mk/tie-se-vo-rodninski-vrski-no-nemaat-isti-muzichki-interesi-sara-gigova-ne-sum-vo-senka-na-antonia-gigovska/ Sat, 16 Oct 2021 07:02:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222297

Младата и талентирана пејачката, Сара Гигова иако пее уште на 6,7 години, на публиката и стана позната со нејзиното учество во регионалните музички шоуа. Имено, на 11 годишна возраст таа се појави во „Неки нови клинци“, а потоа и во музичкото шоу „Пинкови ѕвездички“ каде што стигна до полуфиналето и каде што не само што го покажа својот талтен за музиката, туку добиваше и совети од стурчното жири за да биде уште подобра во работата која ја работи. Таа учествуваше и во македонскиот мјузикл посветен на Тоше, „Тајно моја“. Следуваше учеството во домашното музичко талент натпреварување „Ѕвезда број 1“ каде заврши како четвртопласирана, па првата сопствена песна „Љубовна бура“ и нејзината изведба на „Макфест 2018“. Сара кон почетокот на август ја објави и својата нова песна насловена како „Ладно лето“. Гигова сега седна на „Жешко столче“, па одговараше на разни, интересни прашања, зборуваше за нејзините искуства и придобивки од учествувањето во регионалните музички шоуа. „Морам да признам дека е огромно искуство, многу пријатели, многу подготвувања, секој настап е нов тренинг на гласот, на песни, искуство на сцена, искуство со жири, искуство со публика“, вели Сара. „Искрено мислам дека повеќе зрелост добив од „Кастинг талент шоу“ бидејќи таму работев со повозрасни луѓе околу мене. На „Пинкови ѕвездички“ беа тинејџери. Во поглед на музичко искуство, на сцена повеќе добив од „Пинкови ввездички“, а во поглед на други аспкети повеќе има искуство од „Тајно моја“. Младата пејачка откри која и е најголема поддршка во животот, но и во тоа што го работи. „„Наголема поддршка ми е семејството и пријателите. Семејството ми е најголема поддршка бидејќи знам дека што и да ми кажат, да ме искритикуваат знам дека не ми мислат ништо лошо. Се тоа е доброномерно и прифаќам се што ќе ми кажат и се трудам да го променам. Можам да ја издвојувам еве мајка ми која многу вложува енергија во мене и не сакам да ја разочарам. Татко ми и мајка ми ми се најголема поддршка“, вели Сара. На прашањето дали таа е во сенка на нејзината братучека, пејачката Антониа Гиговска која исто така беше и во „Пинкови ѕвездички“, Гигова вели: „Не, воопшто не мислам дека сум во сенка. Таа е од мене постара 4 години и е поискусна. Заедно се натпреваруваме во „Тајно моја“ и стигнавме заедно до суперфиналето и имавме дует и ги освоивме првите две награди, поглавните улоги во „Тајно моја. И уште тогаш имаше коментари, не споредуваа, јас како помлада дали одам по стапките на Анотниа. Во тој момент, на 12 години не знаев како да ги прифатам тие коментари, дали на лош начин, дали на добар. Како помина времето и јас бев на „Пинкови ѕвездички“, сфатив дека музичата е тоа што сакам да го работам во животот, сфатив дека такви коментари имало и ќе има, сега е моментот да се покажам во различно светло бидејќи мислам дека јас и Антониа сосема сме различни и како луѓе и како пејачки. Таа има различен стил на пеење, различен стил на облекување, различен стил на однесување, мислам дека сме потполно различни освен тоа што сме братучетки. На музички план немаме толку интереси, имаме различни гласови, Воопшто не се гледам во сенка на Антониа. Се надевам дека со текот на времето публиката подобро ќе ме запознае“, вели Сара. Таа откри дека не размислувале со нејзината братучетка да ги вкрстат гласовите и да снимаат дует, но таа можност не е исклучена за во иднина. Целото интервју погледнете во видеото подолу. фото: принтскрин/инстаграм/сара гигова/јутуб/жешко столче]]>

Исти, а толку различни: Што ги врзува Александра Накова и Сања-Барбика? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/isti-a-tolku-razlichni-shto-gi-vrzuva-aleksandra-nakova-i-sanja-barbika-foto/ Sat, 10 Jul 2021 07:33:35 +0000 http://vistina.mk/?p=8745

И едната и другата се топ девојки! Изглед од милион долари, што би рекле! Обете не се од Скопје, ама се популарни и познати како да се... И повеќе од тоа! Едната естрадна ѕвезда, другата топ модел! Обете млади, згодни,  бликаат од сексапил и убавина... Обете мераклики... на сликање! Од нивните провокативни фотографии на личните профили многу често знаат да „прочурат“ социјалните мрежи!
Обете беспрекорно дотерани, нашминкани, со долга коса, однеодамна бојосана во црно... Едната тазе разведена, другата се’ уште немажена... Обете гладни за живот, желни за успех, за кариера, за врвни дострели и убав живот... А карактерно дијаметрално различни, па дури и во хобито или професијата...
Сања Барбика - фолк пејачка, Александра Накова - топ модел! Тогаш што е тоа што двете убавици ги поврзува, освен општите карактеристики? Која е таа допирна точка, која на момент ги спои двете познати и популарни Македонки? Одговорот е содржан во само еден збор: Вкусот! За облекување!
Александра Накова и Сања - Барбика одбраа исто парче облека. Едната за провод, другата за настап! Едноставна, отворена маичка, светликава, налик на диско топка, која повеќе открива, отколку што покрива. А, открива речиси се’... Како и не би, кога и обете имаат што да покажат. И повеќе од тоа!
Само прашање е на која поубаво и стои? Одговорот е ист, како и нивната заедничка „спојка“! Вкус... Тоа е прашање на вкус! А за вкусовите, не се дискутира! Во нив, само се ужива!
]]>

Зошто мажите изневеруваат со сосема поразлични жени? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-mazite-izneveruvaat-so-sosema-porazlichni-zeni/ Tue, 06 Jul 2021 12:30:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209881

Постојат многу причини зошто емотивните партнери се изневеруваат, но она што првенствено ги наведува на „грев“ е личното незадоволство. Жените често им се жалат на своите пријателки дека нивното момче или сопруг ги изневерува со личност која не може да се спореди со нив во ништо. Тогаш, зошто посилниот пол влегува во прегратките на таквите љубовнички? Можеби еден маж копнее по нови познанства, сензации, авантури и врски, што најчесто се случува во кризата во средните години од животот. Кога ќе им здодее стабилноста во врската, тие бараат повозбудливи моменти, што не значи дека е дури и подобро од она што веќе го имаат. Ова, пред сè, може да го обезбеди некој што е лесно достапен и подготвен за авантура и забава и на кого не треба ништо да му објаснува. Таквата жена не мора да биде премногу паметна или убава, бидејќи единствено што бара од неа е краткорочна авантура. Измамената девојка или сопруга тогаш ја губи самодовербата и почнува да го доведува во прашање нејзиниот изглед, но тоа всушност не е проблемот. извор: попара.мк]]>

Битолската џез пејачка Стефанија сними видео со кое и ги отвори очите на јавноста: Навидум поразлични, а всушност толку исти! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bitolskata-dzez-pejachka-stefanija-snimi-video-so-koe-i-gi-otvori-ochite-na-javnosta-navidum-porazlichni-a-vsushnost-tolku-isti-video/ Fri, 29 Mar 2019 08:21:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79957

Стефанија Милевска  на јавноста и е позната како дипломирана џез вокалистка која живее во Битола. Таа неодамна сними нова песна отпеана на англиски и македонски јазик: „Еј ти, слушај“ (Hey You, Listen) како и документарен филм, кои се посветени на нејзиниот прерано починат брат, кој бил болен од целебрална парализа, а воедно и на сите лица со било каква попреченост.
Песната која неодамна беше промовирана заедно со документарецот беше проследена со видео и во тоа не би имало ништо необично доколку протагонистите кои учествуваат во него  не се токму лица со различен вид на попреченост од Битола, Скопје и Белград, придружувани од  танчари, пејачи и изведувачи од центарот Анастасија  од Битола.
Една ретка, можеби и единствена идеја кај нас, во која се спојуваат уметноста и хуманоста во едно, а од друга страна се буди свеста на јавноста дека лицата со попреченост се луѓе како и сите други, способни да се вклучат во сите сегменти на животот и оштеството, вклучувајќи ја и музиката и уметноста воопшто.
„Моето растење покрај брат со церебрална парализа значеше будење со насмевка и безрезервна љубов. Како личност која има почувствувано на своја кожа што значи да имаш најблизок со некаква попреченост, добив потреба да го споделам тоа со светот. Сметам дека свесноста може да се подигнува само доколку гласно се зборува и јасно се претставува самиот проблем.
Инспирирана од брат ми Игор, кој имаше Церебрална парализа и на триесет и осум години го напушти овој свет, решив да направам едно дело кое ќе зборува во името на многу луѓе кои сакаат да кажат нешто. Претходно сакав да го снимам него затоа што тој секој ден кога ќе се разбудеше ме поздравуваше со насмевка. Не можеше да зборува, но можеше да се смее. Кога започнав да се грижам за него, после моите студии, сфатив што значи да се има лице со посебни потреби во самата фамилија. Тоа всушност било моето будење и доколку сум го немала Игор покрај мене, јас можеби немаше ни да бидам на ова ниво на свесност, па да зборувам и на оваа тема“ - ќе напише Стефанија на својот Фејсбук профил на социјалните мрежи.
„Hey You, Listen!“ е дело кое всушност  зборува во името на сите души кои сакаат да кажат нешто повеќе за самиот живот, за сите кои што се на маргините, сите кои што се едноставно се поразлични од другите, а сакаат да потенцираат колку се исти. За лицата со попреченост, за лицата кои сакаат да кажат се, односно нивното се' е љубов.
Учество во спотот земаат лица со различни попречености (слепи, глуви, со Даунов Синдром, церебрална парализа, пречки во развој, аутизам…) од Битола , Скопје и Белград (професионални глуви танчери, КУД на глувите од Белград, „Радивој Поповиќ“) и артистите (танчери, пејачи, изведувачи) на Анастасија Центар.
Песната и документарниот филм „Hey You, Listen!/Behind the Scenes“ (Еј ти, слушај/Зад сцената) на тема подигнување на свеста кон лицата со попреченост и развивање на емпатија како што споменавме е посветен на најстариот брат на Стефанија, Игор Милевски, кој починал на возраст од 38 години.
Проектот е  продуциран од Welcome to Stefanija’s Music World“ (Добредојдовте во музичкиот свет на Стефанија), во кој самата Стефанија се претставува и преку него реализира како пејачка, композитор, таначарка, кореограф, изведувач, музички продуцент... со еден збор - мултимедијална личност! https://www.youtube.com/watch?v=WmZ2b60exU8]]>