различен ден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 14 Dec 2023 09:14:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png различен ден – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Животот така сакаше: Најпознатите македонски естрадни близначки, сепак слават роденден во различен ден!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zhivotot-taka-sakashe-najpoznatite-makedonski-estradni-bliznachki-sepak-slavat-rodenden-vo-razlichen-den-foto/ Thu, 14 Dec 2023 08:15:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331008

Маријана и Росана, легендарните македонски пејачки секако се најпознатите естрадни сестри близначки. Денешниот ден  14 декември е впишан како денот кога тие се родени и дојдени на овој свет. Сто пати сме рекле и пак велиме дека на дамите не им се бројат годините, ама секако им се бројат ако не подароците, тогаш барем честитките за „денот што го чекаме цела година“! Кај двете сестри - близначки ситуацијата е малку поспецифична. Иако роденденските честитки пристихгаат од сите страни, секогаш прва и најдрага е онаа од сестрата - близначка со која во ист ден си се родила. И навидум ништо чудно, ниту невообичаено, напротив... Освен еден мал парадокс за кој судбината се погрижи или поточно животот така сакаше: Маријана и Росана иако се близначки родени во ист ден, роденден да им биде во различен ден!? И сега ако некој се чуди како е тоа можно, мора или да не е информиран која на која половина од земјина кугла живее или во основно да избегал од часови по географија! Речиси сите знаат, а за оноие што не знаат, Маријана со години живее и работи на најјужниот континент, во далечната Австралија. И по силата на природните закони и временските зони, најјужниот континент е „десет часа пред“, односно времето во Австралија е за десет часа понапред од она кај нас, во Македонија. Така, по логика на нештата, иако се сестри близначки родени во ист ден и час,  кога роденденот на Маријана таму веќе ќе и дојде и може да почне да го слави, за истото Росана овде ќе мора да почека уште најмалку десет часа! Затоа Росана како и секогаш и годинава прва се сети на својата сестра - близначка да и го честита денот што обете го чекаат цела година, но за жал физички разделени, го слават во различен ден, па и порача во Фејсбук порака: „Душо моја најмила, сестричке најпозитивна, лепото моја си поминала многу нешта во животот кој знае да биде непредвидлив, си била храбра и пожртвуваназа се' и за сите секогаш со она твое, нема проблем и со твојата насмевка... Си останала крајно позитивна, вицкаста, скромна и вредна... Мила моја среќен роденден и секогаш биди со таа насмевка, жива и здрава... Само убавини да имаш во животот... Те сака твоја Лола повеќе од себе си... како и со години наназад тебе веќе ти е е роденден, а мене утре... Близначки, а различен ден роденден“ - споделила во честитката Росана, зачинувајќи ја со голем број од емотикони во вид на срца покрај нејзината фотографија. „Натурализираната австралијанка“  Маријана не остана покуса да не возврати на честитките на нејзината сестра- близначка, па веднаш и возврати на родендендките честитки со честитка: „Мојата сестра, моето се', мојата Росанче, мојата душа, моето сонце, мое небо, мојата ѕвезда... да можев да бирам пак тебе бите избрала за сестра. Среќен ти роденден, здрава, жива и секогаш насмеана да си ми“ -  и порача од далечина преку својот Фејсбук Маријана на сестра и Росана, покажувајќи  дека двете кумановки, двете естрадни сестри-близначки иако разделени сепак се неразделни! А, има ли подобра честитка од онаа, кога сестра на на сестра си - близначка, роденденот ќе и го честита со нејзина песна... Затоа Марјана засвире и запеа, за нејзината Росана, за себе и за сите нас. Еве како звучи нејзиниот глас... Фото и видео: Facebook/Marijana Novacevska/Rosana Saric Todorovska]]>