разголе душата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 10 Sep 2022 07:56:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png разголе душата – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Едина Муса ги покажа плочките на стомакот ама ја разголе и душата: Кој го разбуди „еротскиот ѕвер“ во убавицата? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/edina-musa-gi-pokaza-plochkite-na-stomakot-ama-ja-razgole-i-dushata-koj-go-razbudi-dzverot-vo-ubavicata/ Sat, 10 Sep 2022 07:50:16 +0000 http://vistina.mk/?p=4976

Македонска кошаркарка, бодибилдерка и фитнeс мис бикини, убавата Едина Муса оддамна решила своето тело да го доведе до совршенство. Секојдневните напорни вежби во тератаната, начинот на исхрана и додатоци  се оние нешта кои и помагаат на згодната билдерка да се обиде да се закити со уште некоја титула во овој спорт.

Дека е на добар пат, покажуваат „плочките на мешето“ во вид на мускулни коцки со кои згодната бодибилдерка се пофали!

Арно ама, убаватa Едина се почесто покажува дека во неа се кријат два паралелни света. Во мускулестото тело на атлета, се крие нежна, ранлива и очигледно вљубена душа... веројатно, вљубена до гуша! Еден цитиран пост и анимацијата на еден од нејзините профили покажува дека убавата Едина паднала во закрилата на волшебната игра на сетилата.

Но, од среќникот кој ги дели нежните прегратки на нејзините мускулести раце, ниту трага, ниту глас... ниту фотографија!

Кој тоа го разбуди „ѕверот“ во убавицата, останува тајна! Барем во јавноста! Иако муабети  и шпекулациите не престануваат да кружат по кулоарите. И по чаршиските, а во последо време и по оние политичките, откако русокосата тргна да гради и политичка кариера на последните локални избори.

Ама затоа какво е чувството или барем какво таа би сакала да биде - темелно опишано во „сочниот опис“ на еротскиот пост на убавата Едина. Анимираната фотографија е само илустрација... За оние што немаат бујна фантазија, па им треба и визуелна перцепција на распламтените страсти!

Прочитајте и погледнете што своевремено постираше сексапилната билдерка на својот профил и имајте убав ден... И бурна ноќ, секако!

„Тој ги стави рацете на двете страни од моето лице, и собата се преврте наопаку. Никогаш порано не сум била толку занесена во бакнежи. И тогаш, просторот меѓу нас експлодира. Моето срце почна да прескокнува додека се обидував со рацете да го донесам доволно блиску до мене. Го вкусувам и сфаќам дека сум гладна... за љубов! Јас и претходно љубев, но не се чувствував вака. Се бакнував и претходно, но ниту еден бакнеж така не ме запали“.

Фото: Инстаграм принтскрин/edina_musa

]]>

Марија Луиса Тодоровска во „емотивен стриптиз“ кај Стефан Лазаров: „Штом отворам очи, веднаш мислам на се*с… и aко не се снимам додека го имам, исто како да не сум го имала“ (ВИДЕО 18+) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-luisa-todorovska-vo-emotiven-striptiz-kaj-stefan-lazarov-shtom-otvoram-ochi-vednash-mislam-na-se-s-i-ako-ne-se-snimam-dodeka-go-imam-isto-kako-da-ne-sum-imala-video-18/ Fri, 14 Jan 2022 09:04:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234869

На македонската пејачка Марија Луиса Тодоровска, откако наместо душата и „пукна филмот“, па реши самата да ја превземе модната (те)палка в раце и да го „соголи до коска“  модниот гуру Сергеј Варошлија, фолкерката тргна во нова акција. Овој пат никому не му ја „пукна душата“, туку реши да ја „разголи“ сопствената, откако досега најчесто го разголуваше само телото. Нејзиниот „емотивен стриптиз“ го направи кај еден од најпознатиот македонски јутјубери - Стефан Лазаров, чии видеосесии знаат да содржат нималку пријатни прашања за гостите од јавниот живот и естрадата. Но, овие кои на Марија Луиса и беа поставени на жешкото столче кај Лазаров, Бога ми беа „скокотливи дибидус“, па затоа разговорот мораше во старт да да добие назнака -  „18 +“ . Имено, сексапилната битолчанка отворено одговараше на секое „незгодно“ прашање без предрасуди, без оглед дали некој ќе и се израдува или ќе ја осуди за таквите експлицитни, ама крајно искрени одговори, со кои себеси за едни емотивно, за други „сексуално се разголи“,  на зборови! И тогаш кога ја прашаа: Колку често размислувате на се*с“?, Марија око да не и трепне одговори: „Секој ден... Штом отворам очи, веднаш мислам на се*с“! А дали и е фетиш да се снима со партнерот додека имаат се*с?,  пејачката беше експлицитна: „Тоа е мојот најголем фетиш... Ако не се снимам додека имам секс, исто како да не сум го имала“! Како и тоа дали фантазираат жените, односно таа за „тројка“, дали има геј пријатели и помага ли разголувањето во кариерата за добивање поголем бакшиш... И уште дузина други „скокотливи прашања“ на кои како од пушка без предумисли одговараше Марија, а на моменти се чини дека дури и му го „украде шоуто“ на младиот и неискусен Лазаров, кого во неколку ситуации таа него го стави пред „свршен чин“... Да се „вади и правда“ пред девојката. За важноста на големината на машката гордост, еротските фетиши и фантазии, љубовта во тројка... слушнете што мисли најконтроверзната естрадна  девојка, фолкерката Марија Луиса од нејзината „емотивна стриптиз анализа“  кај  Лазаров, која е повеќе од интересна за обичниот народ. ]]>