разбуди ме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 16 Oct 2018 14:15:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png разбуди ме – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Огнен Здравковски ги вметна убавините на Охрид во „Разбуди ме“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/53197/ Tue, 16 Oct 2018 12:23:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53197

Огнен Здравковски го претстави видеото за својата нова песна насловена „Разбуди ме“, која е авторско дело на композиторот Григор Копров, аранжерот Владимир Дојчиновски и текстописецот Огнен Неделковски. 
Снимена во прекрасниот Охрид, визуализацијата ја реализираше продукцијата „НТ ентертејнмент“, под режисерската палка на Ненад Јаковљевиќ, а на Огнен друштво му прави колешката Анастасија Аврамовска, чија кариера исто така е во нагорна линија.
„Ииии драги пријатели со голема чест и задоволство ви го претставувам мојот нов спот за песната "Разбуди ме". Слушнете и погледнете, се надевам дека ќе ви се допадне!“ - напишал Оги претставувајќи го видеото на социјалните мрежи.
Младиот пејач, кој со темата „Солза“  настапи на неодамна одржаниот „Макфест 2018“, викендов настапи и на фестивалот „Златен костен“ во Петрич, соседна Бугарија, каде што ја освои наградата за најдобра сценска изведба.
Наградата ја доби токму за изведбата на темата „Разбуди ме“, а како изгледа нејзиното официјално видео дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=33&v=ab8bvAm9Egw  ]]>