растко обрадовиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 03 Feb 2018 10:14:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png растко обрадовиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џез: Концерт на Растко Обрадовиќ квартет во „Јавна соба“ https://arhiva.vistina.com.mk/dzez-koncert-na-rastko-obradovikj-kvartet-vo-javna-soba/ Sat, 03 Feb 2018 10:14:51 +0000 http://vistina.mk/?p=11620

В сабота, на 3 февруари 2018, во „Јавна соба“ свој прв концерт во Скопје ќе има динамичниот белградски квартет на Растко Обрадовиќ. Со овој концерт продолжува промоцијата на регионалната џез-сцена во соработка со платформата „Вин мјузик фридам“ (Win Music Freedom). Српската џез-сцена никојпат не била толку динамична и разновидна. Авторски состави никнуваат низ цела Србија, но Белград е секако епицентар на добрата музика каде само квалитните состави успеваат да опстанат. Во Србија има состави кои негуваат музика од 50-тите години, неизбежно збогатена со печати од времето и поднебјето на кое се креира, но има и автори чии композиции се темелени на локалната музичка традиција. Секако има креативни музички групи чиј репертоар е современ џез, но се сретнуваат и фузирани групи и автори кои се длабоко во водите на експериментална музика и слободна импровизација на лице место. Растко Обрадовиќ – саксофон По завршувањето на студиите на Кралската Музичка Академија во Осло, Растко станува еден од најбараните саксофонисти на српската џез-сцена. Со својот автентичен и впечатлив звук, Растко успева да се поврзе и соработува со искусни музичари од регионот и пошироко. Како музичари кои имаат влијание врз Растко се набројуваат Јан Гарбарек, Мајкл Брекер, Бојан З, Соли Ролинс… Александар Грујичиќ – пијано Пијанист кој се одликува со широк спектар на интереси во музиката. Тој моментално е активен на српската и европска џез-сцена како соло-уметник и соработник со многубројни истакнати инструменталисти.  Пеџа Милутиновиќ – тапани Како дел и од „Васил Хаџиманов бенд“ и „Макс Кочетов квартет“, тој е најактивниот тапанар на српската џез-сцена.  Борис Шаиновиќ– бас Иако е сè уште студент на Факултетот за музичка уметност во Белград, џез-отсек, тој е мошне активен басист. Дел е од „Шајм трио“ (Schime Trio) и „Роберт Гласпер Белгрејд експиримент“ (Robert Glasper Belgrade Experiment). Влезот во „Јавна соба“ е слободен. https://www.youtube.com/watch?v=tRLh08rtzZY]]>