растение – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 23 Jan 2023 11:25:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png растение – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Доаѓа февруари: Ако ова растение процвета, домот ќе ви биде исполнет со среќа https://arhiva.vistina.com.mk/doaga-fevruari-ako-ova-rastenie-protsveta-domot-ke-vi-bide-ispolnet-so-sreka/ Mon, 23 Jan 2023 12:30:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285335

Ако некој цвет престанал да цвета или наеднаш пресушил, според фенг шуи, тоа може да укаже на трошоци, негативни промени и загуби. Но, ако ова цвеќе расцвета тоа е знак дека вашиот дом ќе биде исполнет со среќа. Станува збор за собното растение кливија, со месести и големи зелени листови и магичен цвет, обично портокалова боја. Меѓутоа, за да процвета оваа заспана убавица, потребна и е соодветна грижа. Најмногу и се допаѓа северната страна од куќата и не треба да биде изложена на силна сончева светлина. Сака собна температура, а во зима не треба да се чува на температура пониска од 10 степени. Периодот кога треба да очекуваме да цвета е месец февруари. Во зима се полева околу 20 дена, додека во лето и пролет треба почесто да се полева. Се храни со течно ѓубриво од март до септември, како и во февруари кога се формираат цветните пупки. Секоја пролет, младите кливии се пресадуваат во поголем сад. Кливијата може да се размножува со делење на големи растенија, односно со одвојување на ластарите по цветањето, а може да се размножува и со семиња. Билката е идеална опција за украсување на дневната соба или канцеларијата. Во овие простории, тие ќе имаат корисен ефект врз околината и ќе ја елиминираат негативноста. И ако ставите неколку парички во нејзината саксија, тоа може да привлече просперитет во куќата и да ја подобри семејната благосостојба. извор:курир.мк]]>

Поради овие фотографии ќе посакате да го украсите домот со најпопуларната билка на Инстаграм https://arhiva.vistina.com.mk/poradi-ovie-fotografii-kje-posakate-da-go-ukrasite-domot-so-najpopularnata-bilka-na-instagram/ Mon, 03 Oct 2022 13:20:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269801

Ако сте љубители на растенија и често споделувате фотографии од своите зелени „убавици“ со следбениците на социјалните мрежи, тогаш веројатно сте користеле Инстаграм и други мрежи за да разгледувате фотографии од растенија како дел од ентериерот. Една американска компанија направила анализа на хаштагови за цела низа собни растенија, а едно се истакнало како најпопуларно – станува збор за алое верата.
Хаштагот #aloevera се наоѓа под повеќе од 4,8 милиони објави на Инстаграм. Секако, една од причините е дека алое верата се употребува за разни цели во козметичката, прехранбената и фармацевтската индустрија, но освен тоа, ова растение има свое место и како украсна билка во многу домови.
Освен што е убав украс во секоја просторија, алое верата е и корисна бидејќи овој атрактивен сукулент кој е едноставен за одржување го прочистува воздухот. Тој го зголемува нивото на кислород во домот и ефикасно апсорбира одредени штетни соединенија. Кога станува збор за грижата за алое вера, оваа билка сака места со силна светлина, а добро поднесува дури и директно сонце.
Собните температури совршено ѝ одговараат, сака прозрачна земја во која е пожелно да додадете и песок, а кога станува збор за полевањето, важно е земјата добро да се исуши помеѓу две полевања бидејќи вишокот вода доведува до скапување на корените.
Во постудените периоди од годината доволно е да ја наводнувате еднаш месечно. извор:кармин/точка.ком.мк]]>

Зелено „злато“ кое го намалува холестеролот, шеќерот во крвта и крвниот притисок: Ова растение има магична моќ https://arhiva.vistina.com.mk/zeleno-zlato-koe-go-namaluva-holesterolot-shekjerot-vo-krvta-i-krvniot-pritisok-ova-rastenie-ima-magichna-mokj/ Thu, 21 Apr 2022 13:00:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=247327

Моринга е растение кое го нарекуваат и чудотворно дрво, дрво на животот, а кај нас е достапно во прав. Морингата е по потекло од Индија и тоа што е карактеристично за неа е тоа што секој дел од растението се јаде и може да се користи во алтернативната медицина. Ова растение е извор на витамините Б2, Б6, Ц и А, како и магнезиум и железо. Има високо количество на кверцетин кој влијае на намалувањето на високиот крвен притисок и хлорогена киселина која го намалува нивото на шеќерот во крвта. Ова растение поседува и антифламаторни и антидепресивни својства, па се користи и во третманот кај некои автоимуни заболувања. Морингата го намалува и лошиот холестерол и има голема улога во слабеењето. Ја храни кожата и косата, ги јакне коските, го штити црниот дроб. Индијците тврдат дека ова растение делува на над 200 болести. Многу лесно може да ја вметнете во исхраната, само потребно е малку од правот да додадете во јадењето, смутито или пак некој друг напиток, а можете и само да ја помешате со вода и да ја пиете наместо чај. Обрнете внимание и користете мали количини поради тоа што таа има лаксативно дејство и може да предизвика стомачни тегоби, секако пред да ја користите консултирајте се со вашиот доктор. Трудниците и доилките исто така не смеат да ја користат поради тоа што може да предизвика некои несакани дејства. извор:точка.ком.мк]]>

Ова растение речиси сите го имаме дома, а отровно е и опасно за домашните миленичиња https://arhiva.vistina.com.mk/ova-rastenie-rechisi-site-go-imame-doma-a-otrovno-e-i-opasno-za-domashnite-milenichinja/ Wed, 29 Jul 2020 12:00:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161110

Многу од луѓето во своите домови имаат и одгледуваат растенија, но не знаат дека со тоа ги доведуваат до опасност своите домашни миленици, мачките и кучињата. Имено, постои едно растение кое што е особено отровно за мачките, а во последно време стана многу популарно на социјалната мрежа Инстаграм и сè почесто е присутно во домовите на луѓето. Станува збор за растението Monstera deliciosa, по потекло од Централна Америка. Неговите лисја содржат отровни супстанции кои што можат да го загрозат животот на вашите мачки.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Bayu.maulana.chevalier (@bayu.chevalier) on

„Иако многу од вашите мачки и кучиња ќе го одбијат горкиот вкус на ова растение, консумирањето на големи количини може да доведе до низа проблеми, од стомачни до пореметување на дишењето, престанување на работата на бубрезите како и смрт“ - објаснила ветеринарката Летиција Фидалго Бурон. Таа исто така нагласила дека многу од сопствениците на мачките не се ниту свесни за тоа и дека мислат дека ова растение, воглавно служи како украс, целосно безопасно. Меѓутоа, тоа е далеку од вистината и сопствениците на домашни миленичиња треба секогаш да внимаваат какви растенија купуваат за дома. извор:кариин/точка.ком.мк]]>

Како да им помогнете на собните растенија да ја преживеат зимата? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-im-pomognete-na-sobnite-rastenija-da-ja-preziveat-zimata/ Mon, 08 Oct 2018 14:16:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=51907

Ладното време може да им наштети на собните растенија, па затоа е потребно при промена на температурите да им посветите повеќе нега. Најпрво, внесете ги дома сите билки кои не „трпат“ студ. Така ќе бидат на пооптимална температура, а вие ќе можете да ги следите евентуалните промени кај некое од растенијата. Исчистете ги од сите овенати и суви гранки и лисја. Наместете ги така што оние на кои им треба повеќе светлина ќе бидат блиску до прозорците, додека другите треба да бидат сместени во помалку осветлените агли од домот. Жешкото време веќе помина, па веќе не треба да ги полевате пречесто, за да не скапе коренот. Во зависност од тоа кои видови ги имате, намалете го бројот на полевања соодветно на она што самото растение има потреба. Притоа, внимавајте да не ги полевате со штотуку наполнета вода од чешма, туку со малку отстојана на собна температура. За крај, треба да внимавате листовите, цветовите и гранките на вашите растенија што помалку да се допираат, за да имаат простор да „дишат“.]]>

Избркајте го загадениот воздух од вашиот дом со ова растение https://arhiva.vistina.com.mk/izbrkajte-go-zagadeniot-vozduh-od-vashiot-dom-so-ova-rastenie/ Tue, 19 Dec 2017 09:55:34 +0000 http://vistina.mk/?p=7100

Идеален е за одгледување во затворени простории – дневна соба или канцеларија.
Наместо да фрлате по стотици евра за електричен прочистувач на воздухот набавете го растението хлорофитум. Потекнува од Ј. Африка, а името го добил по зелената боја на своите трајни листови.
Станува збор за доста отпорно растение и успева во скоро секоја просторија. Таа е еден од најголемите прочистувачи на воздухот во домот – едно растение е доволно за 10м2 простор. Омилена е кај сите почетници во одгледувањето на растенија бидејќи е многу едноставна за одгледување.
При одгледување на хлорофитум, треба да обрнете посебно внимание на следните работи: при купување на хлорофитум, вимавајте на супстратот да биде умерено влажен и не смее да се исуши.
Дополнително, не смеете да претерате со премногу залевање бидејќи тоа може да доведе до трулеж.
извор:сител.мк
]]>