раст – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Apr 2022 13:01:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png раст – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што е најважно за раст на косата? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-e-najvazno-za-rast-na-kosata/ Thu, 28 Apr 2022 13:01:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248083

Познат српски фризер открива што е најважно за раст на косата, што ја уништува најбрзо и која состојка мора да ја имате за домашна нега.

Ако нешто ја зголемува самодовербата за момент, тогаш тоа е добрата фризура, коса која изгледа негувано, сјајно и бујно. Но, повеќето од нас немале среќа да се родат со совршена коса, или можеби сме ја уништиле со пречестото фарбање, експериментирање, фенирање… А понекогаш косата едноставно го губи својот квалитет поради преголемата изложеност на сонце или поради студеното време. Според познатиот белградски фризер Срѓан Куљанин доколку се соочуваме со оштетена коса, најдобро е да ја препуштиме во рацете на стручно лице. Доколку сакаме да ја задржиме должината и да ја одржуваме косата здрава, најдобро е професионално да ја скратиме. Ако косата е во процес на пуштање, тогаш може да се применат посебни третмани за нејзина хидратација и потхранување на влакното за таа да се врати во што подобра состојба. Куљанин вели дека начинот на кој се однесуваме со косата, одредува колку брзо таа ќе расте. Тој открива и дека исхраната е многу важна кога станува збор за растот на косата, иако малку се зборува за тоа:
За да расте косата важна е редовна нега, шишање, но и исхрана. Важно е храната да биде богата со сложени јаглехидрати, така што нашето тело ќе има доволно енергија што е неопходна за клетките на косата“.
Куљанин истакнува дека ништо не може да ги замени професионалните третмани и фризерската нега и дека не постои домашен „волшебен“ лек кој ќе ја регенерира вашата коса. Меѓутоа, ако сакате да вклучите некои природни состојки во вашата нега, препорачливо е да користите кокосово масло.
Потребно е да користите соодветен шампон и маска (балзам), протеински препарати, спрејови за чешлање, а потребна е и добра четка за чешлање. Исто така, многу жени забораваат на еден важен чекор, убаво да ја исчешлаат косата пред спиење, рече тој.
]]>

Раст на производството и збогатување на портфолиото на производи на фармацевтската компанија Галеника https://arhiva.vistina.com.mk/rast-na-proizvodstvoto-i-zbogatuvanje-na-portfolioto-na-proizvodi-na-farmacevtskata-kompanija-galenika/ Wed, 02 Mar 2022 11:44:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=241355

Компанијата Галеника, дел од бразилската NC групација, во 2021 година значајно го збогати портфолиото со производи, постигна  раст во Србија и на регионалните пазари и продолжи со модернизација во работењето. На пазарот во Србија, Галеника оствари раст на продажбата од 13 проценти во однос на 2020 година, додека на другите регионални пазари (Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора), растот на продажбата е дури 33 проценти. Во Србија и регионот, регистриран е 31 производ, додека 29 веќе се пуштени во продажба. Во 2021 година, Галеника оствари раст на производството од 9% во однос на 2020 година. Освен во регионот, Галеника успешно работи на 13 меѓународни пазари во Европа, Блискиот исток и Африка, каде го зголеми извозот за 14%, додека на ЕУ пазарот успешно регистрираше 19 производи. Институтот за истражување и развој на Галеника, во стратешко партнерство со сестринската компанија од Бразил – EMS, работи на трансфер на технологија за пет производи од новата генерација генерички лекови. Успешно е завршен трансферот на технологија за 2 производи, додека останатите 3 се очекува да бидат завршени до крајот на април годинава.
„Галеника зазема стабилна пазарна позиција за што придонесува бескомпромисната посветеност кон квалитетот и ширење на портфолиото на производи во согласност со современите потреби на потрошувачите. Нашите клучни двигатели за стекнување деловна вредност вклучуваат вложувања, дигитализација и модернизација, како и обезбедување поддршка од заедницата во која работиме. Минатата година ја обележа и интернационализацијата на работењето со значаен раст во регионот и на меѓународните пазари. Меѓународното работење е област каде ќе продолжиме да се развиваме и во текот на 2022 година“, вели Рикардо Виан Маркес, генерален директор на компанијата Галеника.
Продолжува и процесот на дигитализација на компанијата. На патот да стане „интелигентна компанија“, Галеника во 2021 година ја имплементираше SAP Analytics Cloud – најнапредната платформа која комбинира деловна интелигенција (business inteligence), напредна и предиктивна аналитика и можност за планирање во интегрирано деловно опкружување. Покрај фокусот на континуитетот на производството и снабдувањето, како и безбедноста на вработените, Галеника во 2021 година започна и нов инвестициски циклус со фокус на заштита на животната средина и зголемување на енергетската ефикасност. * * * Фармацевтската компанија Галеника е основана во 1945 година. При крајот на 2017 година стана дел од NC Grupe (www.gruponc.net.br), која ја опфаќа и EMS – најголемата фармацевтска компанија во Бразил и една од најголемите фармацевтски компании во цела Латинска Америка. Галеника е на второ место по пазарно учество во Србија, а произведува генерички лекови, диетални суплементи, козметички производи и медицински средства. Стратегијата на Групата е да ја развива Галеника како модерна и флексибилна компанија, фокусирана на истражување и развој, која константно работи на унапредување на своите производи за унапредување на здравјето и квалитетот на животот, на задоволство на корисниците. ]]>

Циметот може да ви помогне во побрз раст на косата https://arhiva.vistina.com.mk/cimetot-moze-da-vi-pomogne-vo-pobrz-rast-na-kosata/ Wed, 07 Apr 2021 11:45:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197998

Добро е познато дека лукот и пивскиот квасец имаат одличен ефект врз растот на косата, но дали знаевте дека циметот е исто така одличен за лекување на скалпот во случај на прекумерно опаѓање на косата? Еве еден необичен совет: „Само нанесете малку цимет на скалпот и добро измасирајте“. Дерматолозите објаснуваат дека циметот е еден од најдобрите природни стимулатори на скалпот. Секој што сака да го проба циметот за борба против опаѓање на косата, се препорачува да набават ароматично масло од цимет и најпрво да го испробаат на кожата, а доколку нема никаква несакана реакција, внимателно нанесете го на скалпот. По масажата, маслото треба темелно да се измие. извор:нетпрес.ком.мк]]>

Бизарен тренд ги полуде жените ширум Светот: Еве што ставаат во шампонот за да поттикнат брз раст на косата https://arhiva.vistina.com.mk/bizaren-trend-gi-polude-zenite-shirum-svetot-eve-shto-stavaat-vo-shamponot-za-da-pottiknat-brz-rast-na-kosata/ Fri, 27 Nov 2020 14:45:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=178456

Бизарниот тренд се прошири на социјалните мрежи, особено на „TikTok“ Имено, жените започнаа да снимаат видеа во кои гордо и со воодушевување зборуваат за ставање апчиња за контрацепција, во прав во шампон за поттикнување на раст на косата. Една девојка рече дека веќе две години користи разни производи за да го поттикне растот на косата додека не го слушнала овој трик од нејзината мајка. – Мајка ми ми рече дека кога била помлада, ставала апчиња за контрацепција во шампон за да поттикне раст на косата. Решив да пробам. Снимките станаа вирални многу брзо, а многумина открија дека овој метод навистина функционира. – Иако е лудо, се чини дека делува – напишало едно лице, додека друго признало дека помагало. Погледнете го видеото и дознајте дали косата навистина расте побрзо подолу: https://www.tiktok.com/@uwubrat/video/6847285348364471558?sender_device=pc&sender_web_id=6894566225955849733&is_from_webapp=1 Иако хормоните играат голема улога во подобрувањето на нашата кожа и коса, експертите велат дека ова нема смисла или ефект. Д-р Ширин Локани вели дека таблетите за контрацепција не се создадени за да се апсорбираат во скалпот или кожата. – Разбирам зошто луѓето мислат дека ова ќе успее, но навистина е бесмислено и не, нема да има ефект – посочува лекарот и препорачува да се јаде храна богата со витамин Б и биотин како месо, морски плодови, лиснат зеленчук и бадеми за раст на косата. извор:попара.мк]]>

Три совети за побрз раст на косата https://arhiva.vistina.com.mk/tri-soveti-za-pobrz-rast-na-kosata/ Mon, 13 Jul 2020 11:45:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158334

Не постои волшебна формула што веднаш ќе ве претвори во самовила, но здравата кожа на главата може максимално да го поттикне растот на косата. Ако комбинирате разновидна исхрана со стимулативна нега и ако пиете витамински суплементи, косата во просек ќе ви расте сантиметар месечно. Освен тоа, ќе се чувствувате здраво и нема да се оптоварувате со изгледот на својата фризура. Јадете протеини за појадок и за ручек Предлагаме да изедете 100-150 г месо, половина шолја белки или еден јогурт. Кога ќе го придвижите метаболизмот наутро и кога ќе јадете почесто а помалку, ќе имате доволно хранливи материи за регенерација на ткивата во текот на денот. Редовно мијте ја косата Натрупувањето на нечистотиите во коренот на влакното го спречува неговиот раст. Колку е почиста кожата на главата, толку ќе ви биде поздрава косата. Ако е потребно, мијте ја секој втор ден, но не почесто. Масирајте го темето Стимулацијата ја поттикнува циркулацијата во коренот на влакното со што се подобрува текстурата на влакната. Додека се туширате, масирајте го коренот на косата со мали кружни движења. Потоа ставете хранлива маска на краевите или во коренот на косата. извор:нетпрес.ком.мк]]>

Машка гордост: До кога расте, а кога почнува да се намалува? https://arhiva.vistina.com.mk/mashka-gordost-do-koga-raste-a-koga-pochnuva-da-se-namaluva/ Thu, 09 Nov 2017 14:00:54 +0000 http://vistina.mk/?p=3182

Машката гордост, пенисот, не е имун на процесот на живтниот циклус, па како и целото тело и тој се менува.

 Ефикасност

Нивото на тестостерони, машки полови хормони, имаат тенденција на опаѓање по 40-тата година од животот, а нивото на тестостерони годишно опаѓа со стапка од 0,3 проценти. Ниското ниво на овие хормони влијае како на општото сексуално однесување и апетит, така и на самата ефикасност на пенисот. Освен тоа, со текот на годините се јавуваат и проблеми во репродуктивното и полово здравје кај мажите. Со стареењето, на мажите им треба повеќе време сексуално да се возбудат и да постигнат ерекција. Освен тоа им треба повеќе време и да доживеат оргазам и да постигнат подолга ерекција. Како и кај другите делови од телото, мускулите во пенисот се склони на опуштање, а тоа ја отежнува ерекцијата. Квалитетот на спермата и волуменот на семето опаѓаат со годините, а во постарите години мажите неретко страдаат и од импотенција. Големина Просечно машко новороденче има пенис со должина од 4 сантиметри. Пенисот не расте се до петтата гопдина, а промените во големината се многу мали се до пубертетот. Отприлика пет години по почетокот на пубертетот, обично на возраст од 17 до 22 години, кај повеќето мажи пенисот ја достигнува предвидената големина и со излезот од пубертетот, како и остатокот од телото, престанува да расте. Постојат два начини на кои пенисот се намалува со годините. Поголемиот број мажи со текот на годините се дебелеат, а како што мастите се акумулираат во долниот дел на стомакот, поради испапчениот стомак многу често изгледа помал и пократок. Во овој случај очигледно, решението е диета. Но, факт е дека дебелината и големината може многу да се намалат со текот на годините. Иако тие промени не се драматични, сепак, се видливи. Ако пенисот во 30-тата година е долг 15см, до 60 и 70 година може да се скрати на 12 см. Изглед Како резултат на намалениот проток на крв во текот на годините, главата на пенисот постепено ја губи бледорозовата боја, што доаѓа заедно со губење на срамните влакна. Поради нерамномерно групирање на ткивата кај некои мажи доаѓа до искривување на пенисот. Позната под името Пејрониева болест најчесто се јавува во средните години. Може да предизвика болни ерекции и отежнат сексуален однос, а состојбата може да бара и операција. Чувствителност Научни истражувања потврдија дека со текот на годините пенисот ја губи чувствителноста, а тоа го објаснува и фактот дека со текот на годините мажите потешко постигнуваат ерекција и доживуваат оргазам. Тестиси Тестисите се намалуваат по 40-тата година. Додека теститисте кај 30-годишниците може да бидат со радиус од 3 сантиметри, кај 60-годишниците на пример може да изнесуваат едвај два см. извор:вечер.мк]]>