расправа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 10 Oct 2023 11:00:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png расправа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Карлеуша тајно го снимаше судењето со Цеца: „На судиите криминалци може да се заканува, но мене не’! (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/karleusha-tajno-go-simashe-sudeneto-so-tsetsa-na-sudiite-kriminaltsi-mozhe-da-se-zakanuva-no-mene-ne-video/ Tue, 10 Oct 2023 10:58:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=321884

Судскиот спор меѓу Јелена карлеуша и Цеца Ражнатовиќ иако трае со години, никако не завршува. Јелена Карлеуша објави видео од судењето со нејзината лута ривалка Цеца Ражнатовиќ. Карлеуша тајно го снимила рочиштето. – Гробовите ѕвонат и чесен човек нема да молчи, а од другата страна има многу гробови – изјави Јелена. Точно еден гроб седи преку патот со очила – рекла Цеца Ражнатовиќ. – Само ми кажа дека сум гроб со очила. Дали го дозволувате тоа во вашата судница? „Ајде, стави го тоа во записник се обрати Јелена на судијата. – Дали сум гроб со очила? Тие што се обидоа да не помират не поминаа добро, но не го слушнавте тоа? – продолжи ЈК Судија, можно ли е таа да крева врева во вашата судница? – додаде Цеца. фото:Принтскрин/инстаграм/телеграф.рс/З.К. Муња]]>

Ана Николиќ повторно во центарот на вниманието: Камерата на „Папарацо лов“ ја улови во скандалозно издание (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ana-nikolikj-povtorno-vo-centarot-na-vnimanieto-kamerata-na-paparaco-lov-ja-ulovi-vo-skandalozno-izdanie-foto/ Thu, 17 Nov 2022 09:33:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276201

Пејачката Ана Николиќ не престанува да ја шокира јавноста со своите потези во последните неколку години. Каде и да се појави предизвикува спротивставени мислења и многу коментари, но на Ана изгледа не и е грижа за нив. Ана беше фатена од екипата на  „Папарацо лов“ додека се возела со ќерката Тара. Возачот и ги носел чантите, отишол до продавница по неа, но и ги чистел и шишињата од автомобилот. Додека се возеле низ главниот град, Ана ги извадила нозете низ прозорецот од автомобилот во кој очигледно лежела на задното седиште додека пушела. Возачот ги однел до познат хотел, а кога си заминале се забележува дека Ана не носи градник, а под блузата и се гледале градите. Потоа, возачот ги однел до адресата каде најверојатно живее бабата на Тара, а девојката ја однел во станот, додека Ана останала во автомобилот со гласната музика и повторно ги извадила нозете низ прозорецот. Кога стигнале до зградата во која живее Николиќ, таа ги подигнала работите од багажникот, а потоа накратко се расправала со возачот. Фото: Принтскрин/Папарацо лов]]>

Пет работи за кои младите брачни парови најчесто се расправаат https://arhiva.vistina.com.mk/pet-raboti-za-koi-mladite-brachni-parovi-najchesto-se-raspravaat/ Thu, 13 Oct 2022 14:00:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271239

Од моментот кога ќе кажете „ДА“, работите стануваат поинакви. Покрај вашето, тука е и мислењето на вашиот партнер, кое треба да го почитувате. Затоа, неизбежно е да има конфликти, бидејќи првите месеци и години од бракот, всушност, се период на прилагодување. Во тој период, треба да научите да го споделувате животот со некого, но и да останете верни на себе, што не е лесно. Ако мислевте дека расправиите и расправиите се присутни само во вашиот брак, можеби ќе бидете изненадени кога дознавте дека 9 од 10 парови се караат токму за овие работи: Мокри пешкири
Оваа расправија изгледа e стара колку и човештвото. Ок, колку и пешкирите за бањање. Не е познато зошто мажите излегуваат од бањата со пешкирот замоткан околу половината, а потоа немарно го фрлаат, мокар, врз тазе исушените алишта на спалната, врз гарнитурата во дневната соба или на кое било друго место што не е наменето за сушење мокри пешкири. Излегување во град Ви се чини како цела вечност од времето кога сте почнале да се подготвувате до времето коога сте излегле од дома, но мажите не разбираат е дека шминката е уметност и дека ниту еден уметник не сака да го брзаат. Можеби на мажот му се доволни чисти фармерки и кошула, малку дезодоранс и средство за коса, но подготвувањето за излегување во град честопати е цел мал ритуал за жените. Војна за температурата Расправија што порано или подоцна избувнува во еден дом е онаа што се однесува на температурата во просторот за живеење. Непишано правило е дека жените на секогаш им е поладно, додека на мажите претежно им е жешко. Жената ќе се шета по дома во дуксер во август, додека тој е опуштен по маица и во јануари. Статистичките податоци велат дека паровите почесто се караат за температурата во куќата отколку за далечинскиот управувач. Некој уште спие Би било идеално ако сте совршено синхронизирани со вашата сакана личност во сè. Но, што ако едниот од вас е ноќна птица и сака да спие до пладне, а другиот е ранобудник кој „легнува со кокошките“? Еден од вас неизбежно ќе се обиде да го сврти другиот на страната што му одговара, што ќе биде причина за расправија. Гаси светло! Топ пет во листата расправии на младите брачни парови е гасењето на светлото. Кој одлучува кога е време да се исклучат светлата во спалната соба? Можеби едниот спие, а другиот решил да погледа телевизија или да погра на мобилниот телефон. И да не го забораваме светлото во ходник што ѕирка под вратата!
]]>

Ако се сомневате дека вашата врска тргнала на лошо, овие прашања може да ја спасат https://arhiva.vistina.com.mk/ako-se-somnevate-deka-vashata-vrska-trgnala-na-losho-ovie-prashanja-moze-da-ja-spasat/ Tue, 25 Jan 2022 13:30:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=236192

Иако на прв поглед изгледа дека се е во ред, понекогаш внатрешното чувство ни кажува дека врската со саканата личност е разнишана и дека нашата емотивна врска паднала во криза. Анксиозноста во врската е реална и се случува дури и кај најдобрите од нас. Кога го имате ова чувство, обично се случува една од двете работи – или избирате расправија за да се ослободите од лошите чувства или замолчувате и се повлекувате и кревате ѕид за да се обидете да се заштитите. Ниту една од овие работи не помага, но речиси секогаш нè прави да се чувствуваме полошо. Психотерапевтката Кетрин Шафлер тврди дека за да се подобри врската потребно е да се постават четири прашања кои секогаш влијаат на суштината за решавање на конфликтот. Секоја вознемиреност што некогаш сме ја имале за која било врска и личност, а особено онаа со партнерот, е поврзана со одговорот на едно од овие прашања.

1. Дали ме гледаш?

Сите сакаме да нè гледаат другите со кои сме во контакт, а особено нашиот партнер. Но, навистина да нè видат. Не е тоа што гледате во нас, а всушност преку нас размислувате за сè освен за личноста со која разговарате. Ако личноста со која сме во врска не може да погледне и да нè види, никогаш нема да има подлабока врска. Ако тој е фокусиран на нас, тогаш ќе можеме да го решиме и конфликтот.

2. Дали ти е гајле што јас сум овде?

Тоа е ситуација кога партнерите излегуваат на вечера и двајцата гледаат во своите мобилни телефони. Зошто воопшто се потрудиле да излезат заедно? Зошто да не одите сами на вечера? Ако сте во врска со некого, тој не само што треба да забележи дека сте таму, туку и да ви се посветат и да комуницираат со вас. Ако тоа не е случај, тогаш секој може да оди по својот пат.

3. Дали ме прифаќаш таков каков што сум или треба да се променам?

Има многу работи за кои можете да бидете загрижени во врската. Еден од нив е дали сте доволно добри со партнерот со кој сте. Го препознавате тој израз на разочарување во очите на партнерот, или немир и незадоволство, чувствувате гадење поради тоа, и често не ни разбирате зошто. Потребно е отворено да се праша другата страна и да се чека одговор. Ако не сме целосно прифатени и сакани такви какви што сме, тогаш треба да сфатиме дека таа личност не е за нас и да ја прекинеме врската.

4. Можеш ли да кажеш дека сум ти посебен на некој начин?

Нема ништо поубаво од тоа некој да те гледа со очи полни љубов. Што е тоа што ни дава до знаење дека личноста која нè гледа нè сака? Искрата во нејзините очи, но и насмевката која ѝ се собира во аглите на очите. Секој од нас има потреба да биде посебен за нешто за нашиот партнер, па дури и за нашите пријатели. Ако не, тогаш врската е бесмислена. извор: попара.мк]]>

За што најмногу се расправаат паровите за време на празниците? https://arhiva.vistina.com.mk/za-shto-najmnogu-se-raspravaat-parovite-za-vreme-na-praznicite/ Wed, 15 Dec 2021 14:30:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=231321

Стресот околу новогодишните празници многу често се одразува на врската, особено ако сте во брак. Мислите на пари, на шопинг, на семејството, на децата и сето тоа влијае на вашиот однос со партнерот. Овој притисок, заедно со размислувањата за годината што изминува и рекапитулациите за вашите достигнувања, придонесува да направите реевалуација и на вашата врска. Тоа често може да избие во расправии со партнерот што понекогаш не знаете ни самите од каде се појавиле. Затоа не се оптоварувајте со помислата дека само вие се расправате со партнерот околу празниците. Експертите за врски ги издвојуваат овие најчести расправии со партнерот во новогодишната сезона и нудат решенија како да ги одбегнете или барем да спречите да прераснат во нешто поголемо и да ви ги уништат празниците.

Немате време за себе

Ако сте личност на која ѝ е потребно да има време само за себе, празниците може целосно да ве исцрпат. Ако се чувствувате дека сте влезени „во машинерија“ и имате премногу обврски, не се истурајте на партнерот бидејќи можно е да не е само тој виновен за хаосот околу вас. Потсетете се дека празниците се период за славење, за семејството, за љубовта и благодарноста, па одредете приоритети и делегирајте ги обврските. Исто така, не заборавајте дека овој хаос е привремен.

Ја преиспитувате врската

Ако со партнерот не сте на „иста бранова должина“ во поглед на иднината на вашата врска, во празничниот период чувството на незивесност се засилува. Дали врската станува посериозна, дали ќе почнете да живеете заедно, дали ќе се венчате, дали да имате дете, дали да имате второ дете? Преиспитувањето на животните одлуки на крајот на годината е нормално, а најчесто врската е на прво место за анализа. Празничната атмосфера, чувството на романтика и блискост ги „подгреваат“ размислувањата за иднината, но бидете реални и искрени, најпрво со себе. Преиспитајте се прво што навистина очекувате вие од врската, на страна од „празничното лудило“ и отворено разговарајте со партнерот, без да го обвинувате од старт. Најверојатно и тој ги „преџвакува“ истите мисли, па оставете го да се искаже. Исто така, бидете подготвени дека можеби нема да го добиете одговорот што го посакувате.

Се чувствувате запоставено

Во овој период сите се естра зафатени, па може да почнете да се чувствувате како да живеете во различни светови со партнерот, особено ако не ги поминувате празниците заедно. Наместо да гледате само од вашата страна, помислете дека и партнерот исто така е без вас. Поттикнувајте разговори за неговиот личен живот, како го поминал денот, како се чувствува. Ако сте дома заедно, а не поминувате време навистина заедно поради обврските, кажете му го тоа на партнерот и направете распоред што ќе ви одговара на двајцата, пред да почнете со вперување прст.

Расправии за пари

Парите генерално се причина број еден за расправии меѓу партнерите. Во празничниот период финансиите се најголем извор на стрес за секого, а тоа се одразува и на врската, без разлика дали живеете заедно со партнерот или не. Во истражување на Credit Karma во кое учествуале 1.000 испитаници, било заклучено дека 82% од луѓето се под стрес поради големите трошоци околу празниците. Ако личната и/или семејната финансиска состојба ви создава стрес, не се истурајте на партнерот, туку искрено разговарајте за тоа. Ако немате пари за некоја екстравагантна новогодишна прослава или празнично патување, кажете отворено наместо да си причинувате поголем стрес и да го обвинувате партнерот кој можеби не знае за тоа.

Секс

Околу 25% од луѓето чувствуваат голема исцрпеност во празничниот период, а 68% чувствуваат повремена исцрпеност. Ова нѐ прави раздразливи, тажни и гневни, па не бидете изненадени ако се одрази на сексуалниот живот. Стресот е најголем инхибитор на сексуалната желба, па прво поработете на тоа да го намалите нивото на стрес. Без разлика дали вие, партнерот или и двајцата имате намалена желба за секс, најдоброто решение е да разговарате за тоа, а не веднаш да влезете во расправија во која ќе изразите само незадоволство, а најчесто ги тргате на страна чувствата. Не заборавајте дека ова е само период и дека ова не е вашата вообичаена рутина. извор: Кајгана]]>