раскинете – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Apr 2021 10:51:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png раскинете – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пет знаци дека треба што поскоро да раскинете со партнерот https://arhiva.vistina.com.mk/pet-znaci-deka-treba-shto-poskoro-da-raskinete-so-partnerot/ Fri, 02 Apr 2021 13:30:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197349

Истражување на Tinder покажа дека околу 40 проценти од младите нема да останат во врска со личност којашто не им одговара, само за да не бидат сами. Иако понекогаш е тешко да се откажете од врска во која многу сте вложиле, сепак е подобро да ја раскинете отколку да бидете несреќни. Bright Side одвои неколку знаци коишто укажуваат дека е време за крај. 1. Партнерот постојано ве практикува Едно е кога партнерот ви укажува на однесување коешто му смета, тоа може да биде и здрав начин на комуникација, но сосема друго е кога постојано ве критикува за сè. Таквите луѓе обично личните фрустрации ги истураат на другите. Со таквиот начин на комуникација се губи почитувањето меѓу партнерите, па најдобро е да се дистанцирате од таквата врска. 2. Врската е еднострана Ако партнерот сака да минува време со вас само кога нему му е потребно друштво или утеха, тоа не е баш добар знак. Таквата личност само ве искористува и не се грижи за вашите потреби. Ако на партнерот му давате поддршка и љубов, нормално е истото да го очекувате и од него. Ако тоа го нема, тогаш можеби сте заглавиле во токсична врска. 3. Постојано се заканува дека ќе ве остави Ако во текот на караница партнерот често ви се заканува дека ќе ве остави или ако сака на тој начин нешто да добие, тоа може да биде знак на манипулација. Во тој случај го користи вашиот страв од напуштање за да ве контролира. Многу е важно да го препознаете ваквото однесување и да го запрете пред сериозно да ве повреди. 4. Живеете во минатото Ако почесто се сеќавате на убавите моменти од минатото, а во сегашноста доживувате помалку убави моменти, тогаш има проблем. Доколку однесувањето на партнерот во меѓувреме се променило и вие се надевате дека ќе се врати на старо, тогаш е можеби време малку да се оддалечите од него. 5. Постојано прекинувате, па се смирувате Истражување покажа дека четвртина од паровите во некој момент прекинуваат, па се смируваат, но ако тоа стане бесконечен круг на прекини и смирувања, можеби треба да размислите дали сакате такво нешто. Луѓето во ваквите односи остануваат најчесто од страв од тоа што иднината го носи, а тоа не е добро ниту за партнерот, ниту за вас. извор: кајгана ]]>

10 работи што партнерот не смее да ги бара од вас – или е време да раскинете https://arhiva.vistina.com.mk/10-raboti-shto-partnerot-ne-smee-da-gi-bara-od-vas-ili-e-vreme-da-raskinete/ Thu, 30 Apr 2020 12:15:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=147430

На сите им се случило да се наоѓаат во ситуација кога сфаќаат дека врската не води никаде или дека се движи во лоша насока. Но, треба да знаете како да го препознаете тој момент и како да се заштитите од непотребна болка и од губење време. Овие 10 работи може да укажуваат на тоа и се поврзани со барањата на партнерот.

1. Партнерот бара да направите голема промена во животот

Коментарот за фризурата што не му се допаѓа или превртувањето очи за тоа колку време трошите за играње игри е една работа, но ако партнерот од вас бара да ги смените клучните работи како кариера, религија или ставови што сметате дека се важни за вашата личност, тоа е сериозен аларм. Важен дел од односите е да се откажете од обидот да ги контролирате другите луѓе, особено партнерот. Наместо да се обидува да ве промени, партнерот треба да ве поддржува во вашите цели.

2. Ги бара вашите лозинки

Тајните помеѓу партнерите може да бидат лоши за врската, но тоа не значи дека немате право на приватност. Ова особено важи за за вашиот телефон или за профилите на социјалните мрежи. Барањето увид во сè што правите или во интимните работи што ги споделувате со пријателите (како што се нивните проблеми) е показател за преминување на границите. Ако вашиот партнер чувствува потреба постојано да го проверува вашиот телефон, вистинскиот проблем е во тоа што тој не ви верува, а тоа е проблем што треба да се реши. Довербата е основа на секоја здрава врска.

3. Партнерот инсистира на 50-50 во сè

Едноставно нема пола-пола делење на одговорностите во бракот или во врската. Успешните парови знаат дека понекогаш едната страна треба да се жртвува повеќе, а друг пат другата. Всушност, во најдобрите врски, тешко е да се каже кој дава повеќе бидејќи партнерите не собираат поени. Ништо не ја убива љубовта како обидот да се бројат поени околу миењето садови или чистењето. Се разбира, доаѓа време кога сите парови го прават тоа заради замор и фрустрација, како што е зголемен обем на работа или принова, но тоа треба да се реши со разговор и да побарате повеќе помош.

4. Бара од вас да чувате страшна тајна или да го поддржувате во некоја голема лага

Не станува збор за избегнување ручек со родителите така што ќе измислите бела лага, туку за големи работи, односно за некои неморални или нелегални работи. Неправедно е вашиот партнер да ве постави во позиција во којашто треба да изберете помеѓу неговата љубов и правилното постапување. Ако вашиот партнер треба да скрие нешто или да лаже, најдобро е да го оставите сам да се справи со последиците од сопствените постапки.

5. Простување неверство

Изневерувањето на партнерот, дури и ако е само еднаш, е ефикасен убиец на довербата и на врската. Ако партнерот очекува да преминете преку тоа или едноставно да го преболите неверството само затоа што се извинил, тоа е смрт за врската. Од вас не може да се очекува толку едноставно да простите и да заборавите нешто сериозно како што е неверството. Ако вашиот партнер е подготвен да ја прифати одговорноста и да се промени, тогаш можете да размислите да се обидете да ја спасите врската.

6. Да ја напуштите својата работа

Некои мажи ја дефинираат својата машкост според својата способност да станат хранители во врската и тоа функционира кај некои врски, но може да им наштети на другите – особено ако тој бара од вас да ги намалите вашите таленти, способности или можностите за кариера само поради неговото его. Откако паровите ќе сфатат дека не постои рецепт за совршена врска, дури тогаш можат да се отворат кон среќата што инаку не би ја имале.

7. Притискање да правите работи што не ви се допаѓаат во текот на сексуалните односи

Сексот е интимен чин, а вашиот партнер секогаш треба да ги почитува вашите желби и потреби во спалната соба. Тоа вклучува и да не ве принудува на нешто што не ве интересира или не ви се допаѓа. Ако веќе сте кажале „не“ на сексуалниот чин, каков и да е, вашиот партнер треба да се воздржи од тоа да ве прашува повторно и повторно. Овој вид однесување покажува дека вашиот партнер не ве почитува и дека ги става своите сексуални потреби пред вашата удобност и сигурност.

8. Ви забранува да зборувате за нешто

Без разлика дали станува збор за неговата мајка, за поранешниот партнер или за нешто што ве интересира, сите имаат тешки теми кои повеќе би сакале да ги избегнат отколку да разговараат за нив. Но, избегнувањето на разговорите за работи што влијаат врз двајцата партнери во врската може да биде многу штетно, особено ако вашиот партнер го негира вашето право на вашите чувства. Вашиот партнер никогаш не треба да бара од вас да не зборувате за вашите чувства. Чувањето на работите во себе е токсично, а разговорите ви овозможуваат да дојдете до коренот на проблемот.

9. Ве присилува да го трпите непочитувањето од страна на семејството

Без разлика дали станува збор за неговото или за вашето семејство, никој не треба да трпи непочитување, а партнерот не смее да го поддржува тоа, туку треба да ве заштити. Навредите, игнорирањето и емоционалните уцени од кои сакате да се оддалечите се аларм, а партнерот мора да застане зад вас и не треба да бара од вас да го игнорирате лошото однесување.

10. Бара од вас да го прекинете пријателството

На вашиот партнер можеби ни вашата сестра нема да му биде симпатична, а камоли вашата најдобра пријателка, но сепак треба да ја почитува вашата врска со нив. Вашиот партнер никогаш не треба да бара од вас да изберете помеѓу него и некој друг што го сакате или да бара да ги прекинете врските со пријателите или со семејството само затоа што не му се допаѓаат одредени луѓе. Во ред е да ви каже како се чувствува и да ви посочи ако тие луѓе негативно влијаат врз вас, но вие одлучувате кој останува во вашиот живот. извор: кафепауза]]>