раскине – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 27 Jun 2019 12:00:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png раскине – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Како најлесно да го натерате да ве запроси – или да ви раскине https://arhiva.vistina.com.mk/kako-najlesno-da-go-naterate-da-ve-zaprosi-ili-da-vi-raskine/ Thu, 27 Jun 2019 13:15:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=94969

Интернетот е магично место и пребарувајќи информации на најразлични платформи сигурно сте налетале на сѐ и сешто. Советите за љубов се меѓу најчестите теми за привлекување кликови во борбата за опстанок на сајтовите и блоговите, па секој се решава да стане експерт за врски и секс гуру. Наидовме на таков еден експертски текст на еден регионален портал и просто не можевме да се начудиме на неговата генијалност. Насоките „како конечно да го натерате да ве запроси“ беа сосема јасни, недвосмислени и што би се рекло – сигурни како местена утакмица. „Со години сте заедно, делите стан и имате заедничко куче. Сите ваши пријателки се веќе омажени и роднините постојано ве прашуваат кога ќе видат прстен на вашата рака“, почнува експертот за врски и илјадници немажени девојки на Балканот гласно воздивнуваат.
Авторот на текстот заклучува дека вашиот партнер најверојатно е „мрзлив, пасивен или уплашен“, или можеби „комбинација од сѐ горенаведено“. Ова се советите што се нудат на девојките кои просто веќе не знаат што да направат за да им светне сијаличката на нивните „пасивни, мрзливи, уплашени“ дечковци, па да клекнат на едно колено и конечно – да ги запросат: „Често зборувајте за свадби и венчавки во секоја ситуација за да му стане јасно дека не можете да ја скриете возбудата“, вели првиот совет и продолжува дека треба да ја споделувате со него секоја нова информација за запросена колешка, комшика, трета братучеда и јавна личност. Вториот совет е дека треба „да паѓате во несвест од возбуда“ пред секоја златарница, со јасно ставање до знаење дека сте виделе прстен што ви се допаѓа, а потоа и да побарате мислење од него, а по можност и да ве почека да видите како ви стои. Ако „давањето ишарети“ не помага, големиот чекор што се предлага е следниот – направете „женски пакт“ со негова блиска личност (мајка, сестра, најдобра другарка) и заедно, со здружени сили вршете секојдневна, немилосрдна асимилација додека не (пот)клекне на притисокот. Нема потреба да потсетуваме дека ова навистина е одличен, темелен, непробоен план. Ако планирате да ви раскине дечкото. извор: кајгана]]>

Како да му раскинете на дечкото, а да не му го скршите срцето? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-mu-raskinete-na-dechkoto-a-da-ne-mu-go-skrshite-srceto/ Wed, 17 Apr 2019 12:30:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=83603

Раскинувањето е лошо искуство за двете страни, а каква ќе биде разделбата најчесто зависи најмногу од личноста која решила да стави крај на врската. Ако планирате да го оставите момчето направете го тоа во мирољубива разделба, без да му го скршите срцето. Постојат неколку чекори што може да ги преземете пред и по раскинувањето кои можеби ќе ви помогнат во тоа. Дадете му јасно до знаење што сакате Луѓето обично сакаат да ја раскинат врската со некој со кого не делат исти цели, вредности, потреби и желби. Затоа, пред самиот крај направете листа за сите работи со кои не се согласувате за да му биде појасно и поконкретно да ги знае причините поради кои го оставате. Направете и една листа за себе на која ќе ги наведете вашите планови и цели за иднината и визуализирајте ги за полесно да ги остварите.
Мислете на негативните моменти Тешко е да прекинете со некој ако само сте фокусирани на среќните заеднички моменти. Ако се обидувате да се охрабрите за раскинување концентрирајте се на негативните моменти во вашата врска и обидете се да се сетите како сте се чувствувале тогаш. Така полесно ќе се решите на разделба и ќе спречите убавите спомени да ве натераат да му дадете уште една шанса. Бидете љубезни, но и строги Секое раскинување е тешко и тоа не само за личноста која е оставена, туку и за таа која остава некого. Затоа е важно, кога ќе го прекинете односот со момчето, да се обидете да бидете што пољубезни и внимателни. Притоа е важно да поставите строги граници за тој да не ги протолкува вашите намери погрешно, а вие да заглавите со некого кого не го сакате. Размислете што заслужува Само вие знаете какво однесување заслужува мажот кој го оставате. Дали сакате да раскинете во текот на вечера во ресторан или да му испратите порака зависи само од вас, односно од причините поради кои го оставате. Можеби во вашиот случај и заслужува да му го скршите срцето, но и во таква ситуација може да одберете да бидете подобра личност од него и да ги примените претходните совети. Гледајте во иднината Сетете се на сите позитивни работи што доаѓаат со слободниот живот и со позитивни мисли истерајте ги сите негативни што со себе ги носи раскинувањето. Сега само вие сте важни и слободно може да бидете малку себични. извор: кајгана.мк]]>