раскинат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 16 Jun 2023 07:28:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png раскинат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Роналдо ќе и плаќа на Џорџина 100.000 евра месечно до крајот на животот доколку раскинат https://arhiva.vistina.com.mk/ronaldo-ke-i-plaka-na-dhordhina-100-000-evra-mesechno-do-krajot-na-zhivotot-dokolku-raskinat/ Fri, 16 Jun 2023 07:27:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306499

Кристијано Роналдо и Георгина Родригез имаат договор кој би можел да биде искористен доколку нивната врска се распадне, пишуваат шпанските медиуми. Имено, во случај на нивно раскинување, Георгина би требало да добие финансиска поддршка од Роналдо оставајќи ѝ имот во Мадрид, а би добивала и околу 100.000 евра месечно до крајот на животот. Медиумите наведуваат дека оваа сума се заснова на тоа што Георгина се смета за легална мајка на нивните деца, а не само на нивните биолошки ќерки Алана (6) и Бела (1). За потсетување, фудбалерот го има 13-годишниот син Кристијано Џуниор, а се уште не го открил идентитетот на биолошката мајка. Покрај тоа, тие ги имаат и близнаците Матео и Ева (6), кои ги родила сурогат мајка. Двојката е заедно од 2016 година, но никогаш не се венчале. Сепак, тие беа изземени од законите на Саудиска Арабија со кои се спречуваат невенчаните парови да живеат заедно во Саудиска Арабија во јануари оваа година, кога Роналдо потпиша за фудбалскиот клуб Ал-Наср. Иако неодамна се шпекулираше за нивно раскинување поради тоа што Георгина потрошила големи суми од парите на Роналдо, неговата мајка Долорес јавно изјави дека овие гласини се лажни и дека ништо не се променило во врската помеѓу нејзиниот син и Георгина Родригез. Фото: Принтскрин/Профимедиа]]>

За што најчесто се расправаат паровите пред да раскинат? https://arhiva.vistina.com.mk/za-shto-najchesto-se-raspravaat-parovite-pred-da-raskinat/ Wed, 14 Aug 2019 13:55:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102204

Иако кавгите се составен и неизбежен дел од секоја врска, постојат и такви кои се сигнал дека нешто дефинитивно не е како порано. Повеќе не се расправате околу тоа кој подарува повеќе внимание или како некој од вас се однесувал лошо во друштвото – сега вашите кавги се водат околу многу покомплексни проблеми кои можат да ја загрозат вашата врска. Доколку вашите кавги се сведуваат на некои од овие проблеми, можеби е време да бидете спремни за крај на врската. Секс Паровите кои не се задоволни од својот сексуален живот, најчесто се трудат да го променат тоа, но ретко имаат расправии на таа тема. Повеќето молчат и се трудат повторно да ја разбудат страста. Но, кога таквиот труд ќе изостане и ќе забележите дека вашиот партнер е речиси секогаш уморен или дека нема време, ова станува тема број 1 на секоја ваша кавга. Доколку страста повеќе ја нема и наместо да се сакате, вие постојано се расправате, можно е крајот да е пред вратата. Комуникација Комуникацијата е клучот на секоја среќна врска, а кога довербата постепено изостанува и двајцата започнувате да премолчувате некои работи, кавгите се сè почести. Ниту еден од вас не сака да се оддалечите, но двајцата се затворате во себе и наместо да разговарате за проблемите кои ве мачат, и двајцата бирате да премолчите, а тоа со текот на времето ќе ве раздели. Заедничко време Можете ли да се сетите на почетокот на вашата врска? Сигурно едвај чекавте да бидете заедно во секој слободен момент. Сега баш и не сте сигурни кога последен пат сте имале време само за вас. И двајцата имате премногу обврски, а покрај тоа избирате и слободното време да го поминете во активности кои не го вклучуваат вашиот партнер. Во некој момент, на еден од вас тоа ќе започне да му смета и тоа ќе стане една од главните причини за сè почестите кавги. извор: точка.мк]]>