ранко дакиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 22 Sep 2021 12:12:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png ранко дакиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Цртежи и скулптури“ – изложба на Ранко Дакиќ во „Музеј на град Скопје“ https://arhiva.vistina.com.mk/izlozba-na-ranko-dakikj-vo-muzej-na-grad-skopje/ Wed, 22 Sep 2021 12:11:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220234

Во просториите на Музејот на Град Скопје денеска ќе биде отворена изложбата на македонскиот уметник Ранко Дакиќ, „Цртежи и скулптури“, каде ќе бидат претставени неговите најнови цртежи, но и избор од неговите скулптури од периодот 2005-2015 година. Ранко Дакиќ е роден во Скопје 1958 година. Завршил училиште за применета уметност во Скопје и дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Од 1987 година живее и работи како самостоен уметник во Берлин и Кавадарци. Член е на ББК (Асоцијација на професионални уметници на Берлин). Реализирал повеќе самостојни изложби во Германија и Македонија „Во неговото досегашно творештво – сликарско и скулпторско – не функционира ниту една уметничка формула или „законитост“ (на развој, на стил, на континуитет…), стереотип или поводливост. Затоа, можеби, секое негово дело е негова победа над себеси, над „уметноста“, над процесот на создавањето. Секое негово дело е крај на едни мечти и илузии, тегоби и стравови, надежи и очекувања, победи и порази… и почеток на нови, исти такви предизвици коишто, барем досега, Дакиќ мајсторски ги надминувал“ - велат организаторите.]]>