рајо ваљекано – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 03 Jun 2022 08:52:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png рајо ваљекано – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Столе Димитриевски: „И после десет години во Шпанија кога ќе си дојдам дома зборувам кумановски“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/stole-dimitrievski-i-posle-deset-godini-vo-shpanija-koga-kje-si-dojdam-doma-zboruvam-kumanovski-foto/ Fri, 03 Jun 2022 06:51:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=252992

Голманот на македонската фудбалска репрезентација, Столе Димитриевски, последниве неколку месеци беше еден од спортистите за кои најмногу се пишува во шпанските медиумите. Муабетите почнаа уште есента. Димитриевски одбрани пенал на Барселона, па каталонскиот клуб почна преговори за да го ангажира, но трансферот не успеа. „Бев многу блиску до потпишување договор, ама ете, работите не завршија како што посакувавме. Јас имам уште две години договор со Рајо, но сега почнува сезоната на трансфери, па ќе видиме што ќе се случи до крајот на летото“, вели Столе и не крие ни дека сака да брани во голем клуб за да игра на европски натпреварувања. Од кога памти за себе, фудбалот му бил најголема љубов. Па кога го прашавме за детството во Куманово, вели: „Станував, играв фудбал, одев во школо, пак фудбал, пред да си легнам, фудбал, тоа ми се некои сеќавања“. Неговото семејството и денес живее во Куманово. Со сестрата и родителите е многу близок иако одамна живее во странство. Тие постојано доаѓаат да го гледаат на натпреварите и горди се на неговите успеси. Столе, пак, секоја можност ја користи да дојде во Македонија за да ги види, а и тие често одат на гости кај него во Шпанија. „За мене семејството е сè. Јас одамна живеам надвор, ама тоа го направив за да обезбедам подобар живот и за мене и за нив“, искрен е Димитриевски за „Репортер“. Не е тајна дека обожава мода, а во Шпанија неодамна го избраа за фудбалер со најмногу стил. Отсекогаш сакал да се облекува различно од другите. Има омилени брендови, но купува и скапа облека, винтиџ парчиња, и сето тоа често го комбинира со нешто старо што го носи со години. Но, кога ќе му го изгубат куферот на аеродром, првата помисла му е „само да ми се тука копачките и ракавиците“. Со Столе разговорот нема крај. Со насмевка раскажува за тоа како го запознал својот идол Буфон, но и за Меси од кого доби на подарок специјално пиво. Тука е и приказната за Роналдо, кој се измачи во баражот за Светско, ама сепак не успеа да му даде гол на Столе. „Знаеш, подобро ќе беше да примев гол од Роналдо, но да ги победевме Португалците, отколку што му ги одбранив сите удари. Ама па, убаво е чувството кога знаеш дека Кристијано не ти дал гол“, искрен е Столе. За Шпанија каде што живее 10 години, знае ли да готви, кој му е омилен специјалитет, за девојките и дали е во врска зборува многу отворено. Но и за муралот со негов лик што го нацртаа во Куманово, го гледаат ли како ѕвезда во градот и дали уште зборува на кумановски дијалект, но и за репрезентацијата, зошто решил да биде голман а не фудбалер, и дали се учи бранењето пенали или е чиста среќа... Гледајте го интервјуто. ]]>

Пред потпис: Столе Димитриевски е новиот голман на Барселона? https://arhiva.vistina.com.mk/pred-potpis-stole-dimitrievski-e-noviot-golman-na-barselona/ Mon, 10 Jan 2022 13:55:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234246

Столе Димитриевски го немаше на вчерашниот меч за Рајо Ваљекано против Бетис. Тренерот на Рајо објасни дека Столе бил повреден, но и покрај ситната повреда, една од причините е и таа што деновиве тој го комплетира трансферот на кариерата! Порталот „Екипа“ пишува дека само прашање на време е неговото заминување од Рајо и преминот во големата Барселона. Веќе има договор, челниците на Рајо ги договорија сите детали, и сега останува само потпис и промоција. Според информациите, Димитриевски веќе се збогувал со соиграчите од тимот и сега трансферот од соништата е извесен. Димитриевски го остварува својот сон, станува дел од еден од најдобрите светски клубови. Ќе треба да се бори за место во тимот со Тер Штеген, и покрај тоа што и иднината на Германецот е неизвесна и се шпекулира за неговото заминување. Димитриевски сезонава брани фантастично, ја има својата најдобра полусезона во кариерата. Четврти голман во Европа по број на одбранети удари во просек, еден од најдобрите во Шпанија, а беше сместен и во најидеалниот тим на полусезоната во Ла Лига. Одличната форма на Димитриевски го радува и селекторот Благоја Милевски пред баражот со Италија, зашто своите импресивни партии Столе ги прикажа и во репрезентативниот дрес и беше еден од најзаслужните што Македонија се пласираше во историскиот бараж.]]>

Столе му врати „мило за драго“ на Депај, а го смени и Куман: Македонскиот репрезентативен голман „причина повеќе“ за отказот на тренерот на Барса (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/stole-mu-vrati-milo-za-drago-na-depaj-a-go-smeni-i-kuman-makedonskiot-reprezentativen-golman-prichina-povekje-za-otkazot-na-trenerot-na-barsa-foto/ Thu, 28 Oct 2021 06:14:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224950

Холанѓанецот Роналд Куман повеќе не е тренер на Барселона. Ова го објави каталонскиот клуб на својата официјална веб-страница ноќта меѓу 27 и 28 октомври. – Претседателот на клубот, Жоан Лапорта, ја соопшти одлуката по поразот од Рајо Ваљекано. Роналд Куман ќе се збогува со тимот во четврток. Барселона сака да му се заблагодари на тренерот за неговата работа и да му посака се најдобро во професионалната кариера, стои во соопштението за медиумите. Куман ја презеде тренерската функција во Барселона во август 2020 година. Под негово водство тимот одигра 67 натпревари на кои се извојувани 40 победи. Во тековната сезона, Барселона има само пет победи од 13 натпревари во сите натпреварувања. Причина повеќе за отказот на Холаѓанецот на кормилото на Барса беше синоќешниот пораз од Рајо Ваљекано од 1:0, натпревар во кој брилијантна партија на голот на домаќините имаше нашиот репрезентативен голман Столе Димитриевски. Тој бранеше одлично, на моменти дури и феноменално, откако одбрани неколку тешки топки, а клучниот момент дојде во 72. минута кога Столе му го фати пеналот на Мемфис Депај. Неколку минути пред крајот кога аут судијата погреши најпрвин покажувајќи офсајд, а потоа го спушти знаменцето и дозволи играта да продолжи откако целата одбрана на домаќините веќе застана, Кун Агуеро се најде очи в очи со нашиот голман, но од само пет мери не успеа да го совлада неверојатниот Димитриевски. Така Столе стана најзаслужниот за победата на Рајо, која ја прели чашата и придонесе за експесниот отказ длабоко во ноќта на Роналд Куман на клупата на Барселона. Во исто време тоа беше и еден вид на слатка одмазда на Димитриевски кон Мемфис Депај, кој го постигна првиот гол на мечот Холандија-Македонија на последното ЕУРО 2020, при поразот на нашата репрезентација од 3:0. Токму затоа на официјалниот Инстаграм профил на ФФМ, беше споделена фотографијата од еден дуел на Димитриевски и Депај од тој меч, покрај која осамна статус: „Мило за драго“! Фото: Инстаграм притскрин/ffmacedonia/гол.мк  ]]>

Столе Димитриевски сите го сакаат, а македонскиот голман е вљубен до уши: „Кога си до мене, божиќната магија е двојно волшебна“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/stole-dimitrievski-site-go-sakaat-a-makedonskiot-golman-e-vljuben-do-ushi-koga-si-do-mene-bozikjnata-magija-e-dvojno-volshebna-foto/ Tue, 25 Dec 2018 08:20:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=64781

Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски, конечно бриљира во Шпанија. Беше главен на мечот на неговиот Рајо Ваљекано против Леванте, каде што со своите пантерски интервенции му ја донесе победата на својот клуб.
Несомнено дека промената на средината од Тарагона во Мадрид на Столе му прија. И професионално, ама и приватно. Голот на Рајо го чува како никогаш до сега, па навивачите френетично го скандираат неговото име од трибините.  Како и не би кога не дава  мрежата на новиот клуб од предградието на Мадрид да ја полнат противниците.  Во моментов Столе сите го сакаат... Ама тој сака само една личност.
Вплеткан во љубовната мрежа, вљубен до уши во  шармантна и привлечна русокоса со симпатична насмевка која освојува на прва, срцето на Столе чука само за неа... за убавата Лори.
Божиќните празници во католичкиот свет започнаа, па Столе и Лори не пропуштија да направат божиќна шопинг прошетка низ многуте мадридски молови. Се разбира, фотографијата за спомен покрај големата божиќна елка и пораката полна со изливи на нежност и чувства, постирана покрај неа:
„Кога си ти до мене, божиќната магија е двојно волшебна... Те сакам мило мое“ - се зборовите во слободен превоид со кои Лори му го стопли срцето за Божиќ на својот човек, нашиот голман, нејзиниот Столе!
Очигледно шпанската убавица знае како да го врати Столе во врвна форма... и спортска и животна! Впрочем, малку девојки умеат својата магија да ја употребат за да го претворат животот во волшебство.
Шармантната Лори очигледно знае како да вметне магија во нивната љубовна бајка!
]]>