Радовиш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 26 Sep 2023 12:12:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Радовиш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Од 13-ти до 15-ти октомври: „Самун ем Татлија 2023“ во Радовиш https://arhiva.vistina.com.mk/od-13-ti-do-15-ti-oktomvri-samun-em-tatlija-2023-vo-radovish/ Tue, 26 Sep 2023 12:06:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=319818

Од 13-ти до 15-ти октомври во Радовиш ќе се одржи новото издание на манифестацијата „Самун ем Татлија“. На оваа традицонално музичко-гурманска манифестација, како и секоја година и оваа под покровителство на градоначалникот Ацо Ристов и Советот на Општина Радовиш ќе се одржи во центарот на Општина Радовиш, годинава со богата музичко-забавна програма. Најавени се: Елена Велевска, Либеро бенд, Александар Јовевски, Спасен Силјановски, Игор Димовски, Распеани Радовишани, Милица Павловиќ, Зоран Илиев, Бело Копче… и уште многу други музички имиња и групи кои ќе настапат на сцената на „Самун ем Татлија 2023“. Ова е комплетната програма за трите вечери: ]]>

Во Радовиш следните три дена ќе се јадат „Самуни и Татлии“- еве кој ќе настапува https://arhiva.vistina.com.mk/vo-radovish-slednite-tri-dena-kje-se-jadat-samuni-i-tatlii-eve-koj-kje-nastapuva/ Fri, 30 Sep 2022 12:59:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269383

И оваа година, под покровителство на Општина Радовиш, во деновите од 30 Септември до 01 и 02 Октомври, на локацијата прд Центарот за култура „Ацо Караманов“, посетителите ќе имаат можност да уживаат во прекрасна програма исполнета со разни жанрови и содржини. На традиционалната гурманска манифестација „Самун ем татлија“, која се одржува во Радовиш, годинава ќе настапат само македонски музичари. Како што е наведено во програмата, на 30-ти септември за дел од забавата ќе се погрижи Бајабо Бенд, Викторија Бенд и Брас Брадерс. Овогодишната манифестација ќе биде збогатена со Меѓународниот фолклорен фестивал „Радовишки собор“. Наредната вечер, на први октомври ќе настапат Јовче Пандев Бенд, Игор Џамбазов и Гуру Харе и Ибишеви. Последната вечер пак, гостуваат Ицов и пријателите, Струмичка тајфа, Екстра бенд и Вукица, Троја и Влатко Стефановски Трио.]]>

Кристи Петров дебитира со „две во едно“ – „Проблем“ и „Име“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristi-petrov-debitira-so-dve-vo-edno-problem-i-ime-video/ Mon, 25 Oct 2021 12:47:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=224494

Кристијан Кристи Петров е младо момче, трапер од Радовиш по потекло, чие место на живеење е Словенија. Нов артист на македонската сцена кој само што почнува да го завзема своето место под естрадното и клубско небо, покажувајќи што знае, умее и може... И  тоа со две песни во едно, одеднаш, насловени „Проблем“ и „Име“. За текстот бил задолжен Тракер, веке познат на македонската сцена, миксот и мастерот ги потпишува исто така веќе проверениот Иван Јованов - Ивајо. Се работи за две песни споени во едно што е актуелно во моментов.„Го избрав тимот на Urban Records. За видеото е доволно да само да го погледнат... Инаку следната недела снимам нов freestyle во студио кај Тракер кој може да го очекувате следниот период.  Како што веќе кажав, само што почнувам да покажувам и да се докажувам, ова е само старт“ - вели младиот Кристи. Во очекување на многу новитети и  освежување од него на македонската сцена, уживајте во неговото дебитантско „две во едно“ - „Проблем“ и „Име“ визуелизирани од Гордан Божиновски, Били Д, Илија Павлов и Никола Наумовски. ]]>

Јордан Митев уште еднаш – „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jordan-mitev-ushte-ednash-nazdravi-za-ljubov-nazdravi-za-srekja-video/ Wed, 27 Mar 2019 12:17:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=79637

Фолк пејачот Јордан Митев деновиве го промовираше неговото најново видео за темата „Наздрави за љубов, наздрави за среќа“, песна која е вистински хит во нашата земја и особено кај нашинците надвор во дијаспората.
Едноставно, песна во која се пронаоѓаат сите генерации, а самиот Митев е комплетен автор на музиката, текстот и аранжманот, додека истата е снимана во скопското студио „Анастасија“, под продуцентската палка на Љупчо Павловски. Инаку видеоспотот го изработила  „Арт продукција“, а снимањето се одвивало во родниот град на пејачот, Радовиш.
Ова е една од ретките новосоиздадени фолк теми, која има и атрибути на популарност, но во себе содржи квалитет и издржаност, па затоа има и од самиот старт имаше тенденции ем да биде хит кој ќе се свири и пее насекаде, ем предиспозиции да остане една од оние, вечните, кои никогаш не стареат… Македонски фолк евергрин, по теркот на незаборавните фестивалски евергрини од Фолк фест Валандово, Цветници, Филиграни…
„Навистина ми е премногу драго што успеавме да го завршиме и промовираме спотот за оваа тема, која според реакциите на нашите Македонци, навистина од ден во ден станува сè повеќе и повеќе популарна како песна. Сакам да им се заблагодарам на сите во тимот, односно на екипата која стои зад целиот овој проект, како и на статистите кои дадоа свој печат во сето ова. Спотот ќе придонесе само уште повеќе да живее и да се негува оваа песна, а тоа е главен двигател за нас пејачите и понатаму да создаваме квалитетна македонската народна песна“, вели Јордан.
Наскоро Митев ќе ја изненади публиката со уште едно видео, а овој пат снимањето ќе биде надвор од границите на нашата земја. Дотогаш погледнете го видеото за „Наздарави за љубов, наздрави за среќа“: https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=vK-1K01ha0o]]>

Докторка од Радовиш „растури“ во „Никогаш не е доцна“, а пофалби доби и од светската дива со македонско потекло (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/doktorka-od-radovish-rasturi-vo-nikogash-ne-e-docna-a-pofalbi-dobi-i-od-svetskata-diva-so-makedonsko-poteklo-foto/ Wed, 14 Nov 2018 08:14:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=57761

Во последната емисија на регионалното музичко шоу „Никогаш не е доцна“, настапуваше и 60 годишната Олгица Велкова од Радовиш. Во своето претставување Олгица истакна дека уште на 10 години имала свои настапи, но дека животниот правец  ја однел во медицината и започнала да студира медицина. Таа објасни дека нејзиниот сопруг го запознала меѓу 7 и 8 одделение.
„Професорката по француски јазик ни кажа дека ќе има квиз и дека ќе се пеат француски песни. На школската проба ме здогледа мојот сопруг и отогаш цел живот се дружиме со музиката“ вели Олгица. Олгица се пријавила во „Никогаш не е доцна“ за да си ја исполни желбата. Во жирито беше и оперската светска дива со македонско потекло Ана Синицки која на кандидатка и се обрати на македонски јазик.
„Многу ми е драго што сте во оваа емисија. Ова емисија треба да се вика „Ништо не е случајно“. Мојот прадедо кој беше Русин е погребан во Радовиш. Многу ми е мило што си со нас“, изјави Ана. Олгица се претстави со песната „Старе љубави“ од Тереза. Жирито беше воодушевено од нејзината изведба и доби само позитивни коментари.
„Се гледа дека овој репертоар е ваш, во срцето го носите. Тоа се слуша и се гледа. Мислам дека гледачите кај малите екрани ќе го почувствуваат тоа. Ви посакувам се најдобро“ изјави Синицки. Останатите членови на жирито имаа пофални зборови за македонската докторка која одлично се покажа и како пејачка.
Олгица помина во следниот круг, па ќе имаме прилика да ја видиме и во вториот круг. фото: принтскрин/јутуб]]>

Викендов во Радовиш: „Самун ем татлија 2018“ https://arhiva.vistina.com.mk/vikendov-vo-radovish-samun-em-tatlija-2018/ Tue, 09 Oct 2018 08:28:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=52194

Од 12 до 14 октомври во Радовиш ќе се одржи традиционалната манифестација „Самун ем татлија“, а годинава домаќините на сите посетители ќе им понудат збогатена програма во чии рамки се очекуваат рекорден број посетители, многу вкусни деликатеси и, се разбира, одлична забава. „Самун ем татлија 2018“ ќе започне во петок со почеток во 17 часот, и тоа со промоција на најголемиот самун (5 метри) и најголемата татлија (2 метри). Веднаш потоа ќе следува свеченото отворање на манифестацијата и поздравниот говор на градоначалникот Герасим Конзулов. Во склоп на музичкиот дел во рамките на првата вечер ќе настапат: Кристијан Мицев, „РГБ бенд“, „Троја бенд“, Кристина Арнаудова и легендарните „Црвена јабука“. „Големи поздрави до нашите пријатели во Македонија, особено до Радовишани. Се гледаме во петок на одлична журка“, вели Жера, фронтменот на легендарните „Црвена јабука“. Саботата е резервирана за фолклорни ансамбли и натпреварот во брзо јадење самун, кои почнуваат во 13 часот, додека во вечерта присутните ќе уживаат во музиката на: „Куку леле“, Дејан Јованов, Бани и „Бајабо бенд“, Жаре Бербер и „Тропико бенд“. „Првпат ќе гостуваме во Радовиш и многу се радувам заради тоа. Не се сомневам дека ќе си поминеме убаво, впрочем, така е секогаш кога сме во Македонија. Особено се радувам што ќе имам можност да уживам во едно од моите омилени македонски јадења – самунот. Татлија не сум пробал, ама не се сомневам дека и тоа ќе ми се допадне. Самун дефинитивно обожавам, па со оглед на тоа дека слушнав оти има натпревар во брзо јадење може и да се пријавам ха, ха, ха… Се радувам и што пред македонската публика ќе ја промовираме и нашата нова песна ’Лавина’, па ете очекувам реакции и коментари од сите вас, со оглед на тоа дека песната ја промовиравме во петокот и сè уште собираме впечатоци и реакции. Едвај чекам да дојдеме во Радовиш, не се сомневајте дека ќе си поминеме супер“, вели Сале, фронтменот на „Тропико бенд“. Програмата во недела ќе започне со настапите на фолклорни ансамбли, по што сцената ќе ја преземат „Распеани радовишани“, Александар Тарабунов и „Синтезис“, со кои всушност ќе биде означен и крајот на оваа тридневна гастрономска манифестација, потпомогната од Градоначалникот и Советот на општина Радовиш и која во 2016 година ја понесе титулата Златна плакета за најуспешна манифестација доделена од Министерството за економија на РМ.]]>

„Самун ем татлија“ од 12 до 14 октомври во Радовиш https://arhiva.vistina.com.mk/samun-em-tatlija-od-12-do-14-oktomvri-vo-radovish/ Sat, 22 Sep 2018 15:26:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=49370

Традиционалната манифестација „Самун ем татлија“ – туристичкиот бренд преку кој со гастрономска презентација на локалните специјалитети во изминатите години во Радовиш престојуваа повеќе од 80 000 посетители, годинава ќе се одржи во периодот од 12 до 14 октомври. Манифестацијата помогната од Градоначалникот и Советот на Општина Радовиш, а која во 2016 година, по повод Светскиот ден на туризмот, ја понесе титулата Златна плакета за најуспешна манифестација доделена од Министерството за економија на РМ, годинава на сите посетители ќе им понуди збогатена програма, па оттука сосема заслужено и се очекуваат рекорден број посетители. „Самун ем татлија 2018“ ќе стартува со почеток во 17:00 часот во петок (12 октомври) со промоција на најголемиот сомун (5 метри), најголемата татлија (2 метри), а, секако, присутните ќе имаат можност да уживаат и во кусата сторија за овие радовишки деликатеси. По ова, во 18:00 часот, ќе следува свеченото отворање на манифестацијата и поздравниот говор на градоначалникот Герасим Конзулов. Во склоп на музичкиот дел во рамките на првата вечер ќе настапат Кристијан Мицев, Троја бенд, Дејан Јованов, Кристина Арнаудова и легендарните Црвена јабука.
Веќе следниот ден, односно во сабота на 13 октомври точно напладне сцената ќе биде резервирана за Фолклорни ансамбли, по што ќе следува натпреварот во брзо јадење самун. Саботната вечер, пак, е резервирана за настапите на Куку леле, Бани, Жаре Бербер и Тропико бенд. И последниот ден, односно програмата во неделата (14 октомври) ќе стартува со настапите на Фолклорни ансамбли, потоа сцената ќе ја преземат Распеани Радовишани, Миле Кузмановски, Александар Тарабунов и Синтезис, со кои всушност ќе биде означен и крајот на оваа тридневна гастрономска манифестација. Во меѓувреме, односно меѓу музичките настапи се најавени низа натпревари во јадење и пиење. Се гледаме во Радовиш! Не пропуштајте ја можноста во периодот од 12 до 14 октомври да бидете наши гости и заедно да уживаме во незаборавните вкусови на радовишките самун ем татлија.]]>