радост – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 25 Apr 2023 07:45:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png радост – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Гавазова се врати од австралиската турнеја, а на домашниот праг ја пречека дупла радост за топење душа (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/gavazova-se-vrati-od-avstraliskata-turneja-a-na-domashniot-prag-ja-precheka-dupla-radost-za-topene-dusha-video/ Tue, 25 Apr 2023 07:37:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299168

По долгата едномесечна турнеја низ Австралија, Сузана Гавазова се врати на домашен терен во родната Струмица. Турнејата беше полнење на професионалните аспирации, но и полнење на паричникот пред свадбената сезона од која повторно ќе продолжи со настапи под полна пареа. За убавите спомени и доживувања преку песни и ора, Сузе пред полетување им се заблагодари на нашинците таму и им порача: „Секогаш ќе ве носам во срце дрги Македонци и ви благодарам за се’“- пишува во кусото видео кое осамна на нејзините „стори“ на Инстаграм кои постојано се редеа едно по друго. Патувањето до дома од далечниот континент беше долго и исцрпувачко, но она што постојано и беше во мислите и срцето, беа нејзините најмили и најсакани, ќерките Селена и Емили кои веројатно ги чувааше баба или тета додека мама и тато не беа дома. Периодот од кој беа разделени не беше кус, па затоа кога се пречекаа на домашниот праг, дуплата прегратка топеше срце и душа. Солзи на очите од убаво и неописливо чувство кое може да го има мајка со нејзините малечки. Веруваме дека радоста кај малите принцези продолжила кога мама ги отвори подароците кои им ги донесе од Австралија, а тие ги чекаа. Емотивниот момент се најде и на кусо видео кое Сузе го сподели јавно и ги разнежни следбениците, а особено мајките. https://youtube.com/shorts/EwpYdK0fYV4?feature=share фото/видео: Инстаграм принтскрин/Сузана гавазова]]>

Дупла среќа во домот на Анастасија Петреска: На радоста за ќерката и синчето и нема крај (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dupla-sreka-vo-domot-na-anastasija-petreska-na-radosta-za-kerkata-i-sincheto-i-nema-kraj-foto/ Tue, 07 Mar 2023 09:20:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=291987

Пејачката и ќерка на фолк пејачот Наум Петрески, Анастасија Петреска и нејзиниот колега и сопруг, пејачот на „Биоритам“, Владимир Поповски, имаа посебен ден за прослава, среќа и неизмерна радост, а тоа беше роденденот на нивната ќеркичка Андреа. Наследничката на музичко- брачната двојка наполни четири години, а гордата и среќна мајка на својот профил по повод роденденот напиша: -Нашиот живот со тебе доби поголема смисла да сакаме повеќе,м да живееме и да се бориме за своето семејство. Биди среќно дете како што си, нека твојата ѕвезда сјае со љубов,мир и спокој. Секогаш да бидеш пред се добар човек, а ние ќе бидеме твоја поддршка со тато. Те сакаме најмногу, пишува Анастасија во описот на фотографиите од Андреа. Пред осум месеци, Анастасија и Владимир, Бог ги даруваше со машко бебе кое го направи семејството уште посреќнно и побогато. Тогаш не открија кое име му го дале на наследникот, но се досега кога со никнувањето на првите запчиња, на колачињата по тој повод беше испишано името Лука. Лука е веќе потпораснато осумесечно бебенце кое почнава да го осознава своето опкружување и да ги кажува првите зборчиња. Инаку, мама Анастасија на три месеци по породувањето се реши да почне да пее, најави дека ќе настапува и ќе се врати на музиката и настапите. фото:Инстаграм принтскрин/Анстасија Петреска]]>

Вака ја дочекаа Милица Тодоровиќ кога се врати во родната куќа: Лола, Хана, Нора и Диди ја турнаа пејачката на земја (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-ja-dochekaa-militsa-todorovik-koga-se-vrati-vo-rodnata-kuka-lola-hana-nora-i-didi-ja-turnaa-pejachkata-na-zemja-video/ Tue, 14 Feb 2023 11:33:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=288823

Пејачката Милица Тодоровиќ е голем љубител на животни. Дури и кога го доби своето прво домашно милениче пред три години, можеше да се претпостави дека нејзината наклонетост кон слатки четириножни суштества само ќе расте. Последното видео кое го објави на својот Инстаграм го потврдува тоа. Милица штом дошла дома и влегла во родната куќа, од преголема еуфорија била буквално соборена на земја од нејзините домашни миленици, кои не можела да ја сокријат огромната радост и среќа што ја виделе. „Вака ја пречекуваат Мица кога ќе дојде дома!Уште малку па ќе отвориме стационар! Лола, Хана, Нора и Диди“ - напишала Милица под видеото со пудлиците и бишоните, не криејќи ја радоста од дружењето со нив.
Пејачката и претходно не ја криеше љубовта кон кучињата, а горда е и на својот татко, кој им помагал на кучињата во областа каде што живее. „Татко ми, кој им носи храна на сите комшиски кучиња што ги знае, за сите да добијат по малку храна, затоа што е тоа фер, вели... Не е фер да јадат само Нора и Диди.Иако, се разбира, сите соседи веќе се грижат за своите миленици како и ние, не ме сфаќајте погрешно. Така беше и кога бевме деца, не беа сите слатки за нас, туку сите деца од соседството мораа да си земат или да го оставиме да ги чека кога ќе дојдат кај нас“ - напишала еднаш Милица на своите Инстаграм приказни. Фото: Инстаграм принтскрин/milicatodorovicofficial]]>

Радост најголема: Димитар Андоновски и сопругата се решија за нов член во семејството (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/radost-najgolema-dimitar-andonovski-i-soprugata-se-reshija-za-nov-chlen-vo-semejstvoto-foto/ Wed, 01 Feb 2023 08:46:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286765

Пејачот Димитар Андоновски и неговата сопруга Христина се решија да внесат дополнителка радост и среќа во својот дом, а веруваме дека тоа особено важи за нивните малечни синчиња Михаил и помалот Гаврил. Имено, тие се одлучија да вдомат бело мало расно кученце кое периодов е доста актуелна раса за љубителите на миленици, особено оние кои имаат малечки деца. Ваквите кученца се издвојуваат по својот темперамент и наклонетост кон дечиња, притоа се антиалергна, па не им создаваат многу грижи на родителите во поглед на алергии. Малиот крзнен пријател кој го добил името Бади веќе е во фокусот на семејството, а прва со него позираше и не можеше да му одолее Марија, постарата сестра на Димитар која по професија е актерка. Бади ќе биде првото другарче на најмладите во домот, но секако и на тато Диме и мама Тинче. Згодите и незгодите, заедно со многу смеа допрва доаѓаат, а пред се убави спомени од детството што ќе ги имаат најмалите заедно со нивниот Бади. фото:Инстаграм/Димитар Андоносвски]]>

Прослава во домот на Јоце Панов: Пејачот и сопругата гордо се пофалија за големата радост (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/proslava-vo-domot-na-joce-panov-pejachot-i-soprugata-gordo-se-pofalija-za-golemata-radost-foto/ Thu, 03 Dec 2020 09:04:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179191

Поп пејачот Јоце Панов и неговата сопруга Марина, вчера, 2-ри декември имаа голема причина за интимна прослава и радост во нивниот дом- роденденот на нивното синче. Наследникот на Јоце и Марина, слаткиот Лука потпорасна и наполни една годинка. Првите родендени на децата се секогаш најпомпезни, но поради мерките за заштита од коронавирусот, родителите на Лука го обележаа денот само со најблиските во својот дом. Балони и торта беа неизбежни и секако прегратките и бакнежите за малечкиот. Инаку, Јоце и Марина се венчаа во 2018 година по 10 годишна љубовна врска, а потоа на свет дојде и плодот на нивната љубов. Среќен роденден!]]>

Македонија на ЕП во фудбал 2021- ова се најинтерсните моменти по натпреварот: Фудбалерите пејат, народот слави, нацијата се радува, Заев се срами да го спомене името… Македонија! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-na-ep-vo-fudbal-2021-ova-se-najintersnite-momenti-po-natprevarot-fudbalerite-pejat-narodot-slavi-nacijata-se-raduva-zaev-se-srami-da-go-spomene-imeto-makedonija-foto-video/ Fri, 13 Nov 2020 09:26:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=175923

1. Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во историјата се пласираше на едно континентално првнество, ЕП 2021. Фудбалерите на Македонија ги победија избраниците на Грузија, сонот на Горан Пандев стана јаве, но и сонот на многу генерации фудбалери кои го носеле националниот дрес за прв пат се претвори во  реалност - за прв пат да се игра во завршницата на едно големо натпреварување, мзаедно со елитата, меѓу најдобрите. Пробивот на Елмас во 56 минута, додавањето од Несторовски и маестралната завршница на нашиот капитен Горан Пандев, беше доволна за победа во финалето од Лигата на нации против Грузија во Тбилиси. Радост и еуфорија, ерупција од емоции и воодушевување, прослава и радост во душата, која сега навистина има зошто да се радува.
2. Славеничката еуфорија започна со „историскиот говор“ за историски момент на коментаторот на МТВ, Тони Стојановски кој со колегата Горан Стерјов го коментираа натпреварот. „Сега душата се радува, затоа што има зошто душа да е“... 3. Славењето започнува уште на теренот, помеѓу нашите фудбалери, селекторот, стручниот штаб... Од душа и срце, со песна и оро... Но тука започнува и „рецензијата“  на „болните умови“. На снимката објавена од „Спортклуб“ на Јутјуб не е скратен делот кога фудбалерите ја пеат песната „Едно име имаме“. Тој дел засега не може да се најде на други снимки објавени на интернет. Вака изгледаше и звучеше нивниот израз, нивниот излив на национална радост. https://www.youtube.com/watch?v=8LAVAyF9eRw&feature=emb_logo 4. Еуфоријата на „македонските рисови“ од теренот продолжи во собата за прес-конференциии. По „Едно име имаме“ и „Бисер балкански“, пред светските новинари македонските репрезентативци ја запеаја и најпознатата навивачка химна:  „Излези момче право на тераса“... https://www.youtube.com/watch?v=DN-JdF-b1NA&feature=emb_logo 5. Победничка еуфорија во Тбилиси, славеничко лудило ширум Македонија... Од престолнината Скопје, Тетово, Битола... па се' до родната Струмица на најголемиот, на нашиот гранде Пандев.   Највесело пред семејната куќа на Пандеви во Струмица, каде  се случуваше вистинска навивачка атмосфера. https://www.youtube.com/watch?v=JNvjo7yeiP0&feature=emb_logo Пандеви се гордоста на Струмица. Неговиот помал брат, фудбалерот  Сашко Пандев славеше со „Бисер балкански”, a изведбата беше на Џамбо Агушев и неговиот плех оркестар Агушеви. 6.  Врие на улиците, но најмногу врие на социјалните мрежи, кои  се преполни со честитки, од обични луѓе преку познати и јавни личности, естрадни фѕвезди, од спортисти до политичари, па до сите оние кои ја сакаат Македонија, го сакаат спортот, кој пак е единствената екстаза, единствениот мелем за душата да се радува во овие луди, тешки и неизвесни денови. Пораките и честитките не можат да се добројат, меѓу нив и оние на нашите херои од најтрофејниот македонски колективен спорт - ракометот. Лазаров, Стоилов, Ристовски,  Митревски, Кузмановски… кошаркарите како Војдан Стојановски, но и редица други македонски асови и репрезентативци од останатите федерации заедно се радуваа и им честитаа на фудбалерите на овој голем, историски  успех. 7. Владата вечерта со почеток во 20 часот преку видеоконференциска интернет комуникација ја одржуваше 20-тата седница. Човекот кој во големите спортски победи не ѝ го спомнува името на земјата која се радува вечерва ја води седницата во дресот на македонската репрезентација. „Жално, но историскиот пласман на Европското фудбалско првенство 2021 го славиме во време на најголемото предавство на чело со квислингот облечен во националниот дрес. Историскиот успех на македонските репрезентативци Заев им го честита не споменувајќи го името на нивната татковина“ - пишуваат македонските портали. 8. Реакциите на „срамното обраќање“  на премиерот веднаш следат на социјалните мрежи. Меѓу првите, Наум Стоилковски, потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, во свое и името на партијата му возврати на Заев со порака: 9. Во меѓувреме, се редат и други бројни коментари на социјалните мрежи, меѓу кои оние на актерот Сашо Тасевски, вообичаено остри и бескомпромисни: „Едниот струмичанец само збори за Европа, другиот не однесе во Европа – напиша Тасевски, па потоа му испрати и тој  порака на Заев: „Дечко после ова вечерва и екстазата по пласманот на европско, треба да сфатиш, за шиткање на идентитетот македонски не смееш да помислиш ни во најлошиот кошмар. Ќе му се јавиш на Бојко, ќе му речеш: 'Извини, јас малку се занесов кога дојдов на власт, па не се сеќавам што ти ветив. Ама што и да сум ти ветил, не се важи. А вие како наши соседи поканети сте да навивате за Македонија, само треба да научите една навивачка песна. Вака отприлика почнува: Излези момче право на тераса…“ - напиша актерот. 10. Ама што дека... И кога доцна вечерта репрезентацијата беше пречекана од премиерот, Зоран Заев не кажа за која држава играа фудбалерите. „Еден гол за сите, една победа за сите! Така е кога заедно играат Македонци, Албанци, Турци… во исти дресови, под исто знаме и за заедничката татковина“ - изјави Заев, кој како и во претходните честитки „вешто“ избегнуваше да го каже името што фудбалерите гласно го повторуваа, што предизвика нови реакции во јавноста. 11. Но, не беше само Заев „вештиот ескиватор“ кога е името во прашање. Некои од приврзаниците на СДСМ, меѓу кои и познати естрадни и јавни личности и новинари, отидоа дури и подалеку и тоа уште за време  и веднаш по ТВ преносот, па побараа „линч“ за коментаторот Тони Стојановски заради неговиот излив на национални чувства?! Патриотизмот некого, очигледно многу го боли?! Така, луѓе блиски на СДСМ на социјалните мрежи барат отказ за начинот на кој коментаторот на МТВ Тони Стојановски го коментираше мечот против Грузија на кој Македонија се пласираше на ЕП во фудбал 2021. Стојановски во коментарите не нападна никого, ниту пак ширеше говор на омраза, но неговите достоинствени коментари кои можат да се квалификуваат како промакедонски ги испровоцира приврзаниците на СДСМ да го навредуваат со погрдни зборови и да се бара негово казнување, дисциплинска мерка, па дури и отказ. “Ако коментаторот не добие ОТКАЗ од МРТВ значи брука сте. Политички говор на спортски натпревар значи е прекршување на сите спортски правила”, пишува една приврзаник на премиерот Заев по што неколку други жестоко го напаѓаат Стојановски, без да приложат било какви аргументи за нивните навреди. 12. Социјалните мрежи се исполнети со фотографии, честитки, пораки, коментари… Успехот на македонските фудбалери со пласманот во завршницата на едно ЕП е засега единствен, прв, од ваков вид, историски... Оние пак кои имаат хоби со години да ги собираат сликичките за големите натпреварувања, едвај чекаат да почне „манијата“ – Македонија на Европско во „Панини“ албум. Додека излезе официјалниот албум, еден фудбалски фан подготви симулација како би изгледале нашите момчиња во оваа „колекционерска фан лектира“. Мрме, Гоче, Елиф, Нестор, Џани... и останатите - едно големо БРАВО! Вие сте нашите фудбалски херои, гордоста на нацијата, репрезентацијата во чиј дрес се гине... на терен! Македонијо, многу среќа, нови победи и успех и на нашето прво ЕП 2021!          ]]>

Кој „му го смести“ на Игор Џамбазов: Мицковски, Заев или… Марфи се јави – вистина се јави? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/koj-mu-go-smesti-na-igor-dzambazov-mickovski-zaev-ili-marfi-se-javi-vistina-se-javi-foto/ Tue, 16 Jun 2020 07:58:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153842

Се сеќавате на „Бушавата азбука“, нели? Како беше она: „М“ - малер! Епа тој е... Игор Џамбазов! Таман после долго време одново му тргна во љубовта, кога ете ти белја. Се договараа, се договараа, и на крај најдоа баш на 15 јули да договорат избори двета најголеми партии во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ?! И што да прави сега нашиот „гол човек“? Му ги урнаа сите сништа, сите надежи и желби најубавиот ден во животот, „денот што го чека(ме) цела година“, после долги години да си го помине најубаво, најсреќно, најрадосно и највесело. Имено, токму на 15-ти јули, на денот на закажаните избори на Игор Џамбазов му е роденден. И сега човекот е во недоумица, го ставија пред тешка дилема: Дали на 15-јули, да се врати во Скопје, па онака, гордо и достоинствено да си појде на гласање и фер и демократски да си го заокружи посакуваниот број, личност и партија на гласачкото ливче, се разбири според предвидениот здравствен протокол... Или да си остане „дома“, во Дојран, па среде летната идила во таа езерска милина да си го прослави роденденот со својата сакана, новата љубов, Илина? „Роденденска торта или гласачко ливче?“ - прашање е сега, нешто што Џамбаз ќе мора да избере, за што ќе мора да се реши! Или подобро речено, прашање е... Кој „му го смести“ на Игор Џамбазов: Мицковски, Заев или... „Марфи се јави - вистина се јави?“ - Како што напишал самиот на Инстаграм, по сознанието дека датумите за гараѓанска должност и роденденска радост  - му се поклопуваат! „Изборите закажани за 15-ти јули, мојот роденден. Еј животе, цигаро недогасена...“ - објавил Џамбазов, што значи дека на тој датум некој ќе мора „да го испуши“!  Роденденот или гласањето? А можеби и не мора. Впрочем и самите партии најавија дека заради корона епидемијата, гласање ќе има и ден или два порано и тоа од дома или од таму кај што си се затекнал... За одредени категории на граѓани, се разбира, меѓу кои и хронично болните... Само прашање е дали „М“ - малер(от) го сметаат за... „хронична болест“?]]>

Елена Стефановска – од „Живот со стил“, до живот на клупа (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-stefanovska-od-zivot-so-stil-do-zivot-na-klupa-foto/ Fri, 08 May 2020 07:58:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148524

Коронавирусот го смени светот и животот во него... веројатно засекогаш. И нипшто повеќе ниту е, ниту ќе биде исто, уште помалку  поубаво од претходно... наместо напредок - уназадување, наместо прогрес - регрес, наместо живот со стил - едвај живот... Стилот само ќе го сонуваме и со носталгија ќе се сеќаваме на него и тоа по се' изгледа уште долго време. На сите ни е тешко, особено на оние кои беа навикнати на малку „полабав и полагоден“ живот од другите, а имаа можност, умеење, знаење, снаодливост... или што ли веќе, да си го приуштат. „Избраните“ се' уште ќе можат да го прават тоа, секакоп во затворени кругови, ама тие се малку. Ние останатите - снајди се па живеј... на нов начин, со нов животен стил, кој принудно ќе мора да го изградиме одново, од почеток! Една од оние чија емисија не само фигуративно го имаше тој наслов, туку и самата се обидуваше и воглавно успеваше да живее „Живот со стил“ е и водителката Елена Стефановска. Русокосата ТВ барбика не само што со стил низ својата емисија ги водеше гостите, извлекувајќи  од нив и тие да го покажат својот животен стил, туку со начинот на облекување, однесување, посетата на егзотични дестинации, луксузни ресорти, скапи патувања, модерен аутфит... изгради имиџ во очите на својата ТВ публика на вистинска „дама со стил“. Корона карантинот и го промени животот, забави кариерата, ама не и стилот... Убавото време ја намами водителката онака средена, апдејтирана, намонтирана со новите нокти, модерно дотерана да излезе да прошета... Носталгијата по навиките да се пие кафе во дневната скопска шема и покрај тоа што кафулињата се' уште се под клуч! „Сакам кафе, сонце, летна тераса, сакам луѓе наоколу, да уживаме сите заедно на сонце! Од ова сите ќе излеземе посилни. И повторно... Скопје радост ти ќе бидеш!“ - напишала Елена покрај споделената фотографија на која седната на клупа карши закатанченото кафуле во Центарот на македонската престолнина, го пие своето „нескафе за носење“ впивајќи ги пролетните сончеви зраци! Од „живот со стил“, до живот на клупа... Принудно, и веројатно уште не за долго, ама... Ако во иднина треба вака да изгледа „стилот на животот“, веројатно кафето повеќето од нас ќе го пијат дома... Зашто, ако нема социјална дружба по сопствен избор, а не со наметнати правила и норми, нема ни лезет, ни атмосфера... Едвај ќе има живот, а стилот ќе може само да го сонуваме. И ние и водителката... А и вакво Скопје, и не само Скопје, тешко дека радост пак ќе биде(ш)...!?       ]]>

Стоилов: Победа над Австрија за радост на целата нација https://arhiva.vistina.com.mk/stoilov-pobeda-nad-avstrija-za-radost-na-celata-nacija/ Mon, 13 Jan 2020 06:09:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=128956

Во пресрет на денешниот натпревар со ко-домаќинот на Европското првенство, во таборот на македонската ракометна репрезентација владее оптимизам дека може да се постигне позитивен резултат. Пивотменот Стојанче Стоилов верува во победа и пласман во втората фаза на шампионатот. „Посакувам со победа да ја израдуваме целата нација. Освен што се домаќини, Австријците со ништо друго не ме плашат. Секако дека имаат квалитетни играчи, но ние можеме да ги сопреме нивните шутери. Посакувам помладите да бидат похрабри и да се прикажат во вистинско светло. Мотив не ни недостасува и верувам во успех на крајот“ - изјави Стоилов на денешната прес-конференција. На македонската репрезентација за сигурен пласман и е потребна победа. Почетокот на натпреварот во „Штадхале“ во Виена е во 18 часот и 15 минути.  ]]>

Разголената Карлеуша меѓу дедомразовци, како секси пакетче: Радоста е… загарантирана! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/razgolenata-karleusha-megju-dedomrazovci-kako-seksi-paketche-radosta-e-zagarantirana-video/ Tue, 17 Dec 2019 12:28:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=124389

Екстравагантна, ексцентрична, еготрип, без влакна на јазикот, безобразно директна, брутално провокативна... И уште сто и една карактеристика можете да и „налепите“ на белградската „скандал дама“, а сето тоа да не биде доволно за да и го отслика карактерот, табиетот, однесувањето... на Јелена Карлеуша! Но што и да кажета, едно е сигурно: Карлеуша во духот на прекарот е мајстор за две нешта. За скандали и интригирање на јавноста! Затоа што и да направи, сними, отпее, каже, изјави... Сето тоа веднаш е во фокусот на вниманието на јавноста и секако, на насловните страници и најавните шпици на медиумите! Нова Година наближува, ѕведите ги отворија картите па обзнанија која од нив каде ќе настапува за најлудата ноќ и се разбира за колку пари.  Сите освен таа... До душа локацијата е позната, ама хонорарот... останува енигма. Ама затоа пак, најавата за истиот тој новогодишен настап е повеќе од провокативна и екстравагантна. Ваква реклама за новогодишен настап, само фолк дивата може да сними. Разголената Карлеуша меѓу дедомразовци како секси новогодишно пакетче... за возрасни! Па кој има можност, нека го „купи“ и отвори... Радоста е загарантирана! Погледнете зошто...
]]>