радиус – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 29 May 2023 08:12:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png радиус – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Авантура во радиус: Актерката Ана Стојановска и Талат од „Преспав“ се пар (фото+видео) https://arhiva.vistina.com.mk/avantura-vo-radius-akterkata-ana-stojanovska-i-talat-od-prespav-se-par-foto-video/ Mon, 29 May 2023 07:20:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=303943

Ана Стојаноска и Дритон Вејсели, Вам попознат како Талат од хит серијата „Преспав“ се пар, актерско-водителски пар. Нивната врска е вистинита и тоа како водителско истражувачка двојка во новата доку-серија насловена „Радиус“. Од минатата недела, авантурите на Ана и Дритон може да ги гледа целата нација, а веруваме дека овој актерски тандем, а и авантуристичката тема, дополнително ги прави атрактивни. Првата македонска доку-серија ги раскажува автентичните приказни од Балканот. Секоја епизода е нова авантура, ново патување низ два града, две села или два региони во гранична област помеѓу Македонија и секоја од нејзините соседни земји. Ана блеска со својата компетитивност и подготвеност за акција. Таа е ранобудник со иницијатива секогаш подготвена за нови откритија. Наспроти неа го имаме Дритон кој е повеќе „турни ме да кинисам“, со телефонот во рака постојано го бара пократкиот пат до целта, а попатно неизбежно ги открива местата со најдобра храна. Не може да не ги засакате поради нивната уникатност, снаодливост и свежиот хумор. Приказните во секоја епизода се оние кои не поврзуваат но и не прават посебни, поврзани се со културното наследство, традициите и вредностите кои се заеднички за народите на Балканот, вкусната храна и прекрасната природа на регионот, како и луѓето во чии животи и професии се препознава важноста на минатото, но и погледот кон заедничката иднина. Првата епизода, во која Ана и Дритон ja истражуваат магијата на традиционалното занаетчиство и рачните изработки во Скопје и Призрен веќе е достапна на платформата Глеј и на Јутјуб каналот Радиус. ]]>