радио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 20 Feb 2024 10:04:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png радио – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Џенифер Лопез почувствува потреба јавно да се исповеда: „Не планирав да му се вратам на Бен“ (аудио) https://arhiva.vistina.com.mk/dhenifer-lopez-pochuvstvuva-potreba-javno-da-se-ispoveda-ne-planirav-da-mu-se-vratam-na-ben-audio/ Tue, 20 Feb 2024 10:04:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339345

Џенифер Лопез во текот на гостувањето во „Kyle and Jackie O Radio Show“, кажа дека морала да се спознае себеси откако славниот пар се раздели во 2000-те години. „Се заљубив во љубовта на својот живот претходно во животот, но поради којзнае кои причини, почувствувавме потреба да се разделиме“, објаснила Џеј Ло. „Се разделивме, добивме деца со други луѓе и бевме во долги врски. Не планирав да му се вратам него“, вели Џеј Ло. Да ве потсетиме, Лопез и Афлек ја започнале врската во 2002 година, а се вериле подоцна истата година. Меѓутоа, парот во 2004 година се разделил, откако една година претходно ја откажале венчавката. Славната Џеј Ло прво се венчала за Марк Ентони во 2004 година, а заедно со него ги има близнаците Макс и Ема, а се развеле во 2014 година. Афлек пак бил во брак со Џенифер Гарнер од 2008 до 2018 година, а имаат две ќерки Вајолет и Серафина. По години разделеност, Лопез и Афлек конечно повторно се споиле во 2021 година и се венчале во 2022 година. „Мислев дека сум добро и дека го сакам својот живот, но сметам дека тогаш навистина ми се отвори универзумот и потврдив дека се подготвувам за она што навистина го сакам“, објаснила пејачката.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Jennifer Lopez (@jlo)

„Не можев да верувам, а мислам дека ниту тој“, рекла таа и објаснила дека „тоа не е нешто кое го планирале“. „Навистина продолживме со своите животи, но кога повторно се поврзавме, знаевме дека тоа е тоа“, објаснила таа. Лопез исто така отворено зборувала за тоа како фактот дека станала мајка ја направила подобра личност. „Откако се родија децата, на вистински пат од патувањето сум“, рекла пејачката и додала дека се обидува да биде подобра верзија од себеси и да биде најдобрата личност која би можела да биде „прекрасна мајка и прекрасен пример за своите деца“. фото:Instagram printscreen/ jlo видео: You Tube/ Page Six]]>

Промоција на книгите: „Неправилен ритам“ и „Радио“ на Љупчо Јолевски и разговор со авторот во Europe House во Струмица https://arhiva.vistina.com.mk/promotsija-na-knigite-nepravilen-ritam-i-radio-na-lupcho-jolevski-i-razgovor-so-avtorot-vo-europe-house-vo-strumitsa/ Tue, 21 Nov 2023 08:08:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=327975

Во вторник, 21 ноември 2023 година во Europe House во Струмица, со почеток од 19:00 часот ќе се одржи промоцијата на книгите „Неправилен ритам“ и „Радио“ на Љупчо Јолевски и разговори со авторот. Учесници на настанот се: Ана Стојаноска (писателка и театролог), Добрила Грашеска (музичарка), Мирна Трпкова (музичарка), отец Теофан и Никола Пијанманов (ликовен уметник). „Љупчо Јолевски е новинар кој длабински сондира во културниот хумус на нашата земја. Будно следејќи сè што се случува на уметничката сцена (музика, театар, книжевност, филм, визуелна уметност) Јолевски со своето перо остава неизбришливи траги, документи, историја која не само што е дел од информирањето на културната јавност, библиографските единици на институции или професионалци, туку е и суштинска база за истражувања и сознанија кои се клучни за проучување на настани, периоди, правци, уметници во блиската или подалечна иднина, своевидни артефакти без кои какво било академско пообемно проникнување е невозможно“. – Ана Франговска (историчарка на уметноста).  ]]>

Стиховите на последната песна што ја слушал загинатиот пејач Немања Вуковиќ во автомобилот, како да ја наговестувале трагедијата: „Милион солзи, а јас еден…“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/stihovite-na-poslednata-pesna-shto-ja-slushal-zaginatiot-pejach-nemana-vukovik-vo-avtomobilot-kako-da-ja-nagovestuvala-tragedijata-milion-solzi-a-jas-eden-foto/ Tue, 07 Mar 2023 12:25:56 +0000 https://vistina.com.mk/?p=292163

Младиот пејач од „Ѕвездите на Гранд“, Немања Вуковиќ (22) трагично загина во понеделникот, 6-март 2023 година  во вечерните часови на автопатот Шид-Белград,  кога откако удрил во заштитната ограда со својот автомобил излегол од него, а на момчето налетал автобус и го усмртил. Несреќниот пејач на своите Инстаграм приказни непосредно пред смртта, објавил снимка која е снимена наводно пред да се случи самата несреќа. Немања го слушал Џеј и песната „Животе, жено без морал“. Стиховите како да наговестувале трагедија: „Милион солзи, а јас еден, додека ја гушкам темнината, се прашувам дали овој живот е вреден ...“? Немања е по потекло од Фоча, а се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ на 18 -годишна возраст, по што неговата кариера тргна по нагорна линија. Фото: Инстаграм принтскрин/nemanjavukovicc]]>

Велешкото Радио 5 ФМ слави 20 години постоење https://arhiva.vistina.com.mk/veleshkoto-radio-5-fm-slavi-20-godini-postoenje/ Sat, 20 Feb 2021 21:31:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190688

Велешкото Радио 5 ФМ слави јубилеј, 20 години од постоењето. Во овие две децении, Радио 5 ФМ се наметна како сериозен медиум, музички лидер во етерот, но и радио преку кое велешани се информираат за најновите локални настани, пренесува Батали.нет. Низ радиото во овие 20 години продефилираа бројни новинарски и водителски имиња, кои оставија траен белег во развојот на медиумот. Радио 5 ФМ беше организатор на две изданија на ФМ Талент, музичко радиско шоу, кое исфрли неколку музички имиња на македонската естрада, како што се Валери, Мими Јовановска, Стефани Алчева, Александар Темелков, Тони Андреев и други. Во моментов радиото е актуелно со видео поткастите на DJ Masterhip, кој секој викенд има свое музичко шоу, следено од бројни фанови. На 20.02.2001 година Радио 5 ФМ ја доби лиценцата за работа и оттогаш официјално почна да зрачи во етерот на 107,1 MHz на ФМ скалата. Тоа е формирано откако се споија две радија во едно, тогашното 5 ФМ и Радио Мерак, па првите неколку години радиото се викаше Радио Мерак 5 ФМ, по што, поради стилот на музика кој одбра да го емитува, се ребрендираше во Радио 5 ФМ.]]>

Почина легендарната македонска радио и ТВ спикерка Бранка Станковска https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-legendarnata-makedonska-radio-i-tv-spikerka-branka-stankovska/ Thu, 21 Jan 2021 17:25:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=186295

Бранка Станковска, легендарната радио и тв спикерка и водителка, почина вчера во Скопје на 90 годишна возраст, потврди семејството. Станковска целиот работен век од 39 години (1948-1987) го помина во Македонската радиотелевизија. Нејзината најава на првиот телевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна, на 14 декември, Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски Весник, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.
Нејзиниот глас сè уште се слуша на радиопрограмите, особено во популарниот џингл „Точно е 12 часот“.
Беше активна и по пензионирањето, особено во обуките на млади кадри.]]>

Водителот Ване Маркски остана без работа ама за кратко доби не една туку две работни позиции (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/voditelot-vane-markski-ostana-bez-rabota-ama-za-kratko-dobi-ne-edna-tuku-dve-rabotni-pozicii-foto/ Mon, 09 Nov 2020 09:37:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=174992

Оние поискусните кои ја пробале работата пред какери на телевизија, секогаш знаат да кажат дека тоа е една магија која те освојува и едноставно не сакаш да се одлепиш од неа. На ТВ водителот Ване Маркоски тоа му е добро познато, па не чекаше многу време за да си најде нова работа на телевизија откако неодамна „пукнаа тиквата“ со Канал 5 телевизија каде работеше неколку години на утринската програма и емисија за кулинарството.
 
View this post on Instagram
 
@navigare.skopje

A post shared by Vane Markoski (@vanemarkoski_) on

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/vane-markoski-svrte-drug-list-vo-negoviot-zivot-voditelot-si-zamina-od-kanal-5-televizija/ Велат дека секое лошо за дорбо е, а Вене иако пред само неколку дена објави дека останал без работа, сега се пофали дека направил брз трансфер во МТВ во уринската проглама „Македонја наутро“. Денес, понделник му е прв ден на новото работно место пред камерите, но овој ангажман не му е единствениот во националната МРТВ. Имено, Ване викендов почна таму и на Радио 2 како водител, а бидејќи радиото му е исто така позната територија од порано, сега е комплетно изполнет на провесионално поле. Адаптација му треба на секому кога се случува нешто ново, а сигурни сме дека за Ване тоа ќе биде брзо и со нови убави моменти кои ќе траат.]]>

Почина радиоактерката Таска Балабанова https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-radio-akterkata-taska-balabanova/ Wed, 20 Nov 2019 17:08:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=119679

По долго и тешко боледување, на 85 години во Скопје почина актерката Таска Балабанова, објави ТВ Телма. Со гласот на Балабанова израснаа многу генерации слушатели на Радио Скопје, денес Македонско радио. Таска Балабанова е родена во Велес. Како актерка, кариерата ја започна во некогашниот Младинско- куклен театар , од кој во 1965 е формиран Драмскиот театар. Балабанова потоа замина во Радио Скопје, каде до пензионирањето работеше како радио актер и го позајмуваше својот глас во бројни радио драми, во „ Веселата емисија“, „ Лирското интермецо“, култната серија „ Хихирику“. Незаборавна е нејзината интерпретација на ликот Олива во цртаната серија „ Попај морнарот“, како и надсинхронизациите во серијата Штрумфови. Играше стамени жени и дами во филмовите и тв сериите: „Средба“, „ Едно лето“, Илинден, „ Време на летала“, „ Трето доба“, „ Мугра“, „ Македонски народни приказни“ и „ Време – живот“. Објави интерпретации на приказни за деца, а ги снимаше и првите реклами во 1950-те години.]]>

ЗАМП ги објави најслушаните македонски песни за 2017: На врв и на дно или… врвот е дно? https://arhiva.vistina.com.mk/zamp-gi-objavi-najslushanite-makedonski-pesni-za-2017-na-vrv-i-na-dno-ili-vrvot-e-dno/ Sat, 09 Jun 2018 16:19:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=31659

Здружението за заштита на авторски музички права (ЗАМП) на својот официјален сајт конечно ги објави најслушаните македонски песни во 2017 година објави порталот „Женски магазин“. За потранспаретно следење и контрола над емитуваните авторски дела, ЗАМП кај радио и ТВ-станиците минатата година инсталира систем за електронско евидентирање, кој на авторите и носителите на авторски права ќе им овозможи увид во податоците кои се однесуваат на нивните емитувани дела.
Резултатите конечно се достапни и за јавноста, а најемитуван рефрен за 2017 година е хитот на Влатко Лозаноски, темата „Мандарина“ на авторите Магдалена Цветкоска, Лазар Цветкоски и Милан Миланов.  Лозано е и единствениот изведувач со две композиции меѓу најслушаните десет според податоците на ЗАМП, со хитот „Жена како ти“ како трета најслушана во текот на минатата година.
Интересен момент е што „Мандарина“ е оригинално издадена во 2014 година, а дури лани била најслушана. Меѓу „највртените“ песни има и такви кои се снимени и многу порано, како нумерата Туѓа си бескрајно“, која Ефто Пупиноски ја промовираше во далечната 1992 година, но се прослави дури две децениии подоцна и оттогаш редовно се пее на свадби, веселби и концерти.
Согласно чл. 158 став 1 т.8 од Законот за авторското право и сродните права (Сл.весник на РМ бр.115/10; 140/10; 51/11,147/13,154/15 и 27/16), ЗАМП ги oбјавува десетте најкористени домашни авторски дела во 2017 година и тоа:
И кога ќе се погледне чистат веднаш станува јасно дека во македонскиот музички етер нешто не штима. Или кај оние што ја мерат слушаноста или кај оние што прават песни? Имено, од десетте најслушани, едвај две се песни направени во годината кога е мерењетио на слушаноста направено - 2017, што значи дека или народот нема потреба од нова музика или новите песни не ги бива или пак е во прашање нешто сосема трето, од типот: не ги бива оние што го спроведуваат мерењето на слушаноста? И тоа случајно или намерно?
Од дузина македонски хитови како: „Ова лето ќе се памти“ на Лозано, „Љубена“ на Кристина Арнаудова, „Мојот крал“ на Ај Кју, „Хеј мама“ на Наташа Малинкова, „Невозможна мисија“ на ДНК... и да не ги набројуваме останатите,  според македонските радиостаници во 2017 кај нив беа највртените песни од домашната поп продукција. Македонскиот радиски фестивал „МАРС“ кој изминативе 10 години секоја година токму според гласовите на слушателите и изборот на радиостаниците ги наградува највртените песни, сите споменатим како и грст други ги вброи во 2017-тата меѓу наградените.
И шест месеци откако истече годината, види чудо: ЗАМП со својот „зарибан софтвер мерач“ наеднаш за највртени прогласува песни стари 3, 5, 10... години... па дури и постари од две и пол децении? Наеднаш слушателите и радиостаниците, имаат друга перцепција за популарноста на македонските песни, поинакво уво од претходно, се рабира, откако ЗАМП ќе им „ги стави неговите слушалки“ на уши? Чудна некоја селекција? Со сиот респект кон легендите како Ефто Пупиновски и неговите безвременски фолк евергрини или најнаградуваниот хитмејкер последниве години, Лазар Цветковски?
Конечно, нели е чудно и непоимливо неговите стари песни да се послушани од поновите, публиката повеќе да ги бара и слуша оние од пред 5 години наместо најновите песни на Влатко Лозаноски, напишани од истиот тој Лазар Цветковски? Па ајде веќе кога се фативме за имиња, зарем ви се верува дека ЗАМП со својот „хитомер“ измери дека „Мандарина“ од истиот автор и изведувач лани беше попопуларна и повртена од нивната „Ова лето ќе се памти“, која според сите, ама баш сите радиоистражувања и радиски параметри на слушаност, беше прогласена за апсолутен радиски хит во 2017?
Ама тоа е... ЗАМП! Со нив како што е познато,  ниту државата не може(ше) да излезе на крај, а камо ли авторите, изведувачите, радиостаниците, слушателите... Ним или „хитомерот“ им мери само „евергрини“ или некој таму сакал „ова лето да се памти“ по тоа што „скапаните мандарини“  ќе ни ги „поттурат“ како свежи портокали? Очигледно, никако да дувне свеж ветер кај „мерачите на музичка популарност“ во македонскиот етер!  ]]>