радио водител – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 16 Jun 2023 12:18:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png радио водител – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Гога Секулиќ и пред естрадата беше во јавноста: Еве со што се занимаваше, пред да стане пејачка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/goga-sekulik-i-pred-estradata-beshe-vo-javnosta-eve-so-shto-se-zanimavashe-pred-da-stane-pejachka-foto/ Fri, 16 Jun 2023 12:18:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=306651

Многу популарни пејачи од  естрадата, пред да изградат музичка кариера, се занимавале со различни работи. Гога Секулиќ со децении е дел од музичка сцена, а во својата долгогодишна кариера сними голем број песни од кои многу станаа вистински хитови. Пред да почне да пее, Гога работеше на радио, каде имаше свое шоу. „Пред 25 години бев радио водител. Моето шоу започна во осум навечер и траеше до полноќ. Многу ме слушаа“, откри пејачката пред неколку години. Да потсетиме дека Гога се прослави со песните „И лепша и боља“ и „Љубавница“ и ги освои срцата на публиката на прв поглед. Некое време подоцна, таа имаше низа хитови и стана една од омилените пејачки во естрадата. Фото: Принтскрин/Приватна Архива/Ата Имацес/Инстаграм/Гога Секулиќ]]>

Почина актерот и радиоводител Марин Бабиќ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-akterot-i-radiovoditel-marin-babikj/ Sun, 16 Oct 2022 08:47:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=271481

Вчеравечер, 15 септември 2022 г. во Скопје, по кратко и тешко боледување на 74-годишна возраст почина доајенот на македонското глумиште, Марин Бабиќ (1947 – 2022). Во 1971 година дипломирал на Театарската академија во Софија и истата година станува дел од Драмски театар – Скопје, каде го поминува целиот свој работен век. Ќе остане запаметен по бројните и значајни улоги не само во својата матична куќа, туку и во други театри и проекти. Позначајни улоги има во претставите: „Болен Дојчин“, „Лиза, Лиза“, „Свадба“, „Учени жени“, „Собирен центар“, „Бура“, „Вообразениот болен“, „Злостори на срцето“, “Најголемиот подвиг на витезот Сукало“, „Ивона кнегиња бургундска“, „Солунски патрдии“; „Рибарски караници“, „Косанчиќев венец бр. 7“, „Хаос зад кулиси“, „Викенд на мртовци“, „Ноќ спроти Водици“, „Зојкиниот стан“, „Смртта на Дантон“, „Стапица“, „Сказна за времето“, „Сили во воздухот“, „Самоубиец“, „Балконот“, „Не сега драга…“, „Прости дарови“, „Амадеус“, „Дедо Мраз и Феферона“, „Заводникот од западниот свет“, „Словенскиот ковчег“, „Платонов“, „Ферхад и Ширин“, „Демонот од Дебар Маало“. Неговата актерска кариера ја одбележаа и бројни филмски и ТВ улоги: „Бушава Азбука“, „Наши години“, „Оловна бригада“, „Јад“, „Нели ти реков“, „Доротеј“, „Јужна патека“, „Тетовирани души“, „Претежно ведро“, „Училиште за кловнови“, „Збогум на 20 век“ и многу други. Во културната колективна меморија засекогаш ќе остане неговиот Јашар Бег во театарската претстава „Солунски патрдии“, но и по репликата која стана урбана фраза на многу луѓе – „Ово нема ни у Београду“, од претставата „Викенд на мртовци“. Повозрасните генерации сé уште со носталгија се сеќаваат на неговата култна Ноќна програма на Радио Скопје, кога со неговиот извонреден глас влегуваше во домовите на слушателите и беше нивниот „пријател во ноќта“. Радио кариерата ја продолжи со популарната радио-емисија за готвење во некогашниот Радио Равел, а своја радиоемисија имаше и на радиото кое кратко траеше но остави силен печат во македонскиот радио и воопшто медиумски етер, „Радио Слободна Македонија (РСМ). Марин Бабиќ ќе остане запаметен како идеен творец на култната манифестација „Глумците Пеат“ и по поетскиот серијал „Бебули“ и неговите маестрални интерпретации на современата поезија од кои беше издаден и носач на звук на касета од тогашна „Музичко касетна продукција на МРТ“. Погребот ќе биде извршен на новите градски гробишта во Прилеп, какде последните години живееше на 18 октомври 2022 г. (вторник).
Веста за загубата на својот татко ја објави на социјалните мрежи и неговата ќерка, продуцентката Маја Бабиќ, споделувајќи фотографија од нејзиното детство и со таткаси, од кој се прости со кус пост:
„Прерано и пребрзо.... замина дур трепнав.
Сега одмори, пробај да најдеш мир, но се нешто ми кажува дека и таму горе ќе најдеш добро друштво во некоја добра кафана и повторно ќе бидеш истиот ти.
И знам дека еднаш пак вака ќе се смееме и ќе се доисприкажеме, се што на овој свет не стигнавме.
Почивај во мир мој Бабиќу“ - напишала Маја Бабиќ.
Редакцијата на Вистина.ком.мк упатува искрено жалење за ненадоместливата загуба и длабоко сочувство до семејството.  ]]>