работно место – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 16 Jul 2021 11:07:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png работно место – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ве фаќа дремка среде работно време? Кафето не е единствено решение! https://arhiva.vistina.com.mk/ako-mislite-deka-seksot-e-najvazen-ne-ste-vo-pravo-ova-e-kluchot-za-srekjnata-vrska/ Fri, 16 Jul 2021 12:00:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=211381

За многу луѓе кафето е единственото нешто кое може да ги освести кога им недостигаат неколку часа квалитетен сон. За да не претерувате непотребно со кафе во текот на целиот работен ден, прочитајте ги алтернативните начини кои ќе ви помогнат да останете будни.

Ладна вода

Миењето со ладна вода или пиењето чаша ладна вода, е еден од најдобрите начини да се освестите.

Едноставни утрински вежби

Кога многу ви се спие, скокнете неколку пати во место за да го забрзате протокот на крв и за да го покачите нивото на вашата енергија.

Гума за џвакање

Земете гума за џвакање без шеќер. Движењето на мускулите на лицето предизвикано од џвакањето, ќе го избрка уморот кој го чувствувате. Најмногу се препорачуваат мастики со освежувачки вкус, како на пример пеперминт, лимон и слично.

Насмевка

Смеењето доволно го стимулира вашиот мозок и го тера да се разбуди.

Музика

Слушањето музика со брз ритам кога многу ви се спие, исто така ќе ви го разбуди мозокот.

Светлина

Ако можете, прошетајте се малку на сончева светлина. Она што го рекле старите не е лага, сонцето навистина дава енергија. Доколку не можете да излезете надвор, максимално осветлете ја просторијата во која седите. Запалете го светлото и тргнете ја завесата, бидејќи ако седите во мрак ќе се чувствувате поспано. извор: курир.мк]]>

„Екипа создаваме од мали нозе“: Милена Антовска на работното место имаше специјална посета (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ekipa-sozdavame-od-mali-noze-milena-antovska-na-rabotnoto-mesto-imashe-specijalna-poseta-foto/ Thu, 06 Feb 2020 08:40:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=132856

Шармантната ТВ водителка која од понеделник до петок им посакува добро утро на гледачите на една наша национална телевизија, Милена Антовска, секогаш е добра расположена за пред камерите. Заедно со своите колеги од пред и зад камерата професионално е подготвена за својата работа. Но, кога ќе се исклучат камерите, Антовска ужива во среќните мигови со својата ќеркичка Лана Марија и со својот сопруг Гордан. Антовска секој слободен момент го користи за да го помине со семејство. Така, деновиве Милена имаше специјална посета во студиото на Канал 5, односно нејзината ќерка Лана Марија ја посети мама на работа. Овој момент Милена го забележа со својот мобилен телефон, а истиот го објави во кратките приказни на социјалните мрежи со објаснување: „Екипа создаваме од мали нозе“ „На гости кај мама студио“. Веруваме дека Милена премногу се израдува на посетата на нејзината ќерка, а малата Лана уживала во друштво на мама, но и нејзнините колеги кои сигурно се радувала на посетата. Дали ќеркичката на Милена ќе тргне по стапките по нејзината мајка, ќе покаже времето.]]>

Јапонија воведува задолжително спиење на работното место https://arhiva.vistina.com.mk/japonija-voveduva-zadolzitelno-spienje-na-rabotnoto-mesto/ Mon, 20 Jan 2020 13:45:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129974

Јапонските работодавачи воведоа задолжително спиење на работното место, и тоа ќе биде дел од нивните работни обврски. Тоа не значи дека ќе можат на некое време да ги „затворат очите“, туку ќе добијат соба за спиење. И за тоа компаниите имаат вистинско оправдување. Според анализите кои ги направиле, јапонските компании годишно губат дури 138 милијарди долари поради недоволното спиење на работниците. Компаниите до Министерството за здравство доставија предлог-закон во кој се предвидува на работниците да им се дозволи да спијат барем половина час за време на работниот ден. Неколку ИКТ компании веднаш го прифатија овој тренд. извор: Курир.мк]]>

Како да изгледате убаво и свежо секое утро на работното место? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-izgledate-ubavo-i-svezo-sekoe-utro-na-rabotnoto-mesto/ Wed, 07 Nov 2018 14:29:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56583

Подочници, непослушна коса и непостојана шминка се само некои од проблемите кои можат да ви го уништат денот. Сепак, тоа не мора да биде така. Дури и ако одите на работа во најраните часови, може да изгледате убаво преку целиот ден, а во тоа ќе ви помогнат следните трикови за убавина: 1. Користете подлога Вашата шминка ќе има најголеми шанси да преживее преку целиот работен ден доколку во својата мејкап рутина ја вметнете и подлогата. Секако, пред нанесување на подлога, лицето треба да го намачкате со хидратантна крема и тој чекор никогаш не смеете да го прескокнете. 2. Спасете ја косата со шампон за суво миење Ако сте заборавиле вечерта пред спиење да ја измиете косата, се будите предоцна за да го направте тоа наутро, тука е вашиот верен помошник – шампонот за суво миење. Создаден токму за вакви неприлики, овој шампон веднаш ќе ја освежи вашата спласната и масна коса и ќе ви го разубави денот. 3. Купете пудра во прав Кожата станува сјајна откако ќе поминете цел ден на работа, но не во позитивна смисла. Тоа никако не е изглед кој сакате да го постигнете, па поради тоа најдобро е по шминкањето на лицето да нанесете мал слој пудра во прав кој на кожата ќе и даде мат изглед. 4. Носете насекаде со себе ливчиња за упивање на сјајот од лицето Ливчињата за матирање на лицето, се производ кој треба секогаш да го имате во својата торба. Т-зоната во стресни околности се масти уште почесто, но овие ливчиња во истата секунда ќе ја впијат маста и ќе изгледате посвежо и поубаво. 5. Останете хидратизирани Овој совет се исплати да го повториме повеќе пати, бидејќи ако не пиете доволно вода, тоа негативно се одразува на вашиот изглед, но и на целокупното здравје. Не чекајте да дојдете од работа за да ја угаснете жедта, туку секогаш во ташната носете шишенце вода со вас.]]>

Љубовните врски на работно место стануваат табу тема https://arhiva.vistina.com.mk/ljubovnite-vrski-na-rabotno-mesto-stanuvaat-tabu-tema/ Wed, 03 Oct 2018 15:10:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=51148

Често се советува дека колегите на работно место не треба да се впуштаат во љубовни врски и афери бидејќи тоа би можело да доведе до низа непријатни ситуации како што напредува врската, а во случај на врска меѓу надреден и вработен да дојде и до правни последици. Едно неодамнешно истражување покажа дека романсата на работно место сѐ почесто станува табу тема. Истражувањето покажува дека речиси 80% од експертите за меѓучовечки односи сметаат дека емотивните врски во работната средина во последно време стануваат сѐ помалку прифатливи. Интересен е податокот дека една од 20 компании во Велика Британија има конкретно нагласено дека дека се забранети љубовни врски меѓу вработените, објави Independent.
Меѓутоа, истражувачите дојдоа до зачудувачки податоци дека половина од вкупниот број вработени имале врска или афера со колега или колешка на работното место. Речиси три четвртини од нив го криеле тоа од својот шеф или друг надреден во компанијата. Врските на работно место стануваат табу тема најчесто бидејќи луѓето стравуваат дека колегите или надредените ќе ги гледаат и оценуваат поинаку, дека во случај на раскинување ќе бидат жртва на уцена или дека во случај еден од нив да напредува на работното место, другиот ќе биде ставен „под лупа“.]]>

Како да се справите со лошиот шеф на работното место? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-se-spravite-so-loshiot-shef-na-rabotnoto-mesto/ Mon, 09 Jul 2018 16:43:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=36727

Сите мечтаеме да имаме добар шеф, кој ќе нè мотивира, ќе ни помага и ќе нè инспирира. Но, не сме сите толку големи среќнички. Ако и вие наидовте на лош шеф, пред да отворите војна со него, потребно е да разберете која е причината за неговото лошо, несоодветно однесување. Во продолжение ви претставуваме неколку совети како да се справите со шефот: Поставете приоритети на задачите. Направете список со сите задачи кои ви се дадени. Во тој список вклучете го и времето и ресурсите, кои ви се потребни за да ги завршите тие задачи. Подредете ги по важност и покажете му го тој список на вашиот шеф. Побарајте негово согласување. Ако во меѓувреме добиете нова задача, консултирајте се со вашиот шеф, за тоа каде спаѓа по приоритет новата задача. Така и вие ќе си ја олесните работата, ќе бидете поорганизирани, а во истото време нема да му давате причина на вашиот шеф да се однесува лошо кон вас, заради тоа што доцните со исполнувањето на некоја задача. Дознајте што вашиот шеф очекува од вас. Не претпоставувајте што се очекува од вас, туку дознајте. Затоа што може да се случи вие да мислите дека проблемот не е кај вас, а всушност да биде. Воспоставете еднаков стил на работење. Сите шефови ја процесираат информацијата на различен начин. Некои се „слушачи“ и сакаат усно да ги информирате за сè, затоа што сакаат да поставуваат многу прашања. Други пак се „читачи“ и сакаат да им ја поднесете информацијата во писмена форма, за да имаат време да ја процесираат и потоа да се сретнете да ја дискутирате. Ако знаете каков стил на работење има вашиот шеф, можете да се прилагодите кон него и да ги избегнете непријатните, напрегнати разговори. Покажете почит. Без разлика како вашиот шеф стигнал до тоа работно место и без разлика дали одговара за таа позиција или не, вие треба да покажете почит кон него. Сепак, тој е над вас и вашата финансиска сигурност зависи главно од него. Само ако имате почит кон него, можете да очекувате тој да ви врати со иста мера. Не го критикувајте и потценувајте пред колегите. Често вашиот шеф може да не е толку упатен во работите како вие. Но, никогаш не треба да си дозволите да го потценувате заради тоа и индиректно да го понижувате пред другите колеги, затоа што така тој го губи авторитетот и сето тоа може да падне врз вас. Кога имате совет или предлог или кога сакате подобро да му ги објасните работите, не се правете паметни пред другите колеги, а направете го тоа кога сте насамо. Така тој нема да се чувствува подолу, а вие ќе ја придобиете неговата доверба. Кога овие совети не ви помагаат и вашиот шеф не го подобрува својот однос кон вас, тогаш време е да прекинете да бидете жртва и активно да преземете нешто. Разговарајте со вашиот шеф. Никогаш не започнувајте го разговорот, ако не сте насамо. Изберете удобно време и разговарајте отворено со него, но со почит. Посочете примери кога вие сте се чувствувале неудобно поради неговото однесување и како тоа влијае на исполнувањето на вашите обврски. Доколку вашиот шеф е професионалец, ќе ве сфати и ќе се обиде да ви го образложи неговото однесување. Исто како што може да ги подобри, овој разговор може да ги влоши вашите односи, затоа внимавајте како ќе му пристапите.  ]]>