работилница – Вистина.мк
https://arhiva.vistina.com.mk
Се друго е...Tue, 29 Jan 2019 11:11:33 +0000mk-MK
hourly
1 https://wordpress.org/?v=6.6.1https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.pngработилница – Вистина.мк
https://arhiva.vistina.com.mk
3232Бесплатна „Работилница за самоодбрана за жени“
https://arhiva.vistina.com.mk/besplatna-rabotilnica-za-samoodbrana-za-zeni/
Tue, 29 Jan 2019 11:11:33 +0000https://vistina.com.mk/?p=69918Клубот за класични јапонски боречки вештини „Буџинкан Македонија“ на 9-ти и 10-ти февруари организира бесплатна „Работилница за самоодбрана за жени“ на која можат да се пријават сите заинтересирани припаднички на понежниот пол.
„Буџинкан Македонија“ е првиот македонски клуб за боречки вештини кој уште во 2008 година почна да организира вакви настани и оттогаш работилницата стана синоним и место каде што девојките и жените можат да научат техники за самоодбрана при несакани ситуации.
Учесничките на работилницата ќе имаат можност да се запознаат со техниките на борба кои пред повеќе векови биле развиени од страна на јапонските жени-воини, познати под името Куноичи.
Настанот се одржува веќе десет години по ред, а како што веќе споменавме ќе биде бесплатен за првите 25 учеснички кои ќе се пријават на телефонскиот број 075 564 011. Водител на програмата ќе биде инструкторката Сања Симонова, заедно со неколку членови на клубот.
Доколку имате прашања, слободно контактирајте го организаторот на горенаведениот телефонски број, или проверете ги информациите на веб страницата koryu.mk.]]>Клубот за класични јапонски боречки вештини „Буџинкан Македонија“ на 9-ти и 10-ти февруари организира бесплатна „Работилница за самоодбрана за жени“ на која можат да се пријават сите заинтересирани припаднички на понежниот пол.
„Буџинкан Македонија“ е првиот македонски клуб за боречки вештини кој уште во 2008 година почна да организира вакви настани и оттогаш работилницата стана синоним и место каде што девојките и жените можат да научат техники за самоодбрана при несакани ситуации.
Учесничките на работилницата ќе имаат можност да се запознаат со техниките на борба кои пред повеќе векови биле развиени од страна на јапонските жени-воини, познати под името Куноичи.
Настанот се одржува веќе десет години по ред, а како што веќе споменавме ќе биде бесплатен за првите 25 учеснички кои ќе се пријават на телефонскиот број 075 564 011. Водител на програмата ќе биде инструкторката Сања Симонова, заедно со неколку членови на клубот.
Доколку имате прашања, слободно контактирајте го организаторот на горенаведениот телефонски број, или проверете ги информациите на веб страницата koryu.mk.]]>Моќта на тероарот во вината на „Тиквеш“
https://arhiva.vistina.com.mk/mokjta-na-teroarot-vo-vinata-na-tikvesh/
Tue, 18 Dec 2018 11:41:09 +0000https://vistina.com.mk/?p=63770На белградскиот „Салон на вино“ што се одржа во хотелот „Хајат“, винарската визба „Тиквеш“ се претстави со работилницата „Тиквеш – моќта на тероарот“. Оваа стручна презентација беше проследена со дегустација на осум вина на „Тиквеш“ со кои успешно беше претставена разновидноста на Македонија како вински регион, при што акцент беше ставен на микролокациите. За влијанието што на квалитетот на вината го имаат специфичните карактеристики на тероарот кои произлегуваат од климата, почвата и други аспекти, внимателно слушаа експерти од винската индустрија, сомелиери и вински новинари. Работилницата ја одржа Никола Кузмановски, енолог во ВВ „Тиквеш“.
Присутните дознаа повеќе за карактеристиките на тероарот, како и за строго контолираните процеси што овозможуваат тој тероар да се рефлектира во виното, одразувајќи го неговиот уникатен карактер, што претставува клучна компонента за оценка кај високо квалитетните вина. Кузмановски ги сподели тајните при објаснувањето на строго контролираните процеси, а во текот на презентацијата му се придружи и Звонко Херцег, соработник за едукација во новоотворената школа за вино на „Тиквеш“ – „Wine Educator“ во Скопје. Тој зборуваше за идните правци кон кои „Тиквеш“ го води македонскиот вински регион, поткрепено со искуства од светските вински региони како насоки на патот кон успехот.
Иако, учесниците можеа да ги запишат тајните што им беа откриени, сепак за производство на вино со идентичен квалитет со оној на вината на „Тиквеш“ е потребен специфичниот тероар, затоа што во него се состои нивната моќ.
Винарската визба „Тиквеш“ континуирано експериментира со нови сорти и микролокации што придонесува за поголем избор и можности за дефинирање на автентичноста на виното. Тоа е патот по кој се движи ВВ „Тиквеш“, покажувајќи одлични резултати од година во година.
За време на Салонот на виното во Белград беше дадена можност да се пробаат вината од Château de Gourdon, француската винарница што од неодамна е дел од „Тиквеш“, чии вина станаа дел од портфолиото и за оваа прилика беа специјално донесени за дегустација.]]>На белградскиот „Салон на вино“ што се одржа во хотелот „Хајат“, винарската визба „Тиквеш“ се претстави со работилницата „Тиквеш – моќта на тероарот“. Оваа стручна презентација беше проследена со дегустација на осум вина на „Тиквеш“ со кои успешно беше претставена разновидноста на Македонија како вински регион, при што акцент беше ставен на микролокациите. За влијанието што на квалитетот на вината го имаат специфичните карактеристики на тероарот кои произлегуваат од климата, почвата и други аспекти, внимателно слушаа експерти од винската индустрија, сомелиери и вински новинари. Работилницата ја одржа Никола Кузмановски, енолог во ВВ „Тиквеш“.
Присутните дознаа повеќе за карактеристиките на тероарот, како и за строго контолираните процеси што овозможуваат тој тероар да се рефлектира во виното, одразувајќи го неговиот уникатен карактер, што претставува клучна компонента за оценка кај високо квалитетните вина. Кузмановски ги сподели тајните при објаснувањето на строго контролираните процеси, а во текот на презентацијата му се придружи и Звонко Херцег, соработник за едукација во новоотворената школа за вино на „Тиквеш“ – „Wine Educator“ во Скопје. Тој зборуваше за идните правци кон кои „Тиквеш“ го води македонскиот вински регион, поткрепено со искуства од светските вински региони како насоки на патот кон успехот.
Иако, учесниците можеа да ги запишат тајните што им беа откриени, сепак за производство на вино со идентичен квалитет со оној на вината на „Тиквеш“ е потребен специфичниот тероар, затоа што во него се состои нивната моќ.
Винарската визба „Тиквеш“ континуирано експериментира со нови сорти и микролокации што придонесува за поголем избор и можности за дефинирање на автентичноста на виното. Тоа е патот по кој се движи ВВ „Тиквеш“, покажувајќи одлични резултати од година во година.
За време на Салонот на виното во Белград беше дадена можност да се пробаат вината од Château de Gourdon, француската винарница што од неодамна е дел од „Тиквеш“, чии вина станаа дел од портфолиото и за оваа прилика беа специјално донесени за дегустација.]]>ФОТО: Одржана втора работилница преку програмата на ЕРАЗМУС+КА2 на „АКАДЕМИЈА ЛЕОНТИЌ“
https://arhiva.vistina.com.mk/foto-odrzana-vtora-rabotilnica-preku-programata-na-erazmus-ka2-na-akademija-leontikj/
Mon, 05 Nov 2018 09:34:16 +0000https://vistina.com.mk/?p=56266Со проектот под секторската програма ЕРАЗМУС+ КА202 Проект координаторот Васка Леонтиќ го раководи овој проект, кој започна уште од 2017 и проектот ќе трае до 30.09.2019 година. Партнери на овој проект на Приватно Средно Училиште ’’АкадемијаЛеонтиќ’’ се две стручни училишта и тоа од Шведска, Малме и Литванија, Вилниусво проектoотнасловен ,,Здобивање знаење за европските стандарди за развој на козметички производи од органско потекло‘‘.
Дел од активностите и подготовките на овој проект е да се организираат работилници се со цел да се олесни и збогати, изработката на интелектуалниот труд.
Ангажираните експерти и стручњаци кои се и учесници на мобилностите, имаа обврска да ги разменат и пренесат своите искуства низ пракса на своите партнери.
Од организираните работилници,координаторите на сите три училишта, ги селектираа и ги одбраа клучните и најбараните теми од секојдневието,како за потребите и примената на практичната настава исто така и за потребите на крајните корисници. Ситеобуки кои ќе бидат сработени,партнерите и сите учесници на мобилноста имаат задолжениедаги пренесат стекнатите вештини, преку семинари ибидат информирани и другите наставници и мајстор предавачи.
За време на работилниците се пренесуваат искуствата, меѓусебно се испробуваат третманите и сето искуство се пренесува, сите информации се употребуваат како краен резултат на овој проект како евалуација и дисеминација, а тоа подразбира подготовката на прирачникот, кој ќе може секој заинтересиран за изработка на креми од органско потекло и како се применуваат истите производи и во специјализирани козметички салони и примената и во домашни услови,да го користат прирачникот, кој ќе биде објавена социјалните мрежи на нашата веб страна и на страната на мобилититоолс на европска унија.
Првата работилница беше организирана во Вилниус,Литванија, а втората и последна работилница се организира во Скопје, Македонија во период од 15.10-20.10.2018 година во просториите на ПСУ. АкадемијаЛеонтиќ.
Првата работилница беше на тема изработка на органски креми, додека втората работилница беше примена на разновидни билки кои се користат во козметичките салони при изработка на третмани според потребите на клиентите и примена на органски креми и маски.
На оваа работилница им беше презентирано на партнерите,како се складираат природните исушени билки,како се комбинираат меѓусебно,како се раствораат и како се подготвува целиот протокол на изработка на третман на лице и тело од природни билки.
Ова се третмани кои не предизвикуваат алергии ,нема додатоци од хемиски состав на креми или друг тип на козметички производи.
Другиот дел од обуката беше,примена на латекс третмани и термо третмани според различен тип на кожа според возраста.
Сиот подготвен материјал од двете работилници ќе биде искористен во прирачникот, истиот ќе биде промовиран по пат на работилници и конференција која ќе се одржи во Скопје во период Мај 2019 година.
Благодарение на овие проекти, имаме можност да согледаме како се користат третманите низ Европа, како трендот на мануелната работа се повеќе се применува, а електричните апарати се отфрлаат од примената во козметичките салони.]]>Со проектот под секторската програма ЕРАЗМУС+ КА202 Проект координаторот Васка Леонтиќ го раководи овој проект, кој започна уште од 2017 и проектот ќе трае до 30.09.2019 година. Партнери на овој проект на Приватно Средно Училиште ’’АкадемијаЛеонтиќ’’ се две стручни училишта и тоа од Шведска, Малме и Литванија, Вилниусво проектoотнасловен ,,Здобивање знаење за европските стандарди за развој на козметички производи од органско потекло‘‘.
Дел од активностите и подготовките на овој проект е да се организираат работилници се со цел да се олесни и збогати, изработката на интелектуалниот труд.
Ангажираните експерти и стручњаци кои се и учесници на мобилностите, имаа обврска да ги разменат и пренесат своите искуства низ пракса на своите партнери.
Од организираните работилници,координаторите на сите три училишта, ги селектираа и ги одбраа клучните и најбараните теми од секојдневието,како за потребите и примената на практичната настава исто така и за потребите на крајните корисници. Ситеобуки кои ќе бидат сработени,партнерите и сите учесници на мобилноста имаат задолжениедаги пренесат стекнатите вештини, преку семинари ибидат информирани и другите наставници и мајстор предавачи.
За време на работилниците се пренесуваат искуствата, меѓусебно се испробуваат третманите и сето искуство се пренесува, сите информации се употребуваат како краен резултат на овој проект како евалуација и дисеминација, а тоа подразбира подготовката на прирачникот, кој ќе може секој заинтересиран за изработка на креми од органско потекло и како се применуваат истите производи и во специјализирани козметички салони и примената и во домашни услови,да го користат прирачникот, кој ќе биде објавена социјалните мрежи на нашата веб страна и на страната на мобилититоолс на европска унија.
Првата работилница беше организирана во Вилниус,Литванија, а втората и последна работилница се организира во Скопје, Македонија во период од 15.10-20.10.2018 година во просториите на ПСУ. АкадемијаЛеонтиќ.
Првата работилница беше на тема изработка на органски креми, додека втората работилница беше примена на разновидни билки кои се користат во козметичките салони при изработка на третмани според потребите на клиентите и примена на органски креми и маски.
На оваа работилница им беше презентирано на партнерите,како се складираат природните исушени билки,како се комбинираат меѓусебно,како се раствораат и како се подготвува целиот протокол на изработка на третман на лице и тело од природни билки.
Ова се третмани кои не предизвикуваат алергии ,нема додатоци од хемиски состав на креми или друг тип на козметички производи.
Другиот дел од обуката беше,примена на латекс третмани и термо третмани според различен тип на кожа според возраста.
Сиот подготвен материјал од двете работилници ќе биде искористен во прирачникот, истиот ќе биде промовиран по пат на работилници и конференција која ќе се одржи во Скопје во период Мај 2019 година.
Благодарение на овие проекти, имаме можност да согледаме како се користат третманите низ Европа, како трендот на мануелната работа се повеќе се применува, а електричните апарати се отфрлаат од примената во козметичките салони.]]>Работилница за ориентални кратки поетски форми
https://arhiva.vistina.com.mk/rabotilnica-za-orientalni-kratki-poetski-formi/
Wed, 21 Feb 2018 12:28:06 +0000http://vistina.mk/?p=13578Март е месецот на пролетта, а со пролетта заедно, секогаш се буди и креативноста. Затоа повелете на нашата пролетна работилница по креативно пишување на ориентални кратки поетски форми. Притоа, ќе имате можност да се запознаете со ХАИКУ, СЕНРЈУ, ХАИБУН, ХАИНАКУ, ЛУН (АМЕРИКАНСКО ХАИКУ), ТАНКА и СОМОНКА. На часовите преку примери ќе бидат објаснети формите на овие типови песни, а потоа слушателите/ките ќе пишуваат свои (ко)авторски дела во тие форми.
Имено, работилницата е наменета за сите оние кои имаат желба да пишуваат, со или без книжевно предзнаење и без разлика дали претходно објавиле нешто свое авторско или не. Работилницата е предвидена за возрасни слушатели/ки, студенти/ки и средношколци/ки.
На работилницата ќе се стави акцент на креативноста на слушателите/ките и на креативната слобода во пишувањето, и покрај тоа што ќе се работи на поетско насочено мислење во рамките на поетските форми кои ќе се работат. Работилницата не е теоретски насочена, што значи нема книжевно да се обработуваат поетските форми, туку ќе им се пристапи практично.
Средбите ќе се случуваат во текот на целиот месец март, еднаш седмично, секој четврток од 20.00 ч. и ќе траат по 90 мин. (1.3.2018, 8.3.2018 – со можност за презакажување поради празникот, 15.3.2018, 22.3.2018 и 29.3.2018).
Предвидено е објавување на заеднички зборник од (ко)авторските творби на слушателите/ките.
Цена на месечната работилница: 2500 денари.
Менторка: Елена Пренџова (поетеса), магистерка по филолошки науки и дипломирана професорка по англиски јазик и книжевност. Авторка е на шест книги поезија и книга есеи за поезијата и уредничка на две поетски антологии. Четири од нејзините книги се наградени со национални награди за најдобра поетска книга на млади поети до 35 години и за најдобра поетска книга на авторка- членка на Друштвото на писатели на Македонија. Последниве неколку години организира слем-натпревари низ Македонија. Била менторка на работиници за креативно пишување во Македонија и Србија.
Контакт за пријавување:e-mail: [email protected];Телефон: 075/310-781; 070/382-070
]]>Март е месецот на пролетта, а со пролетта заедно, секогаш се буди и креативноста. Затоа повелете на нашата пролетна работилница по креативно пишување на ориентални кратки поетски форми. Притоа, ќе имате можност да се запознаете со ХАИКУ, СЕНРЈУ, ХАИБУН, ХАИНАКУ, ЛУН (АМЕРИКАНСКО ХАИКУ), ТАНКА и СОМОНКА. На часовите преку примери ќе бидат објаснети формите на овие типови песни, а потоа слушателите/ките ќе пишуваат свои (ко)авторски дела во тие форми.