пусулче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 13 Dec 2023 12:39:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пусулче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Српскиот пејач ограбен на бензинска пумпа: Му ги „собрале“ парите, па му оставиле „пусулче“ со порака во паричникот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskiot-pejach-ograben-na-benzinska-pumpa-mu-gi-sobrale-parite-pa-mu-ostavile-pusulche-so-poraka-vo-parichnikot-foto/ Wed, 13 Dec 2023 12:39:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330951

Пејачот Никола Стефановиќ Колани ја доживеал непријатноста кога бил ограбен на бензинска пумпа, по што во паричникот нашол белешка од крадецот и останал шокиран. Пејачот по две последователни свирки се враќал во родниот град, а на враќање дома застанал на бензинска пумпа каде му бил украден целиот хонорар. Колани ги потврди овие наводи за Гранд и објасни како се случила кражбата.   „Се враќав од настап и застанав на бензинска да наполнам гориво, не ни сомневајќи се дека може да ме ограбат. Илјада пати сум наполнил гориво на истата пумпа. Го извадив паричникот и го ставив на покривот од автомобилот, почнав да точам гориво, по што отидов на каса да платам“ - ја започна приказната Колани и продолжи: „Кога стигнав до касата, се фатив за џебот каде што обично го чувам паричникот и сфатив дека го нема, дека сум го оставил на покривот од автомобилот. Но, кога се вратив имав што да видам - ​​празен паричник, буквално без ниту еден динар. Некој го искористил моментот и си се 'послужил', но за среќа барем ми ги оставил документите“. Сепак, најголемиот шок дошол кога ја прочитал пораката на “пусулчето“ кое било ставено во празниот паричник. „Меѓу документите најдов белешка на која пишуваше: „Извини, гладен сум“. Што да кажам после ова... Кој и да ги земал нека ме е. Воопшто не ми е жал, иако на почетокот бев многу изнервиран, но после таа порака немам што да кажам. Парите се минливи, ќе се заработат“ - нагласи Колани и раскажа како успеал да го плати горивото што го наточил без пари. „За среќа ме препозна вработениот од пумпата, бидејќи често застанувам таму, па тој ми плати. Се разбира, подоцна му ги донесов на човекот парите што ми ги позајми и му благодарам за тоа. Се'  уште има добри луѓе“ - заклучи Колани. Фото: Инстаграм/kolanii_]]>