пушка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 09 Nov 2023 08:50:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png пушка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Откако на „михајловистите“ им ја запали портата, Ламбе се фати и за пушката: Комита, партизан, санданист или само… обичен турист? https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-na-mihajlovistite-im-ja-zapali-portata-lambe-se-fati-i-za-pushkata-komita-partizan-sandanist-ili-samo-obichen-turist/ Thu, 09 Nov 2023 08:47:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326055

Македонскиот пејач Ламбе Алабакоски откако се врати од Америка не престанува да биде во фокусот на јавноста. Не само по песните и настапите, туку и по патриотското срце и душа и неизмерната љубов кон татковината, мајката земја Македонија, која на различни начини ја манифестира. И додека од душманите не престанува да добива смртни закани, неговиот патриотизам заврши дури и во песна, која Игор Џамбазов му ја посвети или поточно името му го вметна меѓу илинденските херои во неговата верзија на познатата италијанска, партизанска песна, „Бела чао“!
Не мина долго откако на „михајловистите“ им ја запали портата,  Ламбе се фати и за пушката... Така барем го личи на Инстаграм профилот, на кој Алабакоски осамна на една фотографија сликан со пушката в раце... И уште не стигна да објасни, веќе тргнаа нови приказни дали тоа Ламбе е комита, партизан, санданист или... нешто сосема петто? Арно ама, ако ја погледнете целата слика ќе видите дека со пушката на фотографијата оди и големиот шешир, мексиканското сомбреро и чинијата со локалниот специјалитет, а тоа што Ламбе се сликал како Панчо Вила, да ти била друга работа. Можеби револуционер во душа, ама позата никако не е од револуционерни побуди... Туку од чисто туристички! Овој пат Ламбе ни комита, ни партизан или санданист, туку само како... обичен турист! Спомен од ресторанот на една егзотична локација во Средна Америка.  Значајна туристичка дестинација во Мексико позната како Канкун, градот е на Карипското море, северно од одморалиштето на карипското крајбрежје, познато како Ривиера Маја. Божествен рај на земјата каде ви треба сосема друго „оружје“ за да се  „фатите во костец со искушенијата“ во кои ве стават сексапилните латино убавици кои ќе ве маѓепсаат со своите бујни облини... Та било тоа на некоја од бисерно-песочните плажи, базен-шанковите, езготичните ували или при случајна средба со нив на хотелските скали. Е тогаш „машкото херојство“  до израз доаѓа најмногу! Дали и колку “херојски“ Ламбе се покажа или остана само со пушката в раце за сликање, ќе мора самиот да ни одгатне... До душа, овој пат ако смее... да признае?! Оти ваквото „машко херојско  дело“, дома би му го сметале за „тешко кривично“, па  казната би била многу повеќе од само... условна?! Фото: Инстаграм/lambealabakovski/CANCUN        ]]>

Кристина Димитриевска во „видео за возрасни“, ве има на нишан: Македонската секси мисица во постела, ја чисти цревката на пушката (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kristina-dimitrievska-vo-video-za-vozrasni-ve-ima-na-nishan-makedonskata-seksi-misica-vo-postela-ja-chisti-crevkata-na-pushkata-foto-video/ Sat, 25 Dec 2021 08:26:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223444

За Кристина Димитриевска, македонската манекенка и топ модел очигледно важи онаа, народната: „Вода стои, таа не стои“. И навистина е така, зашто овој пат Кристина најмногу седи, клечи, лежи... а најмалку стои! Атрактивната тетовка  секси како по навика,  во бела кошула, распослана на постела... Кристина Димитриевска во видео за возрасни ве има на нишан. Но, да не помисли некој дека се работи за некаков еротски клип, некакво од оние популарните „домашни видеа“, иако според првите фото сцени и ова ќе го има знакчето: „Забрането за малоленици“, но од сосема други причини. Видеоспотот во кој македонската мисица се појавува содржи сцени со оружје, што секако не е препорачливо за гледање на „мали деца“ под 18 години, за случајно, не дај Боже, да не се поистоветат со улогата. А, улогата на нашата мисица очигледно жестока. Во секси пози седната во постела, као ја чисти цевката на пушката... Вистински „Шат ган“, снајпер  со кој убавицата ве има на нишан... Или барем оној, во кого е вперен нејзиниот „убиствен“ поглед. Маската од „хорор филмовите“ зад која се крие убавото лице на мисицата само ја зголемува мистиката на приказната, која видеото ја содржи. Чија е и како се вика песната, како завршува видеоприказната, кога ќе биде премиерата и каква се' улога има нашата убавица, останува непознаница. Барем засега... Она што може да се види, насети и претпостави, со широко ококорени очи ќе ве остави. А, кого тоа Кристина Димитриевска има на нишан... останува наскоро да дознаеме. Она што од прва се гледа е дека, македонската мисица „не зарива нож во грб“... Напротив, таа „пука право меѓу очи“! Фото: Инстаграм принтскрин/kristina.dimitry]]>

Зорица Марковиќ откри како сопругот ја изневерувал: „Јас со свекрвата вадам компир на нива, а тој да ти има ‘односи’ со келнерката!“ https://arhiva.vistina.com.mk/zorica-markovikj-otkri-kako-soprugot-ja-izneveruval-jas-so-svekrvata-vadam-kompir-na-niva-a-toj-da-ti-ima-odnosi-so-kelnerkata/ Thu, 28 Jan 2021 12:41:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=187265

Пејачката Зорица Марковиќ се омажила млада, на 17-годишна возраст, а како што рече, тогашниот сопруг ја изневерил, во што неколку пати го фаќала. „Се омажив на 17-годишна возраст, а имав 18 години кога го родив синот Дејан. Милан и јас опстанавме во брак само пет години. Тој беше првиот човек во мојот живот. Искрено го сакав, а тој ме изневери со келнерките и колешките. Јас и свекрвата ми вадиме компири на нива и го чуваме детето, а тој да ти има интимни односи на страна! Го фатив како ме изневерува неколку пати. Во кујната во кафеаната каде што заедно настапувавме, го начекав „качен“ на келнерката. Му ја шутнав хармониката, дирките се разлетаа на сите страни. Поднесов барање за развод и си заминав. На мојот прв сопруг му дадов сè што имав само за да излезе од мојот живот“ - изјави Зорица за „Хит информер“. Откако се развела, се вратила кај своето семејство, но таму не била добредојдена. Пејачката изјави дека нејзиниот татко се чувствувал засрамен, па ја пречекал со пушкана врата. „По разводот, отидов кај моите родители, татко ми не сакаше ниту да ме погледне. Својата ловечка пушка ја вперии преку рамото на мајка ми, во мене! Брат ми Милан ме бранеше. Застана пред тато и му рече: „Пукај во мене, неа не ја допирај“. Можеби ќе пукаше ако мојот брат не застанеше во мојата заштита. Го посрамотив затоа што бев првата жена во семејството што се развела!? Мајка ми и браќата ме разбираа, но татко ми - не. Тој беше строг. Јас го сфаќав до одреден степен, затоа што тој беше во право за многу работи. Неколку години подоцна, сите се пошегувавме на таа ситуација - откри Зорица.]]>

Не ја менувајте довербата, сменете го Каналот: Кучето „пукало“ во ловџијата! https://arhiva.vistina.com.mk/ne-ja-menuvajte-doverbata-smenete-go-kanalot-kucheto-pukalo-vo-lovdzijata/ Wed, 07 Nov 2018 13:00:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56791

„Куче пукало со ловечка пушка во ловџија од Пробиштип“ - објавија  пред некој ден на вестите на еден скопски национален ТВ Канал. Засега нема информации зошто кучето посегнало по оружје, бидејќи откако е приведено во шинтерница, се брани со молчење, а исто така одбива да даде изјава и за медиумот кој ја објави веста. Молчат и од медиумот... Засега никој оттаму не се огласил зошто колегите од останатите медиуми „наголемо лаат“ за веста со кучето од Пробиштип? Ама во оваа земја тоа е... Секој може да си игра телевизија, па  на нивните вести кучињата „пукаат“, колегите џабе ќе „лаат“, а Каналот... ќе си врви!]]>