Пулексенија Јованоска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 20 Sep 2023 09:41:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Пулексенија Јованоска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Kога жената пишува олимписка историја“: Пулексенија Јованоска е дел од изложбата – „Жените и спортот“  (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/koga-zhenata-pishuva-olimpiska-istorija-puleksenija-jovanoska-del-od-izlozhbata-zhenite-i-sportot-foto/ Wed, 20 Sep 2023 06:36:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318773

На изложбата која се реализира во пресрет на Олимписките игри во Париз 2024, од Маја Аргакијева се најде и фотографија од македонската каратистката Пулексенија Јованоска. Таа е македонската врвна спортистка, единствената која ја претставувала Македонија на Олимпијадата во Токио и претставува голем пример за младите и голема инспирација и за мажите и за жените кај нас, а како женска фигура се залага и придонесува кон родовата еднаквост во спортот. За Пулексенија Јованоска, поентата на оваа изложба е да се долови моментот дека жената може да биде еднакво застапена во спорот како и во уметноста. – Драго ми е што изложбата ја направи Маја Аргакијева, жена која што беше инспирирана од нашите успеси како спортистки, од секој спорт индивидуално, да може да ја искаже силата и убавината во спортот преку една фотографија, истакна таа. Јованова преку спојот на убавината и каратето успева да ја покаже моќта на жената, а на нејзиниот Инстаграм профил таа сподели дел од атмосферата и како се чувствувала за време на изложбата. „Kога жената пишува олимписка историја станува фотографија за вечноста“ - напиша таа. Дел од изложбата организирана од Француската амбасада во Македонија беа вклучени и спортистките Ана Цветановска – нордиско скијање, Анамарија Георгиевска – Таеквондо, Арбреша Реџепи – Џудо, Дрита Исљами Бафтири – Атлетика 400м со пречки, Ива Пројковска – Фудбалски судија од рангот ФИФА/УЕФА/ФФМ, Катерина Николоска – џудо, Милијана Рељиќ – Таеквондо, Наташа Мешковска – пливање 200 метри пеперутка и Пулексенија Јованоска – карате. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Пулексенија Јованоска]]>