психологија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Nov 2023 12:27:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png психологија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Играчката кажува многу за личноста на детето- која му е омилена на вашето? https://arhiva.vistina.com.mk/igrachkata-kazhuva-mnogu-za-lichnosta-na-deteto-koja-mu-e-omilena-na-vasheto/ Tue, 07 Nov 2023 12:27:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325813

Се чини, секој човек имал омилена играчка во детството. Според психологот Ри Лангам од „Импулс терапи“, токму тој сакан предмет ја открива личноста и нејзините особини и нарави во раната фаза на развој. Без разлика дали се работи за автомобилчиња, кукли, сетови шминки или коцки за редење, според стручњакот, играчките се одличен начин да се задржат децата зафатени, смирени и среќни, но тие се и алатка за учење што им овозможува на малечките од сите возрасти да се истражуваат, изразуваат и развиваат овие своите вештини и карактерот. – Начинот на кој детето користи играчка може да открие важни сознанија за неговата личност, способности и склоности. Сепак, важно е да се забележи дека наклонетостите за одредени играчки не можат да ги предвидат идните особини или способности на детето, но ја прикажуваат неговата моментна личност, ​​вели д-р Лангам. Коцки Децата кои сакаат да редат коцки сакаат и се стремат кон предизвици и имаат зголемена желба за решавање проблеми, градење и просторно размислување. Тие веројатно уживаат во структурирани активности, со почетоци и краеви, погрешни и правилни начини на вршење на работите, а исто така, можат да сосредоточат на деталите и трпеливноста да ги следат упатствата, па и да ги менуваат дизајните. Игри инспирирани од цртани филмови и серии Психологот Лангам наведува дека децата кои уживаат во „Покемон“, на пр., најмногу сакаат да собираат предмети и да ги категоризираат нештата. Игрите како „Покемон го“ укажуваат на дете кое ужива во критичко размислување и има авантуристичка и љубопитна природа. Кукли Девојчињата кои сакаат кукли, обично имаат чувство за раскажување, глумење улоги и сл., т.е. фантастична имагинација. Истражувањата покажуваат дека играњето со кукли всушност може да ги подобри друштвените вештини и емоционалниот развој. Автомобилчиња Децата кои сакаат да си играат со мали автомобили (обично момчиња) обично покажуваат аналитичко размислување и љубов кон движењето. Нивната способност за лесно сосредоточување и лесно изнаоѓање стратегии се одрразува во тоа како тие прецизно градат патека и ги изведуваат трките. Овие играчки ја подобруваат нивната координација и овозможуваат разбирање на причината и последицата, физиката и основната механика. Пиштоли на вода Пластичните водни пиштолчиња обично се избор на енергични деца со натпреварувачки дух кои уживаат во физички активности на отворено. Нивната љубов кон акцијата укажува и на силни моторни вештини и координација. Овој вид игра го поттикнува стратешкото размислување, движења, целење и чувството за разиграна, содржајна и креативна борба. Модерен фустан Девојчињата кои сакаат да носат различна елегантна облека, наместо да се занимаваат со играчки, обично се прилично имагинативни и сакаат да се изразуваат. Уживаат во истражувањето на идентитетот, а тоа е признак за нивната креативна и приспособлива личност. извор:курир.мк фото: iStockphoto/screenshot]]>

Што значи доколку си зборувате самите со себе? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-znachi-dokolku-si-zboruvate-samite-so-sebe/ Thu, 31 Aug 2023 12:24:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316195

Веројатно сте забележале досега како понекогаш зборувате сами со себе, но не сте сигурни дали тоа е добра работа или не… Во едно истражување, психолозите објасниле дека е корисно, и дека е карактеристика на интелигентните луѓе. На пример, Алберт Ајнштајн наводно често повторувал некои реченици многу тивко. Ако зборувате сами со себе, тоа покажува дека сте полни со самодоверба, дека имате искуство во животот и свесни сте дека можете да сметате на себе кога ќе дојде време да разберете што е најдобро за вас. Според психолозите, ова се придобивките од разговорот со себе: Мозокот работи подобро Во еден експеримент, психолозите побарале од 20 волонтери да одат во супермаркет. Тие им навеле што треба да купат. Во првиот дел од експериментот учесниците биле обврзани да ја завршат задачата во тишина, додека во вториот дел гласно повторувале што треба да купат. На крајот, оние што повторувале гласно, можеле да запомнат повеќе намирници. Психолозите велат дека овој метод помага само доколку се работи за предмети кои се познати од порано. На пример, знаете дека бананата е жолта и има одредена форма, а повторувањето ја активира визуелизацијата во мозокот. Но, ако повторите нешто што не можете ни да го замислите, тогаш тоа може само да ве забави и збуни. Мислите се организирани Гласното зборување со себе помага да се организираат измешаните мисли во вашата глава. Ако ги кажувате вашите проблеми гласно и се слушате себеси – тоа ќе ви ги смири нервите, тврдат психолозите. Исто така, тоа помага при донесување важни и тешки одлуки или разјаснување на некоја проблематична ситуација во животот. Полесно е да се стигне до целта Правењето листа со цели во обидот да се постигнат истите, може да биде тежок предизвик. Многу подобар метод е тивко повторување. Така, патот до нив ќе биде полесен, помирен, а помалку ќе се плашите кога ќе наидете на проблем. Психолозите велат дека повторувањето на глас ви помага подобро да се фокусирате на целта, подобро да ги контролирате емоциите и полесно да продолжите понатаму кога ќе наидете на пречка. извор:курир.мк]]>

Што се крие зад неверството и каква е поврзаноста со љубовта? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-se-krie-zad-neverstvoto-i-kakva-e-povrzanosta-so-lubovta/ Thu, 16 Mar 2023 12:56:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=293781

Постојат многубројни психолошки причини за тоа зошто некој сака да изневерува, но според психијатарката д-р Сузан Еделман, најдоброто објаснување е она што го користеше поранешниот претседател на САД – Бил Клинтон, кога ја објаснуваше својата љубовна авантура со Моника Левински. Тој тогаш рече, го направил тоа – затоа што можел. Во интервју за „Елит дејли“ (Elite Daily), д-р Еделман објаснува дека луѓето кои редовно изневеруваат, без разлика колку го сакаат партнерот/-ката, најверојатно „имаат проблеми со корени во детството поради што се чувствуваат недостојни за љубов“ и се плашат од интимност. -Поради тоа избегнуваат да бидат вистински интимни со партнерот. А, друго можно објаснување, е дека тие би можеле да имаат проблеми со сексуална зависност или нарцисоидни или социопатски карактерни црти, појасни докторката. Таа смета оти е важно, тн. „сериски изневерувачи“ кои сфаќаат дека имаат проблем – да побараат помош. -Но, почнете со тоа што ќе бидете искрени со себе и ќе си признаете дека имате проблем. Во спротивно, најверојатно ќе повредите многу луѓе, а ќе ја нарушите и вашата самоувереност, нагласи д-р Еделман. Има совети и за оние кои веќе изневерувале, но имаат каење и не сакаат тоа да им стане навика. -Ако не планирате тоа да прејде навика, поштедувањето од болката на партнерот е најдобриот начин доколку навистина сакате да останете со него / неа. Но, ако се посомнева и ве праша дека сте неверни, не ги влошувајте работите со лажење, советува психијатарката. Како човекот да им се спротивстави на погрешните мисли? – Со настојување на фактот дека има моќ да му одолее на нагонот. -Првиот чекор е да се разгледаат вистинските последици од изневерувањето. Треба да бидете целосно свесни за тоа што би можело да се случи ако постапите според вашите желби. Многу е веројатно дека изневерувањето ќе му наштети на односот со партнерот, децата, но и на вашиот углед. Откако ќе ја преминете линијата, можеби ќе биде полесно да ја преминете повторно и така да создадете шема на мамење, појасни Еделман. Разговорот со пријател или член на семејството кој разбира и сака да помогне, исто така може да биде од помош. -А, и да му кажете на партнерот дека имате нагон на изневерување, може да биде изненадувачки корисно. Иако тоа може да биде многу тешко да се направи, помалку ќе го повредите партнерот ако тоа е само мисла, а не и намера за вистински чин, рече стручњакот. Секако, важно е и да се нагласи – има разлика за тоа дали оваа желба се јавила поради горенаведените причини или зашто сте несреќни во врската. (МИА)]]>

Паузата од социјалните мрежи носи повеќе придобивки за психичкото здравје https://arhiva.vistina.com.mk/pauzata-od-socijalnite-mrezi-nosi-povekje-pridobivki-za-psihichkoto-zdravje/ Mon, 22 Aug 2022 11:38:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=263657

Долг е списокот на познати личности кои направија долга пауза од социјалните мрежи последниве години, вклучувајќи ги Ед Ширан, Бритни Спирс, Мајли Сајрус, Селена Гомез и Џастин Бибер – сите тие беа во фаза на тн. „дигитална детоксикација“. Како што пишува Дојче веле, причините за тоа се различни – премногу коментари со омраза, премногу време пред мониторот, умор од „глумата“ на социјалните мрежи… Интернет-просторот предизвикува контроверзии и во политиката. Германскиот министер за економија, Роберт Хабек, на пр., го напушти Твитер во 2019 година и не се врати оттогаш, иако некои други политичари ја користат платформата барем еднаш на еден час – за да го кажат своето мислење. Хабек на својот блог тогаш напиша: „Твитер е агресивен како ниедна друга социјална мрежа, и ниеден друг медиум нема толку омраза, злоба и говор на омраза“. – Тоа беше една од најмудрите одлуки што ги донесов во мојот живот!, рече потоа тој. Според истражување на дигиталното здружение „Битком“, оваа година 10 насто од луѓето во Германија сакаат повторно да бидат „офлајн“, а околу 43 отсто веќе го сториле тоа, за повторно да се чувствуваат подобро. Бројни трудови ги разгледуваат последиците на Инстаграм, Твитер и другите социјални медиуми. Според Универзитетот на Бат во Велика Британија, дигитална пауза од само една недела ја подобрува општата благосостојба и ја намалува анксиозноста и депресијата. Фактот дека резултатите се вакви може да се потврди со истражувањата. Други трудови, исто така, гледаат врска меѓу времето минато на интернет и депресијата. Сепак, се вели дека е тешко да се докаже што доаѓа прво. Можно е и луѓето со склоност кон депресија да ги користат социјалните мрежи почесто од другите. Испитување на Универзитетот на Абу Даби од 2019 година, пак, ги покажува и негативните последици од дигиталната детоксикација. Некои корисници пријавиле стрес и осаменост за време на апстиненцијата од социјалните мрежи. – Важно е сами да одлучиме колку време сме на мрежите и што правиме таму… Влијанието на социјалните мрежи секогаш зависи од личноста на корисникот, изјави активистката Кристин Лангер. Друг фактор за лошите влијанија е тоа што социјалните мрежи, додека едни заработуваат од сѐ тоа, други чувствуваат притисок и завист кон останатите корисници на кои наводно им оди подобро во животот. извор: (МИА)]]>

Како да го пронајдете внатрешниот мир? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-go-pronajdete-vnatreshniot-mir/ Fri, 17 Jun 2022 12:20:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=254987

Додека постојано се обидуваме да ги оствариме нашите цели или барем да дојдеме чекор поблизу до нив, честопати забораваме дека внатрешниот мир е тоа што ни недостига за да почувствуваме вистинска среќа. Во продолжение прочитајте како да го пронајдете вашиот внатрешен мир. Прифатете го животот онаков каков што е Можете да ги победите стресот, анксиозноста и депресијата само доколку научите дека треба да се прифатите себеси онакви какви што сте. Кога ќе го сфатите ова, ќе престанете да се борите и да се спротивставувате на вашата реалност. Прифатете го фактот дека животот е полн со предизвици и пречки и дека ќе направите многу грешки кои, од друга страна, ќе ви помогнат да ги стекнете потребните искуства во животот. Не размислувајте премногу на минатото Секој од нас со себе носи спомени кои можат да бидат вознемирувачки или засрамувачки. Сепак, запомнете дека не можете да станете подобра личност доколку постојано се навраќате на грешките од минатото. Соочете се со нив и обидете се да ги прифатите како дел од вас. На тој начин ќе си докажете себеси дека сте подготвени за личен развој и напредок. Поминувајте повеќе време во природа Истражувањата покажале дека природата значително може да го намали стресот и позитивно да влијае врз нашето ментално здравје. Затоа, доколку сакате мир, обидете се да го искористите секој миг и да отидете на прошетка во природа или да организирате кампување. Грижете се за себеси Нека грижата за себеси ви постане главен приоритет. Ова е еден од клучните елементи за пронаоѓање на внатрешниот мир. Ако не научите да се сакате себеси, секогаш ќе бидете принудени да се борите за да прифатите онакви какви што сте. Секогаш ќе се чувствувате несигурни поради вашите маани и недостатоци. Не заборавајте дека преку грижата за физичката, менталната, емоционалната и духовната благосостојба ќе изградите посилна врска со себе. Тоа, од друга страна, ќе ви помогне да развиете поголема емпатија кон другите. Откако прочитавте како да го пронајдете внатрешниот мир, можеби ќе сакате да прочитате и како да го препознаете чувството на внатрешен мир и спокојство. Извор: themindsjournal.com/кафепауза/мк]]>

Фолкерката Тања Јовановска Трајкова со психолошки совет за подобар поглед на светот: Само… дали е до психологита или до диоптријата? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/folkerkata-tanja-jovanovska-trajkova-so-psiholoshki-sovet-za-podobar-pogled-na-svetot-samo-dali-e-do-psihologita-ili-do-dioptrijata-foto/ Thu, 10 Jun 2021 08:09:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=206404

Корона пандемијата како да стивнува, а естрадата полека се буди и се враќа на старите патеки... До душа срамежливо, зашто протоколите се' уште се селективни, па не дозволуваат да се пее свири и забавува, онака како што забавата и веселбата обично се доживува, ама тоа е... Подобро нешто, кога веќе не е се'...!? Во меѓувреме, некои од естрадните уметници додека траеше Ковид - 19 принудната пауза се преструктуираа и преквалификуваа, обидувајќи се да (пре)живеат од разно-разни други професии. Меѓу сите фолкер(к)и, кумановката Тања Јовановска Трајкова ја искористи својата диплома, па кога веќе не можеше да егзистира од „првата љубов“ - музиката и се врати на професијата - психологијата! Пејачката во родното Куманово почна да работи „на струката по диплома“  во „Психоверзум“ – психолошкото советувалиште во кое својата нова професија  Тања Јовановска Трајкова почна да ја практикува. https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/folkerkata-tanja-jovanovska-trajkova-otvori-psiholoshko-sovetuvalishte-e-straden-umetnik-profesija-ili-dijagnoza-foto/ Од микрофонот и песната Тања не се откажа, но веројатно и новата работа добро и тргна, па дел од психолошките совети почна и јавно да дели на социјалните мрежи. Така во една од последните објави на Инстаграм, Тања советува што вели психологијата, што треба да сториш за да почнеш да се чувствуваш подобро, подобро да изгледаш, да имаш подобар поглед на светот...? Според кумановскиот психолог, решението е многу едноставно: почни да се грижиш за себе и си го нашол рецептот. Од тебе почнува се' за да имаш подобар поглед на светот! Вака на прва, теоретски многу едноставно звучи, ама во практика, важи... „некоја друга математика“! Како и да е, пејачката, пардон - психологот е во право: „Почни од себе, за да имаш... подобар поглед на светот“. Но, најпрвин провери дали е до психологијата или до... диоптријата? Фото: Инстаграм принтскрин/tanjajovanovskaa  ]]>

Како да одолеете на искушението и да не го изневерите партнерот? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-odoleete-na-iskushenieto-i-da-ne-go-izneverite-partnerot/ Tue, 11 May 2021 13:20:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=202078

Секоја личност има теорија за верноста – од кои се нејзините граници, дали физичката и менталната измама се исти, до тоа како и дали да се одолее на искушението Да воочите други луѓе додека сте во врска не е ништо лошо. Дури и оние во најсреќните врски во нивната околина ги забележуваат привлечните луѓе. Проблемот се јавува кога ќе посакаме друга личност. Една од главните причини за изневерување може да биде недостаток на задоволство во врската. Конфликтни, постојано избегнување на те односи и недостатокот на толеранција се само некои од мотивите за мамење. Понекогаш некое лице не гледа друг начин да ја прекине врската отколку да започне друга. Сепак, парадоксот е во тоа што многумина изневеруваат за да зачуваат врска или брак. Како да се спротивставиме на искушението? Многумина се прашуваат како да ја сочуваат врската од третата страна. Повеќе од 84 проценти од љубовните партнери имаат договор за моногамна врска, додека 55 проценти од нив никогаш не проговориле отворено за тоа. Истражувањата покажуваат дека постои стратегија што ја користат паровите во долги врски. 1. Чувајте ја фантазијата за себе Ако не сакате вашата врска да заврши, не потенцирајте го фактот дека ве интересира некој друг. Ако некој ве привлекува, чувајте го за себе и оставете го во вашата фантазија. Колку што флертувањето е забавно за вас во моментов, запомнете дека тоа е минлива работа. 2. Самоконтрола Важно е да ги знаете сопствените слаби точки. Доколку сте свесни дека сте склони кон флерт доколку пиете повеќе, не одете на пијачка со некој што ви е привлечен. Ако е некој од работа и ситуацијата е неизбежна, спречете појава на грешка редовно јавувајќи се на вашиот партнер. 3. Забележете ги неговите недостатоци Наместо да се фокусирате на тоа колку некој е забавен или паметен, или колку одлично изгледа, фокусирајте се на нешто што ве одбива кај него. Сетете се на сè што ви се допаќа кај вашиот партнер во моментите на слабост. Разговарајте со вашиот партнер пред нешто да се случи, но не правете го тоа од вина и страв, туку од љубов. извор:попара.мк]]>

Јулија Живиќ е жив доказ колку фудбалот може да биде нежен: Македонската репрезентативка е и поубава и посекси од понежните половини на Роналдо и Меси! https://arhiva.vistina.com.mk/julija-zivikj-e-ziv-dokaz-kolku-fudbalot-moze-da-bide-nezen-makedonskata-reprezentativka-e-i-poubava-i-poseksi-od-poneznite-polovini-na-ronaldo-i-mesi/ Tue, 23 Mar 2021 08:56:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=195398

Фудбалот е со години најмасовниот спорт на планетава. Најважната споредна работа на светот која ја играат милиони, а ја гледаат, уживаат во неа и навиваат,  милијарди луѓе ширум светот. Спортски бизнис број еден, магија која ги привлекува сите: од најбогатите шеици на Блискиот Исток и европските мултимилијардери до најсиромашните во Африка или Латинска Америка. Една од ретките работи која ги спојува сите нации, вери и раси на светот... А богами и обата пола: посилниот, за чија игра фудбалот се' уште важи, ама се' повеќе и понежниот, кој се' почесто покажува дека малку по малку, срамежливо, но сигурно дамите им се приближуваат на мажите во популарноста кога е тркалањето  на „бубамарата“ по зелениот тепих во прашање. Во Македонија машкиот фудбал, како и насекаде во светот - доминира. Можеби лигата и домашните клубови не ни се нешто баш најсилни, но затоа покажавме дека индивидуални таленти не ни недостасуваат. Особено последниве години, кога  најпрвин младата репрезентација, а сега и сениорскиот А тим за прв пат се појавуваат на едно големо европско фудбалско натпреварување. Пандев, Несторовски, Елмас, Ристовски, Алиоски, Барди, Николов, Адеми... и останатите од нацоналниот А тим сите ги знаеме. Но знаете ли да го кажете името барем на една македонска фудбалерка? На една дама која гордо го носи националниот дрес на женската фудбалска репрезентација на Македонија? Ако е според умеењето и знаењето, плус убавината, шармот и сексапилот, несомнено една од водечките е таа - Јулија Живиќ! Симпатичната и шармантна кумановка, која живее во Велес, а игра за клуб од Тетово - ЖФК Љуботен, почнала да се дружи со бубамарата на 8-годишна возраст, за денес да  стаса до 20-ина настапи за фудбалската репрезентација на Македонија, каде е стандардна на позицијата десен бек. Јулија го носи прекарот македонски Марсело, иако професионалната кариера ја започнала како  напаѓач, како шпиц што велат фудбалер(к)ите, но принудно потоа стасала до позицијата десен бек. „Во Борец почнав да играм како шпиц и давав голови, но потоа некако случајно кога настапував за Драгон морав на еден меч да играм во одбраната. Од случајно се претвори во постојано и сега некако и не ми изгледа лошо, иако во прв момент дури и ми се плачеше, кога тренерот на Драгон ми соопшти дека ќе морам да помогнам во одбраната“ - раскажува Јулија за Спортманија. Постојано на пат меѓу трите македонски градови, згодната Јулија е стандардна репрезентативка, која имаше и куса интернационална кариера на Кипар, од каде мораше да си замине поради корона пандемијата. „Играв три месеци за Неа Саламина, но морав да се вратам кога почна пандемијата со Ковид-19. Беа задоволни од моите настапи и сакаа да ме задржат на подолг период, но здравствената криза одлучи да си дојдам во Македонија, иако имав понуда и од најдобриот клуб на Кипар, Аполон и можеби во некоја друга прилика ќе имам шанса да се вратам на Кипар “ - раскажува младата фудбалерка. Но, нејзината приказна е по се' необична, зашто убавата Јулија всушност е девојка која спојува неколку светови во еден - оној нејзиниот. Покрај фудбалот, нејзино хоби е моделството и манекенството, па така таа веќе е заштитно лице на спортскиот бренд „Асикс“ и членува во модното студио „Моделс Ин“. Гледајќи ги нејзините физички предиспозиции, телесниот раскош, убавината, ставот и  сексапилот, Јулија слободно може да ги засени, да ги „стави в џеб“ или барем да застане „раме до раме“ со некои од најпознатите македонски модели и манекенки. Расна,  стројна, бујна, атрактивна, сексапилна, со бејби-фејс и ангелски лик, Јулија оддава изглед на модел од светските модни писти и насловниците на најпознатите модни магазини. Впрочем, можеби не е и никогаш нема да биде Меси и Роналдо во фудбалот, но затоа ем има дел од нивното знаење и умеење со топката, ем е  поубава, позгодна и посекси од нивните понежни половини: Георгина на Роналдо и Антоанела на Меси! Освен тоа, Јулија почнува и во спортското новинарството во тетовската телевизија „Кис“, каде помага во подготовката и креирањето на спортските емисии, па на нејзиното животно „три во едно“: фудбалот, манекенството и новинарството, полека ја придодава и четвртата коцкичка во мозаикот - студиите по по психологија, научна област во која ја гледа својата идна животна професија по завршувањето на фудбалската кариера. „Продолжив и со факултетот, што ми беше во мирување додека бев на Кипар. Студирам психологија и често во соблекувалната им велам на моите фудбалски колешки дека ќе им бидам психолог кога ќе ја завршам кариерата. Засега успевам да ги спојам различнитесветови во мојот живот“ - вели нашата фудбалска репрезентативка. За крај едно е сигурно: Македонија во неа и во уште некои од останатите девојки има голем женски фудбалски потенцијал. За тоа како стои со љубовта, дали е во врска, дали можеби некој македонски фудбалер и се допаѓа, или тој неа и „фрлил око“ или како што денес во жаргон се вели: „пробал да ја мува“, дали и девојките на крајот од натпреварот се случува да ги менуваат дресовите или некоја од нив да го соблече  дресот  кога ќе постигне гол...? И уште многу други интересни нешта - во првата следна прилика со Јулија! Фото: Инстаграм приннтскрин/zivic.julija
 ]]>

Ако детето е осамено и нервозно, купете куче https://arhiva.vistina.com.mk/ako-deteto-e-osameno-i-nervozno-kupete-kuche/ Tue, 25 Aug 2020 12:20:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=164692

Последиците што изолацијата и социјалната оддалеченост поради пандемијата на коронавирусот ги имаат кај луѓето ширум светот, допрва ќе бидат предмет на научни истражувања. Сепак, последиците од овие мерки за децата веќе може да се видат… Според педијатрите од Центарот за развој на деца во Санта Моника, во Калифорнија, друштвеното оддалечување го нарушува квалитетот на животот на децата и ги прави поосамени, нервозни, исплашени. – Пандемијата и придружните мерки кај многу деца предизвикуваат социјална траума, што се манифестира со силно чувство на несигурност, страв и вознемиреност. Несоница, кревко спиење, тешкотии при концентрирање, ненадејни испади на бес и лутина, тешкотии во решавањето на задачи – сѐ тоа е присутно. Во едно истражување кое опфати дури 1.646 домаќинства во Калифорнија, откривме дека во оние семејства каде што има и куче, малите деца имаат помала веројатност да имаат проблеми со однесувањето, објаснува психотерапевтката Мајра Мендез за „Пет магазин“. Според неа, децата кои растат со кучиња имаат поразвиени социјални вештини. – Грижата за домашните миленици развива чувство на одговорност кај самото дете, а безусловната љубов ги прави помалку осамени и поотворени за разговор, додава таа. (МИА)]]>

Психолозите тврдат дека е ова многу моќна техника: Докажано е дека најефикасно ја смирува нервозата и напнатоста! https://arhiva.vistina.com.mk/psiholozite-tvrdat-deka-e-ova-mnogu-mokjna-tehnika-dokazano-e-deka-najefikasno-ja-smiruva-nervozata-i-napnatosta/ Mon, 18 May 2020 12:20:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=150185 Психолозите се едногласни, оваа техника е најефикасна во борбата против стресот.

Ако се чувствувате напнато деновиве и нервозата ве обзема, ние имаме решение. Психолозите велат дека овој метод е исклучително ефикасен. Музиката лекува, па ако ги слушате вистинските тонови само 30 минути на ден, тензијата ќе исчезне.

Музиката лекува стрес, несоница и го подобрува расположението.

Многу направени студии зборуваат за корисноста и ефективноста на оваа техника. Кај испитаниците кои учествувале во овие студии, забележан е помал емоционален стрес, подобро и полесно спиење, помала напнатост и подобра меморија.

Како нотите влијаат на мозочните клетки?
Музиката има ефект на намалување на секрецијата на хормонот на стрес, кортизол и го стимулира излачувањето на окситоцинот, што игра улога при предизвикувањето на чувството на задоволство. Влијае на голем број на делови од мозокот, а со тоа влијае и на лимбичкиот состав, што е всушност делот на мозокот кој игра важна улога во регулирањето на емоционалните реакции.

Каква музика предизвикува релаксација?
Треба да знаете дека не секоја музика има позитивен ефект. Онаа што е најефикасна има темпо од околу 60 отчукувања во минута и не повеќе од 75 удари. Значи има побавен ритам, поедноставна структура, потивки, хармонични и честопати поедноставни звуци.

Најдобро е да слушате инструментална музика, бидејќи музиката што вклучува текст може да ви го одвлече вниманието. Звукот од гитара се наведува како еден од најефикасните звуци.

30-минутното слушање музика е поефикасно од која било друга форма на релаксација, се согласуваат психолозите.

извор:кафепауза.мк

]]>