првут – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 17 Apr 2021 06:42:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png првут – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Првутот во косата е проблем што ги мачи многумина: Овие 4 природни рецепти можат да ви помогнат https://arhiva.vistina.com.mk/prvutot-vo-kosata-e-problem-shto-gi-machi-mnogumina-ovie-4-prirodni-recepti-mozat-da-vi-pomognat/ Fri, 16 Apr 2021 12:15:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199342

Најчести причини за првут се алергии, изложеност на стрес, употреба на погрешни производи за нега на коса, климатски услови и температурни промени, но и прекумерна потрошувачка на солена, кисела или премногу зачинета храна. Првутот е често придружен со несакани ефекти како што се чешање, а во потешки случаи, црвенило и печење. Иако оваа состојба не го загрозува здравјето, неправилното лекување или занемарување може да доведе до посериозна состојба, како што е себореичен дерматитис. Постојат многу производи што може да се добијат без рецепт, а чија цел е лекување на првут. Ако сте поддржувач на природни препарати, можете да им дадете предност во лекувањето на овој проблем. 1. Моќното алое вера Ајурведскиот лек верува дека гелот од алое вера е најефективниот природен препарат против првут. Одделете го листот од алое од растението, извадете го зелениот дел и истријте го гелот на кожата, а потоа почекајте кожата да ја апсорбира. Потоа исплакнете ја косата, а потоа измијте ја со шампон. 2. Маслиново масло и ѓумбир Мешавина од маслиново масло и свеж корен од ѓумбир исто така дава добри резултати во третманот на првут. Изрендајте корен ѓумбир со големина на палец во половина чаша маслиново масло, а потоа истријте ја смесата на кожата и измасирајте ја добро пред да ја измиете косата. Коренот на ѓумбир има антиинфламаторно дејство и го смирува црвенилото, а маслото има корисен ефект врз скалпот. 3. Маска од бадеми и маслиново масло Првутот може да се олесни и со употреба на маска направена од топло маслиново масло и бадемово масло во еднакви пропорции. Загрејте ги двата вида масло додека не бидат млаки, а потоа истријте ги во косата и кожата, завиткајте во алуминиумска фолија и крпа и оставете ја маската да отстои најмалку половина час. Потоа исплакнете ја косата, а потоа измијте ја со шампон. 4. Домашен шампон за целер Фитотерапевтите препорачуваат и употреба на домашен шампон направен од корен на целер. Во половина литар врела вода, истурете поголем корен од целер исечен на коцки и варете го додека не омекне. Потоа процедете, и измијте ја косата со добиената течност. Користете го овој шампон наместо вообичаениот шампон за коса. извор: Курир.мк]]>

Купувате скапи шампони, а најдобрите лекови против првут веќе ги имате дома https://arhiva.vistina.com.mk/kupuvate-skapi-shamponi-a-najdobrite-lekovi-protiv-prvut-vekje-gi-imate-doma/ Wed, 24 Feb 2021 13:10:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191248

Шампоните против првут можат да бидат ефикасно средство за решавање на овој многу чест проблем, но можат да направат и штета. Тие содржат многу агресивни хемиски состојки кои во одредени случаи можат да реагираат негативно на здравјето на луѓето. Затоа, подобар начин е да се одлучите за природни препарати со кои многу умешно можете да се ослободите од оваа појава.

Маслиново масло

Помешајте две лажици маслиново масло и една лажица масло од бадем. Пополека нанесете ја смесата на главата и нежно тријте го коренот на влакната. Маслото нека ви постои на главата 15 минути, а потоа убаво исплакнете ја косата. Исто така, можете да направите сличен препарат со маслиново масло и рузмарин. На една лажица маслиново масло се ставаат 10 капки масло од рузмарин, кое можете да го купите од аптека. Откако ќе го нанесете на главата, најубаво е да го оставите да ви делува за време на ноќта, а потоа наутро да ја измиете косата.

Јаболков оцет

Еден од начините е да помешате иста количина на вода и оцет. Нанесете го овој препарат на косата и оставете го да ви дејствува цела ноќ. Утредента, косата исплакнете ја со бебешки шампон. Доколку имате чувствителна кожа, препорачливо е во шише од половина литар да измешате 1 децилитар оцет и 4 децилитри топла вода. Откако ќе ја измиете косата, земете ја оваа мешавина и пополека сипете ја на косата. Можеби ќе чувствувате мало пецкање, но тоа е сосема нормално. Масирајте ја кожата на главата, а потоа убаво исперете ја за да не ви мириса косата на оцет.

Камилица, мајчина душица и ловоров лист

Камилицата ја смирува воспалената кожа, па токму затоа можете да земете три кесички чај од камилица и да ги ставите во 150 мл топла вода. Оставете ги да отстојат 10 минути во водата, а потоа чајот нанесете го на коренот на влакната и нежно масирајте. Препорачливо е потоа косата да не се мие. Пробајте и со лековитата билка мајчина душица, распоредувајќи 7 лажици сува билка во две шолји за чај полни со топла вода. Оставете ги покриени 10 минути, а потоа процедете го чајот и оставете го да се олади. Едната шолја искористете ја на чиста коса, масирајќи ја главата. Со другата шолја повторете го третманот наредниот ден. Ловоровиот лист исто така може да ви помогне при отстранувањето на првутот. Во 1 литар вода ставете цела шака ловорови листови и оставете го на оган убаво да зоврие. Кога ќе се олади, процедете ја течноста и на чиста коса нанесете ја на главата. Косата замотајте ја во пешкир и оставете ја течноста да ви делува барем еден час. На крајот исплакнете ја косата со млака вода.

Сок од лимон

Исцедете еден лимон и со сокот истријте ја кожата на главата. Потоа земете една чаша вода, додадете во неа една лажица лимон и повторно истријте ја главата. Оставете го сокот да делува неколку минути, а потоа измијте ја косата. Постапката можете да ја повторите неколку пати, се додека не се ослободите од првутот. извор: Курир.мк]]>

Како да се ослободите од првутот на природен начин? https://arhiva.vistina.com.mk/kako-da-se-oslobodite-od-prvutot-na-priroden-nachin/ Thu, 21 Nov 2019 15:00:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=119816

Кога се борите против нешто толку досадно и упорно како првутот, потребно е да ги искористите сите оружја кои ви стојат на располагање. Некои од нив се кријат во вашата кујна, па нема причина зошто да не ги употребите.
  • Оцет.Наполнете една чаша со еднакви количества оцет и вода и потурете го скалпот. Можете и да искористите распрскувач за рамномерно да ја нанесете течноста на скалпот. Завиткајте ја косата во крпа и по половина час измијте ја. Препорачливо е да користите јаболков оцет. Правете го ова 2 пати неделно.
  • Сок од лимон.Сокот од лимон може да ви помогне да ги отстраните досадните бели лушпи и да ѝ дадете на косата прекрасен сјај. Едноставно исцедете еден лимон во половина бокал вода и со него потурете ја косата во текот на последното измивање додека се туширате. Користете сок од лимот 2-3 пати неделно.
  • Сок од јаболко.Измешајте 2 лажици свежо исцеден сок од јаболко со 2 лажици топла вода. Со помош на памучен тампон нанесете го тоникот на целата глава и оставете го да делува 20 минути. Измијте со млака вода. Негувајте го скалпот со сок од јаболко барем еднаш неделно.
  • Маслиново масло.Затоплете мала количина маслиново масло. Со него премачкајте го скалпот (добро е и да го нанесете низ целата коса) и масирајте. Завиткајте ја косата во фолија, оставете го маслото да делува 15-30 минути, а потоа измијте ја косата со шампон.
  • Маслиново и бадемово масло.Измешајте еднакви количества маслиново масло и бадемово масло. Нанесете ја смесата на косата и оставете ја додека не почувствувате топлина на скалпот (15-20 минути). Потоа, измијте ја косата со шампон.
  • Маслиново масло и рузмарин.Во тегла ставете една чаша маслиново масло и додајте една лажица рузмарин. Затворете ја теглата и оставете ја два дена на светло место, за да може до неа да допираат сончевите зраци. Исцедете го маслото за да го отстраните рузмаринот. Еднаш неделно со маслото премачкајте го скалпот и нанесете на косата. Завиткајте ја косата со крпа потопена во топла вода и оставете ја да стои половина час. На крајот, измијте ја косата со шампон и млака вода.
  • Сода бикарбона.По миењето на косата, земете во дланката малку сода бикарбона и нежно втријте ја во корените на косата. Оставете да дејствува 2 минути и исплакнете ја косата со млака вода. Правете го ова 2 пати неделно.
  • Масло од чајно дрво.Капнете 2-3 капки масло од чајно дрво во шампонот што нормално го користите за миење на косата. Откако ќе го нанесете на главата, масирајте нежно и оставете го да дејствува 5 минути. Потоа, измијте со млака вода.
]]>