прво внуче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 05 Jan 2023 08:23:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прво внуче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Даниела Темелковска стана баба: Македонската фолкерка пресреќна, го доби своето прво внуче (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/daniela-temelkovska-stana-baba-makedonskata-folkerka-presrekjna-go-dobi-svoeto-prvo-vnuche-foto/ Thu, 05 Jan 2023 08:15:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282817

Ако минатата 2022-ра и беше една од најсреќните години зашто кон крајот на септември го ожени синот, на  македонската фолкерка Даниела Темелковска новата 2023-та година не можеше поубаво да и започне. Имено, пејачката стана баба и го доби своето прво внуче... Или поточно внука, а малечката принцеза веднаш го доби и своето име. И тоа вистинско македонско, прекрасно име - Јана. На среќата на гордата баба и нема крај, па таа веднаш ја обзнани радосната вест и на социјалните мрежи, обидувајќи се да го раскаже неописивото чувство на радост кога една жена за прв пат станува баба: „Колку е убаво чувството кога прв пат стануваш баба, а тоа чувство не се опишува само се доживува, нека ми е жива,здрава и среќна внуката Јана, а јас како баба секогаш ке ја милувам и посипувам со љубов од срце и од душа, а на моите деца им благодарам за најубавиот дар и Бог да ми ги чува!“ - споделила пејачката на својот Фејсбук веднаш по раѓањето на малечката, на кој блиските, пријателите, познаниците, но и нејзините обожаватели и следбеници веднаш и возвратија, опсипувајќи ја со стотици честитки, благослови и емотикони. Инаку, како што веќе рековме, а тогаш и објавивме, македонската фолкерка кон крајот на месец септември минатата, 2022 година го ожени својот син Даниел, кој исто така е пејач и се занимава со музика, тргнувајќи по стапките на неговата позната мајка. Некои од присутните тогаш раскажуваа дека тоа била една од оние таканаречени „свадби за паметење“, во кои највесела, била згодната и елегентна свекрва,  а кулминација настапила кога Даниела се фатила за микрофонот и запеала. Тогаш веселејќи ги  гостите и сватовите, а сега неизмерно среќната баба ќе му пее приспивна на нејзиното прво внуче, малечкото ангелче Јана, кое Бог им го подари на нејзините најмили. Нека и(м) е со среќа! Фото: Фејсбук принтскрин/Daniela Temelkovska]]>