прво бебе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 01 Jan 2024 00:46:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прво бебе – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Се роди првото бебе во 2024 – та година во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/se-rodi-prvoto-bebe-vo-2024-ta-godina-vo-makedonija/ Mon, 01 Jan 2024 00:46:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333128

Првото бебе во 2024 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.00 часот. Бебето е од машки пол, тешко е 3.760 грама, долго е 52 сантиметри и е родено со Апгар 10/10. Како што информираат од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, породувањето беше извршено по природен пат. Дежурната екипа на ГАК на чело со проф. д-р Горан Димитров ја породи 34-годишната родилка Наташа Стефковска од Скопје. – На новороденчето му посакуваме добро здравје и среќно детство, се наведува во соопштението. Во првите 15 минути од Новата година на ГАК се родија три бебиња.]]>

Првото бебе родено по кастрофата во Чернобил пиеше озрачено млеко и пливаше во загадена река, а Марика денес е сепак здрава и права девојка https://arhiva.vistina.com.mk/prvoto-bebe-rodeno-po-kastrofata-vo-chernobil-pieshe-ozracheno-mleko-i-plivashe-vo-zagadena-reka-a-marika-denes-e-sepak-zdrava-i-prava-devojka/ Mon, 10 Jun 2019 11:13:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=92258

Првото дете родено по катастрофата во Чернобил која се случи во 1986 година, денес израсна во здрава, млада жена. Чернобил повторно е топ-тема благодарение на мини серијата на ХБО за нуклеарната катастрофа од 1986 година. Марика во неа не се појавува, но велат дека таа претставува симбол на чернобилската ренесанса, пишува „Мирор“.
Таа ги полнеше насловните страници пред 19 години, кога стана првото бебе родено во близина на спорниот реактор со број четири. Но, пред серијата, со години ја немаше во медиумите. Марика, која наскоро ќе наполни 20 години, студира во Киев, а „Сандеј експрес“ ја пронајде во главниот град на Украина. „Добра сум, работам“, рече таа.
Кога се роди, во 1999 година, украинските власти се обидоа да го сокријат „срамот“ на нејзиното доаѓање во семејството на чернобилските работници кои нелегално живеат во зоната за евакуација од 30 километри. Нејзините родители одбија да ја напуштат опасната зона затоа што властите не им понудија алтернативно сместување. Но, многумина ги обвинуваа и ги малтретираа за „убивање“ на ќерката. „Пливаше во реката каде што се рибите кои ги ловеше нејзиниот татко Михаил за да го прехрани семејството. Пиеше млеко од кравите кои се хранеа на чернобилските пасишта озрачени со нуклеарна експлозија“, пишуваа украниските весници. Нејзината мајка, Лидија Совенко мораше да ги демантира гласините за здравјето на својата ќерка. „Ако луѓето мислат дека има две глави и дека е мутант, грешат. Таа е прекрасно дете кое е апсолутно здраво“, рекла мајката. Марика денес не сака да размислува за минатото, додека самата си ги финансира студиите работејќи во еден бар. „Навистина не ѝ важно да биде единствена, затоа што е родена во Чернобил“, велат нејзините пријатели. Мајката на Марика додава оти луѓето веруваат дека Марика е симбол на чернобилската ренесанса. „Таа е знак од Господ. Луѓето кај нас веруваат дека е благослов да се живее овде и дека животот се враќа на ова место“, изјавила мајката на Марика.
]]>