првенче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 17 Nov 2020 12:54:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png првенче – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Александар Талески го промовираше спотот за неговото првенче, печалбарската -„Прости ми мајко” (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandar-taleski-go-promovirashe-spotot-za-negovoto-prvenche-pechalbarskata-prosti-mi-majko-video/ Tue, 17 Nov 2020 12:50:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=176558

Александар Талески го промовираше спотот за неговото првенче кое носи наслов „Прости ми мајко”. За потребите на спотот биле користени неколку локации на подрачјето на село Штавица, кое се наоѓа во прилепскиот крај, а видеото го изработила ИН Продукција. Станува збор за песна со печалбарска тематика и доста емотивна приказначии стихови ги напишала Нена Дулева, а музиката и аранжманот се на Флори Манев. Во песната учествуваат и познатиот зурлаџија Џељо Дестановски, како и музичарите Алекс Петковски на кавал и Горан Мирковски, кој ја снимал, направил миксот и мастерингот за песната во  „The Studio“. Во видеото покрај пејачот Александар Талески во улоги на актери се појавуваат уште и Виолета Талеска и Никола Јакимовски. „Песната содржи големи емоции, а и од моја страна е отпеана со големи емоции затоа што јас се пронајдов во таа песна и еден дел од неа е автобиографски, дел од мојот живот. Многу луѓе кои  живеат во туѓина, наши иселеници, ќе се пронајдат во оваа песна. Не би раскажувал многу, ќе оставам слушателите и гледачите сами да погледнат и слушнат за што се работи. Тоа е песна за сите мајки што имаат синови кои живеат далеку од нив, во туѓина“ - истакна Талески во интервју за ИН ТВ. Инаку, Александар живее во Прага, Република Чешка каде што изминатите години водел и свој бизнис со ресторани. Како што вели токму во неговите локали одржувал и свирки каде што преовладувала македонската песна. „Најчесто во Република Чешка настапував во моите ресторани, затоа што во Чешка не е многу застапена нашата музика, генерално Балканската. Некои настапи имав и во Германија на приватни забави, но претежно се фокусирав и работев на тие простори таму. Сепак, целта ми е да се афирмирам малку и во Македонија, може некое време да останам, да се проширам со бизнисот, а може и да се вратам, никогаш не се знае“ - вели Александар. Покрај оваа песна, Александар за следниот период најавува уште неколку нови песни кои повторно ќе бидат во соработка со Флори Манев. Во продолжение погледнете го спотот за „Прости ми мајко“: https://www.youtube.com/watch?v=G-G_G1BQ1R0]]>

На Кристина Поп(трпева) „никогаш не и доста“: Македонската убавица решила да стане балканска кралица (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-kristina-pop-trpeva-nikogash-ne-i-dosta-makedonskata-ubavica-reshila-da-stane-balkanska-kralica-video/ Fri, 25 Sep 2020 08:55:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168579

Атрактивна, згодна, сексапилна, привлечна, пожелна… со природни бујни атрибути, ги мами погледите на сите оние кои ќе се најдат во нејзина близина, без оглед дали чекори на модните писти, дефилира на изборите за убавина или пее на нејзините настапи. Кристина Поптрпева – името кое до сега повеќе сте го слушале како дел од нашата модна, а помалку естрадна сцена, позната како манекенка, мисица и модел една од најангажираните модели на модното студио Црнокрак,  полека но сигурно сериозно влегува во музичките води, иако  не ги  занемарува манекенството, изборите за мис и модната писта. Така, оваа наша убавица штотуку се врати од Турција со освоена круна и две титули за мис, веќе ја промовираше својата прва песна и видеото за неа, на најекстравагантен начин. „Никад доста“ е е нејзиното првенче, кое раскошната пејачка го објави заедно со видеото  вчеравечер, 24 септември на својот Јутјуб канал. Песната ре отпеана на српски јазик, што во старт наговестува дека македонската убавица „чука на голема врата“, и веднаш ќе се обиде да го освои соседството, па и регионот. Како ќе се снајде во „естрадната бара полна со крокодили“, останува да видиме, но ако нешто е во старт познато и сигурно, тоа е дека Кристина има и потенцијал и предиспозиции, и телесни и вокални, можеби не 100% да им го украде шоуто, ама сигурно да им „чепне од колачот“, само прашање е дали и колкаво парче? Темата „Никогаш доста“ е комплетно авторско и продуценстско дело на Темелко Андреев ( музика, текст, аранжман, микс, продукција), а видеоспотот го изработила елкипата на  iMedia, прдводена од Крсте Шупев. Спотот изобилува со жешки кадри и еротски набој, во кој пејачката покрај вокалните ги промовира и танчарските способности, а за телесниете квалитети на Кристина Поп (како што одбрала да биде нејзиното уметничко име) и нејзините придружнички, двете убавици-македонски модели, Бојана Нушкова и  Андријана Илиоска, не се потребни зборови, зашто сликата сама говори. Кристина Поп(трпева) решила да проба, но... Колку и дали македонската убавица ќе успее да стане балканска кралица, останува да видиме?! До тогаш погледнете ја и неа и нејзините придружнички во нејзиното видео првенче... Впрочем од гледање убавини, „Никогаш доста“. https://www.youtube.com/watch?v=P7U-qc8AzrM]]>

Јованче Тодоров повеќе не пие со неа – „Макијато“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/jovanche-todorov-povekje-ne-pie-so-nea-makijato-video/ Fri, 10 May 2019 10:15:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=87140

Велешкиот музичар Јованче Тодоров ја претстави својата прва авторска песна насловена „Макијато“, на која се потпишува и како автор на музиката и на стиховите, додека  аранжманот и студиската обработка (снимање, микс и мастеринг), ги потпишува Драган Ристовски-Дац, кој стои и зад снимањето на видеото со  неговото „ДРД студио“ од Скопје. Придружните вокали ги пее Сара Николовска, а гостин на трумпет во песната е Стефан Котески.
Видеото е снимено на брод ресторанот „Панини“ лоциран на брегот на Велешкото езеро. Во него како протагонисти покрај Јованче и музичарите, како статисти и артисти се појавува и танцовата двојка Иван Јованов и Катерина Спасова од танцовиот клуб „Desiree“.
Тодоров е македонски пејач, музичар и композитор, роден во 1989 година во Велес. За првпат се запознава со инструментите клавијатура и хармоника на 4-годишна возраст.
Потоа од 8 години официјално  го започнува своето нижо музичко образование.  Активно почнува со настапи во ресторани и кафулиња од 17-годишна возраст.
„Почитувани дами и господа, животот е како молив кој секој нов ден е сè пократок, па затоа треба да се потрудиме со тој молив да создаваме убави дела, со цел да останат како трајна вредност. Токму затоа ви ја подарувам мојата прва авторска песна со наслов ’Макијато’, која се надевам дека ќе ви се допадне“, порачува Јованче.
Како звучи и изгледа неговото првенче во вид на музичко „Макијато“ дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=50&v=Qr23OEBG7Mo]]>

Томи и Полина дебитираат со „Broken“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tomi-i-polina-debitiraat-so-broken-video/ Fri, 19 Oct 2018 08:03:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=53710

Првенчето на младиот  диџеј и продуцент Томи Тасев кој за темата насловена „Broken“ ги здружи силите со својата братучетка Полина Тасева, а крајниот резултат е навистина воодушевувачки.
Талентираните струмичани се вистинско освежување на домашната музички сцена и сигурни сме дека најдобро од нив допрва доаѓа.
„Broken“ е авторско дело на самиот Томи, чиј потпис стои на музиката, а стиховите му се заеднички со Давид Димовски, додека аранжманот е на Иван Петровски.
Сето тоа го визуализираа Сашо Достинов и Ѓорѓи Вацев, со поддршка од „Лолипоп ентертејнмент груп“. Како звучи и изгледа ова одлично дебитантско парче на младите струмичани, дознајте во продолжение. https://www.youtube.com/watch?time_continue=84&v=pYwNojhu_jc Извор:РадиоМК]]>