првачиња – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 02 Sep 2021 09:32:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png првачиња – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 И децата на некои од познатите лица од српската естрада тргнаа на училиште: Првачиња и останати слатки ученичиња (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/i-decata-na-nekoi-od-poznatite-lica-od-srpskata-estrada-trgnaa-na-uchilishte-prvachinja-i-ostanati-slatki-uchenichinja-foto/ Thu, 02 Sep 2021 06:14:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=217652

Дел од познатите личности од српската естрада исто така вчера, 1-ви септември, традиционално ги испратија своите малечки во прво одделение, а сега мајките на социјалните мрежи покажаа колку се горди. Марија Каран, Снежа Борјан, Ана Штајдохар, Душица Јаковљевиќ и многу други ги покажаа своите наследници првиот ден од септември со широки насмевки на нивните лица. Марија Каран го пофали своето прво дете, Марк Лео, кое го доби со поранешниот сопруг, режисерот Џоел Лубин, а честитките од нејзините следбеници на социјалните мрежи,  не изостанаа. „Мал сум за предучилишна возраст, мал за прво одделение, но денес тргнавме во нулто, односно прво одделение во Кембриџ! Со среќа синко“- емотивно му порача Снежа Борјан. „Продолжуваме понатаму, седмо одделение, и како вчера прво да  почнавте! Те сакам“ - восхитено му порача на својот малечок ТВ водителката Душица Јаковљевиќ. Пејачката Ана Штајдохер и нејзиниот сопруг, музичарот Немања Демоња, ја испратија својата ќерка Ниа на училиште. Учесничката во реалното шоу „Задруга“, Драгана Митар, исто така го испрати својот син Јован на училиште. Фото: Немања Николиќ, Принтскрин / Инстаграм, Дамир Дервишагиќ]]>

Лекциите на Мила https://arhiva.vistina.com.mk/lekciite-na-mila/ Wed, 14 Apr 2021 12:36:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199076

„Што ќе учат идните првачиња?“ дидактички се самозапрашала министерката за образование па понудила неколку битни наставни цели за најмладите ученици. За да не ги научиме уште од сега да читаат само наслови, ние пак, нудиме неколку примери за разработка и подлабоко разбирање на наставните цели, со еден интегрален пристап кон проблематиките. Од Фејсбук профилот на министерката Царовска: Предлози за разработка на наставните цели: ДА ГИ ПОЧИТУВАМ СИТЕ ДРУГАРЧИЊА ПОДЕДНАКВО: ДА СЕ ГРИЖАМ ЗА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, ЖИВОТНИТЕ И РАСТЕНИЈАТА: ДА НАУЧАМ ДЕКА ДЕВОЈЧИЊАТА И МОМЧИЊАТА СЕ ЕДНАКВИ: ДА ПРЕПОЗНААМ ШТО Е ЛАГА, А ШТО ВИСТИНА: ДА НАУЧАМ ДЕКА СИТЕ ПОДЕДНАКВО ЈА САКАМЕ НАШАТА ДРЖАВА, БЕЗ РАЗЛИКА НА КОЈ ЈАЗИК ЗБОРУВАМЕ ДОМА:

...Така Мила? Фала многу!

Извор: Пренесено од Off.net.mk]]>

Снеже Велков со моќна порака до мајките на првачињата: „ Не заборавај мајко дека денес твоето прваче влегува во нов свет каде важат поинакви правила од домашните“ https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-so-mokjna-poraka-do-majkite-na-prvachinjata-ne-zaboravaj-majko-deka-denes-tvoeto-prvache-vleguva-vo-nov-svet-kade-vazat-poinakvi-pravila-od-domashnite/ Fri, 02 Oct 2020 07:19:05 +0000 https://vistina.com.mk/?p=169410

Коронавирусот не само што ни го поремети секојдневието, рутините, навиките, и не извади од колосек, туку ја промени и нашата реалност, па сега имаме едно „ново нормално“. Пандемијата не само што ни ги смени или стопира плановите, навиките, деновите....туку влијаеше и на образованието, студентитите, но и оние најмалите, на дечиња кое одеа во градинка, во училиште кои поради короната мораа да почнат да учат онлајн. Короната оваа година ја помести и учебната година, па така наместо на 1 септември оваа учебна година започна на 1 октомври, за некои онлајн, а за некои со физичко присуство почитувајќи ги мерките за заштита од корона. Првачињата, вчераа тргнаа на училиште и седнаа во училишните клупи почнувајќи го својот образовен процес. Социјалните мрежи беа преплавени од дечиња кои тргнаа во прво одделение, а македонската водителка, финтес инструкторка и мајка на две деца, Снеже Велков на својот „Инстаграм“ напиша порака за сите првачиња: „Еј ти мајко на прваче Ако се фалиш мила.❤ Ако направи торта и ако објави секаде дека имаш учениче дома.Акo мила.И ако се расплака кога му ги облекуваше пантолончињата за во школо.Ако. Само ти си знаеш мајко колку ноќи не си спиена ,само ти си знаеш мајко колку денови си бдеела над тоа мало човече и колку држењето за раче ти било најубава мисија... И нека зборат мајко Аман овие мајките со децата..Аман.. Денес мајко го пушташ од раче...Тоа раче денес ќе треба да научи да крева два прста кога ќе го знае точниот одговор.Тоа раче денес ќе треба да научи да држи молив во рака и да пишува букви и бројки...тоа раче од денес ќе треба да научи со него да понуди помош на другарчето...Тоа раче денес ќе научи да не удира секогаш кога ќе се налути.. Тоа раче еден ден ќе стане рака чиј цврст стисок ќе ја покаже сигурноста на бизнисменот,тоа раче еден ден ќе биде рака на докторка која ќе држи стетоскоп,тие прстиња еден ден ќе бидат прсти на програмер,таа дланка еден ден ќе ги шутира најдобрите кошеви... Но не заборавај мајко дека денес твоето прваче влегува во нов свет каде важат поинакви правила од домашните.. Дека ако го искара учителката нема мама да дојде и да ја искара учителката Дека ако некое девојче ја искубе нема мама да дојде и да му возврати со иста мера Дека ако не научи да пишува и чита добро нема да дојде мама и да и каже на учителката да и стави петка. Дека тоа што му се спие  не е изговор да не оди во школо... Дека ако денес не стигнал прв на трката не значи дека утре не треба да трча туку дека мора да трча побрзо... Научи го мајко на почитување на правилата,на дисциплина,на почитување на авторитет научи го мајко на прифаќање пораз и борба сам за себе ... Некогаш мајко работите колку и да се тешки за гледање мора да се посматраат од страна... Првачето мајко денес влегува во суровиот свет на реалноста...од тебе мајко зависи дали ќе му дозволиш да стане борец и победник или зависен и несигурен. Среќен почеток Мајки на победници!, напиша Снеже на Инстаграм.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Velkov Sneze (@velkovsneze) on

Инаку, Снеже е мајка на два сина, едниот тргна во 4то, а другиот во 9то одделение.]]>