прва жена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 24 Feb 2023 11:03:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прва жена – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бисера Чадловска, прва жена диригент: „Ѕвонењето на мобилните и шушкањето во публика нè вади од фокус среде настап“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bisera-chadlovska-prva-zhena-dirigent-zvoneneto-na-mobilnite-i-shushkaneto-vo-publika-ne-vadi-od-fokus-srede-nastap-video/ Fri, 24 Feb 2023 08:00:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=290448

Бисера Чадловска е првата жена диригент во нашата земја и прва жена диригент вработена во Националната опера и балет. Има диригирано над 50 наслови на оперски и балетски претстави, но бројот на диригирани претстави е дури над 500-тини. На 24 февруари во НОБ прославува 20 години од нејзината кариера како диригент со операта „Боеми“ од Џакомо Пучини. Уште во средношколските денови Чадловска сакала да стане диригент иако свирела на пијано.   „Јас тука започнав како хор мајстор. Прво работев со хорот, понатаму една по една се нижеа претставите. Мислам дека првата претстава што ја диригирав беше „Лилјакот“, тоа беше претстава за училишна програма. Потоа имав една премиера која јас за првпат ја поставив, тоа беше „Таен брак“, опера која јавноста не ја познава добро. На таа премиера дојдовме многу млади луѓе, колеги пејачи кои за првпат се појавија на сцената“, раскажа Чадловска за Репортер. Таа го има епитетот „прва жена диригент“, и вели дека со тоа го отворила патот за нејзини колешки кои се одлучиле за професијата диригент. „Се надевам дека на моите понатамошни колешки им го трасирав патот и полесно ќе им биде. Јас сум првата жена која активно се занимава со диригирање, пред мене имало неколку дипломирани колешки, но тие не живеат во државата“, рече Бисера. Еден работен ден на диригентот е со набиена агенда. Одржува проби со сите ансамбли одделно, оркестарот, хорот и солистите и потоа сите заедно се спојуваат. Понекогаш таа од утро до вечер е во МОБ. „Сум имала непријатни моменти, тоа дури и редовно се случува. Да не речам секоја втора претстава. Ми се кинела прерамка, стапчето ми паѓало, тоа не е страшно, но се случува. Нема застанување во таа ситуација, се оди напред“, раскажува диригентката. Она што најмногу и пречи за време на концерт или претстава е гласното ѕвонење на мобилните телефони на публиката кое деконцентрира.   „Шушкање на публиката, гледањето во мобилен телефон или зборењето, знае многу да не деконцентрира. Оние кои користат телефони не ги исклучуваат пред да влезат, не разбираат колку тоа пречи и колку гласната свирка на телефонот кога ќе заѕвони во текот на концертот или претставата може да не извади од фокус во истиот момент. Може да се случи да му ја пореметите интонацијата на тој што во моментот пее или свири. Ве замолувам да ги исклучувате мобилните телефони на претстава“, вели Чадловска. Таа вели дека секое движење на рацете на диригентот има свое значење. „Без разлика дали е само едно броење, со се си даваме знак, со очи, со израз на лице, со рака, негогаш еден поглед е доволен. Се што прави диригентот во моментот не е ништо туку така, се си има свое значење“, вели диригентката. Дрес кодот на концертите и претставите е црно бела облека. Она што таа го носи најчесто е нејзин личен избор, но за специјални прилики соработува со Никола Булевски, а порано соработувала со Ненад Секирарски. „Секогаш имам елегантен фустан на мене но правам исклучок додека сум доле во школката, имам патики бидејќи не можам да издржам долго време на високи чевли. Чевлите ми стојат од страна и ги облекувам само кога треба да се поклонам“, вели Бисера. Операта „Боеми“ со која одбележува 20 години јубилеј ја одбрала затоа што и била многу драга и голема желба да ја диригира. „Ја поставив на сцената кога јас бев уметнички раководител на опера, меѓутоа тогаш бев со други обврски и не стигнав да ја издиригирав претставата си ветив на себе дека еден ден ќе го направам тоа. И задоволство ми е што тоа е токму сега за 20 години. Од 2018 година не е поставена кај нас на сцена и еве ја после 5 години“, вели Чадловска.   Погледнете го видеото (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Конечно откриено: Еве што првата сопруга на Аркан мисли за Цеца Ражнатовиќ https://arhiva.vistina.com.mk/konechno-otkrieno-eve-shto-prvata-sopruga-na-arkan-misli-za-ceca-raznatovikj/ Fri, 17 Sep 2021 13:15:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219649

Првата сопруга на Жељко Ражнатовиќ, Наталија Мартиновиќ со своите четири деца веќе со години живее во Америка. Долго време се шпекулира за нејзиниот однос со Цеца, а сега конечно е откриено какво мислење има таа за најголемата ѕвезда на овие простори.

Имено, вистината за бракот со Наталија и одлуката за развод, Аркан во една прилика ја изнесе во медиумите.

Иако беа разделени, Наталија после неговото убиство ја посети куќата на бившата свекрва за да оддаде почит.

Наталија отсекогаш била дама, отмена. За Цеца никогаш немаше кажано ништо лошо, а кога во нејзино присуство некој зборуваше за неа таа само кратко одговараше: Таа беше избор на Аркан, тој ја сакаше!“, откри пријател на Наталија и Аркан.

фото: стори архива/инстаграм]]>

Најтешеките и најемотивни моменти во животот на Кристијан Голубовиќ: „Со првата сопруга десет години се обидуваа таа да забремени, му роди син, а потоа почина од карцином“ https://arhiva.vistina.com.mk/najteshekite-i-najemotivni-momenti-vo-zivotot-na-krisitijan-golubovikj-so-prvata-sopruga-deset-godini-se-obiduvaa-taa-da-zabremeni-mu-rodi-sin-a-potoa-pochina-od-karcinom/ Wed, 03 Mar 2021 09:41:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192227

Познато е дека Кристијан Голубовиќ, е оженет со Ивана Вељовиќ со која ја има ќерката Вера, но малкумина знаат дека пред неа, тој бил оженет со Даниела Ѓукиќ, која ќе почине во 2009 година од карцином на дојка. Тој и Даниела се запознале уште додека биле тинејџери, во далечната 1983 годинагодина. Живееле како да биле во брак, иако никогаш не се венчале. И двајцата сакале да се исполнат во улогата на родители, но Даниела не можела да остане бремена. „Тоа беше голема љубов. Борбата за потомство траеше речиси десет години. На крајот отидоа на хормонска терапија и Даниела успеа да забремени. Беа пресреќни. Лазар е роден 1995 година во Грција затоа што  Кристијан и Даниела тогаш таму живееја“ - открил некогашниот пријател на Голубовиќ и додал дека Кики секогаш била во контакт со Даниела, особено кога се борела со злобната болест. „Кога дозна дека има рак на дојка, му се јави и побара прошка за сите грди работи. Имено, таа му забранила да го гледа синот седум години и  потоа го молела да и прости. Кристијан тешко го погоди  веста за нејзината болест. Тој и прости и се обиде на секој начин да и помогне. Иако во тоа време беше оженет со Сузана Милојковиќ, тој одеше со Даниел на прегледи и терапии. За жал, Даниела почина во 2009 година и тоа беше еден од најтешките моменти во животот на Кристијан. Особено затоа што Лазар порасна без него, а остана без мајка на само 14 години“ - раскажува изворот. Фото: Инстаграм принтскрин/kristijan.krile_official]]>

Валентина Велковска-Трајановска е прва жена композитор на чело на СОКОМ https://arhiva.vistina.com.mk/valentina-velkovska-trajanovska-e-prva-zena-kompozitor-na-chelo-na-sokom/ Mon, 22 Feb 2021 14:14:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190900

Композиторот и проф. д-р Валентина Велковска-Трајановска е избрана за претседател на Сојузот на композитори на Македонија (СОКОМ) на Изборно собрание  што се одржа на 13.02.2021 за следниот мандат од две години. Со изборот таа воедно станува и првата жена композитор која застанува на чело на оваа институција во нејзиното повеќедецениско постоење. За Велковска -Трајановска тоа претставува огромна чест, но и предизвик да се раководи со СОКОМ.
– Огромен е предизвикот да се застане на чело на здружение што постои и делува повеќе од 75 години, каде како претседатели се вброиле најзначајните имиња од македонската музичка историја, а воедно и првата претседателка композитор. Одговорноста кон колегите композитори, музиколози и севкупно нашите професии е, исто така, огромна, особено поради тоа што живееме во времиња кога се подзаборава на стручноста и знаењето кое нѐ издвојува и обединува. Посебно сум благодарна што мојата предлог-програма за претседател и мојот избор го потврдија поголемиот дел од нашето членство, што ми влева надеж за подобри времиња и наша целосна соработка – истакна новата претседателка на СОКОМ за „Културен печат“.
Плановите за понатамошната работа на СОКОМ таа ги доставила при постапката за нејзин избор во форма на предлог-програма, која ги детализира идните насоки на работење на композиторското здружение.
– Има неколку горливи прашања што би морале да ги решиме, а што зависат од нашата соработка со надлежното министерство, останатите институции и севкупно останатите чинители на музичкото живеење на домашен и на меѓународен план. Живеењето во, за и од културата веќе подолго време за сите го помина и работ на можно опстојување, поради што мора да се изнајдат начини што би го помогнале опстанокот на нашите дејности – потенцира Валентина Велковска-Трајановска. Новото Претседателство на СОКОМ го сочинуваат композиторите проф. Живојин Глишиќ, проф. м-р Јана Андреевска, проф. д-р Горан Начевски и м-р Борис Светиев, како и музиколозите проф. д-р Стефанија Лешкова Зеленковска и д-р Мирјана Павловска Шулајковска. За Претседател на Собранието на СОКОМ е реизбран проф. д-р Јане Коџабашија.
]]>

Тој му е вкусот: Јована сите ја знаете, а знаете ли како сега изгледа првата жена на Жељко Јоксимовиќ? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/toj-mu-e-vkusot-jovana-site-ja-znaete-a-znaete-li-kako-sega-izgleda-prvata-zena-na-zeljko-joksimovikj-foto/ Sun, 01 Nov 2020 08:14:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=62077

Мина Јоксимовиќ е ќерка од првиот брак на еден од најпопуларните пејачи во регионот,  Жељко Јоксимовиќ.
Таа наследила извонреден талент за музика од нејзиниот татко, кој допрва треба да го потврди и докаже, иако за тоа има се' уште време.
Мина често објавува фотографии со татко и,  а ретко кога објавува понекоја фотографија и со својата мајка Весна, првата сопруга на Јоксимовиќ.
Бидејќи нејзината мајка не сака да биде експонирана во медиумите, Мина ретко ги постира заедничките фотографии со мама Весна.
Така, на Инстаграм профилот на Мина, може да се најдат  само едвај една - две фотографии на нејзината мајка. Ова е една од ретките, која ако подобро ја загледате и проанализирате, можеби и ќе излезе точно она што го има во насловот на една од песните на Јоксимовиќ: „Има нешто у том што ме нечеш“? 
И веројатно има...  Зашто според цртите, како типови на жени, бившата - Весна и сегашната - Јована, можат да се сместат во ист тип! Впрочем, погледнете ги двете подобро и ќе забележите дека на пејачот - тој му е вкусот... за жени! ]]>

Лепа Брена прозобри за првата сопруга на Боба! https://arhiva.vistina.com.mk/lepa-brena-prozobri-za-prvata-sopruga-na-boba/ Tue, 26 Jun 2018 09:37:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=34560

Во четвртокот, посинокот на Лепа Брена, Филип Живојиновиќ се ожени со познатата пејачка Александра Пријовиќ. Нивната свадба многумина ја нарекоа „свадба на деценија“. За целата организација беше задолжен татко на Филип, Боба Живојиновиќ. Гости на свадбата имаше од цел свет, многу јавни личности, а присутна беше и првата жена на Боба, мајката на Филип Живојиновиќ.
Лепа Брена истакна дека е горда на свадбата и на целата организација, но и дека е среќна кога ќе види како младите се забавуваат.
Брена изјави дека заедно со првата жена на нејзиниот сопруг Зорица, се трудат се да биде под контрола. „Како и секогаш. Таа и јас надгледуваме цело време се да биде убаво и сите да се во добри односи, изјави фолк дивата.]]>