прва проба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 03 May 2022 13:05:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прва проба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Андреа ја имаше првата проба во Торино (Фото+Видео) https://arhiva.vistina.com.mk/andrea-ja-imashe-prvata-proba-vo-torino-foto-video/ Tue, 03 May 2022 12:59:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=248420

Македонската евровизиска претставничка Андреа ја одржа првата проба за престојната Евровизија во Торино. На првата проба Андреа е сама на сцената, облечена од глава до петици во црно. LED екраните зад неа покажуваат пулсирачка графика, која е едноставна, но ефикасна. Осветлувањето се користи за драматизирање на нејзината изведба, која Eurovision.tv ја опишува како „влијателна“. Таа, исто така, ги користи мостовите над водните каскади како екрани за графички ефекти што е само втор пат да ги видиме како користат на овој начин досега, Молдавија беше прва. Тоа е навистина впечатливо, а постановката дефинитивно му дава простор на моќниот глас на Андреа да блесне. Евровизиските критичари и новинарите ќе имаат можност да ја следат втората проба на сите изведувачи па тогаш се очекуваат и првите коментари за настапот на Андреа. Инаку, пред испраќањето на македонската делегација и евровизиската претставничка Андреа во Торино,  на 30. април се одржа Евровизиска забава во Нано Бар во скопско Дебар Маало, во организација на евровизискиот фан клуб ОГАЕ Македонија. На забавата во пресрет на евровизискиот натпревар, посетителите  уживааво најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните на досегашните македонски претставници.]]>

Прва проба на Тамара на Евровизија – еве го нејзиниот изглед и сценски настап (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/prva-proba-na-tamara-na-evrovizija-eve-go-nejziniot-izgled-i-scenski-nastap-video/ Wed, 08 May 2019 06:46:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=86499

Пред два дена, Тамара Тодевска и македонската евровизиска делегација пристигнаа во Тел Авив каде Македонија на 16-ти со песната „Proud“ ќе се претстави на големата евровизиска сцена. Подготовките за првата вечер на големиот музички настан се веќе во тек, а меѓу земјите учеснички кои ја имаа првата проба бевме и ние, односно Тамара која блесна во полн сјај со моќниот вокал и доминација во комплетна смисла.
Имено, на социјалните мрежи и интернет каналот Јутјуб веќе се појави видео од првата проба, а од истото ја видовме и креацијата која модниот дизајнер Александар Ношпал ја изработи за неа. Станува збор за едноставна и минималистичка тоалета во зелена нијанса со детали во пределот на деколтето и нагласениот струк.
Како изгледаше Тамара и како звучеше, гледате од видеото во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=uorpKaAQQYI&feature=youtu.be&fbclid=IwAR1AF7VmC7wgT9ViaGQ5d2de32tBqiks-Ngzo-pja0y2498vMjHv0e0EJIo]]>

Ова е првата проба на „Ај кју“ во Лисабон (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-e-prvata-proba-na-aj-kju-vo-lisabon/ Mon, 30 Apr 2018 13:04:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=24244

Делегациите на сите 43 земји што ќе се натпреваруваат на годинашната „Евровизија 2018“ се веќе собрани во Лисабон, каде што од вчера започнаа и првите проби на сцената во арената „Алтис“. После вчерашните десет први полуфиналисти од првата полуфинална вечер, утрово први на сцената се „изгубија и пронајдоа“ токму нашите „Ај кју“, кои конечно ги гледаме во полн состав со тапанарот Иво Митковски и придружните вокали Антонија Гиговска, Дина Јашари и Валери Димовска. Од кусото видео објавено на официјалниот евровизиски канал на Јутјуб можеме да видиме дека „Lost And Found“ ќе биде изведена со богата кореографија, за која се погрижи Јана Андрејевиќ – Лазарева, сето тоа дополнето со живи бои што прилегаат на самата атмосфера на песната. Како главна улога, Марија ќе шета низ сцената и со допир ќе ги „оживува“ останатите членови од бендот, притоа танцувајќи со придружните вокали… https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=epZFvKR0JoA  
Фотографија: Андрес Путинг (eurovision.tv)
 ]]>