прва година – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 04 May 2021 07:33:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прва година – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Игор и Илина ја слават првата годишнина: „Ја гушнав и таа гушка се уште трае“ https://arhiva.vistina.com.mk/igor-i-ilina-ja-slavat-prvata-godishnina-ja-gushnav-i-taa-gushka-se-ushte-trae/ Tue, 04 May 2021 07:33:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201118

Македонскиот шоумен Игор Џамбазов и алпинистката Илина Арсова секојдневно уживаат во својата љубов и заеднички моменти. Откако ја започнаа врска тие секој момент го поминуваат заедно и буквално се наразделни. Неодамна, Игор во интервју за „Еден на еден“, зборуваше за својата сакана, а како што истакна во 2020та година и покрај целата ситуација со коронавирусот него му се случило нешто многу убаво односно љубов. Игор и Илина првпат заедно пред камери зборуваа за нивната љубов: „Оваа година ми го донесе најубавото нешто што можеше да ми се случи“ (видео) – Вистина.мк (vistina.com.mk) Парот не ја крие својата среќа, па често на социјалните мрежи знаат да споделат заеднички фотографии. Тој понекогаш „нежен како девојче“, таа на моменти силна „машкоданка“… Плус и минус, грнче и капаче и… колку и да изгледа спојот – неспоив, очигледно теоријата дека „спротивностите се привлекуваат“ и тоа како важи… А во нивниот случај и функционира! И тоа цела година. Имено, Илина и Игор ја прославија својата прва годишнина. По тој повод, Игор на својот Инстаграм сподели заедничка фотографија, а во описот напиша емотивна порака. „ Лани, на овој ден, после две недели дружење и запознавање, ме врати со колата до Сретеново, ја изгаси машината, се заврте кон мене и ми кажа: "А бе ти, имаш намера да ме гушнеш некогаш?" Излеговме од "Ланусот" и...ја гушнав. Гушката се уште трае...,“, напиша Џамбазов. Објавата за краток период доби повеќе од 11 000 лајкови а нивните пријатели, следбеници ги опсипаа со позитивни коментари и честитки.]]>

Љубовта е тешка: Колку се дебелеат мажите, а колку жените во првата година од врската? https://arhiva.vistina.com.mk/ljubovta-e-teshka-kolku-se-debeleat-mazite-a-kolku-zenite-vo-prvata-godina-od-vrskata/ Wed, 28 Oct 2020 14:30:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=173525

Ново истражување покажува дека луѓето добиваат доста килограми во првата година или две од врската. Еве го објаснувањето и бројот на килограми што можат да се соберат кога ќе се најдеме во сериозна врска. Се чини дека со влегување во сериозна врска, добиваме повеќе од љубовен партнер и пријател – добиваме и нови килограми. Американците дури го измислија терминот „љубовна тежина“, откако истражувањето покажа дека 3 од 4 лица (во САД) додаваат неколку килограми кога ќе стапат во постојана врска. Анкетата е спроведена од компанијата за истражување на пазарот OnePoll на 2.000 луѓе. Просечен учесник во истражувањето добил дури 16 килограми од првиот состанок со нивниот партнер, а само во првата година 7 килограми! Мажите се здебелувале почесто од жените, 70% од нив „пријавиле“ нова тежина во првата година, додека само 45% од жените се здебелиле во истиот период. Зошто е тоа така? Причините за зголемување на бројката на вагата се однесуваат типично за многу нови врски – често паровите се среќаваат надвор, се запознаваат со малку храна, на вечера. 41% од испитаниците изјавиле дека се плашат дека излегувањето замислено околу храната е одговорно за дебелеењето. Следниот виновник е поврзан и со навиките на хранење: повеќе од 30 проценти од паровите рекле дека причината е во готвењето и пиењето заедно дома, како и во нарачката на храна со достава. И изборот на храна? Дел од проблемот е во тоа. Луѓето признаа дека, еднаш во врска, повеќе не чувствуваат притисок да изгледаат одлично, па затоа се релаксираат. Со други зборови, тие не порачуваат салата и чаша вино, туку пица со екстра кашкавал. Заеднички оброк, дома или надвор, е една од најпопуларните активности што ги споделува парот, објасни д-р Алисон Чајлдрес, професор по исхрана на Техничкиот универзитет во Тексас. „Споделувањето оброци ни овозможува да се поврземе уште повеќе. Можеби на тој начин ќе се препуштите на храна што повеќе сакате да ја одбиете или едноставно да јадете повеќе или почесто”. 64% од испитаниците на тој начин признале дека се чувствуваат доволно пријатно и повеќе не треба да обрнуваат внимание на нивниот физички изглед. Интересно, најмладите, оние на возраст од 18 до 24 години, попуштаат најбрзо. Постарите партнери, луѓето на возраст од 45 до 54 години се во врска во просек година и пол сѐ додека не се релаксираат толку многу што повеќе не гледаат што јадат. Бракот исто така придонесува за зголемување на телесната тежина: 57% од луѓето признале дека се здебелиле во првата година од бракот – во просек 7 килограми. Повторно, мажите кои добиваат 10 килограми се во водство, а жените 5,8. Луѓето најмногу се дебелеат во првите пет години, а „виновниците“ се големите барања што доаѓаат во тој период пред паровите: основање семејство, мали деца, работа – тешко е тогаш да се фокусирате на сопственото тело. извор: убавина и здравје ]]>

Секс, пари, семејство: За што најчесто се караат двојките во првата година од бракот? https://arhiva.vistina.com.mk/seks-pari-semejstvo-za-shto-najchesto-se-karaat-dvojkite-vo-prvata-godina-od-brakot/ Wed, 03 Jul 2019 11:50:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=95957

Додека се подготвувате за свадба, бирате венчаница и правите список на гости, брачните расправии не се тема на која помислувате со вашиот избраник. Сите замислуваме идеален, прекрасен живот во кој откако сме го кажале „судбоносното ДА“ нема да има никакви препреки и несогласувања. Реланоста е малку поинаква. Ок, многу поинаква. Заедничкиот живот носи промени и обврски, што со себе носат и расправии. Семејните терапевти и професионалци од советувалишта за двојки ги издвојуваат овие теми на кои двојките најмногу се караат во првата година од бракот. Сексуален живот Можеби си замислувате дека сексуалниот живот значително ќе ви се подобри и ќе зачести сега кога живеете под ист покрив и поминувате повеќе време заедно, но реално, сексот многу често прв „страда“. По свадбата, не е невообичаено сексуалната страст да спласне кај едниот или двајцата партнери, па се јавува незадоволство. Недостигот на секс може да се должи на натрупаните обврски, преокупираноста со други проблеми, но и фактот дека партнерот ви е „достапен“ во секое време и се гледате во секакво светло.
Време е за бебе? Пред да се потпишете во матично, треба да имате разговарано со партнерот дали сакате да имате деца и ако да, кога? Можеби сте разговарале, но не сте прецизирале кога сакате да се случи тоа. Темата за проширување на семејството може да предизвика тензија, особено ако двајцата партнери немаат исти очекувања за тоа кога планираат да се случи тоа. Ако едниот сака да се фокусира на кариерата или смета дека финансиската ситуација не е поволна, за другиот можеби тоа е губење време. Ова е сериозна тема на која мора искрено да разговарате пред да направите каков било чекор. Семејство и пријатели Без разлика дали проблемот е во пријателите кои постојано ви се на гости или неможоста на некој од вас да донесе голема одлука без консултација со родителите, расправиите за пријателите и членовите на семејството се „гарантирани“ во бракот, особено во првата година. Терапевтите затоа советуваат кога се соочувате со вакви проблеми, секогаш да го ставате партнерот на прво место, ако сакате да го зачувате бракот.
Домашни обврски Кавгите за домашните обврски исто така се чести во првата година од бракот. Според истражувањето на Pew Research во 2016 година, 56% од испитаниците во брак сметаат дека поделбата на домашните обврски е важна за успешен брак. Освен ако не сте се договориле поинаку, овие обврски треба да бидат поделени подеднакво – перење, готвење, чистење, плаќање сметки... сега ова се ваши ЗАЕДНИЧКИ обврски. Пари Ова исто така е разговор што треба да го направите уште пред да помислите да живеете заедно или да стапите во брак. Дали секој ќе ја задржи финансиската самостојност, со вложување во заедничките работи и потреби? Дали и двајцата сте вработени? Дали висината на примањата драстично се разликува? Дали живеете во заеднички стан, под кирија, ваш, негов? Разговорот за финансиите е особено важен ако размислувате за проширување на семејството, годишни одмори, купување автомобил или нешто слично. извор: kajgana]]>

Најчестите проблеми во првата година од бракот https://arhiva.vistina.com.mk/najchestite-problemi-vo-prvata-godina-od-brakot/ Fri, 06 Jul 2018 20:15:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=36459

Првата година од бракот е периодот во кој младоженците започнуваат да се соочуваат со реалноста и обврските кои ги носи бракот. Вообичаено во нашата држава младите парови не живеат заедно пред да стапат во брак, па затоа кога ќе станат маж и жена за прв пат се судруваат со проблемите на живеењето под еден покрив. Еве неколку совети за оние, кои штотуку ја крунисале нивната љубов со брак. Дефинирање на улогите во семејството Многу често младоженците не разговараат за секојдневните обврски како плаќањето на сметките, чистењето или купувањето леб и мислат дека тие работи се подразбира кој ќе ги извршува. Така започнуваат баналните караници за тоа зошто нема леб или зошто е исклучен телефонот поради неплатена сметка. Потребно е двајцата да седнете и да си создадете ваши мали правила по кои ќе се раководите. Одлучете кој каква улога ќе има во вашето младо семејство. Парите Парите се многу чувствителна тема и многу често се причина за расправиите во бракот. Потребно е и двата партнери да знаат што е она, на што треба да се трошат парите. Ако не ги дефинирате вашите цели, најверојатно ќе се соочите со проблемот на невнимателно потрошени пари. Во таков случај партнерите се обвинуваат еден со друг за финансиските проблеми. За да не биде тоа и ваше секојдневие, дефинирајте ги приоритетите во вашето семејство и насочувајте ги финансиите кон нив. Родителите На вашите родители сигурно им е многу потешко да се разделат со вас, отколку што ви е вам. Но, сега кога вие оформувате семејство, потребно е со вашиот партнер да дефинирате до каква граница ќе дозволите родителите да бидат дел од вашиот живот. Не дозволувајте нивната прекумерна вмешаност да биде причина за проблеми и расправии. Себичност Кога стапивте во брак, вие се согласивте да оформите семејство, а во едно семејство нема место за себичност. Ако претходно сите пари ги трошевте за скапа облека и шминка, сега треба да размислите дали ќе продолжите да го правите тоа. Не треба секогаш да ги ставате вашите потреби на прво место. Времето кое сте го поминувале по продавници, сега треба да го скратите и да му го посветите на вашиот сопруг. Интимноста е премногу важна за да ја игнорирате. Истото важи и за вашиот партнер. Се разбира, комуникацијата повторно е клучот.]]>