прв ријалити победник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 31 May 2023 09:57:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прв ријалити победник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Згасна животот на првиот македонски ријалити победник: Почина Драги – „Шпага“ https://arhiva.vistina.com.mk/zgasna-zhivotot-na-prviot-makedonski-rijaliti-pobednik-pochina-dragi-shpaga/ Wed, 31 May 2023 09:11:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304348

Замина уште еден урбан градски скопски лик. Драги Христов кого сите го познаваа по прекарот Драги - „Шпага“, почина на 52 годишна возраст по кусо и тешко боледување, откако му беше констатиран карцином на белите дробови. Скопјени и скопската урбана градска шема го памети со години наназад уште од средината на деведесеттите години, од ноќните излегувања по култните места во македонската престолнина. Беше запаметен по неговата луцидност заедно со неговиот тогашен другар Дејан Органџиев, кои знаеа необично и екстравагантно да се облекуваат во светкави костуми или оние со животински принт и да носат различни перики, отскокнувајќи од масата со изглед налик на ликови од некој првоаприлски маскенбал. Пошироката македонска јавност сепак го запозна во 2004 година по учеството во едно од првите реални шоуа во Македонија, кога имаше обид самостојно да создаде ријалити од овој тип. Реалното шоу се викаше „Тоа сум јас“, а се снимаше во куќа во Скопје и беше сличен формат на „Големиот брат“. Шоуто се прикажуваше на МТВ, а подоцна имаше обиди за негови варијации на други телевизии. Драги - Шпага беше токму победникот во првата сезона на ова реално шоу, а како награда тогаш доби автомобил „Шевролет - Матиз“. Годините подоцна станува лик за кој ќе зборува целата македонска јавност , но и регионот откако во продукција на најпознатиот македонски секс шоп, ќе биде главниот машки „актерски“ лик во филмската порно комедија: „Жена ми Мира пак масту*бира“, филм за возрасни кој ќе биде издаден и на видеокасета односно ДВД формат. Оттогаш натаму Драги Шпага ќе го добие епитетот „порно актер“ иако потоа никогаш повеќе нема да ја повтори ваквата улога. Потоа ќе се повлече, а во јавноста одново неговото име ќе одекне по појавата во камп - шаторите пред македонската влада, за време на таканаречената „Шарена револуција“ со чија помош СДС дојде на власт. Неговата фотографија гушнат со тогашната потпретседателка на „комуњарите“, Радмила Шеќеринска беше хит на сите насловници на македонските медиуми, а истата ја пренесоа и повеќето во регионот. Короната ќе биде следната неволја со која Драги Христов - „Шпага“ ќе се соочи, а инфекцијата со заразната болест едвај ќе ја преживее. Во полусвесна состојба, па во кома дваесет часа, со тешка пневмонија и внатрешно крварење во желудникот од кое  изгубил многу крв, шансите да преживее му  биле едвај 20%.  Матичниот лекар подоцна му рекол дека бил случај  за во учебниците... за енциклопедија. За жал, дали како поседица на короната и тешките диети, на Шпага ќе му откажат бубрезите... Последните години остануваат надвор од нивната функција, па тој ќе стане еден од оние пациенти кои ќе мораат два до три пати во неделата да одат на дијализа. Според кажувањата на блиските пријатели, неодамна токму при една од дијализите на Шпага му се слошило, по што му биле направени итни детални прегледи, по кои за жал било констатирано нешто, за што самиот ниту знаел, ниту чувствувал некакви симптоми - карцином на белите дробови во поодмината фаза со метастази. По кусото и тешко боледување опаката болест го зема својот данок и Драги Христив - „Шпага“ починал. Погребот бил извршен вчера, на 30 мај 2023 година, во попладневните часови во кругот на најблиските пријатели и потесното семејство. Фото: Фејсбук принтскрин/Dragi Hristov Spaga]]>