прв пат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 03 Jan 2024 12:01:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прв пат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Среќа во домот на Марија Шерифовиќ: Дедо Рајко го запозна внукот и му донесе вреден подарок https://arhiva.vistina.com.mk/sreka-vo-domot-na-marija-sherifovik-dedo-rajko-go-zapozna-vnukot-i-mu-donese-vreden-podarok/ Wed, 03 Jan 2024 12:01:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333546

Додека мајката на пејачката Верица се вселила кај ќерката за да и биде достапна за помошта со момчето, кај малечката дошол и гордиот дедо Рајко Шерифовиќ. - Таткото на Марија Шерифовиќ дошол во Белград да го види својот внук. На среќата на Рајко и нема крај, бидејќи доби наследник. Секогаш фантазираше за тоа. Трогателна беше средбата меѓу дедото и наследникот. А Рајко и приредил посебен подарок за наследникот - раскажал изворот за Блиц.рс Инаку, првите впечатоци по раѓањето на малечката ги споделил и Рајко Шерифовиќ. - Ова е најсреќниот ден на нашето семејство. Не можам да опишам колку сум среќен што станав дедо – рекол тогаш гордиот дедо. Да потсетиме, детето се роди на почетокот на декември во клиника во Лос Анџелес, а Марија присуствуваше на породувањето. Пејачката со мајка си Верица Шерифовиќ кон средината на ноември отпатува во Америка за да биде со сурогат мајка за време на подготовките за породувањето. Бидејќи Америка е најнапредната земја во однос на комплетната процедура за сурогат мајчинство - од грижата за жените сурогат мајки, до целосната правна и психолошка логистика, кои се многу предизвикувачки и многу важни, Шерифовиќ решила да го роди своето дете таму. во светот. Фото: Printskrin/Instagram/serifovic]]>

„Кога влезе, останав без текст“: Гоца Тржан искрено проговори за првата средба со Драгана Мирковиќ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/koga-vleze-ostanav-bez-tekst-gotsa-trzhan-iskreno-progovori-za-prvata-sredba-so-dragana-mirkovik-foto/ Tue, 28 Nov 2023 11:26:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328901

Малкумина знаат дека Гоца Тржан била една од соработниците на Драгана Мирковиќ уште кога била анонимна, уште пред групата „Тап 011“. Тогаш таа се занимаваше со пеење, но немаше поим дека ќе добие повиќ да пее придружен вокал за Мирковиќ. - Јас всушност тогаш пеев, имав свој бенд. Пеев во разни претстави. Драгана тогаш навистина снимаше песни кои беа многу различни, беа многу тренди и во тој момент ме повика Срѓан Моби да дојдам во студио. Бидејќи правеше придружни вокали, снимаше, па да дојдам во студиото Пинк, бидејќи му отпеав неколку придружни вокали  за песна за фестивалот Буда. Така дојдов во студиото Пинк и она што навистина ме импресионираше беше кога Драгана влезе во студиото. Беше облечена како мало девојче. Се сеќавам на начинот на кој беше облечена, врзана коса, беше девојче, беше само пријатна, нормална и толку насмеана, опуштена - изјави пејачката и потоа додала: - Дури подоцна кога станав популарна и кога почнав да ги запознавам сите луѓе што ги познавам преку ТВ, сфатив дека сите големи ѕвезди се крајно нормални луѓе. Исклучително пријатни и добро воспитани. Дека само луѓето кои не се сигурни во себе, имаат проблем со својата кариера и безбедност, тие прават нешто околу тоа. Луѓе кои се навистина големи ѕвезди, немате проблем со нив.   Фото: Принтскрин//Instagram/gocatrzan/dragana_mirkovic]]>

Македонските гимнастичарки Илина и Ева Соколовски за прв пат под македонско знаме на балкански натпревар во Будва https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-gimnasticharki-ilina-i-eva-sokolovski-za-prv-pat-pod-makedonsko-zname-na-balkanski-natprevar-vo-budva/ Wed, 20 Sep 2023 10:13:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318832

Илина и Ева Соколовски за прв пат ја претставуваа Македонија на првиот Балкански натпревар во ритмичка гимнастика, која викендов се одржа во Будва, во организација на црногорската федерација за гимнастка. Иако,  живеат во Германија каде редат успеси, овде не успеаја да се закитат со медали, среќни се што достојно ја претставиле Македонија и имаат само пофални зборови за пречекот и организацијата. За пречекот и организацијата едно големо браво. Јас и Ева ја знаевме конкуренцијата пред време, знаевме дека најголем успех ќе имаат Романија и Бугарија, бидејќи нивните натпреварувачки се неколкукратни светски и европски прваци во гимнастика. Освен тоа настапија со неколку тима и минимум од 15- 20 свои гимнастичарки, вели Илина и додава: – За нас ова беше нешто ново, прв ваков голем натпревар под знамето на Македонија и  морам да нагласам дека за овој настап најзаслужен е претседателот на Федерацијата за гимнастика, Љупчо Арнаудов. Тој ги среди сите работи за јас и Ева прв пат да можеме да настапиме, иако во нашата држава не постои овој спорт,  нема државни натпреварувања. Арнаудов ни беше ветерот во грб, не бодреше од трибините, вели Илина. Ева си ги мереше силите со 15- 16 годишните натпреварувчки, таа беше најмалата натпреварувачка на турнирот и единствена што настапи со четири кореографи,  како и јас – топка, чуневи, лента и хулохоп. И двете не сме задоволни од резултатот кој го направивме, Ева во јуниорска категорија, јас во сениорска конкуренција, но свесни сме,  знаеме колку заслужуваме, а и добро ја познаваме конкуренцијата, додава Илина. За жал, судите од натпреварот направија Евровизија, мислам ќе разберете што сакаме да кажеме. Но, здравје и тоа го има во спортот.  Наше е да работиме и да ја преставуваме нашата татковина на највисоко ниво, но мораме и самите да признаеме дека можностите и капацитетот на нашата Федерација е толкав, немаме други натпреварувачки што би помогнале дури ни судии немаме на записничка маса, но се надеваме дека државата ќе и помогне на Федерацијата за да бидеме побројни натпреварувачки и со наши судии, кои ќе ни помагат во делењето на поени од записничките маси. И покрај сите недостатоци, сепак, уште еднаш можеме да кажеме големо благодарам на нашата Федерација за се, вели Илина.]]>

Марија Петровска е бремена: Некогашната новинарка и водителка на „Бекстејџ“ за прв пат ќе стане мајка (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-petrovska-e-bremena-nekogashnata-novinarka-i-voditelka-na-bekstejdz-za-prv-pat-kje-stane-majka-foto/ Fri, 11 Nov 2022 11:08:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275415

Деновиве најгледаниот и најпопуларен естраден ТВ магазин – „Бекстејџ“ со гламурозна прослава го одбележа своето 15-годишно постоење. Низ тимот кој ги создава и презентира естрадните „приказни од зад сцената“, за неговата деценија и пол постоење минале многу постави.   Една од оние која најмногу се памети е секако онаа првата, која го кршеше мразот и пробиваше патото кон успехот на „магазинот од зад сцената“ кој треа цела деценија и пол. Во неа една половина од ударниот новинарско-репортерски и водителски тандем беше Марија Петровска. Таа за жал на прославата не се појави од многу оправдани причини, зашто некогаш многу популарната Маца веќе со години не живее во Македонија. Но, затоа она што се појави како фотографија која осамна на нејзиниот Инстаграм покажа нешто што израдува многумина кои ја познаваат. Зашто некогашната „Бекстејџ“ новинарка и водителка објави фотографија кој покажува дека е бремена. Марија споделила фотографија на која е во женско друштво, а на истата иако е во црно долг фустан, убаво се гледа баеги нараснатото трудничко стомаче на македонската убавица со словенечка адреса на живеење. Имено, Марија сега живее во Словенија, на релација Марибор-Цеље и се занимава со маркетинг, адвертајзинг и ПР. Љубовта и животните околности ја однесоа во некогашна најсеверна ЈУ република, каде живее со својот избраник, Михаел Сказа. По неколку години заедничко живеење, Маца обзнани дека е бремена. Според фотографиите, некаде е во фаза на нешто повеќе од половина од бременоста, но полот на бебето, ниту пак потенцијалното име се уште не го соопштила. Не барем јавно, освен, можеби на потесниот семеен круг и најблиските роднини. Во Македонија не доаѓа пречесто, иако татковината не ја заборавила. Посетите најчесто се или за божиќните празници или на лето, кога ги посетува родното Тетово и семејството, но не ги заборава ниту старите другари и најблиските пријатели. Особено не оние, со кои со години соработуваше во екипата на „ТВ магазинот од зад сцената“, како и Македонскиот радиски фестивал „МАРС“ на кој Маца беше во неколку наврати водителка, па дури и специјално доаѓаше од Словенија за како главен домаќин на вечерта, да застане на сцената. Како и во најдобрите денови, кога шармантната тетовка беше дамата која ги газеше и плочниците на македонските кафулиња и подиумите на ноќните клубови и ледината на најголемите музички фестивали како „Зигет“ во Будимпешта или калдрмата на Петроварадинската тврдина на „Егзит“ во Нови Сад и црвениот ќилим на Манаки“ во Битола или оној на  „Филмскиот фестивал“ во Кан... Едноставно Маца секојдневно ја имаше насекаде, а најмногу на ТВ екраните во секое ново издание на „Бекстејџ“, само од различна локација, случка, настан, концерт, манифестација, фестивал...  и со различни соговорници. Сега Маца е пред нов животен предизвик да стане мајка, да се оствари себеси за прв пат како родител... Како круна во животот исполнет со успешна професионална кариера! Зашто да си познат, популарен, славен, да те има секој ден на телевизија, сите да те познаваат, навистина годи... Но, да си родител, особено мајка и тоа за прв пат, е единственото чувство, кое ништо не може да го замени! Впрочем, не попусто се вели: „Една е мајка“! Фото: Инстаграм принтскрин/marija_petrovska  ]]>

Тој го откри Владо Георгиев: Беше голема ѕвезда, го најдоа мртов во неговиот стан, пред чија врата и денес стои неговиот спакуван куфер по кој никој не дошол! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/toj-go-otkrti-vlado-georgiev-beshe-golema-dzvezda-go-najdoa-mrtov-vo-negoviot-stan-pred-chija-vrata-i-denes-stoi-negoviot-spakuvan-kufer-po-koj-nikoj-ne-doshol-foto-video/ Sat, 19 Mar 2022 08:40:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=243604

Целиот регион се потресе кога слушна дека тој починал! Сè уште многумина ги пеат неговите хитови, а тој се беше на прагот да стане најголема ѕвезда, но наеднаш  се' тргна наопаку. Пејачот Роѓа Раичевиќ беше голема музичка ѕвезда во 1990-тите. Тој почина пред нешто повеќе од 20 години, а неговата смрт се' уште е обвиткана со велот на мистерија. Имено, Роѓа починал на 7 октомври 2001 година, на 45-годишна возраст, во својот стан во Белград. Иако тоа никогаш официјално не било потврдено, се зборувало дека починал од предозирање со кокаин. Приказната која кружи со години, а е поврзана со смртта на пејачот, е дека станарите од зградата во која почина Роѓа велат дека неговиот куфер и денес стои на четврти кат, по кој никој не дошол, а не го ни допрел го или го отворил. „Тој куфер стои таму со години. Велат дека е на покојниот Роѓа. Сè уште никој не дошол по него, а ние не го допираме“ - изјави во една прилика за медиумите сосед на покојниот пејач. Роѓа Раичевиќ за кратко време стана ѕвезда низ целиот Балкан. Во 1997 година го издава својот втор албум на кој се вклучени хитовите „Во земја би пропаднал од срам“, „Заљубен сум во тебе“, како и песната „Драга“ која ја сними со тогашниот сè уште непознат музичар Владо Георгиев. На социјалните мрежи сега се појави и видео од нивното заедничко, но и прво појавување на Владо Георгиев телевизија. Тогаш мегапопуларниот пејач Роѓа Раичевиќ за прв пат ја носи идната ѕвезда на телевизија. Неговото име е Владо Георгиев“ - се вели во описот видеото. Снимката која многумина наежи е направена, како што пишува, во декември 1996 година, а на неа пеат Владо и Роѓа во дует со клавирска пратња.
@spicy_history #vladogeorgijev #domacamuzika #balkan #balkanmusic #rodjaraicevic #muzika #beograd #srbija #crnagora #hercegnovi ♬ original sound - Pripovedač / Storyteller
]]>

На Василица, пејачот Александар Белов стана татко: „То благодарам Боже што ни дозволи да станеме родители“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-vasilica-pejachot-aleksandar-belov-stana-tatko-to-blagodaram-boze-shto-ni-dozvoli-da-staneme-roditeli-foto/ Fri, 14 Jan 2022 07:42:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234844

Македонскиот пејач кој од нигде-никаде своевремено стана ѕвезда преку учеството во регионалното  музичко талент шоу „Операција триумф“, а вчера, на 13.01.2022 год. на Василица или Стара нова година, додека на многумина кои кршеа лепче им падна паричката, анему му се оствари еден голем животен сон. Имено, Александар Белов за прв пат стана татко, па успешната „операција од својот животен триумф“ ја обзнани на социјалните мрежи. Тој и неговата сопруга Јелена за прв пат се остварија како родители, откако таа на свет донесе здраво женско дете, а девојчето го доби името Мина. „13.01.2022 Ти благодариме Боже што ни дозволи да станеме родители ... @ jelena.belov ти благодарам што ни ја донесе нашата нова заедничка љубов ... Се роди Мина Белов!“ - напиша во описот покрај фотографијата на која пејачот е на една од ретките фотографии на кои е сликан со неговата бремена сопруга, која долго ја криеше бременооста барем од македонската јавност, зашто откако се ожени и пресели да живее во Србија, за Белов многу малку се слуша кај нас. Имено, Александар и неговата сопруга Јелена Станковиќ останаа да живеат во Крагуевац, а пејачот лани откри како го минува времето дома, за време на карантинот во време на најжестоките налети на коронапндемијата. „Во ова вонредна состојба, која непланирано нѐ снајде, друга опција освен да седиме по дома немаме. Сите мораме да се чуваме за да ја победиме оваа борба со невидливиот непријател. Битно е да сме сите добро. Слободното време сега е во изобилие па го користам да слушам музика, да гледам филмови и да играм плестејшн и некако поминува времето“ - изјави тогаш белов за македонските медиуми, но очигледно, за среќа и радост негова, на неговата сопруга, но и на двете фамилии, очигледно се работело и на нешто друго. На проширување на семејството, кое сега брои уште еден нов член, нивната нова љубов, малечката принцеза Мина. Нека им е со среќа доаѓањето на свет на ќеркичката, да биде жива и здрава, среќна и успешна како тато... и мама! Фото: Инстаграм принтскрин/aleksandarbelov]]>

Пејачката Мартина Парапулова за прв пат јавно прозборе за убиството на нејзиниот сопруг: „Ќерка ми се’ уште мисли дека татко и е жив“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-martina-parapulova-za-prv-pat-javno-prozbore-za-ubistvoto-na-nejziniot-soprug-kjerka-mi-se-ushte-misli-deka-tatko-i-e-ziv-video/ Wed, 15 Sep 2021 06:49:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219119

Некогашната македонска поп пејачка Мартина Димовска, сега Парапулова  во 2015 година, како што објавија тогаш медиумите, се омажи за „бизнисменот“ Антонио Парапулов, кој беше повозрасен од неа. На нивната љубов и бракот се противеше нејзиното семејство. Сепак, Мартина во медиумите и на социјалните мрежи изјавуваше дека е пресреќна, особено откако остана бремена, а подоцна и ја роди ќеркичката Антонија. Без оглед на тоа што во почетокот не им беше право, сепак нејзините најблиски ја прифатија одлуката на нивната ќерка и внука, по што изгледаше дека на среќата на Мартина и нема крај. За жал, се’ до кобната ноќ во последните денови на септември 2018 година кога нејзиниот сопруг Антонио Парапулов беше еден од убиените во возилото Сеат Алтеа, кое беше изрешетано со истрели од автоматско оружје, од до ден-денес за јавноста „непознати сторители“ од друго возило во движење. Инцидент со смртни последици кој се случи во стилот на најсуровите „гангстерско-мафијашки“ пресметки. Јавноста тогаш, а и се’ уште шпекулира дека е во прашање физичка ликвидација заради неразјаснети околности, како последица на пресметки во скопското криминално подземје, што ги отвори сомнежите и за „другото лице“ на сопругот на пејачката. Но, како и да е нејзиниот Тозо, како што го нарекуваше, беше нејзината љубов, животен сопатник и татко на нејзината ќеркичка која го доби истото име – Антонија. По трагичната загуба, Мартина очигледно долго не можеше да се соземе и да излезе од шокот, а својата болка, тага и очај таа се обидуваше одвреме-навреме да ги ублажи споделувајќи ги во своите статуси на социјалните мрежи со јавноста. Се' до сега, кога Мартина реши да  собере храброст и да проговори за прв пат пред камери. Екслузивно за најгледаниот естраден магазин „Бекстејџ“, за да ја раскаже својата приказна, својата вистина контра сите приказни, муабети, написи, објави... што се плетеа „зад сцената“. [embed]https://www.youtube.com/watch?v=7jvITZgO2HM[/embed]      ]]>

Кајли Миног ќе се мажи: Пејачката на 52 години за прв пат ќе биде невеста (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kajli-minog-kje-se-mazi-pejachkata-na-52-godini-za-prv-pat-kje-bide-nevesta-foto/ Mon, 08 Feb 2021 12:30:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188692

Кајли Миног, 52-годишна австралиска поп-sвезда, ќе се венчаза прв пат, пренесува The Mirror. Изборот на сексапилното мињонче е 46-годишниот Пол Соломонс, креативен директор на британското издание на списанието GQ. Веста ја потврди маќеата на Соломонс, која пред новинарите изјави: „Многу сме возбудени за претстојниот настан. Пол неодамна ни раскажа за сето ова. Кајли и јас сме исклучително среќни. Нема да кажам ништо повеќе, бидејќи му ветив на Пол дека ќе останам дискретна. И, премногу го сакам за да не го одржам зборот“. Двојката започнала да се подготвува за венчавката, но местото и времето на радосниот настан засега го чуваат во тајност. Претставниците за односи со јавоноста на пејачката сè уште немаат коментар. После низа несреќни љубовни врски, вклучително и онаа со пејачот Џејсон Донован и трагично починатиот пејач Мајкл Хачинс, Кајли беше во долга романтична врска со актерот Џошуа Сас и двајцата требаше да се венчаат во 2016 година. Сепак, откако се откри дека ја изневерил,  свршувачката беше растурена.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Kylie Minogue (@kylieminogue)

Пејачката започна да се забавува со Пол Соломонс во 2018 година. Двајцата се запознаа преку заеднички пријатели. Кога започна да излегува со Пол во 2018 година, Миног се предомисли во врска со бракот. Откако се раздели со нејзиниот вереник Џошуа Сас, пејачката рече дека бракот дефинитивно не е за неа. По состанокот со Пол, таа искоментира: „Можеби е, може и да не е“. Минатата година, популарната пејачка изјави за нејзината врска: „Сретнав човек со кој се чувствувам добро“. Фото: Инстаграм принтскрин/kylieminogue]]>