прв албум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 05 Dec 2022 10:57:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прв албум – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Овој хит сите го знаете и пеете со години, а „Бора – Чорба“ го напишал за пет минути во кафеана (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/ovoj-hit-site-go-znaete-i-peete-so-godini-a-bora-chorba-go-napishal-za-pet-minuti-vo-kafeana-foto/ Mon, 05 Dec 2022 10:56:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=278664

Членот на познатиот рок бенд „Генерација 5“, Драгољуб Илиќ Илке во една емисија откри многу интересен податок за една од најпопуларните песни на сите времиња. Имено, тој зборуваше за тоа како настанал големиот хит на овој бенд „Долазим за 5 минути“. „Генерација 5“ го заврши својот прв албум. Сите песни се таму. Сè е подготвено. Годината е 1979. Ни недостига една песна, за која текстот го вети Бора Ѓорѓевиќ. Ние се држиме до тоа ветување како пијан за шише, а Бора во тоа време веќе беше во војска во Босна - рече Илке и додаде: Ги праќаме нашите „емисари“ да го извадат од војска. Одат, го наоѓаат Бора и одат во кафаната, како што велат, малку ги натопи усните. Бора прашува: Па, добро што ви треба? А тие му велат, ни го вети текстот. Бора вели, ти само кажи што сакаш, сакаш ли љубовна песна? На салфетка за 5 минути напиша „Доаѓам за 5 минути“. Таа салфетка пристигна во Белград, а бидејќи вечерта имавме закажано снимање, јас ја искомпонирав  таа песна за 5 минути и ја пуштивме и ја снимивме вечерта. Песната станува најголемиот хит на плочата, па и пошироко - изјави член на легендарниот бенд. Фото:Принтскрин/Инстаграм]]>

„Брука“ го промовираат првиот албум „До преѓе“ https://arhiva.vistina.com.mk/bruka-go-promoviraat-prviot-album-do-pregje/ Fri, 14 Dec 2018 09:11:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=63076

Конечно по долги 4 години од започнување на нивната авантура наречена „Брука“, со радост и гордост ве известуваат дека на 18.12.2018, Вторник со почеток од 19:30 ќе се случи слушачка промоција на првиот албум на бендот, насловен како првиот сингл и голем хит “До преѓе”. Во центарот на градот, во добро познатиот Џус Бар *(Juice Bar) на улица Ленинова, ќе имате можност да го слушнете 33 минутниот деби албум со 10 композиции, како и да го купите Цд-то по промотивна цена.
Албумот е сниман во студиото Алшар на Ивица Јанкуловски – Штраф, кој се потпишува како Продуцент, како и микс и мастер на композициите. Алшар започнува и со издавачка дејност па природно ова издание е 001 во многуте изданија кои следат во 2019.
Музиката е на јадрото на бендот : Дарко Масларковски(вокал), Жарко Масларковски (вокал), Љубиша Симоновски (тапани), Александар Савовски (гитара), Валентин Видовиќ (алт и тенор сакс), Зоран Велковски (бас гитара). Аранжманите се на бендот, додека текстови потпишуваат Дарко и Жарко. Во албумот ќе слушнете весели мелодии, реге грув, хумористични и саркастични лирики со широка тематика која го опишува и исмева животот и ситуации типични за Македонија.
Во снимањето на албумот освен јадрото учество земаа и: Антонио Насевски (Канон, Црногорска филхармонија) - клавијатури, Димитрија Митровски (Пука Козметика) - диџеј, Маријан Петровски (Стил Темпл) на бас гитара, Бранко Илиевски (Суперхикс, Македонска филхармонија) на тромбон, Александар Илиевски – Шајо (Конкверинг Лајон, Градски оркерстар) на труба, Арсо Јаневски – Раста (Тумбао Салас Бенд) на перкусии.
Наскоро треба да излезе и третиот видео запис за песната “Кривина”, а бендот се надева дека својот прв самостоен концерт ќе го има негде на пролет 2019 година. Брука досега има свирено на многу познати и признати фестивали, манифестации и забави, а би ги издвоиле: Пиволенд, Демофест – Бања Лука, Д Фестивал, МАН- македонски алтернативни награди, Боб Марли Б-ДЕЈ, Плоштад Прилеп (новогодишна забава), Лузер фест и многу други.
„Во гаража веќе се работи на следниот албум за кој се надеваме да не чекаме повторно 4 години и да илзеле во 2019 година“ - велат членовите на бендот канејќи ве на претстојната промоција.]]>