прстот в уста – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 12 Sep 2018 13:24:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прстот в уста – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Со прстот в уста! https://arhiva.vistina.com.mk/so-prstot-v-usta/ Wed, 12 Sep 2018 08:47:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=47511

30 септември полека се ближи. Доаѓа денот „Д“ , судниот ден за Македонија, денот на одлука за македонскиот народ, за хамлетовската разрешница: „Да се биде или не“? СДС наголемо тера кампања - „ЗА“ референдум! Од неубедливи говори, до ступидни билборди, секојдневно фрчат пароли и повици да се излезе и гласа -  за! Како оној последниот, дека по успешен Референдум низ цела Европа ќе сме се лечеле гратис!? Тој што го смислил гарантирано не бил ни до Халкидики на одмор, а камо ли подалеку? Во Европа и да кивнеш на улица ќе ти наплатат под изговор дека ја загадуваш околината, шириш бацили и си потенцијален извор на зараза, а не да ти дозволат бесплатно лечење! Дефинитивно, оној што го смислил ова е  ЗА... И „ЗА“ референдум и ЗА...  „лечење“!
Агитаторите на владината референдумска кампања почнаа и по  куќи и станови да одат,  од врата на врата... Таканаречените „невладини“ со кесенца в рака, а во нив памфлет, пенкалце и запакла со парола и повик - гласај ЗА! Бетер од изборна кампања! Таму барем знаеш чии ти тропнале на порта! Овие „се фолираат“ дека се самосвесни, самоорганизирани, со самоиницијатива за пропагирање... „невладини“?! И мислат дека некој уште им верува во она, за што се претставуваат?
Премиерот пак, сакајќи да поентира, „да даде гол“, секој ден си дава по некој „автогол“!  При еден од последните говори „големиот оратор“ признава дека е неспособен и нема работни манири, па му треба некој со камшик да виси над него и да му кажува што треба, а што не треба да прави? Тоа ли е капацитет самостојно да се управува и води суверена држава? https://www.youtube.com/watch?time_continue=1&v=VXBsFcjkn1E И опозицијата конечно го објави својот став. Секој граѓанин на 30 септември да си одлучи самиот како ќе се однесува. Ќе излезе или не, и ако излезе, како ќе гласа! Избор по сопствено убедување. Секој паметен ќе сфати што сакале да кажат. Пораката е испратена... меѓу редови!
Јасно е дека притисокот е голем, пресијата неподнослива, а подготвени се и алтернативните методи власта да си го протурка она што го наумила со сесрдна поддршка на оние од ЕУ и НАТО, ако не преку референдум, тогаш инстутиционално. На власта нема да и биде сеедно ако референдумот пропадне, ама со тоа не планираат да им пропадне и договорот со Грција. Ќе си го протуркаат на „мала врата“, како што го протуркаа парламентот, спикерот... И во собраниското бифе ако треба, ќе го ратификуваат! А на македонскиот народ со сменето име и корени што одат во пакет со „пактот со ѓаволот“, токму „адвокатите на ѓаволот“ ќе го лажат и ќе му ветуваат дека е на чекор пред влезот на „рајските порти“ на НАТО и ЕУ. Па дури и да има трошка вистина во нивните „евтини приказни“, повеќе од јасно е дека Македонецот и овој пат, на ова најново историско распетие ќе остане „со прстот в уста“. Ем излажан, ем за*бан!
Можеби на тоа најдобро асоцира една мисла на познатиот српски актер и режисер Драган Бјелогрлиќ („Сенки над Балканот“), која важи колку за северниот сосед, исто толку и за нас, како земји кои ги третираат како слепо црево на Западен Балкан: „Нашиот влез во ЕУ сега е како кога ќе дојдеш на журка во 5 часот наутро. Сите најдобри 'риби' веќе си заминале и нема ни пијалок. Ние сме, за жал, тие кои доаѓаат на журката во 5 наутро. Журката наголемо замира, а ние влегуваме полни со ентузијазам“! Само што додека дојде време нас Македонците не поканат на „журка“, ќе го снема и „станот“, во кој журката некогаш се правела!
   ]]>

Секси новогодишна честитка од Дунавка Трифуновска: Разголена со прстот в уста и високо крената нога! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/seksi-novogodishna-chestitka-od-dunavka-trifunovska-razgolena-so-prstot-v-usta-i-visoko-krenata-noga-foto/ Tue, 02 Jan 2018 09:26:39 +0000 http://vistina.mk/?p=8432

Новата година секој на различен начин им ја честита на своите најблиски, роднини, другари, пријатели, колеги... некои упатуваат и општи честитки до сиите, со универзално значење... Онака како што тие се чувствуваат или сакаат да се чувствуваат во Новата година! Една од нив и контроверзната манекенка, мисица и топ модел Дунавка Трифуновска. Провокативно облечена во екстравагантна арт креација, долгоногата убавица со нова провокација упати новогодишна честитка до целата нација... Честитка или поточно порака која важи за сите жени, а евидентно и за неа самата.
Happy New Year , Be cool, Be sexy, Be super woman !!!“ - пишува Дунавка во пораката постирана покрај провокативната фотографија, на која разголена, со својот еротски вамп изглед, со високо крената нога и прстот в уста, моделот за „супержена“  ги остави мажите со подзината уста. 
Новогодишна честитка или порака сеедно... Дунавка со својата нова провокација, буди еротска асоцијација на...   super sexy woman!  И ај после, Be cool, да те видам  ]]>