прпорака – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 13 Mar 2020 12:56:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прпорака – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Панчо -ДНК со описна (пре)порака до министерот Филипче: „Ова мене ми испаѓа слично она – не го ставај цел, само до пола“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-so-opisna-pre-poraka-do-ministerot-filipche-ova-mene-mi-ispagja-slichno-ona-ne-go-stavaj-cel-samo-do-pola-foto/ Fri, 13 Mar 2020 08:45:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=139187

Коронавирусот од зараза стана пандемија од светски размери. Светот се бори со неа, барајќи начини како да се справи. Вакцината против „Ковид 19“ е се' уште  само „мисловна именка“, а додека бројот на заболени расте,  се' повеќе од нив завршуваат фатално. Логичнио, заразата и паниката одат рака под рака, па маркетите и аптеките експресно се празнат, медиумите 24/7 известуваат со најразлични вести, социјалните мрежи оддамна се зовриени. Секој со свое мислење и размислување, рецепти и „100% ефикасни лекови“, упатства за превентива, пофалби и критики, пораки и препораки... И до населението и до оние кои се одговорни за заштитата на неговото здравје. Македонската влада и нејзиниот министер за здравство Венко Филипче со се' порадикални мерки и активности во превенција од ширење на вирусот. По воспитно-образовните институции и забраната за јавни собири, министерот го лимитираше и работното време на кафулињата, кафеаните, меаните, угостителските локали, клубовите, дискотеките... само до 18.00 часот. Меѓу реакциите на сите „обични смртници“ и оние, „необичните“, или поточно, познатите и популарни личности од различни сфери, па и од естрадата со коментари и (пре)пораки до народот и мерките на Владата. Еден од првите кои се најгласни, Панчо - ДНК. Имено, популарниот ДЈ Шорти се огласи со свој коментар на социјалните мрежи. На Панчо мерката на министерот за здравство за затворање на локалите и угостителските објекти од типот: „фифти-фифти“ не му се допаѓа. Особено не, познавајќи го менталитетот на нашиот народ, а Панчо добро го познава, зошто „цел живот“ лебот си го заработува во истите тие локали забавувајќи го истиот тој народ. И ако тргнете по она што Дј Шорти го тврди, неговата реакција има логика. Од 08 до 18 часот локалите отворени, а потоа фајронт? Излегува како „Ковид 19“ преку ден да спие, па се буди попладне и почнува да делува после 18 часот? А народот она што му е забрането му е најслатко, или поточно, она што не може навечер, го надополнува преку ден, па како што видовме уште веднаш „дневната шема - цвета“! Локалите преку ден полни како око, па излегува дека „попуста ти била Венко забрана, кога не е целосна“! Затоа Панчо на министерот Филипче и неговата експертска свита им предлага тотално затворање на угостителските локали со модус за целосно обесштетување на сопствениците, зашто „џабе паника“, кога ова нема логика!  Или што би рекол Панчо-ДНК, описно: „Вака, мене ми испаѓа слично на она: не го ставај цел, само до пола“!  ]]>

Игор Џамбазов со викенд „мени“ препорака : Место урда, урми јади… (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/igor-dzambazov-so-vikend-meni-preporaka-mesto-urda-urmi-jadi-video/ Sat, 01 Feb 2020 09:35:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=132167

Македонскиот актер, водител, музичар, писател, шоумен... или подобро речено „се' живо во едно“ - Игор Џамбазов сфати дека начинот на исхрана е важна компонента во животот! Особено во поедини денови... Како ден пред викенд, да речеме! Овошјето спаѓа во здрава храна, па затоа Џамбаз реши длабоко да им го препорача на поединци од нацијата... Чисто како замена за дериватите на млекото и некои млечни производи кои содржат многу маснотии, како урда, на пример. Затоа маестро Џамбазов им препорача: „Место урда, урми јади...“! „Урмата е најздравото овошје на светот. Ја викаат уште и пустински леб или овошје на боговите“ - вели во објаснувањето на својата викенд мени препорака шоуменот и потенцира: „Се јаде само во петок. Мојата животна теза стана...“ - раскажува Џамбазов. Која му е тезата? Погледнете во видеоклипот, со дополнителна препорака: „Ако е малку само во петок, викенд менито може да прерасне и во неделно. Понеделник, вторник и четврток - може,  а урмите на менито никако не одат во среда, сабота и недела! Зошто? Веројатно за да има логика... мени (пре)пораката! Впрочем, погледнете го клипот и веднаш се' ќе ви биде појасно што сакал маестро Џамбазов да каже:
 
View this post on Instagram
 
Урми...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on

]]>