провинциска депонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Feb 2024 10:57:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png провинциска депонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Вулгарно сквернавење на македонската музика небаре доаѓа од „провинциска депонија“, а не од кафуле во град среде Македонија: Кога „Дирлада“ ќе зазвучи како песна со полна уста омраза! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vulgarno-skvernavene-na-makedonskata-muzika-nebare-doaga-od-provintsiska-deponija-a-ne-od-kafule-vo-grad-srede-makedonija-koga-dirlada-ke-zazvuchi-kako-pesna-so-polna-usta-omraza-video/ Mon, 12 Feb 2024 10:52:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=338369

„Меморија“ е секако една од најголемите македонски поп-рок групи во историјата на македонската музика. Бендот кој постои 40 години и се уште е активен секако дека залужува место меѓу легендите. „Нена“, „Оган по ѕвездите“, „Одам засекогаш“, „Зошто Боже“, „Снежо, Снежана“... и уште дузина хитови од нивниот репертоар се вбројуваат во оние безвременски песни кои се слушаат со години и децении и ги пеат сите генерации. Меѓу нив секако е и култната поп-рок химна „Дирлада“, која  одолевајќи му времето доживува разни стилски трансформации и преработки, но останува една од ретките македонски евергрини која ќе се пее довека! Една од ретките македонски песни која има речиси 7 милиони прегледи на Јутјуб! Арно ама, дека баш и не знаеме да си го негуваме, чуваме и цениме своето, покрај бројните примери од типот: „Туѓото е подобро“, покажаува и една од последните срамни случки кои спаѓаат во оние уште пострашни и попогубни, не само за македонската музика, туку и а целото македонско битисување, постоење и живеење! Имено, лидерот и основоположник на „Меморија“, бас гитаристот Петар Георгиевски - „Камиказа“ на својот Фејсбук споделил една снимка од кафуле, за кое се тврди дека е локал во централна Македонија, иако мноумина се оградуваат дека се работи за посочениот, туку во прашање е друг македонски град. Но сеедно, каде и да се случува, она што може да се види на видеоснимката е атмосферата во еден ноќен локал во кој „извесен бенд“ музицира и наводно ја забавува клиентелата. И навидум ништо необично, освен ако убаво не ги заслушате стиховите на песната што се пее во локалот, каде веднаш можете да препознаете дека во прашање е токму споменатиот македонски мегахит - „Дирлада“... Арно ама со стихови испеани во сосема друг контекст, конотација и содржина... Срамна, брутално понижувачка, преточена во вулгарно сквернавење на македонската музика, небаре доаѓа од „провинциска депонија“, а не од кафуле во голем град среде Македонија! За жал, на снимката така звучи „Дирлада“... Како песна испеана со полна уста омраза! Како поинаку да го протолкувате нејзиното брутално сквернавење со зборовите: „Дирлада“, да го е*ам цело Скопје и нашата држва, Дирлада, да ви е*ам мајката, да го е*ам цело Скопје и... скопјанките“! „Се прашувам, дали песнава заслужува вакво скрнавење?! Кавадарци е местото на изведба на овој срам“ - напишал лидерот на „Меморија“ во објавата на срамното видео иако како што веќе споменавме, мноумина се оградуваат дека се работи за посочениот, туку велат дека е во прашање е сосема друг македонски град. Сеедно каде е... Вакво недолично, срамно и понижувачко пеење во јавен локал без никаква причина и повод е надвор од умот и никому не служи на чест. Ниту на изведувачите што претендираат да бидат познати и популарни на ваков начин, ниту на оние што со нив прифаќаат ова да го пеат во локалот, иако далеку од тоа дека е во прашање колективно прифаќање, уште помалку за сопственикот кој ангажира и дозволува вакви недолични „примитивци од бендот“ да му го уриваат угледот! Конечно, срам за сите нас, на кое мизерно дереџе спаднавме! Фото и видео: Фејсбук/Petar Georgievski - Kamikaza]]>