протоколи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 11 Mar 2021 09:22:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png протоколи – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Малкумина знаат со каква болест се бори Лепа Брена: „Кога се соочив со болеста, се’ проучив и бев редовен пациент“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/malkumina-znaat-so-kakva-bolest-se-bori-lepa-brena-koga-se-soochiv-so-bolesta-se-prouchiv-i-bev-redoven-pacient-foto/ Thu, 11 Mar 2021 09:22:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=193647

Лепа Брена тешко да ја поднеува ситуацијата со коронавирусот, поради тоа што не може да има настапи, но и да ги гушне своите најблиски. Покрај тоа, таа посочува дека е особено внимателна поради тромбозата, која  неа ја класифицира во загрозената група граѓани. Оддамна научив дека проблемите треба да се решаваат со ладна глава. Не ме фаќа паника. Кога првпат дознав дека имам тромбоза, проучував сè до детали и бев редовен пациент. Навикната сум да живеам така, знам што не смеам да пијам и да јадам, како и како треба да ми се одвива животот според здравствените протоколи“ - рече Брена и додаде: „Научив да живеам според правилата и да бидам среќна. Ова со сите безбедносни мерки поради вирусот е ментален напад врз сите нас. Но, оваа социјална дистанца е за мене емотивна оддалеченост од сите луѓе што ги сакате, а кои не можете ни да ги прегрнете“ - додаде пејачката.]]>

Македонските естрадни фолк ѕвезди остро реагираат на грубата неправда: „Дајте музика, зашто очигледно одлуките ги носат неуки луѓе“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-estradni-folk-dzvezdi-ostro-reagiraat-na-grubata-nepravda-dajte-muzika-zashto-ochigledno-odlukite-gi-nosat-neuki-lugje-foto/ Fri, 05 Mar 2021 08:56:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192633

Новопредложениот протокол за работа на рестораните за свадби предизвика нова лавина од незадоволство кај музичарите, естрадните уметници, делот од ивент индустријата која изнајмува озвучување и осветлување токму за ваквите семејни прослави. Според него на свадба нема да се игра оро, а танц на почетокот на прославата ќе имаат само младоженците. Исто така нема да има жива музика, а гостите ќе бидат во ограничен број. Задолжително ќе треба да има средства за дезинфекција на сите маси, а персоналот ќе мора да носи маска. Работното време ќе биде до 21 часот. https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/so-noviot-protokol-muzicharite-povtorno-izvisija-svadbi-bez-oro-i-bez-ziva-muzika/ Естрадните уметници и музичарите остро реагираат отфрлајќи го новиот протокол за работата на свадбарската индустрија, бидејќи се брутално исклучени од него. Бараат и тие да добијат дел од колачот, односно да бидат опфатени со рестартирањето на угостителскиот сектор. Според нив, жива музика не само што треба, туку мора да има, се разбира со почитување на здравствените протоколи. Зашто, каква е таа свадба без музика? На што ќе личи глува веселба, ако во животот на една млада брачна двојка која допрва започнува заедничкиот живот да го гради како семејство, најсвечените моменти се слават со звуците на тишината? Конечно, музика има дури и на погреби, а камо ли на свадби и слични семејни веселби и доколку се почитуваат одредени протоколи, таа никако нема да  влијае на безбедноста и не ја загрозува здравствената состојба на присутните! Најгласни во реакциите се македонските фолк ѕвезди кои остро реагираат на грубата неправда што им е нанесена. Сведени на живуркање на работ на егзистенцијата, една година без никакви приходи, тие го кренаа својот глас, барајќи праведно решение за нивната професија и натамошното опстојување. Меѓу најгласните, логично најголемите македонски фолк ѕвезди како што е Елена Велевска: “Ги следам сите настани поврзани ситуацијава, но и за свадбите и тажна сум поради тоа што го гледам, слушам. Зар ние го заслужуваме ова? Како музичка фела која што секогаш безрезервно помага на сите оние на кои што им е неопходно, зар сега кога нас ни е потребна помош никој да не ни ја дава? Свадбените веселби се настани што се паметат цел живот, како тие да поминат без музика? Постојат колеги музичари кои што не можат да скрпат крај со крај и со оваа неправедна одлука музиката полека, но сигурно згаснува. Од што да живеат музичарите чиј единствен приход им се настапите? Ние музичарите во моментов живееме од она што сме го заштедиле, тргале на страна, но тоа не може вечно да трае. Не сакам да бидам сфатена погрешно, но сметам дека како што може да се најде решение за другите проблеми, мора да се најде решение и за ова” - изјави Велевска. Препуштени на милост и немилост, естрадните уметници кои живеат исклучиво од музика, без разлика дали од свирењето  на некој инструмент или од својот глас, не се обесправени и загрижени само за сопствениот опстанок, туку и за опстојувањето на македонската музика, македонскиот фолклор и традицијата воопшто, кои се неизоставен дел од идентитетот на еден народ, како едни од главните обележја на една нација. Токму ваква загриженост изрази уште една од најпознатите и најпопуларни македонски фолк пејачки, Сузана Гавазова: “Секако дека не се согласовам со новиот протокол за свадбарската индустрија. Свадба без музика и без убава пејачка не е свадба. Жива музика треба да има, но секако со почитување на здравствените мерки и протоколи. Ако и оваа година не дозволат нашите музички работници да работат, ќе се изгуби сосем нашата музика и традиција. Но, ние не смее да го дозволиме тоа, ќе се бориме, ако е неопходно и ќе протестираме” - порача атрактиваната струмичанка. Дека се работи за дискриминација и дискриминаторска политика кон естрадните уметници, се согласува уште една струмичанка, младата фолк ѕвезда Стојне Николова, која дури оди дотаму што тврди дека или е во прашање чист дилетантизам и незнаење или се работи за заговор против естрадата: „Крајна дискриминација кон естрадните уметници…Не гледам никаква разлика помеѓу музика пуштена на Јутјуб (каде што и самите ние имаме сниманено свои песни или испеано музички сплетови во живо) и музика која се свири и пее во живо. Очигледно, одлуките ги носат неуки луѓе или ако грешам, тогаш имам чувство дека ова е класичен заговор против музичката индустрија и музиката која е Божја работа“ - категорична е младата фолкерка. Естрадните уметници се надеваат дека ќе дојде до измени во протоколот и на свадбите и семејните веселби и жива музика, сепак ќе има. Но и деке ќе им биде дозволено да работат и по кафеаните, кафулињата, рестораните, хотелите... каде живата музика ја разубавува и развеселува атмосферата. Се разбира со издржани протоколи со кои ничие здравје нема да биде загрозено, а со тоа ниту егзистенцијата на музичките уметници, па и самата македонска изворна и новосоздадена фолк песна! Фото: Фејсбук/Инстаграм принтскрин Изјави: М24]]>

Свадбените прослави остануваат забранети https://arhiva.vistina.com.mk/svadbenite-proslavi-ostanuvaat-zabraneti/ Wed, 24 Feb 2021 12:59:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191243

За помош на угостителите може да се разговара, но олабавувањето на мерките и дозвола за организирање свадби, како што бараат, нема да има се додека Комисијата за заштита од заразни болести не одлучи дека се создадени услови за тоа. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека останува подготвен за соработка и дијалог со угостителите, но нема да оди против одлуките на Комсијата. „Немам доблест, немам храброст да одам против Комисијата. Секој треба на професионален начин да одработи, ако Комисијата вели нема околности за олабавување треба да им веруваме. Јас сум отворен за средби, отворен бев и пред пакетот мерки. Мислам дека решенијата се изнајдени, треба само соодветно да ги искомуницираме. Сите сме погодени од кризата, некој здравствено некој економски, сега е битно да видиме колку погодени ќе излеземе од кризата. Ќе разговарам со секој кој смета дека има потреба од разговор“, рече вицепремиерот Битиќи. Угостителите, според вицепремиерот Битиќи, не се изземени од ниту една мерка и за нив се предвидени и неповратни средства, значително поголеми во моментот кога ќе почнат со работа Попладнево угостителите повторно ќе излезат на протест. Овој пат ќе протестираат пред Влада. Нивните барања се да се донесат протоколи за да можат да почнат со работа рестораните за организирани настани кои цела година се под клуч, а инсистираат на брзо утврдување на мерките повикувајќи се на почетокот на сезоната за свадби.]]>

Теа Таировиќ на масажа: Пејачката се разголи, ама ги запази сите протоколи, па го покажа и лицето и малку подолу… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tea-tairovikj-na-masaza-pejachkata-se-razgoli-ama-gi-zapazi-site-protokoli-pa-go-pokaza-i-liceto-i-malku-podolu-foto/ Tue, 06 Oct 2020 11:34:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170250

Атрактивната пејачка Теа Таировиќ повторно блеска, како на настапите, така и на социјалните мрежи. Овој пат, оваа популарна дама се снимаше за своите следбеници на „Инстаграм“. По тој повод направи неколку фотографии во различни провокативни пози, а во преден план ги истакна бујни облини и измами воздишки кај мажите. Расната Теа потоа отиде на масажа каде и покрај тоа што речиси целата се разголи, сепак ги запази сите протоколи. Медицинска маска на устата при блискиот контакт со масерката, па откако сеансата заврши, пејачката се ослободи и од маската... За останатиот дел од гардеробата не е познато, иако од приложеното видео на самобндисување пред огледалото, јасно е дека теа покрај масреката ја посетила и козметичарката, па по третманот на лицето изгледа многу посвежо. До душа клипот толку кратко трае, што немате време да ја погледнете в лице, зашто фокусот на вниманието ви го фиксира погледот малку подолу! Впрочем, погледнете па и самите кажете, во што попрво да ја гледате бујната Теа? Во лицето или...?
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic) on

]]>

Владата најави отворање на угостителските објекти со „чудни“ протоколи на однесување, естрадата ги зеде на мајтап: Дали на пејач(к)ите ќе им остане само „стапот“… за бакшиш? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/vladata-najavi-otvoranje-na-ugostitelskite-objekti-so-chudni-protokoli-na-odnesuvanje-estradata-gi-zede-na-majtap-dali-na-pejach-k-ite-kje-im-ostane-samo-stapot-za-bakshish-video/ Sat, 09 May 2020 08:09:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148672

Владата најави дека за кратко време по препорака на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе донесе одлука за отворање на кафетериите и рестораните и сите други угостителски локали, но по нивното отворање ќе мора да се спроведуваат новите мерки и да се работи по новите правила на функционирање. Според нив ќе мора да се однесуваат и персоналот и гостите. Во медиумите и по социјалните мрежи почнаа да кружат некакви „списоци“ со новите правила и мерки, во кои е содржан дел од сето она што ќе треба да се прави применува, како да се однесува кога ќе седнете на кафе ручек, вечера..., како и правилата на однесување при организирањето свадби и други семејни веселби! Предлог мерките веднаш во најмала рака беа протолкувани како „чудни“, тешко прифатливи, уште потешко изводливи и спроводливи, зашто се асоцијални и се косат со основните принципи на човечката природа и потреба за социјален контакт. Особено на места кои постојат и се измислени заради опуштање, забава, споделување на емоции... па однесувањето во кафеана коко во библиотека, е дефинитивно неприфатливо за клиентелата и тотално нерентабилно за газдите, чии трошоци за работа ќе бидат рапидно зголемени, капацитетите три, четири, па и пет пати намалени, а заработувачката сведена на едвај покривање на вложеното! На цените на услугата и задоволството наречено „кафеана“, не сакаме и да помислиме... И како што народот почна да се шегува дека за седење во кафеана ќе се закажува како за снимање на „магнетна резонаца“ - по 6 месеци однапред, естрадата, која директно е засегната и поврзана со работата на угостителските локали  „им се изнасмеа“ на предлог мерките и почна да си игра мајтап со она што беше најавено! Меѓу првите што реагираа, беше фолкерката Сања Сани Гроздановска, која и прва побара да ги отворат кафеаните „што живот значат“ за естрадата. Веднаш по „срамежливата“ најава на министерот за здравство Венко Филипче на новиот „здравствено-кафеански протокол“ за работа, фолкерката запрепастено реагираше, јавно прашувајќи го министерот дали е сериозен? На нејзините вчудовидени коментари  се надоврзаа уште некои македонски естрадни автори и музичари. Така познатиот автор Орце Зафировски,не можејќи да им се изначуди на умот, почна да се мајтапи со предлозите за идниот „свадбен протокол“ што го заговара владата, во кој стигнавме и до првата брачна ноќ: Музичарот и некогашен тапанар во повеќе фолк групи, меѓу кои и  „Премиер бенд“, токму оние кои најмногу од свадбите и живеат, револтирано искоментира, „кој е, а кој не е глупав“, во случајов: На најавите за новите протоколи на работа и однесување реагираа и други естрадни ѕвезди и музичари. Едни со вчудовидување, други со неверување, трети полни со бес и лутина... А, некои работат ја свртеа и на мајтап! Македонската фолк ѕвезда Елена Велевска, споделувајќи дел од списокот со „небулозни предлози“ на своите профили на социјалните мрежи, само загриженно запраша: „Сериозно?“ И додека се очекува „пикот на нови, луди идеи“ допрва да дојде, како што тоа го протолкуваа дел од естрадните уметници, некои од нив наголемо почнаа навреме да се подготвуваат за „новото време“. За новата естрадна епоха да не ги фати неспремни, па да останат гладни и жедни! За тоа како во иднина треба  да се однесува пејачот кон гостинот кој е седнат во кафеана и обратно, „показна вежба“ од дома направи пејачот и член на фолк групата „Болеро бенд“ , Христијан Кико Божинов. Пејачот својот „естраден СВОЗ“ ( Сите Во Одбрана и Заштита) го демонстрираше во домашниот двор, па несебично го сподели во јавноста, како демонстрација за колегите, како се зема по ново, бакшиш! Ако народот можеше да измисли стапче за селфи, итриот Кико измисли стап со корпа за бакшиш! Само се плашиме дека  овој негов мајтап, некој од владата може сериозно да го сфати, па Филипче, или некој друг од министрите и нивните советници може на следната прес конференција да излезе и самиот со „стапот“... за бакшиш, како сериозен предлог за еден од најважните реквизити за естрадните уметници во новиот „кафеанско-свадбен протокол“! ]]>