протокол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 24 Sep 2021 12:43:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png протокол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На последното испраќање на Марина Туцаковиќ сите присутни ќе мора да покажат сертификат за вакцинација https://arhiva.vistina.com.mk/na-poslednoto-isprakjanje-na-marina-tucakovikj-site-prisutni-kje-mora-da-pokazat-sertifikat-za-vakcinacija/ Fri, 24 Sep 2021 12:43:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220585

Синот на покојната Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ, објави изјава од семејството на социјалните мрежи, во која се наведува дека датумот на погребот ќе се објави по викендот, а ќе се одржи во кругот на семејството и најблиските пријатели, почитувајќи ги сите епидемиолошки мерки.
„Со цел да ги испочитуваме нејзините последни желби и да ги заштитиме нашите најблиски од епидемијата, на ниво на семејство, решивме погребот да го одржиме исклучиво за најблискиот круг пријатели и роднини. Бројот на присутните во капелата нема да надмине 10, со задолжителен сертификат за вакцинација и почитување на сите мерки. Апелираме до сите што сакаа да присуствуваат на погребот да останат во своите домови, и да и оддадат почит на Марина слушајќи ги нејзините песни, и интимно да се збогуваат со неа. Комеморацијата ќе се одржи по 40 дена за пошироката јавност, за да може секој да се збогува со неа. Ви благодарам на сите за разбирањето. Ожалостените, Александар и Милан Радуловиќ“ – се наведува во соопштението. Фото: Инстаграм принтскрин/ lacca official
]]>

Овде забраната за пиење кафе на невакцинирани во кафуле „не важи“: Прилеп, е*аго! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ovde-zabranata-za-pienje-kafe-na-nevakcinirani-vo-kafule-ne-vazi-prilep-e-ago-foto/ Fri, 20 Aug 2021 08:02:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=216102

Новите Ковид мерки го пореметија животот, го поделија народот, ги „осакатија“ трговците, најмногу кафанџиите и угостителите, ја умреа ивент индустријата, ја унишптија забавата... Едноставно, за половина од народот - „нема живот“! Селективни, неболузни, неиздржани, ступидни, нехумани, медицински неоправдани, задоцнети... и уште иллјада други „фалинки“ можат да им се најдат на одлуките на Комисијата за заразни болести и Владата на нивните „килави“ новокомпонирани протоколи кои ги наметнаа „пост фестум“ среде експанзија на на новиот бран од пандемијата, наместо тоа да го направат многу порано, како превентива, пред тој да ни се случи. Арно ама, македонскиот народ е познат по тоа што „на секое грнче му нашол капаче“, на секое дупче - затка“, во секој закон - дупка... па така и овој пат! И тоа сосема легално, без фалсификати, без лаги и измами, без фејк дозволи и фалца сертификати, прилепчани, во стилот на Итар Пејо најдоа начин како да го надитрат законот, а да не се виновни, и истиот да не ги качи. Не си вакциниран, немаш ни прелажано Ковид-19, ПЦР тест не се исплати да правиш...  а ти се пие кафе во друштво, ама не дома? Нема проблем! Повели слободно! И тоа во пакет сосе паркинг, за ефтини пари со сите салтанати, без ризик некој да те проверува, малтретира, бара вакцинални докази, казнува... Седи и уживај еден час, терај си муабет, пиј си кафенце на раат на паркинг пред кафуле и сето тао за евтини пари! Пакет: маса со 4 столчиња, макијато + еден час паркинг пред кафуле - за само 90 денари! Прилеп, е*аго! ]]>

За пејачката Сања Гроздановска протоколот за свадби – не важи… Сани има свој, скроен по нејзина мерка! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/za-pejachkata-sanja-grozdanovska-protokolot-za-svadbi-ne-vazi-sani-ima-svoj-skroen-po-nejzina-merka-foto/ Fri, 04 Jun 2021 06:50:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=205558

Корона пандемијата полека како да стивнува, на општа радост на сите нас, а најмногу на оние кои беа најпогодени и тоа не само здравствено - музичарите и естрадата! Арно ама, естрадата и Владата никако да се погодат, никако да се усогласат и договорат околу новите протоколи, со кои музичарите ќе можат да настапуваат. Надлежните дозволија да се свири и пее само на свадби и тоа под протоколи кои се за естрадните уметници апсолутно неприфатливи, а уште помалку остварливи. Гостите по шестмина на маса еден до друг може, а музиката небаре е „лепросана“, на „сто метри“ од сватовите. На подиум не може да се пее, а одење по маси - никако... И така некако, естрадата и Владата никако да се договорат околу протоколите, а свадбите веќе доцнат... И тоа повеќе од една година. Меѓу најзасегнатите покрај малдоженците, секако - народњаците! А меѓу нив пак, една од најгласните, Сања Сани Гроздановска. Ионака позната како пејачка што „уста не затвора“, што некој ќе го сфати можеби како професионална деформација, атрактивната кумановка е една од оние кои се „без влакна на јазикот“... Не се срами ниту пак се плаши, гласно и јасно да го искаже својот став по било кое прашање: Од најобичните секојдневни нешта што и пречат, па до оние сериозните работи против кои сме сите ние, ама малкумина од нас имааат... „знаете веќе што“, тоа јавно да го кажат! Така и овој пат, Сани на владиниот Протокол за свадби и семејни веселби одговори со свој... За неа нивниот - не важи, па Сани си скорои сопствен протокол, по нејзина мерка. Кога ќе прочитате што се' содржи, ќе видите дека фолкерката била во право. Затоа ако во престојниов период се најдете на некоја свадба , семејна веселба или каква и да било прослава, внимавајте како се однесувате... Да не „ви се скрши“ и на Ваша глава!  Или и тоа беше забрането? Фото: Инстаграм принтскрин/sani.grozdanovskasanja    ]]>

Со новиот протокол музичарите повторно извисија: Свадби без оро и без жива музика!? https://arhiva.vistina.com.mk/so-noviot-protokol-muzicharite-povtorno-izvisija-svadbi-bez-oro-i-bez-ziva-muzika/ Thu, 04 Mar 2021 13:22:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192597

Музичарите не се согласуваат со новиот протокол за работата на свадбарската индустрија, бидејќи се исклучени од него. Бараат и тие да добијат дел од колачот, односно да бидат опфатени со рестартирањето на угостителскиот сектор. Според нив, жива музика треба да има, но секако со почитување на здравствените протоколи. Музичарите реагираат и дека поради корона кризата се препуштени на милост и немилост. Настапи речиси и да немаат, а приходите им се сведени на минимум. Инаку вчера претставниците на рестораните за свадби го изготвија новиот протокол за работа. Според него на свадба нема да се игра оро, а танц на почетокот на прославата ќе имаат само младоженците. Исто така нема да има жива музика, а гостите ќе бидат во ограничен број. Задолжително ќе треба да има средства за дезинфекција на сите маси, а персоналот ќе мора да носи маска. Работното време ќе биде до 21 часот. Се надеваат дека комисијата ќе го прифати протоколот, во спротивно, најавија дека од следната недела повторно ќе протестираат. Претходно освен свадбарите, протестираа и музичарите. https://www.youtube.com/watch?v=8kArKC0mLms&feature=emb_logo]]>

Петар Нечовски слави слава по протокол: Пејачот кон попот со должно внимание, ама на пропишано растојание (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/petar-nechovski-slavi-slava-po-protokol-pejachot-kon-popot-so-dolzno-vnimanie-ama-na-propishano-rastojanie-foto/ Wed, 09 Dec 2020 09:06:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179982

Пред новогодишните празници  за православните верници започнува периодот на големите слави... Всушност нив ги има речиси преку цела година, но оние најзначајните некако се сега во доцната есен и зимата... Таков и денот кога верниците со православна вероисповед го празнуваат Свети великомаченик Георгиј Победоносец или во народот попознат како посен Свети Ѓорѓија. Освен како семејна слава, овој голем ден се празнува и како именден и како слава на цели села и градови. „Како ослободител на плениците и заштитник на сиромашните, лекар на немоќните, помошник на владетелите, победоносецот, великомаченик Георгие, го моли Христа Бога да ги спаси нашите души“. И покрај забраните за групирање, собирање, дружење на повеќе од четворица заради корона опандемијата, народот длабокопочитувајќи си ја верата, сепак слави. Слават многумина, меѓу кои и некои познати и популарни личности од македонската естрада. Еден од нив и охриѓанецот, познатиот фолк пејач Петар Нечовски. Освен по своите песни, познат како дружељубив човек, другар, пријател, со весело срце и широка душа, Петар не пропушти она што си е ред и адет да си го направи на денот на домашната слава - Свети Ѓорѓија. Славата е посна, па домаќинката традиционално зготвила пржена риба, разбирливо охридска пастрмка, а славата без свештеник не ја бидува, па уште рано изутрина пејачот реши да си го испочитува редот и попот беше првиот гостин кај Нечовски на денот на славата. Но, Петар не е само добар домаќин, туку и одговорен граѓанин, па добро знае дека и за време на славење и адети, мора да се испочитуваат протоколите. Не дека некој ќе дојде рано посабајлечки да те проверува, туку, ако веќе меѓудругото славата е за здравје на домаќините и потесното и пошироко семејство, убаво е да придонесеме здрвјето и да се зачува. Зашто чумата на 21-от век, „ламјата“ која Свети Ѓорѓија ја прободува со копјето за да не не проголта,  е секаде околу нас. Па затоа, за да не ни се случи од пред врата да ја пуштиме дома и Петар Нечовски и домаќинката, ама и попот ги испочитуваа протоколите.  И домаќините го дочекаа и свештеникот ја вршеше својата богослужба во нивниот дом - со заштитна маска. Пејачот и домаќинката кон попот со должно внимание, ама на пропишано растојание! А, потоа... од рипчето ќе мора да се касне, секако без маска. Ама, ако... Свети Ѓорѓија да поможит и... Нека е за многу години! Среќна слава домаќине. И тебе и на сите други што ја слават!  ]]>