против – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 26 Dec 2023 09:10:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png против – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Миа Костова обожава пушење: Најпознатата македонска инфлуенсерка не може без цигара, па прва јавно почна да се бунтува против најавената забрана (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/mia-kostova-obozhava-pushene-najpoznatata-makedonska-influenserka-ne-mozhe-bez-tsigara-pa-prva-javno-pochna-da-se-buntuva-protiv-najavenata-zabrana-foto/ Tue, 26 Dec 2023 09:09:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332387

Пушење... Уживање во тутунот и неговите дривати, навика, порок, зависност... Кој како сака си го толкува, ама секој втор го практикува. „Пуши, пуши, пуши ме, гајле си немаме, пуши цела нација со гаранција...“ - како што велат и стиховите од еден од најголемите македонски хитови на сите времиња, песната „пушење“ на Роберт Саздов и Владо Јаневски,  во почетокот на 90-ите познати како ултрапопуларно дуо „Ластовица“! А кога сме веќе кај познатите и пушењето, речиси да нема позната личност, особено оние од естрадата, музиката, медиумите, модата... која не пуши... Или барем еднаш не запалила некој тутун. Таквите се „природна реткост“ и кај нас! Порано чуреше кој кај ќе стигне, па пушењето со закон го забранија во угостителските локали, кафеани, ресторани, хотели, кафулиња, ноќни клубови... За подоцна да ја „избришат“ забраната, која остана да важи само таму кај што се јаде. Ама и покрај се',  пушеа сите и речиси секаде... И кај што може и кај што не може! Сега власта решила да заведе одново ред... И тоа со закана дека „ќе тренира строгост“ и то на најсилно... Дали „заканите“ ќе се остварат или одново ќе биде „секое чудо за три дена“ па власта ќе се смени пред да успее било што да стори, ќе видиме набргу. Арно ама „стравот лозје чува“, како што вели старата народна поговорка, па уште отсега некои „страсни пушачи“ почнаа да си спремаат терен... меѓу познатите фаци, Миа Костова е секако нејгласна и секогаш со отворен гард ги сочекува нештата. Русокосата екс водителка и сега можеби највлијателна инфлуенсерка уште отсега фаќа тактика. Социјалните мрежи и се најсилното оружје, па позната како дама „без влакна на јазикот“, веднаш почна да се бунтува против ризикот од евентуалните мерки и забрани што ги чекаат пушачите. А, Миа очигледно обожава да пуши. Оддамна, уште од девојче... До душа во последно време тутунот го заменила со т.н. електронска цигара, ама сеедно, нешто да се има в уста... Нешто што ти го прави ќеифот, некое задоволство... што чури! Та биле електронски цигара, со класичен тутун или пури! Зашто најпознатата македонска инфлуенсерка не може без цигара... Особено не кога оди некаде на забава, на дневен или ноќен провод, кога излегува во разни локали и клубови, каде власта се закани дека одново нема да се пуши, а казните за сите „непослушни“ ќе бидат ригорозни! Затоа, за да не и биде скратено тоа неодоливо задоволство, македонската инфлуенсерка гласно се побуни против оваа најавена мерка. „Стварно не знам што се напнаа пушачиве, па еве просто, ја не излагам кај што не се пуши. Се извинувам културно и не доаѓам затоа што, нит ми се пие пијачка нит ми е забавно да излагам надвор. Инаку се пуши и во Србија и во Грчка и во Дубаи… Нормално, не по молови и маркети… Е сега, ако сакате да мирисате на неонатологија излагајте у чекална у Систина. У друштво стално има пушач. Најчесто тој решава кај ќе се иде и ако може да се пуши у коцкарница, стварно не знам зашто они што губат се понервозни од мене што не можам да запалам цигара со винце. Да си се пуши, на кој му смета нека излага по хотели“ - споделила Миа на својот Фејсбук профил, како превентивен бунтовнички пост против „противниците“ на пушењето. Се' со надеж дека ќе биде разбрана и сфатена колку многу го обожава ова задоволство. Просто “ужива до уши“ кога пуши! Фото: Инстаграм и Фејсбук/miandrija/Миа Костова  ]]>

Симона Поповска со силна прака против семејното насилство – дека секој има свој пат и право да го изоди, во макфестовската – „Бакни ме за крај“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/simona-popovska-so-silna-praka-protiv-semejnoto-nasilstvo-deka-sekoj-ima-svoj-pat-i-pravo-da-go-izodi-vo-makfestovskata-bakni-me-za-kraj-video/ Tue, 24 Oct 2023 06:26:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323450

„Бакни ме за крај“ е насловот на композицијата што Симона Поповска ја отпеа викендов на Макфест 2023. Песната  е комплетно авторско дело на Горјан Стојановски, а за неа Симона веќе сними и видеозапис, кој го работеше со Крсте Шупев. За нејзиниот изглед во видеото, но и на фестивалската сцена на Макфест беше задолжен стариот и проверен соработник Бобан Тодоровски (шминка и фризура), додека уникатната креација со која се појави на сцената во Штип и која всушност ја претстави како Феникс ја изработи Златко Јовановски – ЈЗЈ. „Статистички секоја четврта жена во светот е жртва на родово базирано психолошко насилство од страна на партнерот, а токму преку фениксот кој беше инспирација и за креацијата што ја носев на Макфест сакав да ја испратам пораката што се појавува и на крајот од видеото – дека секој има свој пат и право да го изоди. Секој треба и може да го разбуди фениксот во себе, кој всушност ја симболизира трансформацијата и обновувањето“, вели Симона, која по музичката пауза заради мајчинството и семејството реши да се фокусира на создавањето нова музика и да им се врати на живите настапи. „Доста одморав време е за настапи, по Макфест каде имав побрза, да речам клупска песна, веќе се подготвувам за нова, ако сѐ оди како што треба за отприлика два месеци ќе промовирам нешто ново“, вели Симона, која цврсто гази по својот избран пат во кој освен за семејството и пеењето место има и за медицината и работата на која ѝ е максимално посветена. Во продолжение погледнете го видеото за макфестовската тема на Симона, „Бакни ме за крај: ]]>

Не постои валидна причина за сајбер булинг https://arhiva.vistina.com.mk/ne-postoi-validna-prichina-za-sajber-buling/ Thu, 20 May 2021 08:47:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=203392

Група од три студентки од ФИНКИ активно го креваат својот глас против сајбер булингот. „Изреволтирани од случувањата на денешницата, како и се поголемиот број на жртви на сајбер булинг решивме да го направиме овој проект насловен како: 'Социјални медиуми: платформа за повреда на човековите права и дефамација' со цел да ја развиеме свеста за оваа негативна појава и да влијаеме позитивно врз заедницата“ - велат тие. Социјалните медиуми се најмоќниот продукт кој произлезе од дигиталната револуција и развојот на технологијата. Нивната најголемата предност е тоа што спојува луѓе од различни страни на светот да комуницираат на многу побрз и полесен начин. Но, покрај огромната корист која што ја нудат социјалните медиуми, сепак носат и одредени опасности и непријатни искуства. Тие се еден од најштетните елементи на општеството бидејќи ја нарушуваат нашата приватност како никогаш порано. За таа цел е спроведена анкета, од чии резултати е увидено дека нивните очекувања се исполниле. Затоа одржуваат видео конференции на оваа тема, постираат дигитални флаери на нивните социјални медиуми, со други зборови пробуваат да ја подигнат свеста за сајбер булингот и искористувањето на приватноста кај корисниците на социјалните медиуми.]]>

И регионалните ѕвезди против уривањето на „Универзална сала“: Бојан Маровиќ – „Ве молам, не уривајте ја… душата ме заболе кога слушнав дека ќе биде претворене во парк!“ https://arhiva.vistina.com.mk/i-regionalnite-dzvezdi-protiv-urivanjeto-na-univerzalna-sala-bojan-marovikj-ve-molam-ne-urivajte-ja-dushata-me-zabole-koga-slushnav-deka-kje-bide-pretvorene-vo-park/ Wed, 05 Aug 2020 08:50:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=161842

Реакциите околу „бизнис плановите“ на урбаната мафија поддржана од идејата на градската власт и скопскиот градоначалник Петре Шилегов со распишување конкурс за идејно решение за парк со летна сцена на местото на „Универзална сала“ која во тој случај би се урнала, не само што не стивнуваат, туку стануваат се посилни и пожестоки. Покрај домашната јавност која ги усвити социјалните мрежи и написите во медиумите, уметниците, културните работници, естрадата, ивент индустријата... речиси да нема човек кој има допирни точки со културата и уметноста, да дава „зелено светло“ за уривање на скопската и македонска „Мека на културата и уметноста“... (освен ретки исклучоци во поединци кои се „лижат“ со власта)! На домашните естрадни и музички ѕвезди, им се приклучија и регионалните, оние кои повеќе пати настапувале во  „Универзална сала“ со свои солистички концерти, или учествувале на разни фестивали, манифестации, збиднувања... на нејзината сцена. Еден од нив е и црногорската поп ѕвезда Бојан Маровиќ, кој точно пред 15-ина години, тогаш како голобрадо момче кое ја гради својата популарност  го имаше својот прв голем солистички концерт во кариерата токму во скопската „Универзална сала“, која тогаш беше претесна да ги прими сите кои сакаа да ги слушнат неговите хитови и балади. „Универзална сала е местото каде што го имав мојот прв голем солистички концерт во животот - организиран. Душата ме заболе кога слушнав дека салата во која многумина настапија ќе биде претворена во парк. Пред некое време,ме израдува информацијата дека  оваа легендарна сала ќе биде реновирана, во ново руво,  со иста намена. Сепак, плановите во меѓувреме се чини дека за жал се променети?! Се надевам дека, на крајот на краиштата, мислењето ќе се смени и ќе слушнеме дека овој култен културен храм ќе се реновира и ќе биде местото што повторно ќе ги собира луѓе за убави, духовни нешта. Скопје уште еднаш, благодарам што ми го дадовте срцето токму таму, на таа сцена. Должник сум ви засекогаш, но Ве молам... не уривајте ја Универзална сала“ -  вели во своето обраќање црногорската поп ѕвезда, за Вистина.ком.мк, симболично споделувајќи го видеото од песната „Ако повредим те ја“, снимено токму од неговиот дебитантски  концерт во „Универзална сала“! https://www.youtube.com/watch?v=-i_VBPlDUMc  ]]>

Естрадата на бунт против последните мерки на владата: „Вака не може“ – музичарите на нозе, бараат музика сега! https://arhiva.vistina.com.mk/estradata-na-bunt-protiv-poslednite-merki-na-vladata-vaka-ne-moze-muzicharite-na-noze-baraat-muzika-sega/ Thu, 25 Jun 2020 08:41:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=155505

На социјалните мрежи е покрената иницијативата ,,Музика – сега” на која се приклучија околу 1.400 музички работници и тие бараат средба со владата, односно со надлежните кои ги носат мерките за заштита од корана епидемијата, обвинувајќи ги за селективност во превентивата, при што музичарите, естрадните уметници  и нивната дејност се соочуваат со тешки егзистенционални проблеми, бидејќи се оневозможени да работат и спречени да заработуваат, а со тоа им е загрозена нивната егзистенција и егзистенцијата на нивните семејства. Иницијативата за враќање на музичките настани на музичарите и музичките работници „МУЗИКА – СЕГА!!!“ и нејзините (до денеска вклучени) 1.400 членови, најостро реагираат на последните одлуки на Владата, објавени во последниот Службен весник, објавен на 23 јуни 2020 година, со кој сè уште се забрануваат секаков тип на организација на музички настани на отворен или во затворен простор во угостителските објекти за исхрана и покрај фактот што последните 15-ина дена, се донесени многу мерки со кои се укинуваатт претходните ограничувања за добар дел од секторите од индустријата (барови, теретани, казина, отворање на границите без потребни ПЦР тестови и задолжителна самоизолација и сл.), соопшти преку „Фејсбук“ музичарот и фронмент на „Суперхикс“, Петар Младеновски, а него го подржаа уште стотици други негови колеги. Истата одлука се содржи во член 15 од делот кој се однесува на угостителските објекти за исхрана. Во писмото со протоколите кое е објавено пред некој ден од самата Иницијатива се предложени многу мерки, во согласност со препораките на СЗО и локалните релевантни фактори за зачувување на општото здравје и спречување на ширењето на вирусот Ковид 19 а со цел – итно враќање на музичките настани под одредени протоколи! Бараме итна средба со одговорните за носењето на мерки и одлуките со кои е направен овој пропуст кој оди директно на штета на илјадници музичари и музички работници кои деновиве со борат со проблеми од егзистенцијална природа по затворањето или ограничувањето на можноста слободно да работат и заработуваат а директно поврзано со донесените рестриктивни мерки и нивното олеснување , за кој, очигледно за сега- се нема слух! МУЗИКА – СЕГА!, порача Младеновски од името на иницијативата. „Влада и компанија луѓе/нелуѓе, дали малку ја чукнавте главата дека раниме фамилии??? Претеризам е ова! - напиша музичарот Дејан Младеновски, инаку тапанар на „Браво бенд“, чија реакција на социјалните мрежи е само една од низата на музичарите во врска со забраната за организирање музички настани и во отворените и во затворените делови на објектите. Ова се само некои од македонските музичари и естрадни уметници кои ја поддржаа иницијативата ,,Музика – сега”, а  кои живеат и егзистираат од музиката, при тоа обезбедувајќи и егзистенција за своите семејства. Повеќето од нив немаат друга професија, ниту друга работа... А нивниот список е долг... Брои илјадници!]]>

„За“ и „против“ секс со пријател? https://arhiva.vistina.com.mk/za-i-protiv-seks-so-prijatel/ Wed, 14 Feb 2018 14:18:50 +0000 http://vistina.mk/?p=12824

Додека едни сметаат дека пријателството и сексот не треба да се мешаат, други веруваат дека тоа е една одлична комбинација. „Пријатели со привилегии“ е многу популарен облик на модерна врска, а резултатите од едно неодамнешно истражување покажуваат дека дури 60 отсто од Американците се впуштиле во таков однос. Но, што воопшто значи пријатели со привилегии? На скалата меѓу секс без обврски за една ноќ и роматичен однос, пријателството во комбинација со повремени сексуални односи е некаде на средина. Таков однос не е баш целосно без емоции бидејќи се во прашање пријатели кои се познаваат, делат одредени искуства и интересирања. Од друга страна, не постојат обврски во смисла планирање заедничка иднина. Освен очигледните предности како што е сексуалното задоволство, ваквата врска меѓу пријатели може да има две цели. Може да биде „резерва“ додека не се појави нешто подобро или може да служи како „пробен рок“ дали нешто воопшто ни одговара и можемо со него да имаме „вистинска“ врска. Меѓутоа, по „пробниот рок“ одговорот е обично „не“, па така само 10 до 20 отсто од пријателите со привилегии се впуштаат во сериозна врска. Од друга страна, се застапува ставот дека сексот го уништува пријателството и го компликува односот и дека, едноставно, по него веќе ништо не е и не може да биде исто. Токму тоа многумина го имаат ум кога размислуваат за впуштање во врска со привилегии. Неодамнешните студии покажале дека најголем недостиг на пријателите со привилегии е токму губењето на пријателскиот однос со таа личности, а како втор недостиг се покажала можност од развој на непредвидени чувства. Извор:НетПрес
]]>