протест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Jul 2022 12:02:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png протест – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ребека: „Ако стоиме вака нема да им се стресат гаќите… Да го блокираме системот“! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/rebeka-ako-stoime-vaka-nema-da-im-se-stresat-gakjite-da-go-blokirame-sistemot-video/ Wed, 06 Jul 2022 05:44:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=257416

„Ако стоиме вака, нема да им се стресат гаќите! Да го блокираме системот, од утре никој ништо да не работи”, порача пејачката Ребека Јанковска  вчера во својот говор на протестот пред  Македонското собрание. „ Ви ги гледав лицата и знаете што видов, ви пишуваше: Смрт за Македонија. Срам да ви е! Знаете како? Имаме прекрасни пејачи и поети, прекрасна е Македонија. Анте Поповски вели: “…Немаме резервна татковина, Македонија ни е се, лулка и татковина!”. Вие се нарекувате Македонци? Која мајка ве родила? Предавници! Македонскиот народ никогаш никој не напаѓал. Ние на никого не му пречиме. Колку пари зедовте? Признајте!”, рече Ребека. „На Гугл за нашите херои пишува: Бугарски Македонци. Европа не ја замислував ваква! Моето право е да бидам Македонка, да зборувам на Македонски јазик и да не ги менуваат учебниците на моите деца! Тие нас ќе ни кажат од кога постоиме, не баре сме малоумни! Стотици години постоиме и ќе постоиме! Не можат да не сотрат!”, додаде таа. Јанковска смета дека не се европски вредности тоа што Бугарија бара од нас да се откажеме од македонскиот јазик, историја и култура. „Македонскиот народ е мирољубив и никогаш никој не напаѓал. Ние не ги окупиравме соседите Бугарите и никого не му пречиме и никого не уценуваме да зборува како сака и да се вика како сака. Па нели тоа беа европските вредности?“ - праша таа. Таа додаде дека владата со овој француски предлог ја донесе и државата и граѓаните во ситуација на потчинетост, споменувајќи ја изјавата на Бујар Османи кога изјавил дека кога преговара за македонските национални прашања нема никакви емоции и побара оставка од оваа влада. „Не донесовте во ситуација на потчинетост. Требаше одамна да кажете НЕ, гласно НЕ. Го слушнав еднаш Бујар Османи немал емоции кога разговарал и преговарал за прашањето за Македонија, немал никакви емоции, но извини нема да ви помине. Па каде си роден ти министре?“, праша пејачката. Јанковска-Ристески потенцираше дека нејзино право е да е Македонка и да зборува на македонски јазик, порачувајќи дека не смее да има промена на историјата во учебниците. ]]>

Голем протест на ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Скопје: “За обединување против лошата власт и владата која ги загорчува животите на илјадници луѓе“ https://arhiva.vistina.com.mk/golem-protest-na-vmro-dpmne-vecherva-vo-skopje-za-obedinuvanje-protiv-loshata-vlast-i-vladata-koja-gi-zagorchuva-zivotite-na-iljadnici-lugje/ Sat, 18 Jun 2022 07:54:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=255034

ВМРО-ДПМНЕ вечерва, 18 јуни, 2022 г. во Скопје ќе одржи протест за промени преку кој повторно ќе испорача барање за одржување предвремени парламентарни избори. Протестот под слоганот: „Премногу е - протест за промени“ е најавен со почеток во 20 часот пред зградата на Владата. Опозициската партија подолг период инсистира на одржување избори, а во Собранието спроведува и активна блокада на активностите. Одлуката за протестот ја донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 17-ти минатиот месец, упатувајќи критики до власта за неспособност за соочување со економската и финанансиската криза придружена со постојат пораст на цените и висок процент на инфлација, зголемување на јавниот долг, неефикасна и неодговорна дипломатија за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ… Лидерот на партијата Христијан Мицкоски вчера во видео обраќање по повод роденденот на партијата истакна дека го одбележуваат во знакот на промени. „Испраќам порака на обединување против лошата власт и владата која ги загорчува животите на илјадници луѓе“, рече Мицкоски.
]]>

Бритни Спиерс – топлес: Поп иконата со жешки кадри (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/britni-spiers-toples-pop-ikonata-so-zeshki-kadri-foto/ Fri, 30 Jul 2021 10:55:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213384

Поп иконата Бритни Спирс ги разбранува духовите на социјалните мрежи со жешки снимки. Шармантната русокоса објави фотографии и видеоклипче на кои е топлес, покривајќи ги градите и брадавиците со со рацете. За неколку часа, фотографиите собраа милиони лајкови и илјадници коментари. Во меѓувреме, пејачката се посвети на судската битка против нејзиниот татко, а поради тој случај до американскиот Претставнички дом беше поднесен предлог закон за запирање на злоупотребата на правата на старателство, пренесува Гардијан. Според Бритни, нејзиниот татко ги злоупотребил нејзините права на старателство и строго и  ја ограничил нејзината слобода.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

Оттаму и дилемата: Дали тоа беше поводот за ови е „слободни пози“ на поп ѕвездата, како своевиден топлес- протест на Бритни? Фото: Инстаграм принтскрин/britneyspears

И танц-клубовите на протест: Бараат да им се укине забраната за работа https://arhiva.vistina.com.mk/itanc-klubovite-na-protest-baraat-da-im-se-ukine-zabranata-za-rabota/ Fri, 23 Apr 2021 10:59:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200335

Танцовите центри во земјава, вкупно 46, бараат укинување на забраната за нивна работа и финансиски надомест за претпрените штети изминатата година. И тие од вчера се приклучија на протестите на туристичко-угостителкиот сектор и сметководителите, поради, како што соопштија, нелогичностите при постапувањето на Владата со новите рестриктивни мерки кои опфаќаат затворање на овие институции и спречено вршење на нивната дејност, засега до 27 април 2021, но со веројатност за продолжување. Танц-клубовите предупредуваат дека дејноста е пред колапс, а 6.000 деца се спречени во својата омилена активност – танцувањето.
Иако последните изјави на Владата се однесуваа на финансиско компензирање на сите правни субјекти кои беа затворени изминатиот период, како и лани, така и сега, танцовите клубови не фигурираат на списокот на субјекти кои ќе добијат надомест на штетата. Бараме одговорност од Владата, бидејќи ваквата одлука е во најмала рака некоректна и нецелосно промислена. Уште повеќе, бараме образложение за причините поради кои танц-центрите се затвораат, се наведува во соопштението.
Воедно се потсетува и дека лани, танцовите клубови беа први на списокот за затворање, но по нивна макотрпна работа и соработка со танцови центри ширум Европа (Данска, Холандија, Хрватска, Словенија), следејќи го примерот на колегите, здружени, сами создадоа протокол за работа кој беше одобрен по шест месеци од нивното затворање (март-септември).
Иако веќе претрпе големи штети без да биде компензирана, на стаклени нозе, танцовата заедница почна да заздравува. Во наредните седум месеци откако танцовите клубови повторно се отворија, од нив предложениот протокол се покажа целосно ефикасен. Всушност, во рамките на седум месеци работа, не се појави ниту еден случај на заболено дете, а уште помалку кластер и протоколот беше целосно испочитуван како од центрите, така и до членовите и нивните семејства, што вклучува навремено јавување при појава на случај на суспектен или заболен од КОВИД -19 во семејствата и изолирање на цели групи како претпазливост. Танцовите центри во целост ја променија формата на своето работење, со ограничувања на бројот на деца во сала, комплетни процедури за дезинфицирање и вентилирање на просториите, скратување на работното време на половина – најмногу четири часа во денот, вклучувње на паузи по секој час и обележување на просторот за движење и користење, објаснуваат танц-клубовите.
Танцовите центри прашуваат зошто воопшто се затвораат и зошто не се дискутираат можности за прилагодување на протоколите, како и можности за владина помош која ќе ги компензира барем делумно штетите кои ги трпи танцовата заедница.
Во рамките на нивната иницијатива, се повикуваат на одговорност надлежните да ја препознаат важноста на психо-физичкото здравје кај младите, и директното позитивно влијание на танцот врз здравјето, растот и развојот на децата. Притоа, танцот балансирајќи помеѓу уметничките и спортските аспекти кои произлегуваат од спецификите на неговото изучување и изведување, создава поттикнувачки контекст за развивање на социјални вештини и позитивни вреднсти, како: солидарност, соработка, поддршка, тимски дух, заедништво, кои се неопходни за задржување на здрав дух во едни вакви тешки времиња. Истовремено, незадоволството на танцовите центри е потсилено од фактот дека останатите спортски и уметнички активности во земјата не се спречени, иако голем дел од нив групни, па танцовите центри реагираат дека одлуката на Владата е селективна и дека во целост ги повредува нивните права, нагласуваат танц-клубовите.
На 21 април 2021 танцовите и балетските студија испратија допис со слична содржина до премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Фатмир Битиќи, министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за здравство Венко Филипче, кој јавно беше објавен и на нивната офицјална фејсбук-страница.
 
Компаниите во секторот на организација на настани од понеделник на протест: „До сега бевме тивки, но нè натераа да станеме гласни“! https://arhiva.vistina.com.mk/kompaniite-vo-sektorot-na-organizacija-na-nastani-od-ponedelnik-na-protest-do-sega-bevme-tivki-no-ne-nateraa-da-staneme-glasni/ Thu, 08 Apr 2021 12:11:26 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198286

Компаниите што работат во секторот организација на настани (организатори, изнајмување на опрема за озвучување, осветлување и сценска опрема, видео и аудио продукции како и техничка поддршка на настаните) се доведени до тотален колапс. Јавноста знае дека оваа дејност е затворена повеќе од 1 година и сите сме сведоци дека нема јавни настани, концерти, и други случувања каде има масовно собирање. Ниту пак, со оглед на состојбата со пандемијата, имаме надеж дека наскоро ќе можеме да работиме, стои во соопштението на ИВАП. – Но, исто така јавноста треба да знае дека овие компании добија нула денари помош од државата. И покрај сите наши барања, дописи, молби за помош, Владата остана глува а ние невидливи во сопствената држава. Од друга страна, сведоци сме дека некои други сектори повеќепати беа помогнати со грантови и друга помош. Но, според официјалната статистика на Централниот регистар, нашиот сектор има пад на промет од 62,103% за 2020 година и тоа е можеби највисокиот пад споредено со другите индустрии, велат од асоцијацијата. Тие тврдат дека чекале цела година Владата да го препознае нивниот сектор и да ги согледа загубите. – Не правевме скриени и тајни настани, не го загрозувавме јавното здравје, но заради нашата конструктивност, на крајот го загрозивме опстанокот на нашите фирми. Веќе немаме што да изгубиме, приморани сме нашите права да ги бараме на поинаков начин! Од понеделник излегуваме на улица. До сега бевме тивки, но не натераа да станеме гласни! Ќе останеме на улица се додека не ја добиеме помошта што ја бараме и која ја заслужуваме, посочуваат од ИВАП. – Ги повикуваме сите колеги кои работат во овој сектор како и сите други придружни дејности без кои нашата индустрија не може да постои да ни се приклучат. Не сме многу, но нема да дозволиме да останеме невидливи, додаваат.]]>

Повик за протест на музичарите и музичката индустрија https://arhiva.vistina.com.mk/povik-za-protest-na-muzicharite-i-muzichkata-industrija/ Sat, 06 Mar 2021 06:03:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=192865

Почитувани колеги музичари, ние со неверување ги проследивме вестите на кои беше презентиран „Предлог протокол за свечен ручек/вечера“. Повторно, и покрај тоа што не сме отсвиреле една нота последниве 12 – тина месеци, нас повторно ни е ускратено уставното право да се занимаваме со нашата дејност на апсолутно секој можен начин како ние да сме криви за пандемијава. Нема ни одговор од институциите на нашите легитимни прашања, сите се прават на „три и пол“. Можеби дојде времето кога ќе треба да покажеме колку сме гласни и колку оваа ситуација повеќе не можеме да ја толерираме. Сега сме бројни, а ги делиме интересите со уште неколку професионални комори и здруженија кои веќе не повикаа на заедничко делување. Оставени сме самите да се снаоѓаме и организираме и ако е така, ајде добро да се организираме.]]>

Ивент индустријата на протест пред владата: „Помен – една година тишина!“ https://arhiva.vistina.com.mk/ivent-industrijata-na-protest-pred-vladata-pomen-edna-godina-tishina/ Mon, 01 Mar 2021 14:12:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191903

Со кутии во кои е спакувана опремата, наредени долж булеварот „Илинден“ пред Владата, компаниите од ивент индустријата денеска симболично го одбележаа „поменот“ – една година откако се воведе забраната за одржување јавни настани. Во тој контекст е и мотото „ПОМЕН – една година тишина!“ под кое тие се собраа тука точно напладне, во 12:00 часот, за да искажат револт од ситуацијата во која се наоѓаат. Дојдоа со порака дека без поддршка од државата, не ќе можат да опстанат. Бројките на КОВИД заболени, како што посочија, се зголемува, а тоа значи дополнителна неизвесност дали воопшто наскоро повторно ќе почнат со работа. Како што изјави за МИА Маја Бабиќ, претседател на Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) која го организира протестот, компаниите од оваа дејност бараат неповратна помош, грант, како што добија сопствениците на ноќните клубови. Проценките се дека падот на приходите во ивент индустријата се повеќе од 60 отсто, што според Бабиќ, во догледно време ќе значи ставање клуч на врата. -Баравме да бидеме третирани исто или слично како што беа третирани ноќните клубови. Тие добија грантови од по 10.000 евра. Бараме грант зашто сме една година затворени, но и за да можеме летово нешто да работиме. Буквално сме исцицани. Никаква помош немавме цела година од државата. И предложивме на Владата да има механизми со кои ќе може да се определи вид помош, а тоа значи дека компаниите треба навистина да докажат дека работат во ивент индустријата, дека имаат повеќе од 60 отсто пад на приходот, вели Бабиќ. Претставници на ИВАП во јануари разговарале со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Понудиле решение за нивната индустрија, но, иако добиле ветување дека тоа ќе биде земено предвид и разгледано, Владата воопшто не ги послушала и донела, како што нагласи Бабиќ, свои, неразбирливи мерки. -Откако беше објавен петтиот економски пакет за кој слушнавме преку медиумите, реагиравме веднаш. Упативме писмо со забелешка дека мерките се несоодветни, дека ивент индустријата е незадоволна, како и дека бара уште еднаш да седне на маса со надлежните и да разговара. Но, нема никаков фидбек од сето тоа. Остануваме на ставот дека мерките не се добри или, кога веќе ги донеле, барем да ги објаснат. Објавија дека ќе дадат помош за секторов, но никој ништо не знае. Само велат, ќе ги организира настаните на државата и толку. Тоа не е помош, туку ангажирање, објасни Бабиќ. Со овој собир, дополни, Асоцијацијата сака да го сврти вниманието на Владата, но и на јавноста, за состојбата во која се наоѓа ивент индустријата. – Како сектор, воопшто не сме препознаени и разбрани, а без помош и поддршка не е возможно да опстанеме по цела година неработење. Деновиве е зголемен бројот на КОВИД заболени што значи дека оваа индустрија уште долго не ќе може да почне со работа. Како одговорни граѓани и компании сметаме дека е неумесно да бараме одржување јавни настани при ваква состојба. Ние не правиме тајни настани, не ги прекршуваме законите и прописите и не и создаваме проблеми на пазарната инспекција. Затоа, сметаме дека немаме друг избор, освен Владата да изнајде начин и да му помогне на овој сектор, истакна претседателката на Асоцијацијата. Според неа, во последниот пакет мерки Владата објави дека се наменети средства за секторот -организирање настани, но моделот кој го предложи, ниту некому му е јасен, ниту има најава кога би се реализирал зашто рокови не се дефинирани. – Ние понудивме неколку модели за помош, но ниту еден од нив не бил земен предвид. Понуден е целосно нов, нејасен модел без рокови и јасни правила што остава простор за сомнеж во неговата правичност и намена. За жа, изведувачките уметности, музиката и јавните настани се вториот најголем губитник од КОВИД пандемијата во Европа и светот, според последното истражување на европската агенција EY Consulting, веднаш зад авио-транспортот и според истражувањата, закрепнувањето на оваа важна општествена гранка мора да биде сериозно поддржано и помогнато од локалните влади, рече Бабиќ.

ИВАП на 1-ви март пред Владата ќе одржи помен на забавната индустрија https://arhiva.vistina.com.mk/ivap-na-1-vi-mart-pred-vladata-kje-odrzi-pomen-na-zabavnata-industrija/ Thu, 25 Feb 2021 13:21:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=191482

Асоцијацијата на ивент индустријата (ИВАП) на 1-ви март пред Владата ќе одржи помен на забавната индустрија. Точно една година од денот кога замолкна музиката, замолкнаа настаните, замолкна забавата! Вирусот Ковид-19 стана најголемиот непријател на индустријата за организација на настани. Страдаат многу дејности и сектори, целата креативна индустрија што делува во функција на ивент индустријата е оставена на преживување. „Бевме првите што не забранија, а кога ќе ни доволат да работиме никој не може да потврди. Цела година трпеливо и одговорно делуваме, ние не сме причина за зголемување или ширење на заразата. Но, за жал останавме невидливи за државата. Немаме партнер, ниту поддршка и покрај тоа што со години редовно придонесуваме за полнење на буџетот. Побаравме помош – добивме нејасен модел со недефинирани рокови и услови. Сите други дејности беа помогнати, а нас не оставија на крај со услови кои и самите веројатно не можат да ги објаснат. Пандемијата не стави на апарати а нашата држава ни ги исклучи апаратите. Затоа, во понеделник, на 1 март ќе и оддадеме помен на забавната индустрија. Ги повикуваме сите оние кои се дел од оваа индустрија и кои ја разбираат нашата мака, да ни се придружат, се разбира со строго почитување на мерките и препораките за заштита од вирусот. Задолжително е носење на маски“ – велат од ИВАП.

(Е)страдните уметници на протест пред владата, „ѕвездите“ си останаа дома: Раздор до срж’… до коска! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/e-stradnite-umetnici-na-protest-pred-vladata-dzvezdite-si-ostanaa-doma-razdor-do-srz-do-koska-foto/ Thu, 08 Oct 2020 08:16:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170539

Музичарите, естрадните уметници, ДЈ-ите, ивент индустријата и угостителите... вчера, среда, 7-ми октомври 2020 година, го одржаа најавениот на протест пред владата на Република Македонија. Бројката од околу 1000 нивни претставници и претставниците на нивните здруженија беше доволна, а гласноста многу посилна од владините пропишани „55 децибели“  да се слушне нивниот глас за можност да го остварат своето елементарно право на вршењето на својата работа и дејност, а со тоа и остварување на сопствената егзистенција за нив и нивните семејства, како и за нивните вработени и нивните фамилии. Иако масовноста не беше мала, сепак можеби многумина очекуваа протесниот собир да биде уште помасовен, особено што на него не се појавија токму оние „уметници“ кои не ретко знаат да бидат најгласни токму во реакциите на социјалните мрежи, по кулоарите, па и во кабинетите и канцелариите по институциите... Особено кога се делат државни или поточно, наши, народни пари за разни нивни „тезги“, платени настапи за различни прослави, партиски или изборни митинзи, манифестации, нови години, плоштади, питијади, пиво, вино, не знам веќе какви се' не фестови и фестивали, каде токму истите се први во редот да се закачат на „државна цицка“, па да качат на сцена! Тогаш се најгласни, најбунтовни, најкритизерски расположени...! Ги гледавме пред владата по шаторите и бината кога нивните ментори и финансиери беа во опозиција, ги гледаме и сега кога истите се на власт, па и тие со нив,  во уште подобра позиција да „цицаат“ од веќе споменатата „државна цицка“, од „вимето“  наречено буџет, за што и да е! Но, тоа е само едната страна, едното лице на длабоката поделеност во сите сегменти кај народот на оваа земја, за некои се' уште само Македонија, за споменатите прекрстена во Северна! Покрај политичката поделеност, протестот на музичарите, ДЈ-ите, продуцентите, ивент индустријата... ги покажа всушност сите лица на поделбите по разно-разни основи! И што е најинтересно кога е голата егзистенција во прашање, тие не се нималку по национална основа, зашто, како што спомена и организаторот во своето обраќање, а можеше да се види и на самиот протест, а и на бината, својот револт и незадоволство го изразија преставници на естрадно-музичко-угостителската фела од сите националности кои живаеат во Македонија. Нивни претставници, но не по национална, туку по еснафска основа говореа од бината за своите маки и проблеми предизвикани од Ковид 19 пандемијата, која не погаѓа сите. Поделбите се многу почудни и понелогични. Очигледно беше дека најбројни на протестот беа „народњаците“. И тоа од оние најголемите македонски пејачки и свирачки фолк ѕвезди, како Наум Петрески, Благоја Грујовски, Ферус Мустафов, Ванчо Тарабунов, Анета Мицеска - Молика, Мишко Крстевски, Маријан Коцев, Ирена Спасовска, Сузана Гавазова, Сани Гроздановска, Тања Јовановска - Трајкова, Кате - Соната, Адријана - Кеш, Ирена Вељовска... и уште еден куп соло изведувачи и членови на групи како „Респекти“, „Балкан бенд“, „Скопски боеми“... Па дури и некои млади македонски „Гранд ѕвезди“ како Стефан Величковски на пример или модната фела преставувана од Мики Црнокрак,  беа пред владата. Кој повеќе, кој помалку погоден и обесправен, ама сепак дојдоа и да протестираат за себе, а  и да им дадат поддршка на колегите. Покрај нив стотици други помалку или повеќе познати музичари беа со нив. Колку и да изгледа за пофалба нивната сплотеност, човечка или заради заедничката мака што ги мачи, повеќе од очигледно беше дека другата страна од естрадната фела изостана. Имено, таканаречените „забавњаци“, особено “ѕвездите“ од македонската поп или ар ен би естрада никаде ги немаше. Додека најголемите, најпопуларните и најпознатите кај фолкерите излегоа на улица, овие си останаа дома! Приказните што веднаш почнаа да кружат се сведоа на божемни оправдувања и квалификации дека тие не припаѓале помеѓу „народњаците и тезгарите“, дека нема што да бараат со „сељаците“?!!  Доколку е навистина така, тогаш е крајно неколегијално, навредливо, срамно, тажно и трагично! А всушност зад тоа се крие нешто сосема друго. Најмногу политика, помалку страв и плашливост, а најмалку инертност и безволност. Првото - заради личните интереси, релации и корелации со власта, нејзините и нивни спонзори од олигархијата и поситните „трговци“, второто - стравот да не се биде обележан и ставен во немилост при добивањето државни тезги и спонзорства, последното - опшатата апатија и неверување дека било што во оваа земја може да се промени! Секоја чест на оние од рок ен рол фелата, помалку или повеќе познати лица кои се појавија на протестот пред владата, како некои од членовите на „Меморија“, „Ласт Експедишн“, „Суперхикс“... и музичарите од останатите повеќе или помалку познати рок бендови. Како и на малкумината, кои на прсти можеа да се избројат од „џез, поп, ар-ен-би, рап...“ сцената како Џон Илија Апелгрен, Панчо - ДНК или Тони - Зен и секако ДЈ-ската фела, кои покажаа и желба и волја и „ма*иња“ да кажат дека вака веќе не оди! Алтернативната сцена  тесно поврзана со „шарената револуција“  и нејзините „шарени колективи“ кои денес дебело цицаат од Град Скопје, МКЦ, Универзална сала, КИЦ... и другите државни „вимиња“, не мора ни да споменеме дека беа „први перјаници на улицата“ само додека не седнаа во удобните фотелји на власта и нејзините институции. Сега нивниот сон од „улични глувци“ еден ден да станат „канцеларсики стаорци“ е остварен, па зошто тогаш би се бунтувале и протестирале, нели? Кај ивент индустријата истата приказна. Поделени на оние со и против власта, на бивши и сегашни „цицачи“, а некои и тогаш и сега, некои ниту тогаш , ниту сега... Едните не ги поддржуваат другите, а со тоа ниту протестот на кој тие што ќе се појават на него, автоматски се против другите. Раздор до срж'... до коска! Распукано по сите шавови, расцеп по многу основи, а проблемот еден ист за сите: Како да се живее и преживее од музика? Од добра заработка, очигледно сме сите далеку! Или можеби, не баш сите!!?  ]]>

Музичарите,  ДЈ-ите, ивент индустријата и угостителите протестираа пред владата: Заев „уцвика“ па итно прифати да се сретнат? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/muzicharite-dj-ite-ivent-industrijata-i-ugostitelite-protestiraa-pred-vladata-zaev-ucvika-pa-itno-prifati-da-se-sretnat-foto/ Wed, 07 Oct 2020 15:41:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=170511

Музичарите,  ДЈ-ите, ивент индустријата и угостителите денес, среда, 7-ми октомври 2020 година, го одржаа најавениот на протест пред владата на Република Македонија, кој започна нешто малку по 14 часот. Иако масовноста можеби не беше на ниво на партиските митинзи и протести, сепак бројката од околу 1000 музичари, ДЈ-и, преставници на ивент индустријата, угостителите и преставниците на нивните здруженија беше доволно многу посилно од  владините „55 децибели“ да се слушне нивниот глас за можност да го остварат своето елементарно право на вршењето на својата работа и дејност, а со тоа и остварување на сопствената егзистенција за нив и нивните семејства и за нивните вработени и нивните фамилии. Евидентно беше дека помногубројни беа „народњаците“, музичарите кои свират по локали и свадби, фолк пејачите и пејачките, фолк групите... А, многу помалку беа присутни претставници на рокерите, кои сепак ги имаше, додека оние од „забавната музичка фела“, особено таканаречените македонски „поп или ар ен би ѕвезди“, освен една-две познати фаци, за жал речиси и да не се појавија на протестот! Од поставената бина на протестот прв се обрати организаторот, членот на групата „Респекти“, музичарот Даниел Сидовски кој во името на музичарите, пејачите и ДЈ-ите, угостителите, сопствениците на ноќни клубови, кфулиња, кафеани, ресторани за свадби, комплетната ивент индустрија и сите останати придружни дејности кои се неизоставен дел од естрадата и музичкиот бизнис, го искажа нивниот револт. При тоа, тој рече дека Владата на Северна Македонија,(на чие секое изговарње на она - „Северна“, следуваше гласно: Уааааааа, негодувања  и свирежи), комплетно ги заборавила, игнорирала и не била воопшто заинтересирана за решевањето на нивните егзистенцијални проблеми кои произлегоа од новонастанатата ситуаци со појавата на пандемијата на коронавирусот. Ниту биле слушнати и помогнати, туку комплетно игнорирани од наметнатиот систем на владини мерки, не оставајќи им ниту простор,. ниту протоколи по кои би можеле како-така да функционираат и работат. Засегнати над 20.000 работници само од угостителството и свадбената индустрија или заедно со нивните семејства околу 80 до 100.000 луѓе ос ите националности кои живеат во Македонија, цели 7 месеци се оставени како знаат и умеат да се снаоѓаат за гола егзистенција. Барајќи да седнат заедно со премиерот и минстрите од владата на маса за решавање на нивните проблеми, организторот на протестот  на Заев и владата им даде рок од два дена, до петок, 09 октомври 2020 год. да остварат средба. Во спротивно протести ќе има повторно и тоа пожестоки и помасовни и порадикални со како што рече говорникот: „Со многу посилна бучава од  вашите експертски 55 децибели“! „Нашите брања и протоколи сакаме да ви ги предложиме по итна постапка уште утре, четврток 8-ми октомвр 2020, затоа свикајте брз состанок со вашите советници и министриу, разгледајте ги предлозите и протоколите кои ви ги нудиме,и повикајте не преку нашите преставници од сите засегнати бранши, на взаемна соработка“ - му порачаа организаторите на протестот на премиерот. За волја на вистината уште додека протестот траеше, а на бината говореа преставници на угостителите, рестораните за свадби и веселби, естрадните здруженија... стигна повратен абер од владата дека премиерот ја прифатил понудата и уште во петок ќе ги прими на разговор и работен состанок. Прашање е дали Заев „уцвика“ сфаќајќи со колкава бројка незадоволни гласачи ќе се соочи  пред претстојните локални избори, па она за што неможеше 7 месеци да го реши, одлучи  „ за 5 минути“ да им го овозможи на естрадно-музичките уметници и угостителите? Или ова е само уште еден негов блеф со кој само купува време и  „локализира пожарот“, сакајќи да го стави под контрола пред тој да добие огромни размери и по него, не сакани последици? Во петок ќе бидат многу работи појасни.. И за оние што протестираат и за оние против кои протестираат. Во спротивно, силината на звукот уште повеќе ќе ја наруши тишината на молкот. Многу повеќе од владините пропишани 55 децибели!  ]]>