простуваат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Mar 2024 13:34:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png простуваат – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познатите личности се простуваат од бодибилдерoт, нивен фитнес тренер и пријател: Мирко бре, зошто не’ остави во шок и неверување? https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-lichnosti-se-prostuvaat-od-bodibilderot-niven-fitnes-trener-i-prijatel-mirko-bre-zoshto-ne-ostavi-vo-shok-i-neveruvane/ Thu, 07 Mar 2024 12:00:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341378

Македонија, особено скопјани завиени жал и тага, по веста дека  во својата 47 година ненадејно почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски. Шокот и реакциите по ненадејната смрт на човекот кој беше не само врвен спортист, тренер и професионалец, туку и прекрасна личност, другар и пријател со сите што го познаваа не стивнуваат. Мирко кој беше и персонален тренер на многу познати личности, на последниот ден од минатата година одлучи да проговори за тешкиот период со кој се соочил во 20223-тата. Неговата објава од 31 декември 2023 година ви ја пренесуваме во целост. „Мојата љубов кон спортот започна уште од 7 годишна возраст. Тоа беше спортска гимнастика и бев многу успешен. За мене е најубавиот спорт, многу тежок. Нашите тренинзи траеа некогаш и по 4-5 саати. Се започнуваше со 45 минути загревање, па главниот дел од тренингот и се завршуваше со уште 45 минути вежби за сила. Во салата Партизан 4 „Наум Наумовски Борче“ го запознав и мојот прв учител, подоцна и мојот кум Иван Лошковски кој за жал, прерано не напушти. Бев темпераментно и бесно дете. Иван ме оттргна од улицата и лошите работи за што сум му вечно благодарен. Ме научи да ги ценам вистинските вредности во животот и ми беше пример и идол како треба да биде еден маж“ – ја започна својата животна приказна  тогаш Мирко, објаснувајќи дека токму 2023-тата му била една од најтешките, ако не и најтешка година во животот: * Во мојот живот имав многу тешки моменти , но и моменти на радост и успеси. * Оваа 2023 година беше најтешката година досега во мојот живот. * Оваа страница од мојот жовот ја читав долго. Но ја прочитав, поминав уште едно Божјо искушение. Дојде време да ја свртам и да го започнам новото подглавје во мојот живот. * Сега повторно кога ќе ги отворам очите наутро одвај чекам да ја започнав својата дневна кардио рутина, да си спремам здрави оброци и да одам на тренинг со многу љубов и со љубов да работам со своите клиенти (пријатели) и да уживам во работата. * И за крај ќе споделам и една вистина по која се водам целиот живот, но последниве години поради Х причина ја заборавив: * Јас сум оној кој што сум и овде ме праќа оној кој што сум. Затоа имам духовен мир! И не е беден оној кој што нема, беден е оној кој што има и сака уште многу да има!“ -  ја сподели својата приказна познатиот бодибилдер, чие прерано заминување ја потресе целата јавност. Покрај семејството, најмногу  тагуваат оние кои лично го познаваа, а меѓу нив мноштвото македонски познати личности, јавни лица, естрадни и ТВ ѕвезди... кои уште од вчера, пред неговото  денешно последно испраќање кон вечниот дом, се простуваат на социјалните мрежи од својот личен тренер, другар, пријател, од нивниот Мирко. „Неми се верува... Почивај во мир тренеру“ – напиша покрај заедничката споделена фотографија од еден од треннинзите младата ТВ водителка Ева Јовановска. „Мирно небо тренеру... Еден беше. Рано Мирче“ – споделила исто така со заедничка тренинг фотографија македонската водителка и инфлуенсерка Миа Костова. „Почивај во мир пријателе“ – се сзборовите со кои од Мирко се прости македонскиот шоумен Игор Џамбазов. „Прерано заминуваш пријателе... Не требаше ни вака, ниту сега друже... Нека ти е светол патот кон вечноста Мирко... Сочувство до семејството“ – споделил новинарот, водител и  главен уредник на порталот Вистина.ком.мк, Антонио Димитриевски покрај заедничката фотографија. „Сѐ уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир. Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирко Петровски“ – напиша Панчо-ДНК на нивната заедничка фотографија, кој можеби беше и првиот од јавните личности кој ја обзнани тажната вест на социјалните мрежи. „Патувај спокојно Мирко“ – сподели Тамара Тодевска додавајќи емотикон од скршено срце покрај прошталната реченица. „Те знам од мал, кога тренираше гимнастика во Партизан 4. Кога заедно вежбавме во истиот Партизан во третаната кај Зоки. Во Александар Палас со години разменувавме искуства и вежбавме заедно. Се радував на сите твои успеси во бодибилдингот. Секогаш како маалско дете ги почитуваше постарите и беше несебичен лик! Длабоко ме потресе твоето заминување од овоземскиот свет. Нека ти е светол патот кон вечноста, и мир да најдеш таму горе“ – напиша во прошталната порака од својот маалски другар лидерот на групата „Меморија“ Петар Георгиевски – Камиказа. „Мирко бре зошто не’ остави во шок и неверување? Зошто?! Спремавме цела кампања, планиравме и спортски бренд заедно… 23 години се знаевме - 23 години се почитувавме, си помагавме, вратите на твојот фитнес центар ми беа секогаш безусловно отворени, лојална ти бев исто толку години - не сакав да чујам за друг фитнес центар… ист знак и ист подзнак бевме во хороскоп, иста професионалност и амбиција… ах..ме остави без зборови… почивај во мир легендо!“ – сподели поп пејачката Елена Ристеска во прошталниот пост покрај заедничките фотографии со својот сега веќе, покоен тренер. На нејзиниот пост се надоврзаа бројни други познати личности со изрази на длабоко жалење и сочувстви кон семејството на прерано заминатиот пријател, како Мелита Ракичевиќ, Сузана Турунџиева, Дадар... и многу други кои го познаваа лично Мирко Петровски. Последното испраќање на Мирко Петровски до вечното почивалиште ќе биде денес,  четврток, 07. март во 13.00 часот на градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Почивај во мир урбана спортска легендо! Фото: Социјални мрежи/ Фејсбук/ Инстаграм]]>

Познатите се простуваат од Пиже: „Сега си во друштво на ангелите кои те носат на раце, како икона на Скопје“ https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-se-prostuvaat-od-pize-sega-si-vo-drushtvo-na-angelite-koi-te-nosat-na-race-kako-ikona-na-skopje/ Wed, 18 May 2022 09:10:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=250925

На 57 годишна возраст, почина Сашо Пижевски – Пиже — скопска урбана легенда, пејач, кафе-клуб менаџер и угостител, еден од креаторите на ноќниот живот во 90-ите во Скопје. Замина човек кој со својата тивкост и добрина беше пријател со сите урбани лица во градот.  Останаа многу недораскажани приказни, неоставрени,  договорени  средби, неиспиени чаши, неиспеани песни, ненапишана книгата која се поготвуваше да ја напише... Замина ненадејно, тивко, без најава… Онака како што последниве години живееше. Од Пиже денес на социјалните мрежи се простуваат многумина. Неговите другари, најблиските пријатели, познаници, градски фаци, повеќе или помалку познати лица, естрадни уметници, ДЈ-и, водители, новинари, фотографи, менаџери, познати угостители... И сите се согласуваат во едно: Без Пиже Скоје и неговиот урбан живот повеќе никогаш нема да биде ист...Освен во нивните, во нашите спомени и сеќавања на него и неговото, нашето време. Неговиот најверен музички соработник, кого уште како дете Пиже и Зеко го прибраа во своето кафуле во центарот на Скопје и му дадоа простор да го отвори своето прво импровизирано музичко студио, музичарот, продуцент и пејач Александар Митевски напиша: Познатиот актер и пејач Драган Спасов - Дац, кој во реобновените „Хавана  бенд“ го замени Игор Џамбазов и заедно со Пиже и Зеко ја отпеа „Балада за татко ти и мајка ти“, вака се прости од својот пријател: Никола Перевски - Пере, фронтменот на групата „Нокаут“ на својот Инстаграм сподели заедничка фотографија со Пиже и проштална посвета: Познатата водителка, пејачка и ДЈ Вера Јанковиќ се прости од својот сосед и пријател исто така на својот Инстаграм со кратка проштална порака: Еден од најверните другари и исто така основоположници на првите урбани ноќни забави по скопските дискотеки, познатот организатор и менаџер Милорад Цајиќ - Цајо сподели заедничка фотографија и текст со трогателни зборови: Не само познатите скопјани, се простуваат од скопската легенда на урбаниот ноќен живот во Скопје. Познатиот радио и ТВ водител, охриѓанецот Жанко Голабоски вака се збогува со својот скопски пријател: Познатиот скопски бизнисмен, писател и текстописец Драган Таневски како последно збогум на својот починат пријател му посвети песна: Уште една скопска урбана легенда, еден од најпознатите скопски угостители Горан Мичо Милевски, сопственик на многу урбани локали, меѓу кои и сега актуелниот „Мистер Џек“, со заедничка фотографија и тажен но вистинит слоган се прости од својот другар: Познатиот македонски фотограф Роберт Атанасовски со неверување и тага со сеќавања на дел од заедничките мигови, го испраќа својот пријател: Во име на редакцијата на Вистина.ком.мк и во свое лично име, ТВ водителот и новинар, главен и одговорен уредник на нашиот портал,  Антонио Димитриевски, со свој статус на Фејсбук и сеќавање на времето на заедничката младост со починатиот Пиже, простувајќи се од него, напиша: Дали е прашање само на пука случајност обична коинциденција или сепак универзумот има свои правила по кои ни ја одредува нашата судбина, никогаш нема да дознаеме? Но, она што е евидентно е дека Сашо Пижевски-Пиже, почина на ист датум како и неговиот најдобар другар и неразделен животен компањон, Горан Атанасов - Зеко... 17 мај... само Зеко, 4 години претходно! [embed]https://arhiva.vistina.com.mk/gazda-zeko-ne-e-fer-od-koga-fajront-vaka-rano-pize-dzambazov-mitevski-cajo-dzovani-vaka-poznatite-skopski-likovi-se-prostija-od-nivniot-drugar-foto/[/embed] Фото: Социјални мрежи и приватна архива  ]]>

Македонските јавни личности се простуваат од Марина Туцаковиќ: „Имав желба да ми напишете песна, онаа која сите ќе ја пејат“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskite-javni-lichnosti-se-prostuvaat-od-marina-tucakovikj-imav-zelba-da-mi-napishete-pesna-onaa-koja-site-kje-ja-pejat/ Mon, 20 Sep 2021 07:46:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219682

По тешко боледување, на 67 годишна возраст почина најпознатиот регионален текстоипец, Марина Туцаковиќ. Имено, во 2018 година на Марина и беше дијагностицирано рак на дојка и отогаш се бори со тешката болест. Претходната недела на Туцаковиќ и се влоши здравствената состојба, беше позитивна на коронавирус и ставена на респиратор. За жал, таа ја изгуби битката со опасната болест. Туцаковиќ е најпознатиот текстописец во регионот, има напишано голем број хитови за Лепа Брена, Драгана Мирковиќ, Јелена Карлеуша, Цеца Ражнатовиќ, Дара Бубамара, Ана Николиќ, Аца Лукас и многу други. Српските естрадни уметници со емотивни пораки преку социјалните мрежи се простуваат од жената за која велат дека таква никогаш нема да се роди и жената која како скенер ги познавала нивните души. Од Туцаковиќ преку „Инстаграм“ се простуваат и македонските јавни личности споделувајќи нејзини познати, мудри цитати.

Дарко Димитров

Лина Пејовска

Мими Јовановска

Бојана Скендеровски

Калиопи Букле

„Колку е тешко да се простите од најголемите. Ти благодарам за стиховите и вистината која ја делеше со нас. Се останато е историја“.

Сања Савеска

Антониа Гиговска

„Немав среќа да ве запознам и низ убава енергија и на мене да ми напишете текст. Оној кој сите ќе го пејат. А тоа ми беше желба. Почивај во мир“.

Тамара Тодевска

Елена Стефановска

Лила Филиповска

Мелита Ракиќевиќ

Огнен Здравкоски

Нина Ристовска

фото: притнсркин/инстаграм/luka sarac]]>

4 реченици кои ќе го повредат секој маж: Ако ги изговорите никогаш нема да ви простат https://arhiva.vistina.com.mk/4-rechenici-koi-kje-go-povredat-sekoj-maz-ako-gi-izgovorite-nikogash-nema-da-vi-prostat/ Thu, 29 Jul 2021 12:30:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213224

Кога станува збор за машко-женските односи постојат правила кои треба да се почитуваат, доколку не сакате да повредите нечии чувства. Мажите се сметаат за посилен пол, но постојат неколку работи кои и нив можат да ги повредат. Добро размислете пред да им кажете нешто, особено ако сметате дека тоа може да ги навреди, бидејќи мажите нема секогаш да покажат дека се повредени, а овие реченици никогаш не треба да ги изговорите дури и кога сте "најбесни".

1. "Ти си мамин син"

Оваа реченица не треба да ја изговарате бидејќи таа жена го родила, хранела и израснала. Мажите се многу чувствителни за мајките и сакаат да слушаат само убави работи за нив и нивниот однос. 2. "Мора да зборуваме" Штом ги слушнат овие зборови, мажите веднаш ги фаќа паника и во главата го смислуваат најлошото сценарио. Доколку постои некој проблем, тогаш треба да разговарате за тоа, инаку никогаш не би го решиле. 3. "Твоите пријатели се многу досадни" Поголемиот дел од жените не се воодушевени од друштвата на мажите, бидејќи мислат дека лошо влијаат врз него. Ако не ви се допаѓаат и тоа му го кажете, тогаш може да настане голем проблем. 4. "Мојот поранешен партнер тоа подобро ќе го направеше" Сосема е погрешно да го спомнете поранешното момче или да го споредувате. Тоа што правел поранешниот партнер или не правел сега не е важно. Сегашниот партнер има свои доблести кои ве привлекле и фокусирајте се на нив. извор: точка.мк]]>

Од Џеј се прости целиот регион, сите само зетот – не: Пејачот Адил без последен поздрав за фолк легендата и дедо на неговите деца (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/od-dzej-se-prosti-celiot-region-site-samo-zetot-ne-pejachot-adil-bez-posleden-pozdrav-za-folk-legendata-i-dedo-na-negovite-deca-foto/ Wed, 09 Dec 2020 09:34:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180007

Пејачот Џеј Рамадановски почина во неделата на 6 декември, а ќе биде погребан во петок во алејата на заслужни граѓани во Белград. Во меѓувреме, додека целиот регион се простува од фолк легендата, семејството објави некролог и последен поздрав, во кој еден детаљ предизвика нова бура од емоции кај многумина и повторно ја разбранува јавноста. Меѓу тие кои за последен пат се простија од пејачот,  се двете ќерки, внуците,е поранешната сопруга како и последната девојка на Џеј, но не и неговиот зет за постарата ќерка, пејачот Адил Максутовиќ. Според многумина,  Џеј и Адил  не биле во добри односи од пред неколку години, кога Адил ја претепа својата сопруга - ќерка на Џеј, додека таа беше бремена. Иако Џеј никогаш не и се мешал на ќерката, нему тешко му падна што таа беше жртва на вакво сурово семејно насилство, па иако подоцна се смирија, некрологот е само уште еден доказ дека нивниот проблем пејачите никогаш не го решиле. За потсетување, Ана и Адил откако после се' се смирија,  годинава добија и уште една принова. Џеј отсекогаш бил приврзан за внучињата, на кои бескрајно и безрезервно им се радуваше се' до својата ненадејна смрт.
]]>

Српската естрада во шок и неверување се простува од починатиот колега: „Зошто Боже зеде толку прекрасен човек“!? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-estrada-vo-shok-i-neveruvanje-se-prostuva-od-polinatiot-kolega-koronata-kosi-ne-bira-lugje-chuvajte-se-foto/ Tue, 24 Nov 2020 12:42:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177786

Бојан Златановиќ, тапанарот на популарната поп-рок-фолк група „Амадеус бенд“ почина денес на 45-годишна возраст од последиците од коронавирусот, а неговите колеги од бендот скршени од болка се збогуваат од него со лични, емотивни пораки на социјалните мрежи. „Не ми се верува дека го пишувам ова.Зошто Боже зеде толку прекрасен човек.Токане, ќе останеш засекогаш во нашите срца, ќе те паметиме, засекогаш ќе останеш најдобриот тапанар за нас.Почивај во мир и нека те чуваат ангелите“ - се зборовите со кои се простија неговите колеги од бендот својот тапанар и другар. Покрај музичарите од популарниот бенд, многу пејачи ја објавија тажната вест. Бора Ѓорѓевиќ потсети на своето запознавање и соработка со Бојан и се осврна на злобниот вирус од кој почина Златановиќ. „Момчињата од групата со кои и јас сораработував се многу воспитани и пријатни луѓе. Затоа и работевме заедно и на лично мое, но и на општо задоволство. Моето искрено сочувство до најблиските на Бојан. Оваа корона не избира, коси.  Почина Бора, менаџерот на  Лексингтон бенд, нашиот менаџер Бане Обрадовиќ тешко го мина и едвај го преживеа Ковид 19, а нашиот басист Миша Алексиќ и неговата сопруга Јасмина во моментов се во болница. Луѓе, чувајте се“ - порача Бора Чорба преку српски Курир. Композиторот Драган Брајовиќ Браја ја објави црно-белата фотографија на Бојан, а покрај неа кратко напиша: „Токане, слава ти и благодарам“. Пејачката Слаѓа - Алегро истакна дека е скршена поради смртта на колега и се прости од него на својот Инстаграм. „Немам зборови за да ја опишам тагата. Почивај во мир, добар наш“ - напиша. Преку социјалните мрежи се огласи и пејачката Ивана Павковиќ: „Патувајте со ангелите“ - сподели Павковиќ.]]>

Новинарите на социјалните мрежи се простуваат од починатиот колега Атанас Ковачевски https://arhiva.vistina.com.mk/novinarite-na-socijalnite-mrezi-se-prostuvaat-od-pochinatiot-kolega-atanas-kovachevski/ Fri, 19 Jun 2020 08:20:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=154575

По веста за ненадејната и прерана смрт на новинарот и портпарол на ЕВН, колегата Атанас Ковачевски,  негови блиски пријатели и колеги со неверување и тага, се простуваат од него на социјалните мрежи искажувајќи ја длабоката болка за огромната загуба на колегата, учител, другар и пријател.... Пред се' човек со добро, големо и широко срце. „Не е можно“, напиша ТВ-презентерката на МТВ, Гордана Ѓорчева. Емотивна посвета има и неговата радио колешка Вики Ристовска Чадиковска. „Требаше заедно да се вратиме во радио, да правиме емисија за душа. Така се договаравме. Ах бре Ацика. Каде толку брзо. Нека ти е светол патот. Душата нека ти го најде спокојот. Сигурна сум дека на небото ќе им ја одбираш најубавата музика на анѓелите со твоите емотивно силни најави. Многу ми е жал. Многу, другарче“ – напиша таа на „Фејсбук“. Наташа Стојановска од „Телма“ пишува дека бил вистински другар. „Вчера ми се јави, бараше контакт од некој кој објавувал дека студенти се исклучени од струја. Сакаше да види што е проблемот. Да го реши! Пред неколку дена ме побара да искоментираме за дрес код а зборуваше и за плановите за куќата, за децата. Многу планови остави незавршени… Беше голем човек, секогаш помагаше секому “– пишува таа. Веста со неверувње ја примила и водителката на „Канал 5“, Милена Антовска Станковска. „Беше еден од оние кои ми подадоа рака кога прв пат дојдов во Канал 5. Се понуди да ме научи како да се изразувам на телевизија и да ме научи на правилна дикција. Последен пат се видовме на линк (во време корона). Ти благодарам Атанас за сѐ. Почивај во мир. Сочувство до семејството. Жално, многу жално…“ – напиша Милена.
„Утринава ме потресе веста за агубата на Атанас Ковачевски. Голем другар, пријател... човек кој на сите сакаше да им помогне, човек кој ретко се раѓа... Почивај во мир Ацко“ - напиша новинарката од економската редакција на ТВ Сител, Наташа Мерсовска. „Аман бе човек, каде избрза?“ - кусо напиша Наум Стоилковски, неговиот некогашен колега од информативната редакција на МРТ и актуелен портпарол на ВМРО - ДПМНЕ. „Душава ме боли... Патувај со ангелите Атанас Ковачевски, нека ти ги отворат рајските порти...“ - се зборовите покрај споделената заедничка фотографија, со кои се прости исто така неговата бивша колешка од МРТ, Снежана Пачоска Китанчев.    ]]>

Почина млад македонски пејач – познатите се простуваат од својот колега https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-mlad-makedonski-pejach-poznatite-se-prostuvaat-od-svojot-kolega/ Fri, 12 Jun 2020 07:08:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153351

Неочекувано почина фолк пејачот Емрах Мехмеди од Дебар. Како што дознава 24Инфо, Емрах животот го загубил во несреќен случај, паѓајки од скеле. Емрах важеше за млад и надежен пејач, имаше големи планови во неговата кариера кои за жал останаа нереализирани. Зад него остави две мали дечиња и сопруга. Колегите од фолк естрадата  преку социјалните мрежи се простуваат од Емрах . Пејачот Благоја Грујовски на својот „Фејсбук“ објави заедничка фотографија и напиша: „Ахх бе Емрах ... зар вака требаше да заминеш! Немам зборови да искажам колку жалам. Почивај во мир убаво дете. Најдлабоко сочувство до фамилијата и цела Жировница и Река. Изгубивме пријател колега и прекрасна личност“. Фолкерката Елена Велевска исто така се проси од Емрах. „Јас сум шокирана од тажната вест. Тешко е  да се пронајдат вистинските зборови во ваков момент“, пишува таа покрај заедничката фоторафија. Стојне Никола како и своите колеги е изненадена од веста на колегата. „Што да кажам што веќе не е кажно. Добар човеку, колега....почивај во мир....Сочувство до фамилијата“. Татијана Стефановска се прости од својот колега. „Ужасно тажно. Со неверување се простуваме од тебе. Почивај во мир Емрах Мехмеди. Сочувство до фамилијата“. Aнета Мицевска - Молика на својот „Фејсбук“ се прости од колегата со емотивна порака: „Ах, бе дете златно, вака ли требаше да завршиш. Не ми се верува. Бог да те прости. Длабоко сочувство до фамилијата Мехмеди и цела Жировница“, напиша пејачката. Сања Сани Гроздановска е во неверување поради смртта на колегата. „Не ми се верува!!! Почивај во мир“. Редакцијата на Вистина.ком.мк изразува длабоко сочувство до семејството Мехмеди.]]>

Познатите со солзи во очите се простуваат од Драган Вучиќ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-so-solzi-vo-ochite-se-prostuvaat-od-dragan-vuchikj-video/ Tue, 05 May 2020 10:30:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=148016

Веста за ненадејната смрт на Драган Вучиќ, домашната естрада ја завитка во црно. Познатите личности најмногу преку социјалните мрежи се простуваат од својот колега, пријател, соработник, за некои од нив и учител. Дел од нив застанаа и пред камерата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ и во специјалното издание посветено на него, зборуваа за шокот, кога утрото ја дознале веста за заминувањето на Вучиќ. Во рамки на емисијата познатите се простуваа од својот пријател, соработник, колега… Низ солзи во очите зборуваа за пријателството со Вучиќ и открија детали од нивното познанство, соработката, дружбата, поддршката што им ја дал кога почнувале... притоа потенцирајќи дека Драган беше голем човек и ќе остане легенда, феномен како што пред него немало, и веројатно уште долго нема да се појави во македонскиот телевизиски етер. https://www.youtube.com/watch?v=BIqP8QF31aY&fbclid=IwAR06mETuVqdgwNoK5KyhnJBjs1osztzH74UEq9I7IQ1PGv9oTkcYZ85LiQc]]>

Колегите се простуваат од пејчот Влатко Илиевски https://arhiva.vistina.com.mk/kolegite-se-prostuvaat-od-pejchot-vlatko-ilievski/ Sat, 07 Jul 2018 11:17:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=36781

Македонскиот пејач Влатко Илиевски е пронајден мртов вчера вечерта во својот автомобил. Информацијата за Курир за потврдија од Министерството за внатрешни работи од каде посочуваат дека кај нив е пристигната пријава околу 23 часот синоќа. Од МВР истакнуваат дека Илиевски бил пронајден починат во возило марка „Тојота“ на булеварот „Трета македонска бригада“. Неофицијално, на неговото тело не биле забележани траги на насилство. Министерството за внатрешни работи информира дека на лице место е извршен увид од страна на полициски екипи и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција по што се очекува да бидат познати повеќе детали. Неговите колеги на социјалните мрежи објавија статуси и се простуваат со познатиот пејач. Пејачот ќе биде погребан утре, 08.07.2018 година, на гробиштата во општина Ѓорче Петров, соопшти неговото семејство. Телото на прерано починатиот Илиевски, ќе биде изложено за последна почит во капелата во оваа општина, од 11 до 12 часот. Сања Сани Гроздановска
Kaтарина Ивановска
Taмара Тодевска
Влатко Лозановски
Oгнен Здравкоски
Весна Бејби Петрушевска
Tијана Дапчевиќ
Викториа Лоба
Марјана Станојковска