простува – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 28 Jul 2023 07:38:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png простува – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската естрада се простува од композиторот Кире Костов: „Вечен спомен и… нека ти е светол патот маестро“ https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-estrada-se-prostuva-od-kompozitorot-kire-kostov-vechen-spomen-i-neka-ti-e-svetol-patot-maestro/ Fri, 28 Jul 2023 07:28:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=311842

Почина Кире Костов... Музичар, композитор, аранжер, диригент... Еден од најголемите што последниве децении Македонија ги имала. Зад себе остави бројни дела во областа на џез и танцовата музика, забавната, поп музиката. Некои од најбрилијантните македонски композиции кои ќе останат вечни евергрини се изродија од неговата непресушна креативност. “Летај галебе“, “Кога те нема“, “Твоите очи сине“, „Синот божји“, „Тајно моја“, „Илузија“,,Само сеќавање“, “Не биди слеп“, “Манастирски сон“, “Моја Битола“, “Охридски спомени“, “Бела птица“, “Кој да ти каже“, “Тонови тајни“, “Ти пеам песна“, “Рум, дум,дум“, “Љубовна религија“, “Што те нема“ и многу други... познати рефрени се негово дело, на големиот автор и човек кој со нема позначајно име на македонската естрада со кое не соработувал. Од Верица Ристевска, Калиопи и Каролина, преку Тања и Лидија Кочовски, Маја Вукичевиќ, Врчак, Тоше Проески, Тамара, па се до Јоце Панов, Теа Трајковска, Антониа Гиговска... и уште стотина други. Токму тие,  македонските естрадни ѕвезди се простуваат на социјалните мрежи, испраќајќи последен поздрав на својот ментор, учител, соработник, пријател... на нивниот чичко Кире, единствениот маестро Костов! „Почивај во мир маестро“ - кусо сподели пејачот Ламбе Алабакоски на своите Инстаграм приказни. „Светол пат чичко Кире... Луѓето живеат додека ги паметиме, а вашите дела ќе живеат засекогаш“ - напиша меѓудругото младата поп пејачка Теа Трајковска, чиј учител и ментор беше токму Кире Костов. Тој и ја напишал и нејзината прва песна со која тргнала нејзината музичка кариера. „Растевме и созревавме со неговите композиции, до ден денеска омилени кај сите генерации. Почивај во мир, драг чичко Кире Костов. Искрено сочувство до целото семејство“ - напиша во прошталната порака на својот Инстаграм пејачката Тамара Тодевска, споделувајќи ја можеби неговата најубава напишана балада, единствената „Тајно моја“ на Тоше Проески. Игор Џамбазов пак само со една проштална реченица: „Лесно ти небо маестро“ и споделена фотографија го искажа последното збогум кон починатиот композитор, кој меѓудругото беше и негов колега и наследник на неговиот татко Александар, како диригент во Танцовиот оркестар на МРТ. Слично на него и Роберт Билбилов во една реченица напиша: „Почивај во мир маестро“, простувајќи се од Кире Костов, кој беѓе исто така колега и на неговиот покоен татко, Хилми Билбил кој исто така работеше во оркестрите на МРТ. Панчо од ар ен би дуото ДНК ништо не напиша... Веројатно немал зборови за да ја искаже својата тага. Сподели само една фотографија од починатата музичка легенда на која покрај неговиот лик стојат емотиконите на едно скршено срце и два бели гулаби... Една фотографија - илјада зборови. Ќе ја разбере секој што знае да чита симболи! Стефан Филиповски - пејачот на братското дуо „Некст Тајм“ исто така со фотографија и неколку збора му оддаде последна почит на починатиот композитор: „Почивај во мир... И даде на Македонија преубави песни!“ „Мојот дедо Кире... Ангелче ме викаше... Ја напиша мојата песна 'За нас' и за прв пат на 'Макфест' освоив 3-то место... Подоцна и 'Погледни ме'... Не успеавме да направиме уште една песна. Почивај во мир, ќе ми недостасуваш“ - сподели Антониа Гиговска, чиј почетоци на  музичката кариера исто така се врзано со маестро Костов. „Септември ‘97, на почетокот од мојата музичка кариера имав чест и привилегија првата песна да ја напише Маестро Кире Костов… Сонот стана јаве, композиторот на “Твоите очи сине”, “Кога те нема”… ќе твори за мене. На среќата и немаше крај…Сите негови композиции имаат возвишена емоција, а тој ќе продолжи да живее преку неговите нив. Почивај во мир Маестро, сочуство до семејството“ - сподели во проштална порака на својот Фејсбук пејачката Маја Вукучевиќ, присетувајќи се на фестивалската соработка со починатиот маестро. И пејачот Јоце Панов со кого маестро Костов соработуваше, не заборави да му испрати последен поздрав; Почивај во мир маестро Кире Костов. Ми напиша две песни, но вредни како 20. 'Ти пеам песна' и 'Љубовна религија'' - споделил штипјанецот покрај заедничјта фотографија со својот некогашен композитор. Денеска не напушти голем музички великан, човек кој остави огромни траги во македонската музичка дејност. Моето прво искуство со студиото и сцената беше баш со чичко Кире Костов, кого за прв пат  снимивме во далечната 1994 година за  детски музички фестивал Си-До во Македонската радио телевизија .Патувај мирно голем човеку, ќе живееме со твојата музика. Сочувство до семејството“ - сподели на својот Фејсбук неговиот  битолски сограѓанин, пејачот  Димитар Андоновски. Покрај семејството, загубата за Македонија и македонската музичка сцена е преголема, а листата на тажни и скршени срца предолга за да ја собере во еден текст. Нека ти е светол патот, почивај во мир маестро!]]>

„Нашата најдобра Маки“: Српската естрада во солзи се простува од авторката на најголемите хитови, Марина Туцаковиќ https://arhiva.vistina.com.mk/nashata-najdobra-maki-srpskata-estrada-vo-solzi-se-prostuva-od-avtorkata-na-najgolemite-hitovi-marina-tucakovikj/ Mon, 20 Sep 2021 10:59:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219775

Текстописецот на најголемите хитови, Марина Туцаковиќ почина на 67 години по тешко и долго боледување. Таа ги напиша текстовите на најпознатите песни, а естрадните уметници не може да се помират дека замина најголемиот „хитмејкер“. Тие се простуваат од Марина Туцаковиќ. Мина Костиќ „Сега дознав. Многу ми е жал. Сочувство до целото семејство.Нека почива во мир. Никој нема да ја замени Марина. Саша Матиќ Од Вас дознавам, во шок, не можам да зборувам. Нада Топчагиќ Такви како Марина никогаш не умираат. Остави толку многу работи зад себе што не може да биде заборавена. Се надевам дека замина на некое подобро место. Многу ја почитував Марина и нејзината работа. Сочувство до целото семејство. Анастасија Ражнатовиќ Најголема и најдобра, засекогаш ќе живееш во нашите срца и во песните кои вечно ќе се пејат. Вие оставивте длабока трага на оваа земја. Ми беше голема чест што ве познавав. Елма Синановиќ Жал ми е што ова го слушам, не знаев. Во шок сум. Знаев дека е болна и е во болница, но ова вест многу ме изненади. Ова е голема загуба. Останавме без голем губитник. Ги  напиша моите најголеми хитови и ништо нема да биде исто без неа. Ѓорѓе Давид Среќен сум бидејќи напиша еден текст кој го пејам со децении и по кој ме препознаваат. Ти благодарам за сè, драга. Драгана Мирковиќ „Уметник, револуционер, визионер, но пред се – човек. Драга моја Марина, ти блаогодарам за сите прекрасни текстови, за најубавите моменти кои ги поминавме заедно, за бројните совети, ти благодарам што овој свет го направи подобро место за живеење со твојата добрина и талент. Моите мисли одат кон твоето семејство, посебно кон син ти Лача, бидејќи само ние кои имавме среќа да не допреш со твојата величина, знаеме што изгубиле најблиските.  Колку време да поминував со тебе, секогаш беше малку, а со тебе завршува една ера на музиката. Патувај со ангелите Марина и најди мир кој го заслужуваш. Те сака твојата Гага.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Dragana Mirković (@dragana_mirkovic)

Мјерима Његомир Многу ми е жал. Во многу работи беше посебна, по нејзините феноменални песни. Беше лавица, се бореше. Верувајте дека многу ми е жал, таква жена веќе нема да се роди. Милица Павловиќ Многу ме погоди ова трагична вест, немам зборови од шок и тага. Марина беше една вансериска жена, сигурно една од најзначајните личности на музичката сцена на овие простори во последните 30 години и нејзините песни обликуваа многу животи, се даде целата себе и своите емоции во своите песни и остави незаборавна трага. Засекогаш ќе живее низ твоите стихови и ќе бидеш сакана. За мене беше привилегија да соработувам со неа. Ти благодарам на се. Жељко Самарџиќ „Ставете ми уште едно виски, бидејќи се сруши целиот мој свет....Ќе нодостигаш засекогаш. Засекогаш ќе ја паметам твојата насмевка мила моја Маки. Засекогаш ќе ги чекам твоите нови текство бидејќи не верувам дека те нема. Те сака засекогаш твојот Бабаре. Нека ти е вечна слава, и ти благодарам за се.
Лепа Брена „Што и да кажам за Марина, секогаш ќе биде малку. Си замина жената поетеса на сите нас, наша пријателка, другарка, која како скенер ги знаеше нашите души, што мислиме и чувствуваме. Никогаш повеќе нема да се роди таква жена која ја сакавме и почитувавме. Ќе останат нејзините текстови како печат на сите нас, едно време во кое го имамваме најголемиот текстописец, пријател. Нека и лесна земја и нека не гледа од подобро место.Те сакаме и ќе те сакаме засекогаш Марина бидејќи ти со твоите дела ни ги разубавуваше животите, твоите зборови ги преточивме во емоции кои сите ги почувствуваа. Почива во мир.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

Цеца Ражнатовиќ „Останав вез зборови. Зад неа е долга, тешка борба. И колку и да ја знаевме сериозноста на ситуацијата, јас немам зборови. Замина една вонсериска душа, жена која од секоја ситуација правеше поезија, некој кој никој не остана имун на нејзината работа, а ние кои ја имавме за пријател, може да се сметаме за привилигирани. Марина моја драга, одмори си ја душата и знај дека ќе бидеш сакана од сите нас.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by C E C A (@cecaraznatovic)

Јелена Карлеуша Маки моја јас барам зборови ... Во овој по*ран живот полн со болка, страдање и тага, ја остави најубавата трага ... И претпоставувам дека вредеше да се живее ... Ти благодарам за сè.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by JELENA KARLEUŠA (@karleusastar)

]]>

Ова не се простува: Ако го толерирате ова во врската, ќе следат поголеми проблеми! https://arhiva.vistina.com.mk/ova-ne-se-prostuva-ako-go-tolerirate-ova-vo-vrskata-kje-sledat-pogolemi-problemi/ Thu, 01 Jul 2021 12:15:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209266

Подобро сега да ја прекинете агонијата. Ако немате љубов, поддршка од вашиот партнер, чувство на припадност или грижа, имате чувство на инфериорност, ова се јасни знаци дека таквата врска не е добра за вас, нема да ја поправите со тоа што ќе останете во неа, и мора веднаш да ја прекинете агонијата. Постојат работи кои жената не треба да му ги простува на мажот. Несигурност Мудра и силна жена е онаа која знае да застане за себе и храбро да се соочи со сите убавини и предизвици што ги носи животот. Сепак, во љубовта, таа е романтична и нежна, сака прегратка и чувство на сигурност. Слаба личност која не е во состојба да се соочи со себе си и својот живот, никогаш не може да биде ова мирно и романтично прибежиште. На ментално силна жена и треба ментално силен маж кој ќе ги надмине животните бури заедно со неа, но и да биде таму кога сè што и треба е прегратка, без зборови, без прашања. Незрелост Прекрасно е кога останувате среќно дете во вашето срце, но ако мажот често има незрели карактеристики на размислување, емоционални реакции и обрасци на однесување, тогаш тоа почнува да претставува товар на мудрата жена. Потребна ѝ е личност која постојано се стреми кон духовен и интелектуален развој и која знае како да преземе одговорност за нејзините одлуки. Недостаток на поддршка Во партнерствата, меѓусебната поддршка е исклучително важна. Љубовта е тука за да ни даде ветер во грб и да нè мотивира да го постигнеме она што го сакаме и да станеме најдобрата верзија на самите себе. Ако вашиот партнер е рамнодушен кон вашите одлуки, намери и предизвици или е склон да ве саботира наместо да ве охрабрува, тогаш размислете дали има место до вас. Лошо однесување Почитувањето е потребно во секоја врска – тоа е предуслов за вистинска љубов. Недостаток на почит е знак на тревога што кажува – ова не е вистинската личност за вас. Не плашете се од осаменоста, но бидете свесни дека заслужувате максимална љубов и почит. Некомуникација Квалитетната комуникација е неопходна за квалитетна љубовна врска. Ако вашиот партнер не сака да ве слуша, или ги игнорира вашите чувства и „ги турка проблемите под тепих“, ова е знак дека вашата врска не оди во вистинската насока. Запомнете, љубовта е цвет на кој му треба постојано негување и напојување, но бара заемно внимание. извор: попара.мк]]>

Колку и да грешат, мажите можат да простат сè, освен овие четири нешта! https://arhiva.vistina.com.mk/kolku-i-da-greshat-mazite-mozat-da-prostat-se-osven-ovie-chetiri-neshta/ Fri, 25 Jun 2021 12:15:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=208477

Колку и да имаат разбирање, одредени работи мажите не ги простуваат. Некои од нив жените ги прават свесно, а некои целосно несвесно, затоа што се дел од личноста. „Душо, не можам да живеам без тебе“ Прекрасно е да се знае дека некој те сака и не може да живее без тебе. Живеете заедно еден месец или два и сфаќате дека „влечете“ возрасна жена со вас насекаде затоа што таа „се плаши да остане сама во станот“; затоа што ќе венее ако не и повторуваш секој час колку ја сакаш, затоа што не смееш јавно да и ја отпушташ раката затоа што „тоа е знак дека се срамиш од неа“. Мажот ќе го истрпи тоа некое време, а потоа во првата можност се сврти и заминува, почнува повторно да дише и почнува да се чувствува како разумно суштество кое може да живее самостојно. Не можам сама да се грижам за станот И тогаш сфаќа дека пред него, мајка ти се грижеше за станот и за тебе, а сега тоа е тој. „Не знаете“ да ги платите сметките (бидејќи сите во банка се малку лути), не знаете како да повикате водоводџија (затоа што зборува нешто неразбирливо), не знаете да резервирате хотел за лето (затоа што зборуваат англиски), не знаете како да запишете дете во градинка (затоа што сте дете на возраст од 30 години). Расправијата со жена е сосема друга димензија на разумот „Тоа го направи твојот син! Ох, сега е „син ми“. Пред тоа, тој беше „нејзиното бебенце“. Пред тоа, вашиот син сам ги отфрли пелените, кој прв доби висока пет по математиката, кој прв научи да вози велосипед. А, кога тој ќе стори нешто лошо, тогаш вие луто велите „Тоа го направи ТВОЈОТ син!“ Треба да се грижиш за мене затоа што сум дама Уште еден женски смртен грев. Плати го ова, плати го тоа, и повторно, дури и ако не е сè во парите, сè се сведува на повлечи го ова, натовари го тоа. На крајот, некој се чувствува повеќе како магаре отколку како човек. извор: попара.мк]]>