прослави – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Dec 2023 10:13:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прослави – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Панчо – ДНК жестоко го впери прстот во поедини колеги од естрадата и јавниот живот: “Сите кои си ги промовирате вашите настани на овој ден сте обични бедни безрбетници“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pancho-dnk-zhestoko-go-vperi-prstot-vo-poedini-kolegi-od-estradata-i-javniot-zhivot-site-koi-si-gi-promovirate-vashite-nastani-na-ovoj-den-ste-obichni-bedni-bezrbetnitsi-foto/ Wed, 06 Dec 2023 10:08:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330104

Огромната болка по невидената трагедија што деновиве ја потресе македонската јавност се' уште не стивнува. Можеби шокот и неверувањето полека се претвораат во соочување со реалноста од која нема враќање, но од трагедијата  треба да се извлечат поуките и направи се' вакво нешто никогаш и никому да не му се повтори. По трагедијата емпатија и сочувството беа речиси колективна одлика на целата нација која тагуваше по невината жртва, чиј детски живот наслино беше одземен. Но, како што вели старата поговорка: „Во секое жито мора да има и плевел“, го имаше и овој пат, во овој случај. Како што веќе пишувавме кога веќе политиката немаше ни доблест ни совест да прогласи ден на жалост, другите имаа. ТВ емисиите од забавен карактер беа откажани, настаните и концертите – одложени, промоциите на нови песни и музички видеа - пролонгирани... Зашто ако имате барем тронка чувство на емпатија, барем парче душа пред ваква трагедија, не ќе имате совест да се однесувате како ништо да не се случило. Особено ако професијата ви е да ги забавувате масите, а  никому не му е до забава. Тоа бргу го сфатија повеќето од естрадно-забавниот свет, иако некои не веднаш и не баш сите… Ова изнервира многумина кои коментираа на социјалните мрежи жестоко реагирајќи на тоа како може во вакви моменти на траор и тага некој да си тера забава, веселба, музика, да си промовира ивенти, настани, настапи... Ако веќе власта нема сенс за тоа дека во вакви околности Македонија барем 24 часа требаше да биде земја на тагата, како што тоа на пример го направи соседна Србија која се случи масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“, тогаш секоја индивидува  мораше да има барем малку душа да ја сподели тагата за невино загубената детска душа. Еден од оние кој најмногу изнирверина најжестоко изреагира на социјалните мрежи вперувајќи го прстот во своите „неразумни и бездушни колеги“ од естрадата кои ја игнорираа болката и тагата по објвата за смртта на малата Вања, беше Панчо - ДНК. Владимир Блажев како што му стои во личната карта и овој пат имаше што да каже и кого да прозве крајно изнервиран од односот на некои свои колеги кон „траорната стварност“!  Изваден од такт, тој своите профили на социјалните мрежи ги опсипа со жестоки „комплименти“ оние свои колеги кои ниту смртта на малото девојче не ги допрела, па како да ништо да не се случило си ја терале својата испланирана агенда од промоции, настапи, ивенти, прослави, родендени... На таквите пејачки, старлети, инфлуенсерки... естрадни јавни фаци,  Панчо им порача:   Фото: Facebook/Vladimir Blazev]]>

Цела Југославуја „сечеше вени“ по Тина – куќната помошничка во култната серија „Театар в куќи“: Вака денес изгледа Лилјана Лашиќ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/tsela-jugoslavuja-secheshe-veni-po-tina-kuknata-pomoshnichka-vo-kultnata-serija-teatar-v-kuki-vaka-denes-izgleda-liljana-lashik-foto/ Mon, 05 Jun 2023 10:31:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304900

Актерката стекна огромна популарност како куќната помошничка Тина во серијата „Театар в куќи“. Покрај нејзиниот блескав талент, ја красеше и атрактивниот изглед, па важеше за една од најубавите и најсексапилни актерки, по која „сечеше вени“ машката популација во цела поранешна Југославија. Љиљана Лашиќ, актерка и драматург, е родена на 17 декември 1946 година во Крагуевац, а првите чекори ги направи на сцената во Белград. Во брак со Владислав Лашиќ, сценограф, ги има синот Ѓорѓе, архитект и внуката Јована. Таа по 40 години глума се повлече од „Белградско драмско позориште“. Нејзиниот прв професионален избор беше архитектурата, но ги прекина студиите за да влезе на Факултетот за драмски уметности, од сосема невообичаена причина. Имено, таа верувала дека доколку остане на првиот избор ќе го загрози бракот, па се запишала на студии по глума. „Се омажив многу млада, што никому не му го препорачувам. Да се ​​омажиш на 18 години значи да изгубиш голем дел од младоста“, изјави своевремено актерката. За полесно да се следат, Љиљана влезе во светот на својот сопруг, а на факултетот беше во класата со Петар Божовиќ и Светлана Бојковиќ. Интересно е што нејзината соученичка подоцна стана нејзин телевизиски ривал во ТВ серијата „Подобар живот“, а „виновник“ беше нејзиниот партнер од серијата Воја Брајовиќ. Љиљана напорно работеше и пред и по оваа улога, повеќе од 40 години беше член на „Белградско драмско позориште“. Најмногу играше во телевизиски серии, додека не ја гледавме често на филм, глумеше само во неколку филмови. Се започна со „Љубов има, љубов нема“ и преку „Дипломци“ дојде до улогата на Кристина Тина во „Театар в куќи“. Покрај актерството, Љиљана Лашиќ успешно се занимава и со пишување, а некои нејзини текстови се драматизирани, на пример претставата „Јасмин на странпутици“. Љиљана која денес има 76 години не е често присутна на јавната сцена, но многумина се согласуваат дека отсекогаш била и останала вистинска дама. ]]>

Старлетата Тијана Ајфон го прослави 30-тиот роденден: Во преден план беа нејзините шармантни гради и долгите нозе (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/starletata-tijana-ajfon-go-proslavi-30-tiot-rodenden-vo-preden-plan-bea-nejzinite-sharmantni-gradi-i-dolgite-noze-foto/ Wed, 20 Jul 2022 09:09:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=259352

Српската старлета Тијана Максимовиќ, попозната како Тијана Ајфон, го прослави својот 30-ти роденден во луксузен ресторан во Белград. За оваа специјална пригода таа облече минијатурен златен фустан со огледалца,  а гостите славеа со шампањ, гласна музика и огномет. Тијана за време на прославата објави фотографии и видеа па покажа колку се забавува. Иако, целата прослава беше фотографирана и од професионални фотографи. За оваа специјална пригода таа облече минијатурен златен фустан со огледалца кои повеќе откриваа отколку што покриваа. Така нејзините гради и долги нозе беа во преден план. Иако многумина дебатираа дали Тијана носи долна облека или не, бидејќи на шлицот кај нозете не се гледа работ на гаќичките, таа сепак ги носеше бидејќи под папокот се гледа ткаенината со боја на кожа. Таа се определила за „влажен изглед“, популарната „залижана“ фризура и шминка во неутрални бои со исклучок на црната сенка за очи. Фото:Принтскрин/Инстаграм/ticamaksimovic/Антонио Ахел/Ата Имаџес]]>

Кај Елеонора Миљковиќ роденден се слави скоро секој ден: Татко и, сестра и, кучето… и по торта за секого! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kaj-eleonora-miljkovikj-rodenden-se-slavi-skoro-sekoj-den-tatko-i-sestra-i-kucheto-i-po-torta-za-sekogo-foto/ Tue, 07 Jun 2022 08:52:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253261

Кај македонската ријалити ѕвезда и ТВ „Ред“ водителка Елеонора Миљковиќ дома очигледно постојано е весело. Така барем изгледа по сето она што таа го споделува на социјалните мрежи, особено на својот Инстаграм профил. Имено, додека Нора ги впиваше на себе првите сончеви зраци во денот распослана во домашниот двор крај базенот, со фот камерата  го забележа и танцот на дамата во бело. Раскошна госпоѓа, дотерана во бел летен фустан и бела шапка, како со широка насмевка беспрекорно танцуваше во ритамот на звуците што доаѓаа од звучниците... нејзината мајка! Ден-два подоцна, нова журка... Овој пат роденденска. Славеникот - сопственикот на имотот, таткото на скопската убавица, која ја собра целата фамилија засилени со лица од блиското опкружување на роденденска дружба, прослава со музика, песна и танцување. Првиот валцер на роденденската журка како на свадба. Славеникот и неговата понежна половина во љубовно танго на сентиш од нивните времиња. Среќни и весели сите, особено Елеонора.... За да нема љубомора и несудениот зет, нејзиното момче Чедо, доби француски љубовен бакнеж... в уста! Сепак највесела и најрасположена одново нејзината атрактивна мајка. Госпоѓата овој пат во летен комбинезон во боја на циклама, покажа дека е вистинска дама. Не само што беше главна во подигањето на атмосферата на роденденаката журка демонстрирајќи ги своите танцувачки способности, туку како права жена што го сака својот човек, прва му го честитаташе роденденот кога за тоа дојде мигот. Најпрвин се разбира среќниот славеник ги дувна свеќичките на торатата на која малку забуна направи бројката, ама не е важно. Важно е да е весело... И како прв ден да те сака и бакнува девојката, која оддамна ти е сопруга и жена на твојот живот.  А како тоа стручно се прави, како славеникот сочно се бакнува, демонстрираше госпоѓа - мама Маргарета на која и после толку години, очигледно љубовта и цвета! Но, роденденското славје доби ново поглавје кај Елеонора и тука не застана, зашто веднаш по некој ден, некој друг имаше роденден. Домашниот крзнен миленик, белиот бишон беше во центарот на внимението тој ден, зашто го славеше својот прв роденден. А како и секој славеник, и тој дотеран со „пеперутка вратоврска“ доби подарок, голема торта... Секако, кучешка, иако на едногодишникот многу поинтересна му беше платнената играчка. Но веселата роденденска недела кај Елеонора  тука не завршува. Следна која славеше роденден, беше нејзината помал сестра Мила. Така барем се пофали на Инстаграм, на кој ја покажа сета своја младешка убавина, ништо помалку раскошана од нејзината постара сестра. И секако, роденденската торта, која заврша како што заврши... кај оние што младата убавица ги почести, а понекое парче и помеѓу нејзините прсти... в уста!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by mila (@milaamiljkovic)

Фото: Инстаграм принтскрин/__elle.m__/milaamiljkovic]]>

Станија во црвена секси долна облека им покажа и на женетите и на ергените, како го прослави „Денот на вљубените?!“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/stanija-vo-crvena-seksi-dolna-obleka-im-pokaza-i-na-zenetite-i-na-ergenite-kako-go-proslavi-denot-na-vljubenite-foto-video/ Mon, 15 Feb 2021 13:04:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=189752

За Денот на вљубените, Станија Добројевиќ ги почести обожавателите со жешкото, „љубовно“ издание, разголена во постела во долна облека од црвена тантела. Не остана многу скриено, бидејќи старлетата се соблече само во танга гаќички и позираше во скоро сите пози додека ја фотографираа од речиси сите можни агли. Се тркалаше во големиот проѕирен балон со огромни кадифени мечиња и црвени плишани срца и на тој начин им приреди сочно задоволство на сите што ја следат. Едноставно, старлетата во нејзиниот стил реши да им покаже на сите дами во какво издание и расположение треба да се дочека празникот, додека на мажите, и на оние женетите и на ергените, како се слави „Денот на вљубените“! Позите во кои ја демонстрираше намерата пред објективот на камерата никогаш не биле пожешки... А и Станија - никогаш посекси! Затоа, ако годинава го пропуштивте, догодина - здравје, не пропушајте да го го прославите Св. Валентин со вака бујна страст, љубовен жар и манија... Впрочем, секој од нас има своја Станија!?
]]>

Родендени, јубилеи, годишнини… Вака се потсетија на нивните значајни датуми Ноне Неделковска, Кокан Димушевски и Сузана Гавазова (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/rodendeni-jubilei-godishnini-vaka-se-potsetija-na-nivnite-znachajni-datumi-none-nedelkovska-kokan-dimushevski-i-suzana-gavazova-foto/ Tue, 29 Sep 2020 08:07:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=168984

Секој од нас има свои денови кои му се најважни во животот. Секако, денот на раѓање, слава, именден, разни јубилеи, годишнини од брак... И уште низа важни датуми кои за сите други се можеби само обични денови, но за некого од нас,  ден за потсетување, евоцирање спомени, ден што нешто значи во неговиот живот.  Затоа такавите денови и се одбележуваат, се слават, се ставаат на пиедесталот меѓу најважните датуми во нашиот живот. Можеби времето и околностите заради познатите настани сега и не дозволуваат онакви прослави какви што паметиме, ама тоа не значи дека од значајните датуми во животот треба да се откжеме, да ги заборавиме, преспиеме... И секако, не значи дека не треба да бидат одбележани на соодветен начин. Тоа го правиме сите ние, па и познатите личности, меѓу кои и естрадните. И тоа секоја на свој начин. Повод и причина за славење имаа три наши познати музички лица. Една некогашна поп ѕвезда, еден од најдобрите и најпознати македонски музичари и врвни инструменталисти, и една од најголемите актуелни фолкерки: Ноне Неделковска, Кокан Димушевски и Сузана Гавазова.  Најмладата од нив, Ноне славеше роденден, а Кокан и Сузана годишнина од бракот. И секој на свој начин го одбележа значајниот датум од животот, а на таков начин и го споделија на социјалните мрежи. Ноне го прослави својот роденден. Овој пат дома, во родниот Велес. На дамите навистина не им се бројат годините, но македонската „џепна венера“ не се срами да ги каже, па и самата ги откри. Можеби затоа што и воопшто не изгледа за годините. Туку како да има половина од тоа! Од сите роденденски честитки што се „слејаа“ на адресата на Ноне, највпечатлива онаа од мама Мимоза, која на својата ќерка - морепловка и посака: Океан од здравје, море од среќа и љубов, езеро од  успех, река од пари, животот да биде убав, сите да те следат, до години стари. Вечност Бог да ти подари, Среќен роденден“. Македонскиот клавијатурист, музичар, член на култните „Леб и сол“ и  долгодишен член на Танцовиот оркестар на МРТ, Кокан Димушевски исто така имаше причина за одбележување добра бројка... Годишнина од бракот со неговата сопруга Билјана. Оние што ги познаваат, знаат дека се заедно откако ги паметат, ама Коко сепак бројката не ја откри... Или ја откри, ма  на поинаков начин, споделувајќи чудна „цифра“ - 3842, покрај заедничката фотографија со неговата животна сопатничка. Што и колку им значи, само тие двајца знаат да дешифрираат! Но, штом ја споделиле, сигурно многу им значи! Годишнина од денот кога го кажа судбоносното „ДА“ одбележа и македонската фолкерка Сузана Гавазова. 27-ми септември 2014 година или 6 години од денот кога Гавазова „облече бело“ , а насмевката ја „криеше“ под велот, додека одекнуваа свадбените ѕвона за неа и нејзиниот сопруг Јасмин. Гавазовова на денот на нивната венчавка се потсети и себе си и јавноста со споделени неколку, што видени, што досега невидени фотографии од свадбата, на која и самата во еден момент се фати за микрофонот за да ги развесели гостите, крене атмосферата и увеличи сопствената прослава! Впрочем, важните датуми затоа и постојат - за да се паметат и да не потсетуваат на најзначајните моменти од нашите животи... Моменти на радост, среќа, задоволство, убавина, исполнетост, моменти на живот, каков што постојано сакаме, секој ден да го живееме. Епа, нека е само за арно и убаво и... Нека ни се множат и годините и прославите. Наздравје! Фото: Фејсбук принтскрин    ]]>

За прослави што се паметат – кетеринг од Барбакан https://arhiva.vistina.com.mk/za-proslavi-shto-se-pametat-ketering-od-barbakan/ Tue, 10 Dec 2019 10:42:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123063

Сијалички, мирис на снег и празнична атмосфера... Да, тоа е оној дел од годината што го обожаваме. Со 2019-та ќе се збогуваме онака како што сакаме да ја дочекаме 2020-та - со тон прослави и позитивна енергија. Локацијата за прослава изберете ја Вие, но дозволете му на тимот од бистро бар Барбакан да се погрижи за исхраната и пијалаците. Скратете ги главоболките така што менито ќе го препуштите во рацете на врвните кулинари од Барбакан. На вашите гости приредете им вистинско гастрономско уживање а Вам безгрижна забава. Професионалниот кетеринг на Барбакан ќе ги задоволи вкусовите и на најпребирливите. Веруваме дека ова ќе биде првата од низата успешни соработки со овој одлично организиран тим. Затоа што:

Храна за стотици гости

Доколку на Вашата забава имате стотина гости, не постои веројатност дека ќе ги нахраните сите и притоа, Вие лично ќе бидете среќни и опуштени. Затоа што повеќе сакате да се посветите на дружење со вашите гости отколку да поминете време во готвење храна и послужување.

Голем избор храна

Ако сами ја приготвувате и служите храната, несомнено е дека ќе имате ограничувања за тоа каква храна може да понудите. Кетерингот на бистро бар Барбакан го работат стручни лица и тие можат да обезбедат каков вид храна и да посакате.

Ви заштедуваме време и нерви

Ако планирате пред-новогодишна забава за вашата компанија или некоја друга голема манифестација, ќе бидете растргнати на сите страни. Она што кетеринг услугата на Барбакан ја прави единствена е тоа што со еден контакт, добивате се! Доколку навистина сакате да се опуштите и да уживате во вашата прослава, Барбакан нуди целосен пакет кој вклучува храна, пијалок, бенд, фотограф, келнери (послуга), осветлување, озвучување, коњопои, чаршави и маси... Нуди целосно уживање со ветување дека „ќе бидете гостин на Вашата забава“.

Професионална услуга

Персоналот кој е задолжен за реализација на кетеринг услугите е професионален и одлично знае како да се вклопи во атмосферата со што, ниту за момент, нема да се почуствувате како да сте присутни на некој формален настан доколку тоа е потребно.

Флексибилност

Она што го прави кетерингот на Барбакан посебен е приспособливоста и подготвеноста на персоналот и менаџментот, во секој момент, да се одговори на вашите барања.

Сигурен транспорт на храната

Возилото кое Барбакан го користи за транспорт на храна ги исполнува сите ХАССАП стандарди за храна. Тоа подразбира квалитетен транспорт на храната.

Храната е секогаш свежа и вкусна

Она што ја прави единствена кетеринг услугата на Барбакан е тоа дека храната е секогаш свежа, вкусна, одлично приготвена и сервирана. Барот секојдневно врши набавка на свежи намирници од локалните добавувачи.

„Готвење во живо“ (live cooking)

...за време на вашата прослава, со што би можеле да „украдете“ некој трик од вештите готвачи со кои располага Барбакан.

Забавите со Барбакан се навистина забавни

Доколку сакате да ја „зачините“ вашата прослава, Барбакан нуди и можност да Ви организира тематска забава што ќе ја направи несекојдневна и ќе остане во сеќавањата на присутните засекогаш. За крај, она што го издвојува бистро бар Барбакан се должи најмногу на проактивноста и желбата на персоналот и менаџментот да овозможат совршено и незаборавно доживување...]]>

Сашко Коцев го прослави својот роденден – еве колку години наполни познатиот актер https://arhiva.vistina.com.mk/sashko-kocev-go-proslavi-svojot-rodenden-eve-kolku-godini-napolni-poznatiot-akter/ Thu, 29 Nov 2018 08:15:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=60354

Родендените е денот кога се потсетуваме дека на таа дата сме родени и дека постоиме. Некои родендени ќе ги паметиме засекогаш бидејќи не потсетуваат на прекрасни моменти поминати со драги личности. Како и да е, секој различно го одбележува роденденот. Познатиот македонски актер вчера го прослави својот 37 роденден. Имено, Сашко Коцев е роден пред 37 години во Куманово, а денес важи за еден од најпознатите актери. Со својата харизма, талент, смисла за хумор секогаш знае да ја насмее публиката.
Коцев во телефонски разговор за „Ексклузив“ откри дека во текот на вчерашниот ден имал многу обврски. Исто така истакна дека роденденот ќе го прослави заедно со сопругата и ќерката. Коцев и преку социјалните мрежи им се заблагодари на своите пријатели за честитките.