прослава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 08 Mar 2024 20:34:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прослава – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ВИСТИНА ексклузивно открива: Бракот на Антониа и Роберт нема да остане само на потпис во матично, викендов се спрема СВАДБА ГОЛЕМА – „Имаме позитивна трема и возбуда!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vistina-ekskluzivno-otkriva-brakot-na-antonia-i-robert-nema-da-ostane-samo-na-potpis-vo-matichno-vikendov-se-sprema-svadba-golema-imame-pozitivna-trema-i-vozbuda-foto/ Fri, 08 Mar 2024 09:13:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341573

Помина речиси една година откако пејачката Антониа Гиговска и нејзиниот сакан, сегашен сопруг и татко на нивното дете, музичарот Роберт Спасенцоски стапија во брак и ставија параф во матично. Токму кога помисливме дека ваквата формалност ќе биде доволна како круна на љубовта на познатата естрадна двојка, пристигнаа свадбени покани во естрадните кругови. Антониа и Роберт оваа недела, односно на 10-ти март ќе прават голема свадбена веселба. Детали за свадбата, од прва рака добиеме од младоженецот кој за читателите на Вистина.ком.мк сподели како течат подготовките на неколку дена пред свечениот чин и зошто баш сега се решија за свадба. -Со оглед на тоа што поголем број од гостите ни се колеги, некако одлучивме да биде овој период од годината како порастеретен, а сакавме и да ја избегнеме свадбената гужва. Секој месец е посебно убав ако се организира се' како што треба и навреме. Имам некоја позитивна трема, не дека не сум возбуден или еуфоричен, но дефинитинво невестата е повозбудена, открива младоженецот Роберт и додава дали свадбата ќе биде поинтимна или баш голема: - Хмм голема, мала... Сум бил на свадби со повеќе од 500 гости, сум присуствувал и на мини венчавки, така што свадба е свадба, самиот чин е голем без оглед на тоа колку гости ќе брои, еве ние ќе имаме 300, вели Роберт. Довербата за музичкиот дел ќе им ја препуштат на колегите од „Арија“ кои ги почитуваат, а Роберт безрезервно им верува дека ќе направат атмосфера за паметење. -Свадбата ќе биде во еден познат скопски ресторан, а околу музиката се одлучивме за група „Арија“, мои блиски пријатели и колеги, можеби едни од најдобрите, ако не и најдобри, завршува Роберт ласкајќи им на колегите задолжени за музичкиот дел и одличната атмосфера. А за тоа како ќе биде на забавата од големиот ден на Антониа и Роберт, останува наскоро да почекаме фотографии и видеа кои сигурно ќе ги преплават социјалните мрежи... фото:instagram printscreen/jokerdam93]]>

Ако Брега може да има „Оркестар за свадби и погреби“, зошто да не може Марија Луиса Тодоровска да е пејачка за затворска прослава? (ФОТО+АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/ako-brega-mozhe-da-ima-orkestar-za-svadbi-i-pogrebi-zoshto-da-ne-mozhe-marija-luisa-todorovska-da-e-pejachka-za-zatvorska-proslava-foto-audio/ Tue, 20 Feb 2024 09:37:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=339285

Какви чудни времиња дојдоа, човек да не може да си изначуди што се се слави прославува. Родендени, имендени, слави, празници, веридби, свадби, годишнини...  се некако вообичаени датуми за прослава, на сите нам добро познати... Арно ама, последниве години почнаа да се слават и одбележуваат некои работи кои во најмала рака се чудни и невообичаени. До душа, во  „новото нормално“ се помалку може да не изненади ненормалното, ама сепак... Луѓето почнаа да слават речиси се' што прават! Така, последниве години на пример, почнаа  да се слават празници кои воопшто не православни како „Ноќ на вештерките“ или Свети Валентин, попознат како „Денот на вљубените“... Иако е „друго прашање“ за каква љубов се работи?! Некој ги слави љубовта и бракот, а има и такви што наголемо го слават разводот! Повторната „лична слобода“ се слави бетер од свадба! Но, кога сме веќе кај слободата, веројатно најважното и најелементарно нешто во животот на еден човек, има и такви кои слават малку понаков вид на овој благодет! Можеби не е вообичаено, ама нашата фолк пејачка Марија Луиса Тодоровска тоа го знае најдобро. Или барем го дозна неодамна, кога доби „невообичаена понуда“ да пее на една чудна забава или поточно прослава. Имено, пејачката објави преписка на своите Инстаграм приказни, каде непознат лик ја бараа за да пее на една забава. Откако и ги соопштија датумот, бројот на гости и локацијата, Марија пред да се пазари за хонорарот и ја соопшти цената, праша по кој повод е забавата, а одговорот што го доби прво ја изнаненади, а потоа и слатко ја изнасмеа. Впрочем, истиот може да се додаде како уште еден доказ дека нема што не може да се прослави... со  песна! Особено оноа за кое копнееш, додека си на „ поправно ладење и каење“! Конечно, ако Брега може да има „Оркестар за свадби и погреби“, зошто да не може Марија Луиса Тодоровска да е пејачка за (пост)затворска прослава? Фото: Архива/Инстаграм/luisa.todorovska
]]>

Вака славеа Анастасија и Гудељ: Брачната двојка се одлучи за помирна опција од која се изненадија сите (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-slavea-anastasija-i-gudel-brachnata-dvojka-se-odluchi-za-pomirna-optsija-od-koja-se-iznenadija-site-foto/ Tue, 02 Jan 2024 07:51:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=333154

Младата брачна двојка, пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ, заедно ја помина новогодишната ноќ, а дел од атмосферата ја споделија и со нивните обожаватели. Тие досега беа навикнати да ја гледаат Ражнатовиќ во фино друштво и во елитни ресторани, но оваа година пејачката се одлучила за нешто сосема поинакво.
Имено, пејачката и фудбалерот ја поминале „најлудата ноќ“ шетајќи се низ улиците на Севиља и уживајќи во тамошната програма. Во меѓувреме, Гудељ сподели фотографија со неговата сакана и покажа како изгледале на новогодишниот дочек.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nemanja Gudelj (@nemanjagudelj)

„Нека ви е среќна Новата година. Ви упатувам најубави желби на сите. Господ нека ве благослови“, напиша фудбалерот во описот на фотографијата. Фото: Printskrin/Instagram/nemanjagudelj

Часовникот означи полноќ и промени се’: Гавазова пееше на својот роденден и тоа за пари, славеникот беше друг, а честитките ги собра таа (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/chasovnikot-oznachi-polnok-i-promeni-se-gavazova-peeshe-na-svojot-rodenden-i-toa-za-pari-slavenikot-beshe-drug-a-chestitkite-gi-sobra-taa-foto/ Thu, 21 Dec 2023 10:14:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=331920

Славната македонска фолк пејачка Сузана Гавазова, денес 21-ви декември е славеничка на својот 44-ти роденден. Една година повеќе и со собрани нови искуства и спомени во својот куфер на животот. Кај Сузе речиси секогаш е работно и турбулентно, така што музиката и настапите како една од најбараните пајачки е пракса на која одамна навикнала и научила да живее, па дури и кога не мора да го прави тоа. Сепак, работата и ангажманите не смеат да трпат, осбено верните обожаватели кои постојано сакаат да ја гледаат и слушаат, особено на прослави, свадби, собири на дијаспората... Весело за сите, па и за своја душа во денови кога треба да пее дури и на ден- роденден. Имено, вчеравечер, Гавазова, на ден пред својот роденден пееше на една приватна струмичка прослава, можеби роденденска или предновогодишна, но целта иста, забава и здравица за арно, за убаво. Кога стрелките на часовникот означија полноќ, нештата се променија, а славеничка стана и пејачката. Па така Сузе пееше за други, ама и за себе и тоа за пари, не си плати сама за ангажманот, но меракот беше и на сопствена сметка. Честитките почнаа да се редат, здавица по здравица и така се по ред се додека не дојде вистинската и лична роденденска прослава која допрва следи. Среќен роденден! фото: Instagram printscreen/ suzanagavazova]]>

Јелисавета Орашанин има причина за славење: Започна со забава ден порано и покажа како изгледа нејзината мајка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/jelisaveta-orashanin-ima-prichina-za-slavene-zapochna-so-zabava-den-porano-i-pokazha-kako-izgleda-nejzinata-majka-foto/ Tue, 14 Nov 2023 07:30:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326722

Во домот на Јелисавета Орашанин има голема прослава. Популарната актерка го слави роденденот заедно со нејзината мајка. „Среќен ни роденден, мамо“, напиша таа покрај нивните заеднички фотографии.
Јелисавета, која наполни 35 години, нежно ја држи мајка си за рака,  пред нив е елегантната торта украсена со разнобојни рози, а многумина им честитаа и им посакаа се најдобро. Роденденот е и единствената можност да ја видиме мајката на Јелисавета Орашанин, која очигледно не сака да се експонира. Многумина коментираат дека изгледаат многу слично и дека единствената разлика е во бојата на косата. Госпоѓа Маца, како што некој ја нарече во честитка, повеќе го сака русокосото издание. Прославата започнала претходната вечер, а актерката ги поканила своите пријатели и колеги со кои приватно се дружи во кафеана. Фото:Принтскрин/Инстаграм/jagodenamagli]]>

Во едната рака држи евра во другата марамче – Стоја низ солзи отпеа еден од нејзините хитови (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-ednata-raka-drzhi-evra-vo-drugata-maramche-stoja-niz-solzi-otpea-eden-od-nejzinite-hitovi-video/ Fri, 10 Nov 2023 08:18:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=326304

Фолкерката Стоја Новаковиќ често настапува на приватни прослави, а сега на една пушти солзи. Таа на прославата отпеа еден од нејзините најголеми хитови, поради што гостите ја украсија со евра и пееја заедно со неа. Но, на Стоја не и беше грижа, и почна да плаче, но цело време се трудеше да ја заврши песната. Солзите ги бришеше со марамче што го држеше во едната рака, додека во другата држеше „купче“ пари. Инаку, Стоја вчера со својата објава нападна многу колеги. - Не правам видео честитки, не пеам 2-3 песни на забави, не пеам суво во камерата на телефонот, не одам на ТВ емисии да зборувам за глупости, не се нишам во хор на новогодишните програми... #stojarules - напиша фолкерката. Фото: Принтскрин/Х Твитер]]>

Милица Тодоровиќ во солзи го дочека својот роденден (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/militsa-todorovik-vo-solzi-go-docheka-svojot-rodenden-video/ Fri, 13 Oct 2023 09:25:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322198

Пејачката Милица Тодоровиќ синоќа го прослави својот 33 роденден во луксузен бар во Белград, а во еден момент се расплака. Имено, Милица го прослави роденденот во друштво на своите најблиски, а на прославата и пееше пејачката Индира Радиќ, која атмосферата ја доведе до трескавично ниво. Во тој момент за Милица пристигнала торта и шампањ што ја израдувало, па почнала да плаче, а Индира цело време ја гушкала.
За да го прослават роденденот на Милица беа и некои нејзини колеги, меѓу кои и Илда Шаулиќ, кумот и колега Стеван Анѓелковиќ и фризерот Стеван Радивојевиќ во друштво на пејачката Марина Вишковиќ.   фото:Принтскрин Информер.рс]]>

Леонардо ди Каприо беше на прославата на Ѓоковиќ во Њујорк: Се вртеше српско оро, а еве како реагираше славниот холивудски актер (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/leonardo-di-kaprio-beshe-na-proslavata-na-gokovik-vo-nujork-se-vrteshe-srpsko-oro-a-eve-kako-reagirashe-slavniot-holivudski-akter-video/ Thu, 14 Sep 2023 10:57:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318057

Српскиот шампион Новак Ѓоковиќ го совлада Данило Медведев со 3:0 во финалето на УС Опен. Ѓоковиќ на тој начин го освои својот 24. Грен слем, а овој меч го следеа бројни светски фаци. Во ложата на Новак, веднаш зад неговите родители и сопругата Јелена, беше актерот Метју Меконахи со сопругата, а мечот го следеа Шарлиз Терон, Леонардо ди Каприо, Кајли Џенер, Стинг, Никол Кидман, Кит Урбан, Ема Робертс, Џастин Тимберлејк. , Емили Ратајковски, Марта Стјуарт, Џери и Џесика Сајнфелд и други. Емисијата „Папарацо лов“ прикажа ексклузивен клип од прославата на Ѓоковиќ, а на него ја гледаме гордата мајка на Новак, Дијана како игра оро со гостите, додека тато Срѓан се држеше настрана. Појавувањето на холивудскиот актер Леонардо ди Каприо на прославата привлече големо внимание. Имено, тој цело време будно следеше како се игра српското коло и како се слави титулата на Новак Ѓоковиќ и уживаше во глетката. фото:Printskrin Jutjub/Paparaco Lov]]>

Откако СДСМ државниот празник си го претворија во партиска журка, пејачите решија да не им дојдат: Јордан Митев, Адријана Кеш, екипата на „Мерак меана“… им го откажаа својот настап (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-sdsm-drzhavniot-praznik-si-go-pretvorija-vo-partiska-zhurka-pejachite-reshija-da-ne-im-dojdat-jordan-mitev-adrijana-kesh-ekipata-na-merak-meana-im-go-otkazhaa-svojot-nastap-foto/ Thu, 07 Sep 2023 07:59:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317054

Да се настапи за 8-ми Септември денот на независноста на Македонија е веројатно голема чест за секој пејач. Впрочем и во далечната 1991 година кога на Градскиот плоштад во Скопје се прогласуваше независноста на слободна, самостојна и суверена Република Македонија, се пееше. Независноста беше прогласена со звуците на верзијата на песната „Македонија“  на култниот македонски рок бенд „Меморија“. На 8-ми септември се пее и денес... Кога се прославува еден од најголемите државни празници во Македонија. Само што денес ниту Македонија за некого е свето име, за некого е прекрстена со она фалсификуваното - „Северна“. А, „фалсификаторите“  како по навика решиле и годинава да направат „фалсификат“. По повод 8 Септември - Денот на независноста  традиционалниот народен пикник Пеленица во манастирот Св. Руса во Драчево, општинската организација на СДСМ - Кисела Вода, решила да си го претвори во „партиска журка“. Повикале некои од најпознатите македонски фолк пејачи како: Сузана Гавазова, Благоја Грујовски, Сања Цинцева - Барбика, Виолета Пандовска,  екипата на ТВ фолк шоуто Мерак Меана, Јордан Митев, Адријана Ацевска - Кеш... ама не им кажале дека прославата ќе  биде политизирана и обележана со партсиски симболи, небаре е партсики собир, а не празнична државна прослава. Патем и ги најавиле на плакат на кој ги налепиле и своите партиски обележја. Ваквиот обид за „подвала“ кај некој од пејачите предизвика револт и откажување на нивното учество од „партиската СДС журка“, скриена под плаштот на државната празнична прослава. Така фолк пејачот Јордан Митев прв јавно одби да настапи во Пеленица на Денот на независноста, иако неговото гостување беше најавено, бидејќи, како што тврди, сфатил дека се работи за партиски одбележан настап, кој имал партиска цел. „Не знам дали е намерно или ненамерно, но како што гледам по најавите на организаторите настанот на 8-ми Септември е партиски обележан и истиот има одредана партиска цел, а за тоа не ми беше кажано. Бидејќи се чувстувам намерно или ненамерно изманипулиран како човек и како професионалец, сакам да ве информирам дека нема да учествувам на 8-ми Септември во Пеленица“ – информираше Митев во изјава за „Фокус“. Веста дека го откажал гостувањето ја објави на својата Фејсбук страница, појаснувајќи дека Денот на независноста според него е празник на сите граѓани кој не смее да се политизира и одбележува со партиски симболи. Веднаш по него од учеството на „латентната партиска СДС забава“ се откажа и фолк пејачката Адријана Ацеска, попозната како Адријана Кеш која очигледно како и Митев „ни за пари“ не сакала да настапи на нешто што за неа и нејзината татковина Македонија е најсвето, а истото се присвојува и партизира. „Сакам да се обратам во врска со настанот кој треба да се одржи на Осми Септември. Во тек на договорот никој не спомна дека ова ќе биде партиски поврзано. Рекламниот плакат каде ги има деталите за организацијата го добив утрово… Не сум партиски определена, ниту ќе бидам некогаш. Поради тоа, јавно се откажувам од овој настап, за кој уште еднаш ќе кажам, требаше да биде народен собир, а не партиски настап“! – ќе порача пејачката напреку својот ФБ профил. Во текот на денот таа на својот ФБ својата одлука ја дополни со уште едно појаснување: По неа уште едни од учесниците повеќе ги нема на листата и рекламниот плакат на партиските организатори од СДСМ - Кисела Вода. Имено, На првобитната објавена верзијаа убаво се гледа дека меѓу најавените се и дел од пејачите на најпопуларното музичко ТВ фолк шоу „Мерак меана“ кое оди на ТВ Сител. Арно ама, во новата верзија и „Мерак меана“ на плакатите повеќе ја нема! На местото на оние што се откажаа почитувајќи си ја многу повеќе родната татковина отколку „партиската фешта“ или парите, осамнаа нови имиња, па сега листата на учесници изгледа вака: Ако воопшто и оваа е конечна, зашто ова не им е на СДСМ прв пат „да излажат“ дека се слави едно, а во позадина да се крие нешто сосема друго, што не е од општонароден, туку од нивни личен, партиски интерес . Така на пример во 2018 година Владата на Зоран Заев доживеја дебакл откако „фрли“ милионска сума за божемната прослава на поканата на Македонија за влез во НАТО, па доби очајна посетеност, откако народот тогаш не ја проголта лагата. Организацијата на прослави во 15 градови доживеја вистинско фијаско, зашто пред сцената речиси насекаде имаша „двајца без тројца“. Но, лагата тогаш не ја проголтоа и некои од македонските музички и естрадни уметници, па така на пример Влатко Лозаноски и групата „Љубојна“ демонстративно ги откажаа своите настапи. Помалку  од 300 луѓе тогаш имало во Струмица, не повеќе од 70 луѓе во Кочани, по 100 во Тетово и во Струга. Празни останале плоштадите и во останатите градови, па така на пример  едвај 20-ина луѓе го следеа настапот на тогаш најголемата македонска поп ѕвезда Владо Јаневски во градот на неговото семејно потекло – Кичево. Нешто слично се случи и во 2022 година на фестивалот насловен Peace festival“,чиј фокус беше одбележувањето на 21 година од „Охридскиот рамковен договор“. Како организтори на овој фестивал кој во превод го именуваа  „фестивал за мирот“, беше Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците на Артан Груби од ДУИ, коалициониот партнер на СДСМ. Тогаш младата македонска пејачка Антониа Гиговска откако се почувствувала „измамена и изманипулирана“, го откажа својот настап за кој претходно била ангажирана без да и биде кажано со каква цел се организира настанот. „За мене е одговорен менаџерски тим кој прифати ангажман за кој ниту јас, ниту тие знаеле дека има или би имало политичка конотација. Па оттаму бев приморана да го откажам мојот ангажман...“ - порача на социјалните мрежи тогаш меѓудругото Гиговска, во своето објаснување за откажувањето. Веднаш по неа, со свое соопштение во јавноста настапот го откажа и поп ѕвездата Владо Јаневски кој исто така беше најавен дека ќе пее на истиот настан. П.С. Во меѓувреме, списокот на „измамени“ естрадни уметници - најавени учесници на традиционалниот пикник „Пеленица 2023“ кои ги откажуваат своите настапи се шири... Откако ја сфатиле „партиската игра“ на СДС-мовската општинска организација од Кисела Вода, и брачната естрадна двојка Татјана Лазаревска- Новица Василевски јавно го откажаа својот настап на оваа „партизирана“ прослава, со порака преку социјалните мрежи. Фото: Архива/Инстаграм и Фејсбук

Тамара и Билбилов го славеа Илинден во кафеана со „Бисер балкански“, со блиските пријатели ама и со нивните нови љубови? (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-i-bilbilov-go-slavea-ilinden-vo-kafeana-so-biser-balkanski-so-bliskite-prijateli-ama-i-so-nivnite-novi-lubovi-foto-video/ Thu, 03 Aug 2023 08:17:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312408

Најголемиот македонски празник „Илинден“  македонската естрада различно го празнуваше. Многумина од нив работно, со свои настапи на разни манифистации на кои се славеше и чествуваше Денот на Републиката, дел од нив со свои редовни настапи по различни кафеани, кафулиња и клубови, останатите кој каде и како. Некои се на одмор на море или езеро, некои останаа дома. Македонските поп ѕвезди, пејачката Тамара Тодевска, пејачот, композитор и продуцент Роберт Билбилов заедно со нивниот колега, композиторот  Лазар Цветковски, Илинден го прославија заедно, во кафеана! Старите пријатели и соработници на иста маса во весела атмосфера и расположение, со полна трпеза и пијалак в рака наздравија за најголемиот македонски празник и тоа со звуците не на било која песна. Оркестарот со жива музика крај масата, на увце не случајно им ја свиреше македонската патриотска  фолк химна - „Бисер балкански“, напишана од никој друг, туку токму од покојниот татко на Роберт Билбилов, музичарот и композитор Хилми Билбил. За 120 години од Републиката, за честит Илинден и само една вистина - вечна и вековита Македонија! А можеби и за уште нешто друго? Зашто она што може да се забележи на масата кај патриотски расположената, весела, естрадна дружина на видеата, кои на социјалните мрежи самите  ги споделиле, се уште некои лица, кои не припаѓаат баш на естрадната фела! А истите и се означени или поточно тагнати во описот на видеата и фотографиите. Имено, по разводот со сега веќе бившиот сопруг Мачка, за Тамара наголемо се шушка дека не е сама. За пејачката се шпекулира дека има „нов пријател“ со кого често се гледа, па дури и не го крие од јавноста, како што беше и овој пат, иако јавно се' уште не споделила дел од својата „близина“ со него. Сепак, евидентно е дека човекот е се' поприсутен во нејзиниот живот. Една од заедничките фотографиии објавена неодамна на нејзината Инстаграм страница на која „образ до образ“ Тамара со насмевка од „седмица до седмица“ просто ужива во неговата прегратка, веројатно  беше повеќе од доволна за да ги подгрее шпекулациите и нагаѓањата: Дали овој човек е новата љубов на пејачката? Особено по цитатот што го остави Тамара на нејзините Инстаграм приказни веднаш по објавата на фотографијата, во кој пишува: „Шест часа поминуваат за 30 минути кога си со вистинската личност“! А човекот се вика Лука Радовиќ и во неговото портфолио пишува дека по професија е архитект и дизајнер за ентериери и внатрешно уредување. Неговиот Инстаграм профил  „случајно го следат“  Тамара и сестра и Тијана? Но, затоа пак истата личност  не случајно се најде на иста маса со Тамара и нејзиното естрадно друштво при кафеанската прослава на Илинден. Од друга страна пак,  видеото на кое се тој, Тамара, Лазар и Билбилов, го сподели уште една позната личност. Која според прикажаното, најверојатно и самата го снимала седејќи со нив на истата маса, а потоа и таа и Тамара и Роберт, истото го споделиле на своите Инстаграм приказни. Во прашање е Лејла Рамковска, ќерка на некогашниот сопственик на А1 телевизија - Велија Рамковски, која по несреќното гаснење на телевизијата сега се занимава и работи како јога инструктор и советник за  здрав живот и здрави навики. Лејла и Билбилов се познаваат оддамна, обајцата се разведени и слободни иако зад себе имаат брак и дечиња, но прашање е дали сега „старото пријателство“ не прераснало во нешто друго, многу поинтимно? Дали сега Лејла и Роберт не се „многу поблиски“ од некогаш или сепак останале само „пријатели засекогаш“? Едни велат она второто, додека оние што ги познаваат одблизу тврдат дека само прашање на ден е кога нивната „интимна близина“ ќе биде обелоденета во естрадниот свет, како и онаа на Тамара со младиот архитект? Впрочем, стиховите на последната песна на Билбилов насловена „Тебе“ која неодамна ја објави, во многу што одат во прилог на оваа претпоставка. „Тебе, те сакам тебе,Те сакам тебе само за себе, кога ти си си во мене јас дишам со тебе, и за се' друго немам ни простор ни време, се што сакам е да бидам со тебе...“ - се пее меѓудругото во песната. Дали е и автобиографска и посветена токму на неа, на убавата Лејла, засега ќе остане тајна скриена и јавна дилема?! Како и релацијата на Тамара со оној, со кого и расположена и насмеана, а и кога само ќути, 6 часа и минуваат како да се 30 минути?! Фото: Инстаграм/lejlaramkovska/tamaratodevska/justrbproduction  ]]>