прослав – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Apr 2020 06:51:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png прослав – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Честитки пристигнаа од сите страни: Каролина Гочева во вонредна состојба имаше убав повод за славење https://arhiva.vistina.com.mk/chestitki-pristignaa-od-site-strani-karolina-gocheva-vo-vonredna-sostojba-imashe-ubav-povod-za-slavenje/ Wed, 29 Apr 2020 06:51:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=147048

Помина повеќе од еден месец како сме во карантин, самоизолација поради коронависрусот и вонредната состојба. Поради короната се затворни рестораните, кафулињата, игротеките, градинките, училиштата... а со тоа се одложени и свадбите, роденденските прослави... Па така оние кои сакат да слават, тоа го прават во домашни услови и во кругот на најблиските. Македонската пејачка Каролина Гочева овие денови односно вчера (28.04.2020) имаше убав повод за славење. Имено, таа во кругот на најблиските го прослави својот 40ти роденден, а по тој повод честитики пристигнаа од сите страни. Нејзините следбеници, фанови, соработници, колеги меѓу кои Тамара Тодевсака, Панчо од ДНК и упатија честитки на славеничката. Гочева на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која позира покрај цветна торта, а во описот на истата се заблагодари на честитките. „Другари, фала ви на сите за честитките и прекрасните зборови, ова бројче заслужуваше посебна журка, но и вака не е лошо... Не е важно колкав е кругот, туку кој е во него. Ве сакам“, напиша пејачката. И под објавата се нижеа честитки на славеничката, а меѓу нив и оние Тијана Дапчевиќ, Миа Костова, Елена Стојановска, Весна Петрушевска. За потсетување, Каролина од 2017 година е во брак со уметникот Михаил Корубин, но кога станува збор за нејзиниот приватен живот пејачката е резервирана и не сака многу да зборува.]]>