проштални зборови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 07 Mar 2024 13:34:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png проштални зборови – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Познатите личности се простуваат од бодибилдерoт, нивен фитнес тренер и пријател: Мирко бре, зошто не’ остави во шок и неверување? https://arhiva.vistina.com.mk/poznatite-lichnosti-se-prostuvaat-od-bodibilderot-niven-fitnes-trener-i-prijatel-mirko-bre-zoshto-ne-ostavi-vo-shok-i-neveruvane/ Thu, 07 Mar 2024 12:00:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341378

Македонија, особено скопјани завиени жал и тага, по веста дека  во својата 47 година ненадејно почина познатиот македонски бодибилдер и фитнес тренер, Мирко Петровски. Шокот и реакциите по ненадејната смрт на човекот кој беше не само врвен спортист, тренер и професионалец, туку и прекрасна личност, другар и пријател со сите што го познаваа не стивнуваат. Мирко кој беше и персонален тренер на многу познати личности, на последниот ден од минатата година одлучи да проговори за тешкиот период со кој се соочил во 20223-тата. Неговата објава од 31 декември 2023 година ви ја пренесуваме во целост. „Мојата љубов кон спортот започна уште од 7 годишна возраст. Тоа беше спортска гимнастика и бев многу успешен. За мене е најубавиот спорт, многу тежок. Нашите тренинзи траеа некогаш и по 4-5 саати. Се започнуваше со 45 минути загревање, па главниот дел од тренингот и се завршуваше со уште 45 минути вежби за сила. Во салата Партизан 4 „Наум Наумовски Борче“ го запознав и мојот прв учител, подоцна и мојот кум Иван Лошковски кој за жал, прерано не напушти. Бев темпераментно и бесно дете. Иван ме оттргна од улицата и лошите работи за што сум му вечно благодарен. Ме научи да ги ценам вистинските вредности во животот и ми беше пример и идол како треба да биде еден маж“ – ја започна својата животна приказна  тогаш Мирко, објаснувајќи дека токму 2023-тата му била една од најтешките, ако не и најтешка година во животот: * Во мојот живот имав многу тешки моменти , но и моменти на радост и успеси. * Оваа 2023 година беше најтешката година досега во мојот живот. * Оваа страница од мојот жовот ја читав долго. Но ја прочитав, поминав уште едно Божјо искушение. Дојде време да ја свртам и да го започнам новото подглавје во мојот живот. * Сега повторно кога ќе ги отворам очите наутро одвај чекам да ја започнав својата дневна кардио рутина, да си спремам здрави оброци и да одам на тренинг со многу љубов и со љубов да работам со своите клиенти (пријатели) и да уживам во работата. * И за крај ќе споделам и една вистина по која се водам целиот живот, но последниве години поради Х причина ја заборавив: * Јас сум оној кој што сум и овде ме праќа оној кој што сум. Затоа имам духовен мир! И не е беден оној кој што нема, беден е оној кој што има и сака уште многу да има!“ -  ја сподели својата приказна познатиот бодибилдер, чие прерано заминување ја потресе целата јавност. Покрај семејството, најмногу  тагуваат оние кои лично го познаваа, а меѓу нив мноштвото македонски познати личности, јавни лица, естрадни и ТВ ѕвезди... кои уште од вчера, пред неговото  денешно последно испраќање кон вечниот дом, се простуваат на социјалните мрежи од својот личен тренер, другар, пријател, од нивниот Мирко. „Неми се верува... Почивај во мир тренеру“ – напиша покрај заедничката споделена фотографија од еден од треннинзите младата ТВ водителка Ева Јовановска. „Мирно небо тренеру... Еден беше. Рано Мирче“ – споделила исто така со заедничка тренинг фотографија македонската водителка и инфлуенсерка Миа Костова. „Почивај во мир пријателе“ – се сзборовите со кои од Мирко се прости македонскиот шоумен Игор Џамбазов. „Прерано заминуваш пријателе... Не требаше ни вака, ниту сега друже... Нека ти е светол патот кон вечноста Мирко... Сочувство до семејството“ – споделил новинарот, водител и  главен уредник на порталот Вистина.ком.мк, Антонио Димитриевски покрај заедничката фотографија. „Сѐ уште сакам да мислам дека е само еден лош сон. Мирко мој, не требаше вака да не оставиш. Знам дека имаше уште многу планови зацртани и многу работи недокажани. Денес изгубив(ме) голем другар, голем спортист и татко. Couch мој, на поубаво место си секако каде конечно ќе го најдеш твојот душевен мир. Ќе те памтам како добар човек и лојален другар. Вечна ти слава Мирко Петровски“ – напиша Панчо-ДНК на нивната заедничка фотографија, кој можеби беше и првиот од јавните личности кој ја обзнани тажната вест на социјалните мрежи. „Патувај спокојно Мирко“ – сподели Тамара Тодевска додавајќи емотикон од скршено срце покрај прошталната реченица. „Те знам од мал, кога тренираше гимнастика во Партизан 4. Кога заедно вежбавме во истиот Партизан во третаната кај Зоки. Во Александар Палас со години разменувавме искуства и вежбавме заедно. Се радував на сите твои успеси во бодибилдингот. Секогаш како маалско дете ги почитуваше постарите и беше несебичен лик! Длабоко ме потресе твоето заминување од овоземскиот свет. Нека ти е светол патот кон вечноста, и мир да најдеш таму горе“ – напиша во прошталната порака од својот маалски другар лидерот на групата „Меморија“ Петар Георгиевски – Камиказа. „Мирко бре зошто не’ остави во шок и неверување? Зошто?! Спремавме цела кампања, планиравме и спортски бренд заедно… 23 години се знаевме - 23 години се почитувавме, си помагавме, вратите на твојот фитнес центар ми беа секогаш безусловно отворени, лојална ти бев исто толку години - не сакав да чујам за друг фитнес центар… ист знак и ист подзнак бевме во хороскоп, иста професионалност и амбиција… ах..ме остави без зборови… почивај во мир легендо!“ – сподели поп пејачката Елена Ристеска во прошталниот пост покрај заедничките фотографии со својот сега веќе, покоен тренер. На нејзиниот пост се надоврзаа бројни други познати личности со изрази на длабоко жалење и сочувстви кон семејството на прерано заминатиот пријател, како Мелита Ракичевиќ, Сузана Турунџиева, Дадар... и многу други кои го познаваа лично Мирко Петровски. Последното испраќање на Мирко Петровски до вечното почивалиште ќе биде денес,  четврток, 07. март во 13.00 часот на градските гробишта „Бутел“ во Скопје. Почивај во мир урбана спортска легендо! Фото: Социјални мрежи/ Фејсбук/ Инстаграм]]>

Здравко Чолиќ со потресни зборови се прости од Бата Ковач: „Изгледаше како засекогаш да ќе бидеш тука…“ https://arhiva.vistina.com.mk/zdravko-cholikj-so-potresni-zborovi-se-prosti-od-bata-kovach-izgledashe-kako-zasekogash-da-kje-bidesh-tuka/ Tue, 13 Sep 2022 12:28:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266707

Големиот композитор, музичар и уметник Корнелије Бата Ковач почина денеска на 81-годишна возраст, од последиците од коронавирусот. По повод тажната вест која го обиколи регионот, еден од првите кои се јавија со проштални зборови е и неговиот долгофодишен соработник и голем пријател, Здравко Чолиќ. „Се чинеше дека ќе бидеш таму засекогаш. Ви благодариме за музиката… за делата што ги создаде… за зборовите на грижа и љубов што ги имаше за сите нас.  Ни ги одбележа животите. Ти благодарам Бато за се!“ – стои во објавата на Здравко Чолиќ на Инстаграм. Да потсетиме, Корнелије и Здравко Чолиќ соработуваа со децении. Бата Ковач ги напиша многубројните  хитови на Чола, како: „Април у Београду“, „Живиш у облацима мала“, „Звао сам је Емили“, „Једна зима са Кристином, „Једина“, „Маѓарица“, „Пјевам дању-пјевам ноќу“, „Станица Подлугови“, „Ти можеш све“, „Ти си била, увјек нај“, „Ти си ми у крви“... и многу други. Фото: Dragan Kadić, Damir Dervišagić/Инстаграм принтскрин/zdravkocolicofficial  ]]>